Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Соработката со Србиjа

Go down

Соработката со Србиjа Empty Соработката со Србиjа

Пишување by Гостин Чет Фед 16 2017, 16:41

Владите да им овозможат соработка на бизнисите зашто само така може да се придонесе за економска интеграција на Западен Балкан, а Европа тоа од нас го очекува, порачаа учесниците на денешниот Македонско-српски бизнис форум што го организира Стопанската комора на Македонија.

На Форумот се присутни по најмалку 50 компании од двете страни, од секторот земјоделство, прехранбена индустрија, машини, опрема, лекови,...

- Продлабочување на одличната соработка и реализирање билатерални средби, е целта на форумот, но ќе се разговара и за меѓусебното поврзување во насока на заеднички настап на трети пазари, рече извршната директорка на Стопанската комора на Македонија Јелисавета Георгиева.

Србија е трет трговски партнер на Македонија, а економската соработка, како што нагласи Георгиева, во континуитет, најмалку пет години, се зголемува. Во 2016 година размената достигнала 700 милиони долари од кои 200 милиони извоз, а 500 увоз.

- Податоците покажуват раст на размената за околу пет проценти, истакна Георгиева.

И директорката на Центарот за регионална соработка при Стопанската комора на Србија Даница Миловановиќ рече дека соработката меѓу двете земји се зголемува, а расте и интересот за здружување и заеднички настап на трети пазари.


- На Форумот очекувавме помалку компании, но интересот е многу голем што е потврда за компатибилноста на двете економии, рече Миловановиќ.

Заедничка е констатацијата дека бизнисот оди секогаш пред политиката, но неопходна е соработка за квалитетно придвижување.

На Форумот ќе биде формиран и Македонско-српски деловен совет.

Ха ха па добро е 500 милиони увоз и 200 извоз шо значи како се тегли пресметката 300 милиони за Србиja од бившата и колониja.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот