ВМРО-ДПМНЕ промовираше „Манифест за единствена Македонија“

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ВМРО-ДПМНЕ промовираше „Манифест за единствена Македонија“

Пишување by defo on Нед Апр 02, 2017 11:27 pm

ДПМНЕ промовираше манифест за единствена и унитарна Македонија, што конретно содржи не успеав да најада и да прочитам. Се се некој штури соопштенија, горе долу нешто напишано ама ништо конретно. Направен без поголеми спектакли, презентиран во Недела, без најтесното ударно раководство. Без Груески пред се???Зошто и како ќе се покаже подоцна.


Дали оваа слика значи дека Груески е шитнат, и дека ова ќе е новата ударна тупаница на ВМРО-ДПМНЕ. Па така што Антонио Милошоски би го водел она квази бугарско лоби на ДПМНЕ, спремно за одредена сума пари да го продаде името. Што би се рекло еден мост меѓу старото и новото раководство. ВМРО ДПМНЕ версус ДПМНЕ.
Илија Димоски, теренец на ДПМНЕ, ударна тупаница во парламентот.
Никола Попоски, има подршка во ЕУ и НАТО и можен нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Кој после септември би го свртил кормилото на ДПМНЕ за 360 степени.

Документот кој го најави Никола Груевски, наречен „Манифест за единствена Република Македонија“ беше промовиран од ВМРО-ДПМНЕ, за кој, како што рече Антонио Милошоски е документ со смерници, насоки и принципи кои би требало земјата по пет, 10 или 15 години да ја водат по еден просперитетен пат како унитарна држава, напредна, економски развиена и сплотена како кохезивно мултиетничко општество.

На тоа, рече упатува историски момент пред кој се наоѓа Македонија, но и вековната обврска кон сите кои со живот, лична жртва и идеал се вложиле за слобода, независност и сувереност на Република Македонија.

Како водилка, според Милошски се користени идеалите содржани во Правилата на македонскиот востанички комитет на Македонското востание од 1878 година, Крушевскиот манифест од 1903 година, Мајскиот манифест од 1924 година и Манифестот на АСНОМ од 1924 година, како и Декларацијата за сувереност од 1991 година.

– Поучени од искуствата за штетноста од внатрешни поделби и притисоци од надворешни закани кои ја загрозувале нашата татковина, свесни сме за обврската да обезбедиме просперитетна држава за сегашните и идните генерации, предлагаме нацинално обединување на сите граѓани, интелектуалци, граѓански здруженија, верски организации и политички партии околу Манифестот за единствена Македонија за да не води кон една визија за Македонија која треба да биде земја која е единствена матична држава на Македонците во која обединети живеат сите граѓани заедно со деловите од албанскиот, турскиот, влашкиот народ, српскиот, ромскиот, бошњачкиот и другите граѓани и им припаѓа подеднакво без разлика на потекло, вероисповед и мајчин јазик, рече Милошоски.

Националното обединување, зачувување на суверенитетот на државата, црвените линии во однос на името, нераскинливоста на македонската дијаспора, македонскиот јазик како обединувачки за сите граѓани со почитување и на останатите јазици кои ги говорат граѓаните, функционирањето на правната држава, одржување попис по европски стандарди, членството во ЕУ и НАТО, како и развој на стабилна економски просперитетна Македонија се дел од темите кои ги акцентира овој Манифест на ВМРО-ДПМНЕ.

Со Манифестот кој е понуден да го прифати и СДСМ, се предвидува и редовен дијалог меѓу опозицијата и власта во Македонија и изнаоѓање решенија во рамки на институциите, како заштита од надворешни влијанија кои неретко како што беше кажано, се на штета на државата.
Преземено од А1 он

defo

Број на мислења : 1924
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ВМРО-ДПМНЕ промовираше „Манифест за единствена Македонија“

Пишување by defo on Нед Апр 02, 2017 11:30 pm



Еве кај бил???? Епа добро на крај краева е само обичен граѓанин, кој сака да сака да биде премиер.

defo

Број на мислења : 1924
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот