Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФРАНЦИЈА

2 posters

Go down

ФРАНЦИЈА Empty ФРАНЦИЈА

Пишување by SHARENI Пон Мај 08 2017, 21:36

Франција го доби својот председател ...победи Емануел Макрон ...Мари Ле Пен ,неговата противничка која ја иозгуби битката ,срдечно му честиташе .....
Еврото порасна по победата на Макрон
За заедничката валута на Франција ина уште 18 земји во Европа доцна синоќа се добиваше 1,1013 долар.

Заедничката европска валута, еврото, забележа раст од 0,1 проценти, по победата на проевропскиот кандидат Емануел Макрон во вториот круг од претседателските избори во Франција.

За заедничката валута на Франција и уште 18 земји во Европа доцна синоќа се добиваше 1,1013 долар.

Како што очекуваа аналитичарите, и цените на акциите на берзите во Азија денеска се зголемија.

Јапонскиот индекс Никеи се искачи за 2,3 проценти, додека реперните индекси на берзите во Јужна Кореја, Австралија и Хонг Конг пораснаа за помалку од еден процент. Во пад утрово беше единствено композитниот индекс на шангајската берза.

Францускиот индекс ЦАЦ 40 во очекување на резултатите минатата недела достигна највисоко ниво од 2008 година, пред почетокот на глобалната финансиска криза.

Иако победата на Макрон се очекуваше, изборите фрлија сенка на несигурност на континентот, бидејќи поразената кандидатка, десничарката Марин ле Пен, сакаше Франција да излезе од ЕУ, што ќе имаше потенцијално катастрофални последици за регионот и за неговата валута.

„Европа тука избегна куршум“, рече главниот стратег на инвестицискиот институт Велс Фарго, Пол Кристофер.

Растот на еврото не е толку силен колку што беше по победата на Макрон во првиот круг, најмногу поради тоа што инвеститорите очекуваа таков резултат.

Сепак, аналитичарите веруваат дека овој резултат од вториот круг ја отстранува големата доза несигурност за европската економија, која сега почнува да се крева по годините финансиска криза и стагнација.
SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 845
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

ФРАНЦИЈА Empty Re: ФРАНЦИЈА

Пишување by Delta Вто Мај 16 2017, 08:29

baba makaronka jaka e.//.?>
Delta
Delta

Број на мислења : 606
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот