ЛАВОВИ -РАСФОРМИРАНА ЕДИНИЦА ЗА БРЗИ ИНТЕРВЕНЦИИ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ЛАВОВИ -РАСФОРМИРАНА ЕДИНИЦА ЗА БРЗИ ИНТЕРВЕНЦИИ

Пишување by osa on Пон Мар 20, 2017 3:51 pm

пратиле допис ,иако се расформирани веднаш по завршување на конфликтот во 2001 г ...интересно го нема потписот на генералот што беше на чело на оваа единица ....знае некој кој беше....ама го јадеше и затоа го нема ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11952
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЛАВОВИ -РАСФОРМИРАНА ЕДИНИЦА ЗА БРЗИ ИНТЕРВЕНЦИИ

Пишување by osa on Пон Мар 20, 2017 4:19 pm

го нема потписот на главниот ..на генералот ...
Горан Стојков
Горан Стојков (род. 1970 во Струмица) — македонски бранител и поранешен командант на расформираната Единица за брза интервенција „Лавови“. Стојков е роден 1970 година во Струмица. По доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во 1998 година му почнува метеорската кариера во МВР. Во МВР засновал работен однос во февруари 2000 година, а во април 2001 година се здобил со чин мајор и бил унапреден во чин потполковник, за по кратко време, вонредно да биде унапреден во чин генерал мајор. Брзото напредување се должеше пред се на тоа што Стојков за време на конфликтот и по тоа беше Командант на единицата за брзи интервенции „Лавови“. Во текот на војната 2001 година беше на терен во сите воени жаришта во тетовско, кумановско и на Скопска Црна Гора. Од функцијата си поднесе оставка кон крајот на 2002 година, поради како што рече тогаш, усно добиената наредба за намалување на бројот на Лавовите. Тој тогаш изјавил:

„Планот со кој е замислена операцијата за растурање на единицата и методите со кои тоа се изведува ги сметам за непристојни и недостојни. За мене како командант на единицата е прашање на чест да не учествувам во еден неетички чин кој некои луѓе заради свои лични интереси или заради свои лични кариери сакаат да го спореведат“[1]

— Горан Стојков
По промената на власта, тој веќе беше во немилост. Пред да започнат судските процеси, за кои беше ослободен по неколку години судења во сите инстанци, тој прво беше деградиран во службата, со тешки обвиненија од МВР. По доаѓањето на Хари Костов на чело во МВР, на Стојков му се одземени сите чинови. Потоа следеше неговото апсење за Раштански Лозја. Во притвор со уште неколкумина беше една година, за во 2005 та Основниот суд Скопје 2 им изрече ослободителни пресуди, кои подоцна беа потврдени и од Апелација. Тогаш Стојков изјавил дека „пукав оти тие пукаа. Да ме осудат на милион години јас пак ќе пукам за да ја одбранам државата“.

Генералот кратко беше во притвор и за обвинение за злоупотреби во набавките за Лавовите, а откако пред неколку години конечно се чинеше дека судниците и затворите се зад него, се повлече од јавниот живот и се посвети на бизнис. Формираше професионална спасувачка служба.

Во политичкиот живот повторно кратко се појави пред изборите во 2011 година, кога ги повика бранителите да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. - Апелирам на лојалноста на безбедносните сили кон тие што можат и тие што сакаат да им помогнат. Мојот авторитет го заложувам за опцијата на ВМРО-ДПМНЕ, да можеме утре сите заедно гордо да бидеме исправени пред нашите деца и нашите внуци. Ги повикувам затоа сите бранители со трезвена глава да размислат што понатаму, истакна генерал Стојков во една изјава пред изборите. По нив, се шпекулираше дека е можен министер за внатрешни работи, но најавите не се исполнија.

Во 2014 година Стојков е осуден на десет години затвор поради аферата „Шпион“.[2]


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11952
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЛАВОВИ -РАСФОРМИРАНА ЕДИНИЦА ЗА БРЗИ ИНТЕРВЕНЦИИ

Пишување by osa on Пон Мар 20, 2017 4:24 pm

за нештата да станат појасни ,што би рекол Никола Младеновви го презентирам овој текст

Горан Стојков: Не можеа физички да ме ликвидираат, па ми монтираа судски процес
02/09/2016

Во Апелациониот суд денеска продолжи јавната распава за случајот познат во јавноста како „Шпион“. Денеска пред судиите својата жалба ја образложи генералот Горан Стојков, кој истакна дека целиот судски процес е монтиран.

-Јас си ги знам моите непријатели кои не можеа физичи да ме ликвидираат, па најдоа начин да ме тргнат преку судот. Но, сега верувам дека Апелација ќе предуси правилно, рече Стојков.

За да ја потврди тезата дека случајот е монтиран, Стојкот потсети дека во текот на судското рочиште се појавиил и сведок кој признал пред Судот дека му бил вршен притисок од УБК да сведочи лажно, односно како што рече Стојков, сведокот истакнал дека вработен во УБК го давел за да сведочи како што му било кажано.

Осудениот генерал истакна и дека обвинувањата против него се смешни, бидејќи, како што рече, тој знаел како да се уништи државата, а го обвинувале дека прислушувал полициска радио станица. „За овие смешни обвинувања добив 10 години затвор“,рече Стојков.
Набрзо во судница своите жалби ќе ги образложат и останатите осудени во случајот „Шпион“, а јавната седница треба да заврши со обраќање на обвинителка од Специјалното јавно обвинителство.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11952
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЛАВОВИ -РАСФОРМИРАНА ЕДИНИЦА ЗА БРЗИ ИНТЕРВЕНЦИИ

Пишување by osa on Пон Мар 20, 2017 4:31 pm

еве како он беше за власта ...агитираше за да им се даде поддршка на овие ,но ете како убаво му го спопикаа истите тие што ги величаше ...учете од грешките на другите вие што сте се потпишале на денешното јавно обракање до медиумите

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11952
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЛАВОВИ -РАСФОРМИРАНА ЕДИНИЦА ЗА БРЗИ ИНТЕРВЕНЦИИ

Пишување by TRAJCHE on Вто Мар 21, 2017 5:26 pm

e more care ,na ovie najde da im veruvash ,te pochituvav ,ama ova sega go slusam prvput ne go znaev
avatar
TRAJCHE

Број на мислења : 96
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЛАВОВИ -РАСФОРМИРАНА ЕДИНИЦА ЗА БРЗИ ИНТЕРВЕНЦИИ

Пишување by defo on Вто Мар 21, 2017 8:35 pm

Себеси се нарекува Пеце Смртта. До пред неколку години работел во битолската полиција, а се борел и во „Лавовите“. Неделава основаше невладина организација, уште една во низата таканаречени патриотски здруженија на граѓани кои во последниот еден месец масовно се регистрираат во Централниот регистар. Делат исти цели во статутот – сите со националистички преднзак. Сето ова се случува откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во својот говор пред ДИК во декември 2016 повика на тн. десороизација и најави формирање на нов силен невладин сектор кој ќе се борел против оние кои биле под нечија контрола.  

Пеце Смртта ги „воскресна“ Лавовите – формиранa нова невладина

Стојков и Ангелов се професионалци, биле професионалци во службите. Не можеш да ги споредиш со некои УДБА-шко, мафијашки структури во МВР. Кои стекнаа пари и имот преку МВР. Јас генерално го подржував Стојков и во оној несреќен судски спор во времето на Хари Костов.

defo

Број на мислења : 1862
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЛАВОВИ -РАСФОРМИРАНА ЕДИНИЦА ЗА БРЗИ ИНТЕРВЕНЦИИ

Пишување by delta on Сре Мар 22, 2017 10:27 pm

to sfe piajnoici i lopovi tamu bea be.//.
avatar
delta

Број на мислења : 245
Join date : 2016-11-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЛАВОВИ -РАСФОРМИРАНА ЕДИНИЦА ЗА БРЗИ ИНТЕРВЕНЦИИ

Пишување by Kalinda on Сре Мар 22, 2017 11:05 pm

Ако ти си бил трезен
се ке било подруго.
avatar
Kalinda

Број на мислења : 426
Join date : 2015-02-28

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЛАВОВИ -РАСФОРМИРАНА ЕДИНИЦА ЗА БРЗИ ИНТЕРВЕНЦИИ

Пишување by OPOZICIONER on Саб Мар 25, 2017 10:04 pm

eh more makedonche ....
avatar
OPOZICIONER

Број на мислења : 224
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЛАВОВИ -РАСФОРМИРАНА ЕДИНИЦА ЗА БРЗИ ИНТЕРВЕНЦИИ

Пишување by osa on Нед Мар 26, 2017 9:45 pm

i toa glupo makedonche shto veruva vo se shto mu se plasira ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11952
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЛАВОВИ -РАСФОРМИРАНА ЕДИНИЦА ЗА БРЗИ ИНТЕРВЕНЦИИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот