За кафето

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

За кафето

Пишување by Гостин on Пон Јан 26, 2015 7:45 pm

Aj sea trk u meana i utepajte ja Osa so poracki...

Големо откритие: Научниците во кафе пронашле протеин посилен од морфиум



Научниците од Универзитетот во Бразил, успеале да издвојат супстанца т.е. протеин од кафе, кој наводно има слично дејство како морфиумот, со тоа што трае подолго време.
Истражувањето предводено од Фелипе Винецко од Одделот за молекуларна биологија при Универзитетот во Бразил, покажало дека фрагмент од протеин, кое се нарекува пептид, има забележителни седативни појави, но и аналгетски, како и дека не се забележани несакани ефекти.

Винецки одлучил да патентира седум опојни протеини, пепиди.

„Овие пепиди имаат позитивни разлики, а нивните ефекти траат четири пати подолго во однос на морфиумот, а немаат негативни ефекти“, рекол Винецки.



Во Ембрапи веруваат дека ова е големо биотехнолошко достигнување и дека ќе биде од голема помош за индустријата на храна, но и би можело да помогне за смалување на стресот

http://tocka.com.mk/3/148957/golemo-otkritie-naucnicite-vo-kafe-pronasle-protein-posilen-od-morfium

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: За кафето

Пишување by Гостин on Чет Јан 29, 2015 4:16 pm

Еве поттик и од мене...

Го пиете секој ден, а не сте ни свесни дека ве штити од рак



Многу луѓе не можат ни да замислат да го започнат денот без овој напиток. Но, дали знаевте дека конзумацијата на кафе го намалува ризикот од рак на кожата? Еве на кој начин.
Едно истражување спроведено на над 450 илјади личности во САД, во период од 10 години, покажало дека пиењето на кафе може да го намали ризикот од најопасниот вид на рак на кожата – смртоносниот малигнен меланом.

Малигниот меланом спаѓа во малигните тумори кои настануваат од меланоцит. Најчесто се појавува на кожата, но може да настане и на сите други делови од телото во кои се наоѓаат меланоцити. На почетокот на истражувањето, личности со просечна возраст од 63 години, на кои било извршено истражувањето, биле здрави, додека три илјади во текот на наредните 10 години заболеле од рак на кожата.

Научниците утврдиле дека кај личностите кои секој ден редовно пијат по една шолја кафе е помал ризикот од заболување од рак на кожата. Истото истражување покажало дека кај личностите кои дневно пијат четири шолји кафе, ризикот за заболување од рак на кожата е за 20% помал.

Сепак, научниците предупредуваат дека повеќе од четири шолји кафе во денот би можеле да предизвикаат раст на крвниот притисок. Резултатите од наведеното истражување се објавени во магазинот „Journal of the National Cancer Institute“.

Се смета дека кофеинот во кафето помага во заштита на здравите ќелии, но и спречува изумирање на ќелиите оштетени од ултравиолетови зраци. Поранешни истражувања покажале дека конзумирањето на кафе може да помогне во намалување на заболувања како што се мозочен удар, дијабетес и рак на црниот дроб.

http://tocka.com.mk/3/148647/go-piete-sekoj-den-a-ne-ste-ni-svesni-deka-ve-stiti-od-rak

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: За кафето

Пишување by tmoro on Пет Јан 30, 2015 5:20 pm

A зошто не пишуваат дека тие што имаат чир не смеат да пијат кафе?
Какви начници се тие.

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: За кафето

Пишување by Гостин on Саб Јан 31, 2015 10:57 am

E pa sreka sto jas seuste go nemam...Sepak eve go i kjarot i zijanot od pienje kafe...

Пиењето кафе – бенефиции и ризици

Милиони луѓе низ светот го започнуваат секој ден со чаша кафе. Кафето е еден од најпопуларните пијалоци и често е тема на различни истражувања со цел да се утврдат еднаш засекогаш ползите и ризиците кои ги носи.

Пиењето кафе често се сврзува со многу болести, од смешната „ќе ти порасне опашка“ до сериозните срцеви болести и рак. Но, стотици истражувања во изминатите години покажале дека кафето најверојатно и не е толку штетно како што се мислело некогаш. Всушност, многу експерти сметаат дека кај повеќето луѓе ползите кои ги носи кафето се побројни отколку ризиците.



БЕНЕФИЦИИ ОД ПИЕЊЕТО КАФЕ

Еве дел од начините на коишто кафето може да му помогне на вашето здравје:
Го намалува ризикот од рак на уста и грло. Анализирајќи 9 истражувања и споредувајќи 5139 заболени од рак на глава и врат со 9028 луѓе без рак, италијански научници откриле дека 4 или повеќе кафиња дневно го намалуваат ризикот од појава на рак на уста или грло со 39%.
Го намалува ризикот од мозочен удар кај жените. Американско истражување покажало дека пиењето на 4 или повеќе кафиња дневно го намалува ризикот од мозочен удар кај жените со 20%. Кај оние пак кои никогаш не пушеле, ризикот се намалува до 43%.
Може да го продолжи животот. Големо истражување на Универзитетот во Мадрид и Универзитетот Харвард довело до интересен заклучок – кафето може да го продолжи животот. За да го докажат тоа, научниците анализирале податоци за 84 214 жени и 41 736 мажи. Ниту еден од нив немал рак или срцеви болести на почетокот на истражувањето. Учесниците биле набљудувани подолго време – мажите 18 години, а жените 24 години. Крајните резултати покажале дека кај оние кои пиеле кафе ризикот од смрт бил помал отколку кај оние кои не пиеле кафе. Основна причина за ваквиот резултат бил намалениот број на случаи со срцеви заболувања кај луѓето што консумирале кафе.
Го подобрува памтењето. Кафе паузата после лекции помага полесно да ја складирате информацијата што сте ја научиле.
Го намалува ризикот од рак на простатата. Истражување во коешто учествувале 50 000 мажи, а кое траело од 1986 до 2006 година, покажало дека мажите кои пијат многу кафе имаат за 60% помал ризик од појава на рак на простатата, во споредба со мажите кои не пијат кафе.
Го намалува ризикот од срцеви заболувања. Истражување на одделот на медицинскиот конзорциум Kaiser Permanente во Калифорнија, покажа дека луѓето коишто редовно консумираат кафе имаат помали шанси да бидат примени во болница заради нерегуларен ритам на срцето. Резултатите од едно од најголемите истражувања во оваа област, кое опфаќало 34 514 учесници, покажале дека умерената консумација на кафе го намалува ризикот од срцев удар за една петтина.
Го намалува ризикот од рак на дојка. Истражување на шведскиот универзитет Умеа покажало дека жените коишто пијат варено кафе повеќе од 4 пати дневно се изложени на помал ризик од појава на рак на дојка, во споредба со жените коишто пијат варено кафе поретко од еднаш дневно.
Но, тоа не е сè. Еве уште некои од многуте бенефиции од кафето:

го намалува ризикот од заболување со Паркинсонова болест со 80%;
3 кафиња дневно го намалуваат ризикот од појава на рак на дебело црево со 25%;
го намалува и ризикот од појава на цироза на џигерот со 80%;
помага во справувањето со астма;
го намалува ризикот од појава на дијабетес тип 2;
ја намалува или елиминира главоболката;
го подобрува расположението;
го забрзува метаболизмот;
ја подобрува концентрацијата;
ја спречува појавата на кариес.



РИЗИЦИ ОД ПИЕЊЕТО КАФЕ

Сепак, пиењето кафе крие и многу ризици, кои најчесто се појавуваат кај луѓе кои консумираат кафе во големи количини. Некои од тие ризици се:

Проблеми со спиењето. Кафето ја зголемува будноста и ја зголемува концентрацијата. Затоа, луѓето кои страдаат од инсомнија или имаат проблеми со спиењето треба да се држат понастрана од кафето.
Зголемена анксиозност. Консумирањето кафе во големи количини или пак откажувањето од кафе може да предизвикаат зголемување на анксиозноста и раздразливоста.
Флеки на забите. Кафето е познат непријател на белите заби. Иако ја намалува појавата на кариес, кафето го забрзува жолтеењето на забите.
Полоши симптоми на ПМС. Жените коишто страдаат од предменструален синдром треба да ја избегнуваат консумацијата на кафе, затоа што кафето може да ги влоши симптомите.
Намалена плодност. Кафето има негативен ефект врз плодноста. Затоа, жените кои се обидуваат да зачнат треба да го избегнуваат кафето.
Зголемен ризик од остеопороза. Иако консумацијата на кафе не е значаен фактор за појавата на остеопороза, сепак го зголемува ризикот. Кофеинот го забрзува исфрлувањето на калциумот преку урината и со тоа ја намалува цврстината на коските. Но, истражувањата покажаа дека ако жените примаат доволно количество калциум, кафето нема да придонесе за развивање на остеопороза.
Дехидратација. Кафето има диуретско дејство и го зголемува мокрењето, па може да предизвика дехидратација. Поради тоа се препорачува секоја шолја кафе да биде проследена со пиење на 2 чаши вода.
Зголемен холестерол. На многу луѓе коишто го започнуваат денот со кафе, холестеролот е последното нешто што им паѓа на ум. Но, истражувањата покажале дека консумирањето на големо количество кафе (во просек 6 чаши дневно) го зголемува холестеролот.



Заклучок

Експертите се многу внимателни кога станува збор за кафето и не одат во крајности. Иако бројни истражувања покажале дека пиењето на кафе во големи количини го намалува ризикот од многу болести, сепак експертите не се убедени дека треба да препорачаат почеста консумација на кафе.
Според нив, умерената консумација на кафе крие повеќе предности отколку недостатоци за здравјето на луѓето. Тие уште препорачуваат да се внимава на начинот на којшто е приготвено кафето, т.е. да не се употребува премногу шеќер, шлаг, алкохол и сл.
Не ја прескокнувајте кафе паузата или излегувањето на кафе-муабет, но бидете внимателни да не консумирате повеќе од 3 кафиња дневно со цел да ги избегнете посочените ризици.

http://www.femina.mk/%D0%B7%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%B2%D1%98%D0%B5/%D1%81%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%B7%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%B2%D1%98%D0%B5%D1%82%D0%BE/%D0%BF%D0%B8%D0%B5%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BA%D0%B0%D1%84%D0%B5-%D0%B1%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%84%D0%B8%D1%86%D0%B8%D0%B8-%D0%B8-%D1%80%D0%B8%D0%B7%D0%B8%D1%86%D0%B8

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: За кафето

Пишување by Гостин on Нед Мар 08, 2015 12:48 pm

He...he...he...Znaev... Twisted Evil

15 причини зошто кафето е секогаш подобар избор од чајот



Покрај здравствените придобивки, кафето има многу позитивни страни. Оние кои се љубители можат да потврдат дека доволно е само да го помирисаат и веднаш се посреќни. Исто така не смее да се заборави и брилијантната комбинација на кофеин и чоколадо. Зарем има нешто подобро? Погледнете ги следниве 15 причини зошто кафе е секогаш подобар избор од чајот!

1. Кафето е една причина повеќе да се радувате на состаноците со вашиот партнер. Тоа шири љубов.

2. Кафето барем има вкус. За разлика од чајот, кој е комбинација од вода и лисја кои немаат вкус.

3. Кафето ви дава енергија! Одличен избор кога ви е потребна енергија затоа што сте биле будни цела ноќ мразејќи го чајот.

4. Кафето ве учи нешто повеќе за умереност. Доколку испиете исто толку чаши кафе колку што пијат луѓето чај ќе полудите.

5. Можете да правите уметност од кафе. Не сме сигурни дека може да се направи уметност од потопувањето на кесички со чај во жешка вода.

6. Не треба да го посетувате тоалетот на секои 5 минути, како што прават љубителите на чај. Токму затоа имате дополнително слободно време за да размислувате колку е најдобро кафето. Или за да го живеете секојдневниот живот, како ви одговара вам повеќе.

7. Кафето е одличен придружник на фотографиите со вашите пријатели. Големи се шансите дека тоа ќе биде причина за големиот број лајкови.

8. „Одењето на кафе“ со луѓето е значајна практика во животот на возрасните. Овој израз со други зборови може да се протолкува и како „Јас сум сега вистинска возрасна личност“.

9. Секое кафе има егзотично пакување. Чајот, не баш.

10. На кафето можете да му додадете чоколадо. Ова е еден од најголемите изуми на човештвото.

11. Миризбата на кафето ве прави посреќни. Ова дури е и научно докажано. Но, сите љубители на кафето одамна ја знаат оваа вистина, се согласувате?

12. Изборот во менито е буквално бескраен. Како е можно еден пијалак да се подготвува во толку многу различни комбинации? Тоа е неверојатно.

13. Леденото кафе е совршеното летно освежување. Без него, ниту еден љубител на кафе не би можел да преживее.

14. Кафето има многу алатки. Машина за еспресо, макијато, капучино…

15. Кафето ве прави кул. Кој пие кафе? Секси парижанки, жешки рок ѕвезди… Кој пие чај? Бабите и слично.

http://www.kafepauza.mk/zanimlivosti/15-prichini-zoshto-kafeto-e-sekogahs-podobar-izbor-od-chajot/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: За кафето

Пишување by Гостин on Саб Мар 14, 2015 8:29 am

ЗОШТО ТУРСКОТО КАФЕ Е ПОДОБРО ОД ОСТАНАТИТЕ



Сите знаеме дека прекумерното консумирање кафе може да предизвика симптоми на психофизички и непожелни ефекти на здравјето.

Иако, обичното „турско“ кафе има и низа предности. Богато со минерали, првенствено со манган и магнезиум, како и со витамин Б3, има силни антиоксидативни својства и придонесува за здравјето на мозочните клетки, штити од атеросклероза и неколку видови карцином.

За инстант напивките тоа не може да се тврди. Содржината на зрно кафе во нив е минимална, а користено е зрно со полош квалитет бидејќи повеќето позитивни својства се губат во текот на термичката обработка. При изборот на кафе треба да имате предвид дека главна состојка на овие напивки е шеќерот, кој во комбинација со билна маст, гликозен сируп, арома и останатите додатоци дава привлечен вкус.

Хидрогенизираната билна маст може да биде извор на штетни трансмасни киселини, а полифосфатите кои се регулатори на киселоста имаат лошо влијание ан здравјето на коските.

Кофеинот, алкалоид кој предизвикува будност, се наоѓа во поголема концентрација во инстант, отколку во обичното кафе. Не е препорачливо дневниот внес на кофеинот да преминува 300 милиграма, а шолја инстант кафе има приближно 100 милиграма кофеин.

Инстант кафето може да предизвика и прекумерно излачување на киселина.

Нескафе има најмалку кафе. Кафе девет отсто. Со природните регулатори на киселост, натриумова сол на лимонска киселина, содржи и фосфати, а честото консумирање не се препорачува. Природно средство против згрутчување. Не е наведен уделот на шеќер

http://popara.mk/2015/zhivot/ishrana/zoshto-turskoto-kafe-e-podobro-od-ostanatite/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: За кафето

Пишување by Гостин on Саб Мај 23, 2015 10:36 am

Кафе за подобар секс

Кафето во безброј наврати се покажа како пијалак со супермоќи. Најново во низата на проблеми што ги решава: проблеми во кревет.



Освен што го намалува ризикот од мултиплекс склероза, меланоми и дегенерација на ретините, сега се покажа и дека влијае врз ерекцијата кај мажите. Истражување објавено во Plos One од научници од здравствено-научниот центар во Тексас, открило дека мажите кои пијат повеќе кофеински пијалаци (биле испитувани ефектите од кафе, чај, сок и спортски пијалаци), имале помали шанси да бидат импотентни за разлика од оние кои пиеле малку или воопшто не пиеле. Резултатите добиени по анкетирање на 3.724 мажи биле следниве: две до три шолји кафе на ден се совршената комбинација за помагање со импотенцијата. Па како точно кафето го решава овој проблем? Научниците мислат дека кофеинот го зголемува протокот на крв до пенисот со тоа што опушта одредени артерии и мускули во тој регион.

http://pixel.mk/zhivot/zdravje/kafe-za-podobar-seks

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: За кафето

Пишување by reiter on Сре Дек 16, 2015 5:22 pm

Mame, slobodno popijte još jednu kavu - spasit će vam život! напиша:

Lijepa je to vijest pa stoga slobodno naručite ili si skuhajte danas još jednu kavicu. Vjerujemo da će vam trebati posebno ako se već polako spremate za predblagdansko pospremanje напиша:


ZNANSTVENE nas studije redovno zbunjuju jer ako je nekada nešto bilo bijelo danas je dokazano da je to crno, što u većini slučajeva baš ni ne slušamo nego živimo po svom, no možda će vas ova studija ipak razveseliti. Kavopije s Harvarda i njihovog odjela za javno zdravstvo bacile su se na posao ne bi li dokazale štetnost ili prednost ispijanja većih količina kave na dnevnoj bazi, a rezultat je sljedeći - slobodno možete popiti i tu treću željenu šalicu kave koja ne samo da je dopuštena već je i poželjna jer bi vam mogla spasiti život. Oh, krasno, jednu kavu molimo, čisto da vam pravi društvo uz ovaj članak. Ali, ne, danas ste već popili i treću, malu doduše! Nije problem! Slobodno popijte još jednu. Znanstvenici s Harvarda dokučili su naime da bi svaki prosječno zdrav čovjek mogao dnevno piti i do pet šalica kave (ne pretjerujte s veličinom šalice, jer govore o nekom standardnom prosjeku) što bi vam moglo donijeti niz zdravstvenih prednosti. Primjerice - smanjit će se rizik od dijabetesa te srčanih bolesti. Taj rezultat sada doslovno pobija činjenicu da višak kofeina loše utječe upravo na srce. No da vidimo kako su harvardovci došli do ovih otkrića: Ekipa je prikupila opsežne podatke o načina ishranu i životnim navikama čak 200.000 doktora i medicinskih sestara i to u periodu od 20 godina. Nakon procesuiranja te zaista velike količine podataka došli su do zapanjujućih rezultata - muškarci i žene koji su na dnevnoj bazi pili znatno više kave od onih povremenih kavopija te onih koji su rijetko ili nikada konzumirali kofein, živjeli su duže te su rijetko obolijevali od dijabetesa, kardiovaskularnih bolesti, manje su bili skloni suicidima, a ispijanje kave u kasnijim periodima dana znatno je bolje utjecalo na njihovo raspoloženje i budnost čime su dodatno utjecali na vlastite hormone i uopće sposobnost ležernijeg življenja. Studije su pokazale čak i to da su ljudi koji su u popodnevnim satima ispijali veće doze beskofeinskih napitaka, sa svrhom uživanja u "kavi" također pokazali slične rezultate kao i oni koji svoju energiju tijekom dana održavaju kavom. U istraživanju se nisu posebno osvrnuli na ispijanje kave tijekom trudnoće te u periodu dojenja pa se drage buduće majke vi i dalje pridržavajte onih 200 miligrama kave dnevno, koja je dozvoljena i dobrodošla ukoliko bez nje ne možete živjeti. Lijepa je to vijest pa stoga slobodno naručite ili si skuhajte danas još jednu kavicu. Vjerujemo da će vam trebati posebno ako se već polako spremate za predblagdansko pospremanje. напиша:

http://www.index.hr/mame/clanak/mame-slobodno-popijte-jos-jednu-kavu--spasit-ce-vam-zivot/862603.aspx

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: За кафето

Пишување by Гостин on Вто Мар 01, 2016 9:51 am

Кафето и лимонот ги лечат овие здравствени проблеми побрзо и од лековите наменети за нив



Здравствените проблеми како што се главоболката, мачнината, болките во желудникот и дијарејата не можат да се сместат во категоријата болести, но без сомнение се многу непријатни за организмот и имаат силен негативен ефект врз него. Без разлика за која од овие состојби станува збор, може да се случи долго време да се чувствувате исцрпено под нивно влијание, дури и ако сте на терапија.



Доколку не сакате да користите лекови или пак, сметате дека тие не ви помагаат доволно можете да ги користите овие две намирници кои сигурно веќе ги имате во вашиот дом со цел брзо да ги излечите овие тегоби. Како што веќе спомнавме, само збор за кафе и лимон.

Рецепт #1 – За силна главоболка

Сварете една шолја домашно кафе без шеќер и во неа исцедете половина лимон. Испијте го додека е топло и за само неколку минути ќе почувствувате олеснување во вашата глава. Исто така, покрај кафето добро е и да пиете многу течности, особено вода и да излезете малку на свеж воздух.

Рецепт #2 – За силна мачнина, болки во желудникот и дијареја:
Измешајте 3 чајни лажички мелено кафе со 2 супени лажици сок од лимон. Измешајте ги добро и така изедете ги. Оваа смеса може скоро инстантно да ви помогне при силната мачнина, болките во желудникот, како и дијарејата. Покрај неа, помага и ако испиете пробиотик, пиете кефир, јадете ориз или банана. Изгладувањето не е препорачливо.

http://tvorbis.com.mk/?p=29244

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: За кафето

Пишување by Гостин on Саб Мар 05, 2016 6:12 pm

More udri edna rakija i sve ke ti pomine kako so raka odneseno.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: За кафето

Пишување by Teo on Нед Дек 04, 2016 1:40 pm

Овие работи можат да ги разберат само оние личности што сакаат кафе

Можете да го замислите вашиот живот без Интернет, без струја и вода, во некоја џунгла, сместени во шатор – дури можете да пронајдете возбуда, задоволство во совладувањето на препреките и организирањето на вашето опстанување, но сигурно не можете да го замислите вашиот живот без кафе. И не се обидувајте, бидејќи тоа не е никаков предизвик, тоа е казна, патење, ужас. И во сред шума, на огнот кој самите сте го запалиле од дрвата кои самите сте ги собрале во шумата, вие ќе ги организирате сите средства и ќе сварите кафе за да уживате. Ако некој ви го одзеде тоа задоволство и уживање, ќе ви зададе тежок удар во вашата смисла на животот.
avatar
Teo

Број на мислења : 3188
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: За кафето

Пишување by Teo on Нед Дек 04, 2016 1:40 pm

1. Кафето значи мир и уживање

Вие можеби ги практикувате вашите ритуали со кафето еднаш или двапати во текот на денот, бидејќи тоа што го обожавате овој пијалак не значи и дека го консумирате постојано на работа, стоејќи, во брзање, и така натаму. Количината на испиеното кафе нема никаква врска со уживањето, туку тоа се крие во фактот што точно значи кафето за вас. Најважни се моментите кои ги поминувате уживајќи сами со себе, подготвувајќи се за денот којшто следува, или пак за вечерта која носи свои настани.
avatar
Teo

Број на мислења : 3188
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: За кафето

Пишување by Teo on Нед Дек 04, 2016 1:40 pm

2. Мирисот на кафето

Турско кафе, сварено во ѓезве – ништо на светот не мириса така! Докажано е дека мирисите се директно поврзани со емоциите и за вас мирисот на кафе е мирис на чиста среќа. Проверете се – дали некогаш сте почувствувале мирис на кафе, а да не ви се појавила насмевка на лицето?
avatar
Teo

Број на мислења : 3188
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: За кафето

Пишување by Teo on Нед Дек 04, 2016 1:41 pm

3. Раскошот на леденото кафе

Луѓето кои вистински уживаат во кафето не пијат само еден вид, бидејќи тие сакаат да уживаат во различни вкусови. Спремањето кафе е задоволство кое можете да си го приредите во рок од 30 секунди, со густа пена, мраз, шлаг, цимет и чоколаден прелив. Тоа не е само кафе, тоа е раскош, задоволство, перфекција…
avatar
Teo

Број на мислења : 3188
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: За кафето

Пишување by Teo on Нед Дек 04, 2016 1:41 pm

4. Вашата посебна шолја за кафе

Тоа е таа шолја во која кафето има посебен вкус, подобро отколку во која било друга. Исто како гравот кој има подобар вкус кога ќе го запечете во глинена тава, отколку во обична. Можеби ова е само замисла, а можеби и не. Но, секој вистински следбеник на ова кафеаво уживање сака своето кафе да го пие од таа посебна шолја. Можеби токму од некоја глинена, уметничко изработена, уникатна и секако, од два децилитри. Кој уште пие кафе од филџан? Незамисливо!
avatar
Teo

Број на мислења : 3188
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: За кафето

Пишување by Teo on Нед Дек 04, 2016 1:41 pm

5. Вашата посебна чаша за ледено кафе

Да, тоа е онаа чаша за спремање кафе, со големина на кригла, бидејќи во неа треба да има место и за дебелиот слој пена (а можеби и шлаг), за млекото, цевчето, лажичето кои треба да се гледаат, а да не бидат преплавени со содржината. Значи, три децилитри, најмалку, но доволно широка да изгледа како чаша, а не како вазна. Иако, некои вазни изгледаат како совршени чаши за кафе. Кога ќе ја пронајдете вашата чаша, за спремање на кафе, купете барем три исти такви, бидејќи чашите се кршат, а со тоа се крши и вашето срце.
avatar
Teo

Број на мислења : 3188
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: За кафето

Пишување by Teo on Нед Дек 04, 2016 1:41 pm

6. Кафето за време на викендот

Кога не морате да станувате и да се подготвувате за работа, кафето добива дополнителна смисла, мир и уживање, бидејќи може да траат со часови. Можете да го пиете во креветот, без никакво брзање. Понекогаш, кога ќе се разбудите насмеани, бидејќи сте свесни дека воопшто не мора ни да станете, тогаш се расонувате веднаш за да пиете подолго време кафе. Честопати едно кафе не е доволно и тогаш ќе ја дуплирате дозата. Дуплирана доза од раскош и уживање. Можете да испиете едно сварено, па филтер и потоа да спремите едно ледено кафе како десерт.
avatar
Teo

Број на мислења : 3188
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: За кафето

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 4:52 pm

avatar
Teo

Број на мислења : 3188
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: За кафето

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 4:53 pm

avatar
Teo

Број на мислења : 3188
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: За кафето

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 4:53 pm

avatar
Teo

Број на мислења : 3188
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: За кафето

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 4:54 pm

avatar
Teo

Број на мислења : 3188
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: За кафето

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 4:54 pm

avatar
Teo

Број на мислења : 3188
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: За кафето

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 4:54 pm

avatar
Teo

Број на мислења : 3188
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: За кафето

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот