Пратеници

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Пратеници

Пишување by Гостин on Вто Јан 27, 2015 9:16 pm

Ова е неверојатно.Огромни суми,веројатно неоправдано се исплатени на пратениците за патни трошоци...

Бонева лани зела 23.000 евра за патни трошоци, а Цуклев 25.000 евра

За 11 месеци од 2014 година за патни трошоци на пратениците се исплатени околу еден милион евра, објавува порталот „Инбох7“, повикувајќи се на податоците што ги добил од собраниските служби согласно Законот за слободен пристап до информации.

Најмногу трошоци наплатиле пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева од Струмица околу 23.000 евра и нејзиниот колега, гевгеличанецот Драги Цуклев, 25.000 евра. Висината на патните трошоци на пратениците и досега биле тема на јавна дискусија особено што општо е познато дека дел од нив имаат станови во Скопје, па и не патуваат секогаш до градот од кој доаѓаат, постои пракса повеќемина да патуваат со едно возило, како и тоа да патуваат со дизел возило, а да пријавуваат дека патуваат со бензинец.

Во последно време, според шпекулациите, народните преставници од таксистите ги земаат сметките за патарина за да потврдат дека навистина патувале од местото каде што живеат според личната карта, за да стасаат на работното место во Собранието.

Според податоците на собраниската сметководствена служба, за 11 месеци лани за патни трошоци на пратениците се исплатени 60.302.260 денари, односно околу милион евра. Овие трошоци се направени од мај 2013 година до септември 2014. Само да споменеме дека во 2014 година имаше избори и околу три месеци Собранието не работеше.

Рекордер во наплатата на патните трошоци е пратеникот од Гевгелија, Драги Цуклев од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој во 2014 година наплатил околу 25.000 евра. На Љиљана Кузмановска, исто така од владеачката партија и се исплатени 1,1 милион денари или нешто помалку од 18.000 евра. На поранешната шефица на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева до ноември 2014 година и било исплатило нешто помалку од 23.000 евра. Ане Лашкоска во првите 11 месеци лани наплатила околу 17.000 евра за патни трошоци, додека Роза Топузовска-Каревска наплатила околу 4.500 евра.

На пратеникот Антонио Милошоски од Кичево за 11 месеци минатата година, на име патни трошоци му се исплатени 6.500 евра. Сепак, пратеникот Милошоски, за „Инбокс 7“ појасни дека тој не ги зема овие пари бидејќи нему како потпретседател му следува возач по службена должност. Поскромен бил велешанецот Илија Димовски кому му се исплатени 5.200 евра.

Инаку според прописот за патни трошоци на пратениците им се исплаќа 30 проценти од цената на чинење на литар бензин односно гориво на поминат километар.

Во 2012 година Државниот завод за ревизија забележа дека треба да се намалат парите што пратениците ги добиваат за патни трошоци бидејќи се многу високи и учествуваат во голем процент во вкупните расходи на Парламентот.

Во Службата за информирање во Собранието објаснуваат дека прописите што важат за патни трошоци на пратениците, важат и за сите државни службеници, кои за службени потреби патуваат со приватно возило.

- Ние не сме полицијата па да правиме истрага дали има злоупотреби ли не, но ги заостривме критериумите со тоа што за да се исплатат патни трошоци пратеникот треба да приложи сметки за сите платени патарини – објаснуваат од Собранието.

Пратениците неодамна изгласаа и зголемување на дневниците за патување во странство. За 2015 година, ќе добиваат 50 отсто од вредноста на дневниците за патување во странство, а досега им се исплаќаа од 30 до 35 отсто од вредноста на пропишаните дневници, за местата каде патуваат.

http://plusinfo.mk/vest/12736/boneva-lani-zela-23000-evra-za-patni-troshoci-a-cuklev-25000-evra

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пратеници

Пишување by Гостин on Вто Јан 27, 2015 9:17 pm

За да не должам еве го фејсбук статусот на Бранко Тричковски по ова прашање...

Силванева за 11 месеци поминала 600.000 километри!



Ако се точни информациите дека според внатрешниот правилник на Собранието пратениците на име на патни трошоци добиваат по 30 прoценти од цената на литар бензин за поминат километар, испаѓа дека ако народниот претставник се вози во автомобил кој троши 10 литри на сто километри на отворен пат треба за единаесет месеци да помине 600.000 километри за да лапне од собраниското буџетче 23.000 евра ( околу 4 евра на 100 километри). Тоа значи дека госпоѓата Силванева доаѓајќи на работа и прибирајки се во Струмица, за единаесет месеци поминала пат кој е еднаков на петнаесет обиколки околу земјината топка!

Тоа, прво, значи дека Струмица, сепак, е малку подалеку и, второ, дека женската секој ден минувала по околу 2.000 километри односно ако и се одбие седењето во собраниските клупи и времето за спиење, за секс и за купување на нови станови за децата и утре, дај боже, за внуците, се возела со брзина од околу 800 километри на час, што значи дека користела некој од побрзите автомобили.

Веројатно “Ербас” 320! Е, сега како е сето тоа покриено со белешки од наплатните рампи на автопатот ” Александар Велики”, тоа можат да одговорат само во фабриката во Тулуз!

Бранко Тричковски – Фејсбук статус

http://libertas.mk/%D1%81%D0%B8%D0%BB%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-11-%D0%BC%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%86%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B0-600-000-%D0%BA%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%BC/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пратеници

Пишување by Гостин on Чет Јан 29, 2015 9:10 pm

Eve uste eden fesjbuk status na Tricko...Genijalec...

Стоката и патните трошоци!



Еве вака: за 24.000 евра секоја година може да се купува по еден автомобил ( Астра, да речеме или Голф, цена 14.000 евра), да се вработи возач ( 500 евра плата или 6.000 евра бруто годишни издатоци) и да се плати бензинот за 100 патувања годишно во просек по 200 или, еве , нека бидат 300 километри, што при потрошувачка од 8 литри на 100 километри дава трошок од 2.400 литри односно толку или малку повеќе, еве нека се 3.000 евра и, на крајот, ќе останат 1.000 евра за патарини и други курташаци на народните крвопии. Но, не, мафиотите ќе правеле компаративна анализа за да видат колку пари крадат собраниските апаши во Бугарија, Хрватска или Романија. Плус вадат податоци дека и опозициските пратеници цицале од иста цицка ама само како аргумент за тоа дека пратениците на мнозинството треба да се остават раат да крадат! Стока!

Бранко Тричковски – Фејсбук статус

http://libertas.mk/%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B8-%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%82%D1%80%D0%BE%D1%88%D0%BE%D1%86%D0%B8/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пратеници

Пишување by Фири on Пет Јан 30, 2015 11:06 am

Тие да не се оделе на Марс ебаго и тропшоците 25 000 евро.Ако се верни податоците де.

_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
avatar
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пратеници

Пишување by reiter on Пет Јан 30, 2015 11:44 am

ПАТРИОТИЗАМ +ПАРИ = ЕКСТРА ПРОФИТ Cool
Силванева бааџи бркнала во медот...
http://inbox7.mk/archives/3696

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пратеници

Пишување by Гостин on Пет Јан 30, 2015 11:57 am

Па затоа се оближува...


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пратеници

Пишување by Гостин on Саб Јун 20, 2015 11:39 am

Какви ли се пробисвети ни подметнува Грујо за народни претставници. Па уште и ги плаќаме.

Ексклузивно: Пратеникот Васко Наумовски со лажен потпис на негогата сопруга го продал имотот во Мелбурн?



Се ближат наредните избори а секако дека и пратеничкиот имунитет во Република Македонија ќе престане да важи, но во Австралија дефинитивно Пратеникот Васко Наумовски нема да е заштитен за нечесните игри во кои се вовлекол самиот.

Денес дознаваме дека Пратеникот Васко Наумовски пратеник за Австралија и Азија во Македонското собрание својот имот пред извесно време го дал на продажба но според доказите што ги поседуваме од неговата сопруга Гордана Наумовска која ја живее својата сага во Битола воопшто не дала согласност за продажаба на трите имоти во Австралија.

Според нејзините зборови таа примила порака од агент за недвижности кој е исто од Македонско потекло и на кого таа до сега не му дала никакво право да се продава или изнајмува имот во таа агенција со зборовите:

Здраво Гордана , со среќа на продавањето за 1,2,3/ John St. St Albans. Фала за бизнисот и се најубаво.

Гордана сопругата на Васко била запрепастена и вчудоневидена кога ги примила овие пораки и прашала: - Кој сте вие??? на кое прашање до сега нема одговор од страна на агентот кога, на кого се продале овие три имоти а таа не знае до каде е состојбата и на четвртиот имот во Мелбурн?



Гордана сеуште чека одговор од Австралиската амбасада да биде повикана за да земе патни исправи и да си патува назад во Мелбурн за да ги задоволи своите права како Австралиски државјанин.

Денес ние го побаравме агенотот кој ги продал трите имоти и ни кажа дека добил барање за продажба на имот но не е сигурен дека потписот е на Гордана и дека парите треба да се префрлат на сметка на продавачите (Васко и Гордана) во месец јули, самиот агент беше во паника и ги знае Австралиските закони колку се ригорозни а надлежните органи треба да побараат и правна основа за овој случај и што е поинтересно за јавноста и хитно медиумско покривање за овој случај.

Агентот не покани во понеделник да одиме кај него во канцеларија да разговараме за овој случај и од понеделник официјално застапник на Гордана ке биде еден од најдобрите Австралиски адвокати преку кого многу пати вистината излегла на виделина.

Преку агентот дознавме дека денес агентот го контактирал пратеникот Васко Наумовски, но истиот не бил достапен за овој случај.

Во понеделник читателите ќе дознаат повеќе околу овој случај кога официјално ќе се видиме со агентот очи во очи и ќе добиеме подетални информации кога тој добил и од кого добил официјални документи со полномошно и зошто после продажбата ја информирал Гордана која е еден од сопствениците на трите имоти во Мелбурн.

Ако знаеме дека просечен стан во Мелбурн е околу 400,000 долари (а се работи за 3 имоти) и некој имал апетит добро да се офајди сепак наше е провериме дали играва е чесна а австралиските надлежни органи ќе си ги превземат сите должности за да се докаже дали тука има криминал и кој е одговорен за тоа дело доколку навистина е направено.

http://grid.mk/read/news/510470879/10156089/ekskluzivno-pratenikot-vasko-naumovski-so-lazhen-potpis-na-negogata-sopruga-go-prodal-imotot-vo-melburn

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пратеници

Пишување by Hamad bim Khalifa on Саб Јун 20, 2015 2:46 pm

TIPICEN DPMNOVEC!!!!!!
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пратеници

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот