DEBELI

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

DEBELI

Пишување by Гостин on Пон Јан 26, 2015 7:25 pm

Debelinata kako probem koj vlijae na zdravstvenata sostojba zazema se povazno mesto vo istrazuvanjata.Eve vo koi zemji se najdebelite luge...

ФОТО Ова се „најдебелите“ земји во светот: На кое место е Македонија?

Дебелината е хронична болест која се појавува со прекумерно внесување на масти во организмот и зголемувањето на телесната тежина. Секое зголемување на телесната тежина за 10 проценти се означува како дебелина.

Доколку сте мислеле дека Америка има најдебели луѓе во светот, сте се излажале. Нациите во јужниот Пацифик, источно од Австралија и Фиџи, се нашле на самиот врв на листата кога станува збор за дебелината. Претходно постоеле теории дека овие нации имено, се подложни на дебелина.

Американска Самоа, остров кој се наоѓа јужно од Самоа, се наоѓа на самиот врв на листата. Во таа земја дури 75 отсто од жителите се дебели.



Науру и Куковите острови, кои исто така, се наоѓаат во јужниот Пацифик, ги зазеле второто и третото место. Во Науру 71 отсто од населението е дебелo, а на Кукови острови - 63 отсто од населението. Со оглед на тоа дека овој остров се нашол на удар на колонизацијата по Втората светска војна, промената во исхраната и општеството биле главни виновници за големиот број на луѓе со вишок килограми, пишува „Дејли мејл“.



Од друга страна, Бангладеш и Етиопија се нашле на самото дно на оваа листа. Во тие земји само еден процент од населението е дебело. Веднаш пред нив се наоѓа Непал.



Кога станува збор за Македонија, ние се наоѓаме на средината на таа листа. Во нашата земја, 20 проценти од населението се бори со вишокот на килограми, а речиси иста е ситуацијата во земјите кои се наоѓаат во нашето окружување.



Дебелината е хронична болест која се појавува со прекумерно внесување на масти во организмот и зголемувањето на телесната тежина. Секое зголемување на телесната тежина за 10 отсто се означува како дебелина.



http://plusinfo.mk/vest/12379/foto-ova-se-najdebelite-zemji-vo-svetot-na-koe-mesto-e-makedonija

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот