Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ВРЕМЕ

Go down

ВРЕМЕ  Empty ВРЕМЕ

Пишување by osa Саб Мар 18 2017, 23:23

Менувањето на времето е бескорисно и штетно
Истражувањата на научниците покажаа дека поместувањето на стрелките на часовникот од 2 на 3 часот во недела на 26 март, веројатно ќе резултира со зголемен број на срцеви и мозочни удари, ќе предизвика зголемен број на автомобилски несреќи и ќе ја намали работната ефективност...
Поместувањето на часовникот за еден час нанапред во текот на летните месеци е вообичаена пракса во Европа и Северна Америка, а може да предизвика здравствени проблеми и да има низа штетни последици, тврдат научниците.

Преминувањето на летно сметање на времето краткорочно значи еден час пократок сон, но долгорочно придонесува за подолго траење на денот во текот на шест месеци од крајот на март до крајот на октомври. Притоа, нема да има намалување на потрошувачката на електричната енергија, спротивно на поранешните верувања.

Според податоците, што неодамна беа објавени во едно психолошко научно списание, само по еден ден по преминувањето на летното сметање на времето, сојузните судии во САД се склони да даваат во просек пет отсто подолги затворски казни, отколку во неделата пред тоа или во неделата потоа.

Научниците тврдат дека дури и помало нарушување на вообичаеното спиење може да има значајни последици.

– Нашата студија укажува на тоа дека нагли па и мали промени на ритамот на сонот можат да имаат штетни последици, истакна Амнет Санду од Универзитетот на Колорадо, чија студија на болничките податоци откри 25 процентен скок на бројот на срцеви удари во понеделник, ден по почетокот на летното сметање на времето.

Летното сметање на времето, кое оваа година трае до 29 октомври, е усвоено за време на Втората светска војна, како мерка за штедење на струјата. Логиката била дека подолгото траење на денот значи дека луѓето ќе имаат помалку часови да поминуваат со вештачко осветлување. Праксата се прифатила во поголемиот дел на Северна Америка и Европа, но не и во многу други земји во светот.

Но, студиите до сега главно покажаа дека промената на сметањето на времето не се однесува и на значајна заштеда на електричната енергија. Укинувањето на летното сметање на времето, односно враќањето на зимско сметање, во САД е можно само со законодавна одлука на американскиот Конгрес.

Сојузните држави не се должни да преминат на летно сметање на времето, но се обврзани од декември до март да го практикуваат стандардното зимско сметање на времето.

Законодавците во некои сојузни држави веќе се обидуваа да протнат закони целосно да се укине летното сметање на времето, но до сега тоа успеа само во Аризона и на Хаваите.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот