Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

СТАРА ВЕСТ СЕПАК ИНТЕРЕСНА

Go down

СТАРА ВЕСТ СЕПАК ИНТЕРЕСНА  Empty СТАРА ВЕСТ СЕПАК ИНТЕРЕСНА

Пишување by osa Саб Мар 11 2017, 02:17

вртејки по интернетот наидов на оваа вест која е одамна објавена ,но едноставно сме ја испуштиле ,па затоа сега ви ја презентирам .

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

СТАРА ВЕСТ СЕПАК ИНТЕРЕСНА  Empty Re: СТАРА ВЕСТ СЕПАК ИНТЕРЕСНА

Пишување by osa Саб Мар 11 2017, 02:19

Груевски во фото-илегала – престана да се слика со странците и со дипломатите
Скопје, 24 февруари, 2017 - 15:07 (META)
Ниту од последната средба на британскиот државен министер сер Ален Данкан, со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во јавноста не се појавија фотографии. Груевски од неодамна воопшто не сака да се слика кога разговара со странците. Партијата само издава подолги и детални соопштенија – практика која почна од средбата со германската амбасадорка, Кристине Алтхаузер. По неа Груевски имаше средби со амбасадорите на Турција, Франција, Русија и на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, но ниту од една не се појавија фотографии.

Уште поиндикативно за ова однесување е тоа што средбата на поранешниот премиер со еврокомсарот Јоханес Хан, исто така, остана незаблежана со камери или фотоапарати. Камерманите и фоторепортерите беа замолени да си одат. Груевски влезе и излезе од гаражата на Собранието и низ „чиститот“ ходник влезе на средбата. Еден ден по средбата, наместо најавеното соопштение, на интернет-страницата на партијата беше објавен новинарски текст, со изјава на директорот на центарот за комунакции на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски.

Gruevski-Han
Стара фотографија, од претходна средба на Груевски со Хан во просториите на партијата, снимена на 14 октомври 2016 година

Во прилог на текстот беше објавена стара фотографија, од претходна средба на Груевски со Хан во просториите на партијата.

Едноставно, по прогласот на партијата што Груевски го прочита пред ДИК и со кој ги искара странците, нема негови фотографии со нив, иако продолжија средбите со дипломатските претставници во земјава.

Интересно е да се види како во таа смисла ќе помине посетата на Федерика Могерини, висок комесар за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, која се очекува да пристигне во земјава на почетокот на идниот месец. Таа, инаку, не е омилена во партијата и кај приврзаниците на Груевски, кои во новинските текстови дури ја нарекоа „фашисоросоидна шмизла“ („Дневник“, 16 февруари 2017 г.) која „плапоти таму за неприкосновените индивидуални права кои биле светост во ЕУ, ама пошто е и соросоид, а по дифолт значи дека има испран мозок“ („Дневник“, 9 февруари 2017 г.), а денес и отворено порача „на Могериниева, Иванов и Груевски (оти на Поповски ич не се мисли) конечно треба да и врачат шут карта со недвосмислена „недипломатска“ содржина: Се додека не ги уважите Република Македонија, македонскиот народ, македонскиот јазик и култура, не доаѓајте овде … “

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот