АУТИЗАМ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

АУТИЗАМ

Пишување by luxor on Нед Апр 02, 2017 11:35 am

Светски ден на свесноста за аутизмот

Денеска во светот се одбележува Меѓународниот ден на свесноста за аутизам.

Втори април се одбележува како светски ден од 2008 година. Воведен е со одлука на Генералното собрание на ОН, а Македонија се вклучи во одбележувањето од 2010 година.

Датумот 2 април е избран во 2007 година од страна на Генералното Собрание на Обединетите Нации, со цел да се сврти светското внимание кон аутизмот како растечки глобален здравствен проблем.

http://a1on.mk/archives/722534
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АУТИЗАМ

Пишување by luxor on Нед Апр 02, 2017 11:37 am

Што е аутизам?

Аутизмот е познат како комплексно развојно нарушување. Експертите тврдат дека аутизмот се појавува во првите три години од животот. Оваа состојба е резултат на невролошко нарушување кое има влијание врз нормалните мозочни функции и врз комуникациските и социјалните способности.

Луѓето со аутизам имаат проблеми со невербалната комуникација и проблеми со социјалната интеракција и активностите кои вклучуваат елементи на игра.

Генетските истражувања почнале да покажваат дека луѓето со аутизам најверојатно делат исти генетски траги со луѓето кои што имаат ADHD ( хиперкинетичко нарушување), биполарност, шизофренија и клиничка депресија. Тимот од Cross Disorders Group од Psychiatric Genomic Consortium сугерира дека петте ментални пореметувања и болести имаат иста заедничка наследена генетска варијабла.
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АУТИЗАМ

Пишување by luxor on Нед Апр 02, 2017 11:37 am

Што е ASD?
ASD е Autism Spectrum Disorder (Спектар на Аутистички Пореметувања). ASD преставува еден од многуте пречки во развојот кои биле предизвикани од мозочна абнормалност. Личност со ASD типично има потешкотии со социјалните и комуникациските способности.

Личност со ASD се задржува до сет на однесувања кои одбегнуваат поголеми (но и помали) промени во дневните активности. Роднините и пријателите на луѓето кои имаат ASD коментираат дека доколку овие луѓе дознаат однапред дека промената ќе се случи, имаат време да се прилагодат, а со тоа неприфаќањето и отпорот кон промената ќе исчезнат или ќе бидат на многу ниско ниво.
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АУТИЗАМ

Пишување by luxor on Нед Апр 02, 2017 11:38 am

Аутизмот претставува широк спектар на нарушувања
Ова значи дека нема двајца луѓе со идентични симптоми. Иако овие луѓе имаат многу комбинации од симптоми, некои луѓе имаат поблаги додека други имаат поизразени и сериозни симтоми. Подолеу е дадена листа на пронајдените заеднички карактеристики кои се наоѓаат кај луѓето со ASD.
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АУТИЗАМ

Пишување by luxor on Нед Апр 02, 2017 11:38 am

Социјални способности
Начинот на кој индивидуа со ASD се поврзува и комуницира со друга индивидуа е целосно различен спореден со тоа како остатокот од популацијата се однесува. Ако симтомите се поблаги, личноста со ASD може да изгледа како социјално мрзелива, понекогаш навредлива во коментарите кои ги дава или надвор од синхронизација со останатите околу неа. Ако пак симтомите се посериозни, личноста ќе изгледа како да не е заинтересирана за луѓето околу неа.

Заедничко за роднините, пријателите или луѓето кои што воспоставуваат контакт со некој кој има ASD е во давањето коментарите дека овие луѓе воспоставуваат многу мал контакт со очите. Во многу случаи ако симтомите не се сериозни, личноста со аутизам може да се научи дека контактот со очите е многу битен за сите нас и дека тој или таа ќе треба да запомнат да ги гледаат луѓето во очи.

Луѓето со аутизам може почесто да ги пропуштат знаците кои си ги даваме еден на друг кога сакаме да се здобиеме со вниманието на некој друг. Луѓето со ASD може нема да знаат дека другите се обидуваат да воспостават комуникација со нив. Тие може ќе бидат многу заинтересирани да воспостават комуникација со некоја личност или група на луѓе, но ги немаат истите способности како останатите да станат целосно инволвирани. Со поедноставни зборови, на овие луѓе им недостигаат особините на играње и зборување со другите луѓе.
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АУТИЗАМ

Пишување by luxor on Нед Апр 02, 2017 11:38 am

Емпатија – разбирање и свесност за чуствата на другите
Личност со аутизам ќе има потешкотии во разбирањето на чуствата на другите луѓе. Нивната способност да сочуствуваат со другите луѓе е многу намалена во одност на останатите луѓе. Но, ако постојано се потсетувани од останатите за ова, нивното чувство за емпатија може значително да се подобри. Во некои случаи како резултат на постојаната практика, нивната емпатија се подобрува и кај некои од нив таа станува природна, наместо интелектуална. Бидејќи емпатијата никогаш не е природна кај лицата со аутизам како што е кај останатите луѓе.

Да разговарате со лица кои имаат аутизам е многу слично како патување во еден правец. Овие индивидуи може да сакаат определена тема и да зборуваат многу во врска со неа. Но, ќе има многу малку споделување на идеи, мисли и чувства отколку со луѓе кои немаат аутизам.

Скоро сите на планетава сакаат да зборуваат за себе и само за себе, тоа е нормално и е во човековата природа. Но, луѓето со аутизам вообичаено тоа го прават многу почесто.
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АУТИЗАМ

Пишување by luxor on Нед Апр 02, 2017 11:39 am

Физички контакт
Некои деца со ASD не сакаат гушкање или допирање како останатите деца. Сепак, не може да се каже дека сите деца со аутизам се исти. Многу од нив сакаат да се гушкаат со нивните родители, баба, дедо, учителките, роднините. Секогаш е прашање на вежбање и предвидување дека физичкиот контакт ќе се случи. На пример, ако некое дете скокотне некое друго дете кое што нема аутизам по стапалото, најверојатно тоа дете ќе се насмее и ќе стане заинтересирано и среќно. Но, ако тоа дете што ќе биде допрено е дете со аутизам, каде што нема да очекува дека таков настан ќе се случи, резултатот може да биде целосно различен од претходниот.
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АУТИЗАМ

Пишување by luxor on Нед Апр 02, 2017 11:39 am

Бучава, некои мириси и светло
На личност со аутизам ненадејна гласна музика може да му биде навистина непријатна и прилично шокирачка. Истата работа се однесува и за некои определени мириси или ненадејни промени на интензитетот на светлото и на собната температура.

Многумина веруваат дека не е толку до самата бучава, мирисот или светлото туку до изненадувањето и неможноста да се подготват за тоа – слично на изненадувачкиот физички контакт.

Ако личност со аутизам знае дека нешто ќе се случи, тогаш ќе може многу полесно да се справи со тоа. Дури знаејќи дека нешто ќе се случи или некој да го потсети дека ќе дојде до некоја промена, може да значи многу.
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АУТИЗАМ

Пишување by luxor on Нед Апр 02, 2017 11:39 am

Говор
Колку е посериозен аутизмот, толку повеќе е зафатена способноста за говор. Многу деца со ASD не зборуваат воопшто. Луѓето со аутизам често повторуваат зборови или фрази што ги слушнале – нешто што се нарекува ехолалија.

Говорот на луѓето со ASD може да звучи многу формален и ладен, спореден со говорот на останатите луѓе. Тинејџерите со Аспергеров синдром може понекогаш да звучат како млади професори. Нивната интонација може да биде рамна.
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АУТИЗАМ

Пишување by luxor on Нед Апр 02, 2017 11:40 am

Повторувачки особини
Личност со аутизам сака предвидливост. Рутината е нивниот најдобар пријател. Да поминуваат преку некоја работа постојано и постојано зазема голем дел од нивниот живот. За некои повторувачката особина може да изгледа бизарна. Повторувачката особина може да биде на пример, како скокање од едниот крај на собата до другиот, повторувајќи го тоа една, пет или десет минути или дури и повеќе. Друга таква особина може да биде на пример да цртаат една иста слика повторно и повторно, страна по страна.

Луѓето кои немаат аутизам се многу повеќе прилагодливи на промените во процедурите. Дете без аутизам може да биде многу среќно ако прво се избања, па си ги измие забите па после тоа да си ги облече пижамите и си легне во кревет, иако секогаш прво си ги миело забите. За дете со аутизам оваа промена, прво бањање па миење заби, може целосно да го вознемири. Некои луѓе веруваат дека ако го форсираат своето дете со аутизам да ги прифаќа проблемите е добра работа, но форсирајќи го своето дете да ги прифаќа промените како што останатите ги прифаќаат, може значително да влијае на квалитетот на живот којшто го имаат тие деца.
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АУТИЗАМ

Пишување by luxor on Нед Апр 02, 2017 11:40 am

Детето со аутизам се развива поразлично
Додека децата без аутизам може да развијат во многу области релативно хармонично, кај децата со аутизам тоа не е така. Нивните когнитивни способности може да се развијат многу брзо, додека нивните социјални и јазични способности може да заостануваат. Од друга страна пак нивните јазични способности може да се развијат забрзано, додека нивните моторни способности не. Тие може нема да бидат во состојба да ја фатат топката како другите деца , но може да имаат многу зголемен вокабулар. Но, од друга страна социјалните активности кај лице со аутизам нема да се развијат на исто ниво како останатите луѓе.
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АУТИЗАМ

Пишување by luxor on Нед Апр 02, 2017 11:40 am

Учењето може да биде непредвидливо
Колку брзо дете со аутизам може да научи нешто може да биде непредвидливо. Тие може да научат нешто многу побрзо од другите деца, на пример, како да читаат долги зборови, но подоцна и целосно да ги заборават. Тие може да научат како да направат нешто на потешкиот начин попрво, отколку како да го направат тоа на полесниот начин.
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АУТИЗАМ

Пишување by luxor on Нед Апр 02, 2017 11:41 am

Физички тикови
Не е невообичаено за луѓе со аутизам да имаат тикови. Тоа се најчесто физички движења кои може да бидат отсечни. Некои тикови може да бидат значително комплицирани и да траат подолго време. Некои луѓе со аутизам може да ги контролираат кога ќе се случат, други пак не. Луѓето со ASD кои ги имаат овие тикови често тврдат дека мора да ги изразат, затоа што потребата за нивно изразување нема да престане. За многумина изразувањето на тиковите е многу пријатно и тие имаат свое место каде што ги изразуваат – вообичаено некое приватно и просторно. Кога родителите ќе ги забележат овие тикови, особено згрчените, може да доживеат шок и многу да се загрижат.
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АУТИЗАМ

Пишување by luxor on Нед Апр 02, 2017 11:41 am

Опсесии
Луѓето со аутизам често имаат опсесии.
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АУТИЗАМ

Пишување by luxor on Нед Апр 02, 2017 11:42 am

Митови во врска со аутизмот
Личност со аутизам чуствува љубов, среќа, тага и болка исто како и останатите луѓе. Само затоа што тие не ги покажуваат своите чуства на начин како останатите луѓе, не значи дека тие немаат чуства – ТИЕ ИМААТ ЧУВСТВА! Од круцијално значење е овој мит да биде уништен. Митот е резултат на незнаење. Така што, од големо значење е да се едуцираат луѓето кои сè уште веруваат во овој мит, на корисен и информативен начин.

Не сите луѓе со аутизам имаат дарба за бројките или музиката. Но, голем број од нив имаат виско IQ и поседуваат уникатен талент за компјутери. Една германска софтверска компанија SАP AG станала свесна за ова и во Мај 2013 година изјавила дека планира да вработи стотици луѓе со аутизам, како тестирачи на софтверите, како програмери и како специјалисти за собирање и обработка на податоци.

http://psihologija.com.mk/shto-e-autizam/
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АУТИЗАМ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот