IN MEMORIAM

Страна 3 of 3 Previous  1, 2, 3

Go down

Re: IN MEMORIAM

Пишување by luxor on Пет Сеп 07, 2018 11:52 am

Си замина и Берт Рејнолдс.

Почина холивудскиот актер Барт Рејнолдс



Еден од најголемите холивудски актери од 70-тите и 80-тите почина на 82-годишна возраст. Според информациите од медиумите, тој починал во болница во Флорида од срцев удар, а покрај него било неговото семејство.

Мегаѕвездата со препознатливите мустаќи имаше операција на срцето, при што му беше ставен бајпас во 2010 година.

Ќе биде запаметен по номинацијата за Оскар за улогата во филмот Boogie Nights. Требаше да се појави во новиот филм на Квентин Тарантино Once Upon a Time in Holliwood.

Во својата блескава кариера се прослави со филмовите Deliverance и Smokey and the Bandit.

Холивуд ќе го памети како секс-симбол кој беше заштитно лице на високата актерска класа цели три децении.

https://makfax.com.mk/zanimlivosti/%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D1%85%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D0%B2%D1%83%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%B5%D1%80-%D0%B1%D0%B0%D1%80%D1%82-%D1%80%D0%B5%D1%98%D0%BD%D0%BE/
avatar
luxor

Број на мислења : 3917
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: IN MEMORIAM

Пишување by luxor on Чет Сеп 27, 2018 10:17 am

Почина една од легендите на македонскиот фудбал, голманот Благиј Истатов.

ИН МЕМОРИАМ: Почина фудбалската легенда Благој Истатов (1947 – 2018)



Едно од најголемите имиња на македонскиот фудбал Благој Истатов почина на 71-годишна возраст, информираа денеска од неговото семејство.

Истатов е едно од најлегендарните имиња кое остави силна трага во македонскиот фудбал. Роден е на 5. април 1947 година во Струмица. Од најмала возраст почнува со фудбалот во својот роден град, притоа одбирајќи ја голманската позиција. Својата играчка кариера ја почна во Беласица, беше дел и од прилепска Победа, но најславните свои фудбалски денови ги имаше во дресот на белградски Партизан преку кој стигна и до дресот на репрезентацијата на поранешна СФРЈ. Последните две години од активната кариера од 1976 до 1978 година ги мина во холандски Утрехт.

По крајот на играчката кариера беше тренер на Беласица и повеќе домашни клубови, а беше и дел од стручниот штаб на македонската сениорска репрезентација. Изминативе години и натаму беше активен во фудбалскиот живот како член на УО на ФФМ, но и преку еден од најдобрите домашни спортски комплекси во Дојран кој е подготвителен центар за голем број фудбалски екипи.

https://ekipa.mk/in-memoriam-pochina-fudbalskata-legenda-blagoj-istatov-1947-2018/
avatar
luxor

Број на мислења : 3917
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: IN MEMORIAM

Пишување by Teo on Пон Окт 01, 2018 3:09 pm

RIP Charles Aznavour

ПОЧИНА ШАРЛ АЗНАВУР – ПОЗНАТИОТ ФРАНЦУСКИ ШАНСОНИЕР



https://lokalno.mk/pochina-sharl-aznavur-poznatiot-frantsuski-shansonier/
avatar
Teo

Број на мислења : 3808
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: IN MEMORIAM

Пишување by osa on Нед Окт 14, 2018 9:45 am

Замина уште една филмска легенда – почина Милена Дравиќ

Милена Дравиќ, една од најголемите српски актерки, почина ноќеска во Белград на 79 години, по долго и тешко боледување.

Дравиќ починала во Клинички центар на Бежаниска коса, каде се наоѓала на лекување.

Дравиќ ја доби наградата за најдобра споредна улога на Канскиот фестивал, специјалната награда Златна роза на Филмскиот фестивал во Венеција, како и најспрестижните награди на екс југословенските простори.

Поради тоа ја сметаат за најголема ѕвезда во историјата на српската и на југословенската кинематографија.

Милена Дравиќ и Драган Николиќ беа еден од најомилените актерски двојки на просторите на поранешна Југославија. Тие речиси целиот свој работен и животен век го поминаа заедно. Во брак беа четири ипол децении.

Драган Николиќ почина на 12 март 2016 година.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13823
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: IN MEMORIAM

Пишување by luxor on Пон Ное 26, 2018 9:15 am

ПОЧИНА АКТЕРОТ МИТЕ ГРОЗДАНОВ



На 75-годишна возраст ноќеска во Скопје почина театарскиот, филмски и телевизиски актер Мите Грозданов.

Веднаш по дипломирањето на Театарската академија во Белград, станал дел од Драмскиот театар Скопје, а една година подоцна, во 1968 година го добил највисокото театарско признание во Југославија Златен ловоров венец за главната улога во претставата „Партитура за еден Мирон“ од Коле Чашуле.

Во својата театарска дејност се истакнал со мошне сензибилна фактура, залагајќи се секогаш со максимална лична креативност и сценска еластичност. Своевремено, своите режисерски амбиции ги остварувал со драмските аматери на КУД „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија.

Од декември 2008 година е пензионер, после деценискиот работен век во Драмскиот театар во Скопје. Еден од неговите најзначајни проекти е режирањето на претставата „Стрниште затвор за жени”, како и работата во Театар „Македонија“.

Изминативе години беше активен во монодрамата, поставувајќи ги двете дела „Црв“ во Драмски театар и „Од инат поинат, за инат“ за што знаеше да рече: „Во неколку наврати сум го објаснувал тој феномен. Монодрама може да играат само големи актери. Свет за себе ќе биде ако не знаеш што да правиш со себе. Никогаш не работи монодрама ако преку претставите кои ги играш, заедно со колегите, се си и кажал на публиката за она што сака умот и душата да каже. Но ако имаше покрај претставите уште нешто што те мачи или радува тогаш работи голем актер-тогаш работи голем актеру -преку монодрамата доискажи го она што го мислиш. Светот сам за себе ќе стане општ и ќе се радуваме заедно, зашто и монодрамата не може сама-треба публика!“.

https://sdk.mk/index.php/kultura/pochina-akterot-mite-grozdanov/
avatar
luxor

Број на мислења : 3917
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: IN MEMORIAM

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 3 of 3 Previous  1, 2, 3

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот