Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ПОТКУП -почна да се одмоткува клопчето

3 posters

Go down

ПОТКУП -почна да се одмоткува клопчето  Empty ПОТКУП -почна да се одмоткува клопчето

Пишување by osa Вто Апр 25 2017, 14:32

Двајца директори од Телеком ќе платат казни поради поткуп на македонски политичари
25 April, 2017 - 13:09

Поранешните директор на Маѓар Телеком се спогодија да платат парични казни и да имаат забрана за вршење дејност за обвинението за плаќање на мито на македонски функционери. Компанијата претходно плати и парична казна. Во Македонија, пак, никој не е казнет во случајот.
Аферата Маѓар Телеком доби нова разрешница, барем во САД, каде поранешните директори на компанијата Елег Штрауб и Андраш Балог се спогодија да платат парични казни и пет години да им биде забрането да вршат дејност во сите акционерски друштва. Според Американската комисија за хартии од вредност, Штрауб ќе плати 250,000 илјади долари, а Балог 150,000 долари. Третиот обвинет во случајот, Тамаш Морваи во февруари се спогоди да плати казна од 60 илјади долари за фалсификување на книгите на компанијата поврзани со поткупот.

Тројцата беа обвинети за плаќање на мито на македонски владини функционери во периодот од 2004 до 2006 година со цел да ја одложат либерализацијата на телекомуникацискиот пазар. Аферата доби нови димензии по сведочењето на екс-разузнавачот Слободан Богоески пред окружниот суд во Њујорк.

Откако во 2011 година Дојче Телеком и Маѓар Телеком се согласија да платат казна од 95 милиони долари во замена за прекин на постапката против компаниите, Американската комисија за хартии од вредност го покрена процесот против тројцата директори.

Во сведочењето Богоески тврди дека мито од Маѓар Телеком земале поранешниот премиер Владо Бучковски, како и функционерите од ДУИ Али Ахмети, Муса Џафери и Абдулхалим Касами, а вмешан бил и поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Обвинувањето е дека тие земале мито во вредност од седум ипол милиони евра за да и овозможат привилигирана позиција на компанијата, а според Богоески парите од Маѓар Телеком до македонските политичари оделе преку грчкиот бизнисмен Димитрис Кондоминас.

Бучковски кој сведочеше пред судот во Њујорк за случајот тврди дека Богоески измислува, а ДУИ дека сведочењето е конструкција на непостоечки настани и околности.

Според Богоески, пари земала и ВМРО ДПМНЕ, која тогаш беше во опозиција, односно дека поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ги примала средствата. Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, пак му барал пари на Кондоминас за да сопре истрагата против директорите на Телеком во Македонија. Со тоа бил запознаен и лидерот на партијата Никола Груевски, кој негираше вмешаност на партијата во случајот.

Во македонското јавното обвинителство низа години се водеше истрага за предметот, но против поранешните директори на компанијата во Македонија, за незаконско испумпување пари, но не и против македонски функционери,

Процесот против тројцата екс директори на Македонски Телеком, Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус во Македонија никако да почне поради отсуство на обвинетите.

Во меѓувреме на суд во Македонија се најде Богоески поради тужбата од Ахмети и Џафери за неговата изјава дадена пред американскиот суд за случајот. Тие од Богоески бараат парична отштета.

Предметот за случајот во минатата година го побара и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Но, Советот на јавни обвинители донесе одлука да не и го предаде, поради тоа што, како што соопштија, предметот е во постапка

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16506
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ПОТКУП -почна да се одмоткува клопчето  Empty Re: ПОТКУП -почна да се одмоткува клопчето

Пишување by Bosonoga Чет Апр 27 2017, 12:54

vau ,ova mi se sviga ,a kaj nas ke ima kazna
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 981
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

ПОТКУП -почна да се одмоткува клопчето  Empty Re: ПОТКУП -почна да се одмоткува клопчето

Пишување by трендафил Чет Апр 27 2017, 20:07

Двојца од осомничените се од владиното мнозинство на Заев, а нема ниту еден од водечката партија од претходната политичка власт, пред народот да си ја преземе власта вечерва.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11170
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ПОТКУП -почна да се одмоткува клопчето  Empty Re: ПОТКУП -почна да се одмоткува клопчето

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот