ПРИТВОР ЗА СЕАД КОЧАН

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ПРИТВОР ЗА СЕАД КОЧАН

Пишување by osa on Чет Мар 09, 2017 10:12 pm

Одреден притвор за бизнисменот Сеад Кочан

09.03.2017 | 21:45МакедонијаПрочитано: 5408
Кривичниот совет на основниот суд Скопје 1, одредил притвор за бизнисменот Сеад Кочан и донел наредба за негово приведување.

Советот ја прифатил жалбата на СЈО за која а поднесе на одлуката на судијката која на претходната постапка го одби притворот. Советот решил дека се исполнети сите услови за одредување на притвор и го прифатил образложението на СЈО дека Кочан, доколку е на слобода, може да избега, да влијае на сведоци или да унипти докази во врска со случајот „Труст“.

Во овој случај осомничени се три физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ Студеничани Скопје, за учество на тендер на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ). Сеад Кочан, Василијие Авировиќ и Сафет Ватиќ се осомничени дека фалсификувале документи со кои добиле тендер од 17 милиони евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол. Овие три фирми на тендерот настапиле како конзорциум, а главен носител била „Транс мет“. ЕЛЕМ им овозможил на конзорциумот од овие три фирми да остварат противправна имотна корист во износ од една милијарда денари или околу 17 милиони евра.


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРИТВОР ЗА СЕАД КОЧАН

Пишување by osa on Чет Мар 09, 2017 10:13 pm

pochna....airlija...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРИТВОР ЗА СЕАД КОЧАН

Пишување by osa on Чет Мар 09, 2017 11:46 pm

ТВ НОВА: Притворот за Сеад Кочан е одмазда од СДСМ и удар против бошњачката заедница

За СДСМ има две главни причини поради кои сакаат да му се одмаздат на Кочан. Прво, Сеад Кочан е сопственик на медиум кој не е под контрола на 'Бихаќска' и кој без страв и резерва го пренесува гласот на народот и ја информира јавноста, објави вечерва телевизијата „ТВ Нова“, која е во сопствеништво на бизнисменот Кочан

СДСМ почна пресметка со медиумите кои не им се под контрола, поранешната сопруга на министерот на СДСМ, Владо Димов, одлучила да го притвори Сеад Кочан, објави вечерва телевизија „ТВ Нова“, која е во сопственост на бизнисменот Кочан.

Во објавата се вели дека зад одлуката за притвор не постојат правни образложенија, туку политичка мотивираност и тоа преку директна поврзаност со СДСМ.

„За СДСМ има две главни причини поради кои сакаат да му се одмаздат на Кочан. Прво, Сеад Кочан е сопственик на медиум кој не е под контрола на 'Бихаќска' и кој без страв и резерва го пренесува гласот на народот и ја информира јавноста. Втората причина за одмазда е испраќање порака и заплашување на припадниците на етничките заедници дека ќе се соочат со последици доколку не ја прифатат платформата од Тирана“, објави телевизијата во вечерните вести.

i shto ako ima televizija e nevin ?

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРИТВОР ЗА СЕАД КОЧАН

Пишување by SHARENI on Вто Мар 28, 2017 1:38 am

ej ne mi se veruva ,abe site ko ovoj ke izbegaat
avatar
SHARENI

Број на мислења : 137
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРИТВОР ЗА СЕАД КОЧАН

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот