ПОЧИНА ДЕТЕТО ИСКАСАНО ОД КУЧИЊА

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ПОЧИНА ДЕТЕТО ИСКАСАНО ОД КУЧИЊА

Пишување by osa on Нед Мар 19, 2017 4:16 pm

ПОЧИНА ДЕТЕТО ОД С. БАЧИШТА ШТО БЕШЕ ИСКАСАНО ОД ГЛУТНИЦА КУЧИЊА

19/03/2017 16:01

Facebook Twitter


На КАРИЛ, денеска околу 13 часот почина четиригодишното момче од кичевското село Бачишта, кое пред три дена беше нападнато и буквално растргнато од глутница кучиња. Детето беше на апарати за дишење и три дена, колку што помина на скопските клиники и беше во критична и животно загрозувачка состојба. На 16 овој месец, по нападот од глутница кучиња тоа итно беше донесено во болницата во Кичево, ода каде поради сериозноста на повредите, детето со возило за итна помош беше префрлено на Ургентниот центар во Скопје. На скопските клиники тоа беше примено во тежок хеморалгичен шок. Тоа беше практично распарчено од кучињата, со искинат стомак, тешки повреди и скршеници на черепот и градниот кош. Операцијата траеше повеќе од 4 часа и лекарите мораа да го извадат едниот бубрег како и слезинката. Лекарите од Ургентен, посочија дека не паметат ваков случај на повредено лице од кучиња.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПОЧИНА ДЕТЕТО ИСКАСАНО ОД КУЧИЊА

Пишување by OPOZICIONER on Нед Мар 19, 2017 4:21 pm

Kaj se sega onie od animamundi da mi jadat trici ? vo kuche verba nemoesh da imas i tolku ,bog da go prosti dusicka sto umrel na ovoj nacin
avatar
OPOZICIONER

Број на мислења : 254
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПОЧИНА ДЕТЕТО ИСКАСАНО ОД КУЧИЊА

Пишување by defo on Нед Мар 19, 2017 4:32 pm

Значи сето ова е последица на нефункционорање на еден систем. За ова сега никој не ќе понесе одговорност. И што е најстрашно, никој, сем родителите нема да почуствува одговорност. Што е страшно. Зарем од толку административци, толку е тешко да се вработат 100-150 шинтери. Дали инспекторите од ветеринарна управа редовно излегуваат на терен. Пред два дена исто случај во Охрид:
Пред два дена во селото Велгошти жена била нападната од неколку кучиња. Нападот се случил во раните утрински часови кога жената се движела пеш по улица во селото, а кучињата се појавиле од двор на куќа покрај патот каде биле чувани без надзор. Ја собориле жената, и нанеле гребаници по телото, а била искината и нејзината облека, информираат од СВР Охрид.

Дали не е редно време за формирање на шинтерска служба во Македонија.

defo

Број на мислења : 1924
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПОЧИНА ДЕТЕТО ИСКАСАНО ОД КУЧИЊА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот