СВ. трифун

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

СВ. трифун

Пишување by osa on Вто Фед 14, 2017 9:57 pm

Свети Трифун или Свети Валентин: Како двата празника се совпаднале во ист ден
Ако се сметате себе си православен верник и го признавате само свети Трифун празникот на виното и лозјето,или пак сте млади и вљубени,па свети Валентин ви е „кул“, дали сте се запрашале, како денот на виното и вљубените се паѓа на ист ден
Плусинфо ● 09:29 14 февруари 2015 ● Прочитано 3677
Ако се сметате себе си православен верник и го признавате само свети Трифун празникот на виното и лозјето, или пак сте млади и вљубени , па свети Валентин ви е „кул“, дали сте се запрашале, како дошло до тоа дека денот на виното и вљубените се паѓаат на ист ден.

Во последните неколку години секој 14 февруари има расправи за тоа кој празник треба да се слави. Некои не го даваат Свети Трифун, на други не им пречи Свети Валентин, а трети пак го прославуваат денот на вљубените со добро вино, а најмногу профитираат умешните трговци кои за овој ден имаат полни раце работа.

А речиси малкумина се оние кои знаат нешто за овие светители.
„Свети Валентин не е наш празник туку измислица на западниот свет со цел да се извлечат повеќе пари за овој бесмислен празник. Ние имаме свој светител, а тоа е Свети Трифун; Отсекогаш сакаме да се разликуваме од другите. Зошто како сиот нормален свет денес да не го славиме Денот на вљубените. Што има лошо во тоа “ – ова се само дел од спротиставените размислувања на интернет –форумите за тоа дали треба да се слави едниот или другиот празник.

И тоа се случува речиси секоја година. Во овој ден сепак се одбележуваат двата светители, еден кој кај христијанскиот свет има долга традиција и се почитува со векови, и вториот кој со посредство на медиумите стана глобален феномен и надвор од христијанските земји.


Сепак станува збор за двајца различни светци кои ги почитуваат и православната и католичката црква. Свети Трифун како заштитник на лозарите и виното, никако не може да биде замена за свети Валентин, кој православната црква истотака го слави, но на 12 август.

Сепак тогаш на денот на вљубените никој не ни помислува, затоа што 14 февруари стана глобален феномен.
Свети Трифун живеел во 3-от век во Мала Азија. Легендата вели дека имал чудотворна дарба за да лекува и дека со неа успеал од злиот дух да ја излечи ќерката на римскиот цар Гордиј.

Богатите царски дарови ги разделил на сиромашните и до крајот на животот живеел како скромен чувар на гуски. Во времето на големиот прогон одбил да се одрекне од Христа поради што бил убиен во 250-та година на 14 февруари. Негде во тоа време живеел и Свети Валентин.

Тој животот го посветил на тајното венчавање на војниците , на кои им било забрането да основаат семејство, со нивните избранички. Поради помошта која има ја давал на вљубените двојки, на Валентин во 269 година му била отсечена главата.

Легендата вели дека пред смртта Валентин испратил проштално писмо на една слепа девојка за добрината која му ја покажала додека бил во зандана. Девојката кога го примила неговото писмо прогледала.

И така мажите на своите сакани почнале да им испраќаат пораки, а љубовта го добила својот официјален ден. Свети Валентин стана заштитник на вљубените во 14 век, првин во Англија и Франција. Постојат мислења дека Свети валентин го заменил култот на божицата Јунона, која на истиот ден била славена во древниот Рим и била заштитничка на семејството и бракот, поради што на тој ден на жените им се подарувало цвеќе.

Од друга страна Свети Трифун со векови се слави во православниот свет. Него го слават многу еснафи, а во прв ред се гостилничарите и винарите и лозарите бидејќи станува збор за заштиник на виното и на виновата лоза. Се вели дека добрите кафанџии на тој ден им точат бесплатно вино на гостите.

Постои верување дека годината ќе биде родна ако на Свети Трифун паѓа снег или дожд. Ако времето е убаво, не чека сушна година. Сепак по овој ден зимата полека почнува да попушта , тоа значи дека Свети Трифун на својот празник во земјата боцнува лозово гранче и снегот почнува да се топи.

Обичај е на овој ден да се зареже барем едно гранче од виновата лоза и да се залие со вино, за годината да биде родна , а во есен винот да биде слатко.

Доколку сакате правилно да го одбележите овој ден, гушнете го оној што го сакате, отворете некое шише добро вино и уживајте во љубовта и животот.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11958
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот