ТААН АЛВА

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ТААН АЛВА

Пишување by osa on Вто Апр 25, 2017 11:05 pm

Таан алва – ем вкусно, ем здраво

Таан алва (арапски ḥalwā, ‏حَلاو‎) изворно претставува вид на благо кое потекнува од Арапските земји, но се смета дека е турски производ. Како десерт најмногу се приготвува во Босна и воопшто на Балканот, Северна Африка, и Централна Азија. На Балканот најчесто ја сретнуваме онаа од сусам, која ја има и во Европа и Америка, а од жито се сретнува во Иран, Пакистан и Индија, како и алва со јајца и шеќер карактеристична за Грција и Турција.
Оригинално се прави од таан (мелено семе од сусам), мед (може и обичен шеќер, гликозен или фруктозен сируп) и растително масло. По желба може да се додаде ванила, какао, ‘фстаци, ореви, лешници, суво грозје итн., а можете да си направте и црно турско кафе, одлично одговара.

Сусамот претставува билка која расте во тропските и суптропски предели, а најмногу се произведува во Африка, Јужна и Средна Америка. Коренот од ова растение, семето и маслото (богато со антиоксиданси) се користат заради нивните лековити својства, но и во кулинарството (кинеска, јапонска, арапска кујна).

Семето од сусам содржи незаситени масни киселини, белковини, Витамин Е, Б во форма на никотинска киселина, минерали како калциум, калиум, магнезиум, фосфор и железо. Исто така содржи и лецитин кој одлично делува на нервните клетки и нервите во мозокот, овозможува полесно излачување на токсини преку кожата, ја подобрува циркулација и поволно делува на работата на ендокрините жлезди. Подобрува циркулација и делува како афродизијак.

Таан алвата се препорачува против желудочни тегоби и проблеми со штитната жлезда, но и кај луѓе кои страдаат од хроничен замор и имаат проблеми со помнењето. Заради присутните незаситени масни киселини се препорачува за атеросклероза, затоа што помага во разградување на наслагите од холестерол во артериите.

Таан алвата се користи и како зачин за салати и додаток на сите источни специјалитети. Го заменува путерот и павлаката, и одлична е како намаз во комбинација со слатко или мармалад. Како таква претставува брз извор на енергија затоа што за 30 минути доаѓа во крвта.



_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот