Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

SVINJA

Go down

SVINJA Empty SVINJA

Пишување by Teo Сре Фед 01 2017, 12:30

Научна класификација

Царство: Животни (Animalia)

Колено: Хордати (Chordata)

Класа: Цицачи (Mammalia)

Ред: Artiodactyla

Семејство: Suidae

Род: Sus (свиња)

Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

SVINJA Empty Re: SVINJA

Пишување by Teo Сре Фед 01 2017, 12:31

SVINJA 250px-Sow_with_piglet
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

SVINJA Empty Re: SVINJA

Пишување by Teo Сре Фед 01 2017, 12:31

Свињите имаат подигната муцка, мали очи и мала опашка, што често е извиткана, но понекогаш и права. Имаат големи наслаги од сало и кратки нозе. Секоја нога има по четири прста, од кои по два се значително поголеми од другите два и се користат за одење. Свињите маат 44 заби при што песјаците им растат во текот на целиот живот, па често горните заби ги тријат од долните, за да ги трошат. Свињите имаат исклучително чувствително сетило за мирис. Затоа, во минатото тие често се користеле за пронаоѓање тартуфи, а и денес се користат за таа намена во некои европски земји. Бидејќи немаат потни жлезди, во текот на летото, кога има високи температури, свињите се разладуваат валкајќи се во вода или во кал. Тоа им помага и против изгореници, како и против муви и други паразити. Свињите се многу интелигентни и луѓето ширум светот ги чуваат и како домашни миленици.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

SVINJA Empty Re: SVINJA

Пишување by Teo Сре Фед 01 2017, 12:31

Свињите се омнивори, што значи дека јадат храна и од растително и од животинско потекло. Тие ги јадат дури и посмртните остатоци од животните, а забележано е дека јадат и мртви инсекти, црви, струготини од дрво, ѓубре, па дури и остатоци од други свињи. Исто така, тие јадат и стаорци, глувци и помали глодари. Во дивината, свињите најчесто јадат корења, трева, овошје, цвеќе и зеленчук. Во заробеништво, свињите понекогаш ги јадат и сопствените млади, обично кога се сериозно фрустрирани и под стрес.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

SVINJA Empty Re: SVINJA

Пишување by Teo Сре Фед 01 2017, 12:32

Женката свиња - маторица, може да се пари на возраст од 8-18 месеци, а машките свињи на 8-10 месечна возраст. Кога ќе се породи, свињата на свет носи 6 до 12 младенчиња, што се викаат прасиња.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

SVINJA Empty Re: SVINJA

Пишување by Teo Сре Фед 01 2017, 12:32

DIVA SVINJA

Научна класификација

Царство: Animalia

Колено: Хордати

Класа: Цицачи

Ред: Artiodactyla

Семејство: Suidae

Род: Sus

Вид: S. scrofa
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

SVINJA Empty Re: SVINJA

Пишување by Teo Сре Фед 01 2017, 12:33

SVINJA 250px-Wild_Boar_Habbitat_3
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

SVINJA Empty Re: SVINJA

Пишување by Teo Сре Фед 01 2017, 12:33

Дивата свиња или вепар кај нас е мошне ценет ловен дивеч. Покрај тоа што дава голема количина на месо, таа е ценета и поради трофејната вредност на кожата и забите очници (секачи и брусачи). Дивата свиња е близок роднина на домашната свиња, живее во чопори воглавно околу влажните шуми. Тоа е крупна дивеч која поради нејзината голема бројност кај нас многу се лови. За таа бројност е заслужен како големиот број на млади во леглото така и малиот број на природни напријатели. Трча исклучително брзо, а исто така е и добар пливач.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

SVINJA Empty Re: SVINJA

Пишување by Teo Сре Фед 01 2017, 12:33

Возрасните примероци можат да бидат високи од 90-100 см, а долги од 120-160 см. Тежината им варира во зависност од годишното време и климата во која живеат. Додека во некои подрачја тежината им се движи помеѓу 75 и 115 kg кај мажјаците (нерезите), а кај женките (маториците) околу 75 кг, во повлажните и поладни подрачја мажјаците (нерезите) се тешки и 175 kg па и преку 200 кг, а женките (маториците) и до 150 кг.

Дивата свиња има издолжено сплескана конусовидна глава која завршува со чурило (рило). Предниот дел од телото и е повисок од задниот, грбот и е остар, а телото и градите и се тесни. Ваквата конструкција на телото и овозможува да се провлече и низ најгустиот честак, што заедно со големата брзина ја прави тешко уловлив дивеч. Има малечки очи кои и се длабоко всадени и покриени со густи и долги трепки.

Кај мажјаците, забите - очници се силно развиени и им служат за самоодбрана, а воедно се и најценет трофеј за ловците. Очниците во горната вилица се нарекуваат - брусачи, а во долната - секачи. Овие заби можат да израснат во должина над 25 см. Забите очници се така поставени во вилицата така што долните секачи секогаш се преклопуваат со горните брусачи и на тој начин се оштрат. Правата трофејна вредност очниците кај вепровите ја достигнуваат дури во петтата година.

Дивата свиња има кафејава боја на крзното, така што лесно се вклопува со околината. Кога ќе се опрасат дивите свињи, младите имаат карактеристични надолжни пруги (линии) кои им остануваат до крајот на месецот.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

SVINJA Empty Re: SVINJA

Пишување by Teo Сре Фед 01 2017, 12:33

Дивата свиња живее во крда составени од женки (маторици) и младенчиња (прасиња). Вака здружени дивите свињи солидарно и жестоко се бранат, поради што волците сосема ретко можат да им нанесат штета. За разлика од нив нерезите живеат осамено и се приклучуваат кон крдата само во периодот на парењето.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

SVINJA Empty Re: SVINJA

Пишување by Teo Сре Фед 01 2017, 12:34

Во потрага по храна, дивата свиња мошне често поминува големи растојанија, па така за една вечер може да помине растојание и од околу 40 км. Дивите свињи трчаат исклучително брзо, а истотака се и добри пливачи. Воглавно се задржуваат по ивиците на шумите каде постојат водотеци. Сакаат да се валкаат во калта и на тој начин се освежуваат и се ослободуваат од кожните паразити. За одмор користат брлог, но пред да легнат во него првин извесно време седат. Стануваат на тој начин што прво седнуваат, ја посматраат околината, па дури потоа стануваат.

Според начинот на исхрана спаѓа во сештојади, што значи дека покрај храна од растително потекло ги јадат и животните кои ќе успает да ги фатат, па дури и лешови.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

SVINJA Empty Re: SVINJA

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот