Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ШУ ПРАЈМЕ СЕГА ......

2 posters

Go down

ШУ ПРАЈМЕ СЕГА ...... Empty ШУ ПРАЈМЕ СЕГА ......

Пишување by osa Сре Мај 24 2017, 16:39

БЕТМЕН ВЕЛИТ: Крај со гаранција

„Убав потпис имам, убав. Премиерски! Го личи! Ајде, ајде, ќе заврши и ова, ќе помине, па ќе бидам премиер. Конечно ќе бидам премиер. Тука е... блиску е...“, си помислувал сигурно во тие моменти Заев гледајќи си го потписот со кој се откажува од документот за кој неговите чеда пратенички тврдеа дека не постои


Фото: Телеграф.мк/Радован Вујовиќ

17-ти мај 2017-та година. Зоран Заев во 12:17 минути го спушти пенкалото на маса, откако неколку секунди пред тоа ја потпиша гаранцијата која од него ја бараше Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Потписот, извежбан како да потпишува одобрение за легализација на земјиште во струмичките атари, го завери документот со кој Заев на Иванов му се заколна на верност кон независноста на Македонија.

Некогаш нелегитимниот за Заев претседател од кого заедно со Ахмети бараше импичмент година дена порано, сега за поранешниот градоначалник на Струмица стана овозможувач на легалитетот на владата на која одамна се подготвува одбраниот Заев, како што неговите чадор-стопани тоа му го беше ветиле.

Заев стави потпис кој за формалната процедура и законите значеше дека се отстранети пречките поради кои Иванов одбиваше да му го додели мандатот за да води влада во уценета земја, нешто што на претседателот Иванов, како што рече „ни уставот ни совеста не му го дозволуваа“. Сега има потпис на документ со кој Заев се откажува од платформи и декларации создадени во Тирана или било каде надвор од Македонија и за разлика од ситуацијата кога мудреците кои го фаворизираат за да ја води квислиншката влада му сугерираа со тоталното кршење на Уставот за да избере претседател на Собранието да влезе во комплетна нелегалност, процедурата за избор на Влада ќе ја води „легално“, точно како што неговите чадор-стопани процениле дека е подобро во моментот.

„Убав потпис имам, убав. Премиерски! Го личи! Ајде, ајде, ќе заврши и ова, ќе помине, па ќе бидам премиер. Конечно ќе бидам премиер. Тука е... блиску е...“, си помислувал сигурно во тие моменти Заев гледајќи си го потписот со кој се откажува од документот за кој неговите чеда пратенички тврдеа дека не постои. Но, Заев не беше во претседатеската вила на драго срце.

Мораше да потпише кај Иванов, за да спаси што може да се спаси од легалноста и кредибилитетот на владата која ја прави заедно со своите партнери од дома и од надвор. Тие заповедале дека не треба да бира и Влада на начин кој што не е достоинствен и на начинот по кој Сијуксите бирале поглавар - како што тоа го стори неколку недели порано со т.н. избор на Талат Џафери, влегувајќи за век и веков во зоната на нелегалност од која не може да го спаси ниту едно признание на легитимитетот на Џафери од едикојси амбасадор во нашата држава или евро-бирократ од Стариот Континент. И во зоната на луѓе кои учествувале во кршење на Уставот, односно вовед во државен удар во Република Македонија. Луѓе кои историјата ќе ги памети по тоа.



„Ајде, ајде ќе го исчитам набрзина и после ќе му ја мислам што ќе правам понатаму... полесно ќе е, ќе бидам премиер, ќе бидам главен, власт во оваа земја и ќе можам да се извадам од оваа каша. Сигурно оние кои ми наредија да се појавам кај Иванов не ми мислат лошо... толку поминавме заедно, сигурно имаат план и сега што да правам. Како што ме спремаа од горе за големи работи, така ќе ме спремат како да се извадам и од ова“, веројатно му се вртело низ глава на новиот мандатар додека се подготвуваше да го прочита текстот на изјавата со гаранции, каква што никој пред него во независна Македонија не потпишал.

Тоа што е првиот од сите мандатари кој мора да потпише ваква изјава го правеше и малку горд, бидејќи му пријаше чувството да е прв во нешто, а да не се изборите за кмет на Струмица. Што за еден мандатар значи да мора да гарантира дека нема да ја растури земјата на парчиња? Кое е значењето на потпишаната гаранција? За некого тоа би било најголем срам бидејќи потпишува дека има речиси нула кредибилитет за одговорната улога која сака да ја има. Но за него не значеше ништо. Тој само го прави она што му го кажале, бидејќи го носи чекор поблиску кон она што го сака.

Исто како што го направи и она што му го кажале на 27-ми април оние на кои им се брзаше, иако месец дена порано коалицијата која на изборите ја предводеше Заев изјавуваше гласно дека нема проблем да чека и 4 месеци да се назборуваат од Собраниската говорница пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тоа е нивно право и бидејќи според Закон мора да бидат исчекани, односно дека нелегалноста на насилниот избор на Џафери не е опција. Месец дена подоцна работите се променија и падна наредбата милум-или-силум да се круниса некогаш тивкиот Талат.



Со платформата во своите раце Заев се стекна со коперфилдовски карактеристики. Во еден момент таа постоеше и тој имаше „позитивен аспект кон неа“ (изјава од 9-ти февруари), во друг момент не постоеше и неговите пратеници од говорницата во Собрание тврдеа дека е вмровска измислица. Минути подоцна кога пратеници на ДУИ ќе им ја читаа на колегите од СДСМ платформата од говорницата во собраниската сала, овие кои малку претходно тврдеа дека не постои пропаѓаа во земја, во земјата на чудата, во која не постојат ни платформи ни нивното лицемерие и лаги.

Во тие моменти одбиваа да се сетат и на изјавите на Ахмети, Груби, БЕСА и Села дека тиранската платформа/декларација е основниот предуслов за да се разговара за формирање влада. Заборавија и дека ДУИ и Села бараа од Заев писмен документ со кој ќе им ја гарантира платформата од Тирана како појдовна точка за коалицискиот договор. Ист документ како овој со кој сега Заев му гарантира на Иванов дека платформата постои, но дека тој не смее да се согласи таа да стане база за формирање на било каква Влада во Македонија.

Потписот на Заев на платформата е своевидно признавање вина. Уринирање од ќерамиди на сите кои тврдеа дека во Тирана, на бирото на Еди Рама, потпис како Заев кај Иванов не оставија четирите јавачи на апо-коалицијата на ДУИ, БЕСА, ДР-ДПА и ДПА. Признавање дека тиранската платформа не само што постои, туку и дека Иванов бил во право кога одби да му го даде мандатот првиот пат, бидејќи Македонија де-факто беше уценета земја потчинета и зависна од документи креирани во други држави. Потписот е признание и за тоа.



Потписот на Заев со кој тој вели дека „Во име на формираното парламентарно мнозинство, ја давам следната изјава“ е доказ дека партнерите од тиранската коалиција која го прекрши Уставот за да го намести Џафери на столчето на Трајко, со документот од Тирана кој е лепилото за врзување на новите владини партнери, го загрозиле суверенитетот, независноста и мултиетничноста на Република Македонија, и на подолг рок унитарноста и територијалниот интегритет. Потписот на Заев е признание дека тиранската платформа го нарушува уставниот поредок и е ризик за територијалната целина на државата. Со тиранската платформа кон која и во интервју на 24 Вести кажа дека има позитивен став, навистина се загрозени државните интереси на Република Македонија. Сите овие формулации не ги измислувам јас. Стојат во документот-изјава, со која Заев од името на целото парламентарно мнозинство дава гаранции дека таа платформа веќе не постои. А само неколку часа пред обидот за убиство на правната држава на 27-ми април, истиот Заев изјави „ќе ми кажете прво што тоа е лошо во таа платформа па после тоа ќе дебатираме за неа“.

Зоран знае и Заев знаеше што е лошо во таа платформа. Знаеше цело време. Иванов му кажа месец-и-пол порано. Ние на улиците му повторувавме 60 дена. Но требаше да се случи окупаторскиот избор на квислиншка влада во Македонија за и Зоки и неговите партнери да сфатат дека ако „некако“ (со силен притисок врз Уставен) успеат да го протуркаат изборот на Талат, изборот на Влада на кромањонски нелегален начин ќе е премногу за голтање за обично питомиот македонски народ на кој му стапнаа на нерви, па почнаа да скокаат и да играат казачок врз истите тие нерви.

На 17-ти мај Заев и официјално призна дека знае што е лошо во платформата. И презема одговорност од името на сите членови на парламентарното мнозинство кое треба да гласа за Владата на Заев дека таа нема да се спроведе. Но призна без потпис од оние кои се потпишани на платформата. Без нивно овластување. Без нивен параф. Моменти откако му го даде мандатот Иванов на Заев, Ахмети на фејсбук даде една „ни риба ни девојка“ изјава дека ќе дејствувал во согласност со волјата на граѓаните и „враќање назад нема“ - или во можен превод - без оглед што Заев потпишал, моите граѓани се за платформата и враќање назад нема.

БЕСА исто така го потсети Заев дека нивната основна цел е редефинирањето на Македонија. Ни Зијадин Села не остана должен, се разбира - па на првиот прес после 27-ми април изјави: „Сто пати сум кажал дека јас не се откажувам од декларацијата на Албанците, затоа што е исто како да се откажувам од иднината на моето дете. Секако дека ке инсистирам на платформата. Ние никаква гаранција не сме потпишале што барал некојси Претседател. И нема никогаш да потпишуваме гаранции кои некој ги барал.“



Во моментов додека го пишувам овој текст, на Алсат, заменикот на Села во ДР-ДПА Таравари додава уште еден клинец на платформата на која стојат новите коалициони другарчиња. „Побаравме од Заев експресно да се случи двојазичноста.“, вели Таравари. На тоа новинарот го прашува: „Дали тој прифати?“. Таравари отсечно реагира: „Апсолутно!“.

Артан Груби, шефот на кабинет на Ахмети на ТВ 21 пред речиси два месеци исто така прецизно соопшти дека потписите на ДУИ за коалиција со СДСМ биле услов за исполнување на барањата преточени во заедничката платформа, но и реализација на законот за јазици. За што Ахмети и самиот бараше гаранции од Заев, исто како и Иванов за тоа дека Зоки се откажува од платформата. „Без пишан документ од СДСМ, нема потписи“, ќе каже тогаш Ахмети.

Што сето ова значи?

Прво дека сите бараат гаранции од Заев. А тоа не ќе да е бидејќи му веруваат на збор на човекот кој знаел во еден ден три пати да го смени ставот. Иако рака на срце некогаш за тоа му требале и две години - како што го прогласи Ѓорѓе Иванов за нелегитимен Претседател на Македонија една минута по завршувањето на гласањето во 2014-та, така на 17-ти мај „како попче“ му се обрати со „Почитуван господине Претседател Иванов“. Кога имаш интерес да добиеш нешто од него, Претседателот ти е почитуван. Кога имаш интерес да лажеш дека изборите биле нелегални, Претседателот ти е нелегитимен.

Кога си во тесно пред јавноста - не постои платформата. Кога треба да ја придобиеш јавноста која гласала за ДУИ, БЕСА и Села, „имаш позитивен аспект кон платформата во која нема ништо спорно“.

Кога треба да добиеш мандат - потпишуваш дека таа постоела, но веќе нема да постои.

Но, познавајќи те, твоите тирански партнери кои знаат дека се би дал и продал за да седнеш на столчето, за „нешто големо“ за кое те спремаа партнерите од надвор, комплетно игнорираат што ти си потпишал кај, како што вели Села „некојси Претседател“, кој пак ДУИ не го признава од самиот почеток на мандатот.

Тие ќе го бараат својот дел од колачот и ќе го дадат својот есап на маса. Ти ќе си уценет и или ќе ги задоволуваш, или ќе го плукнеш потписот што си го оставил како гаранција кај Претседателот - што повлекува други сериозни правни консеквенци.

Сигурно помислил Заев дека уште еднаш ќе успее да ги превесла сите - или барем „едните“. Се шо треба ќе направи, за да стане водач на оваа мала и убава земја во која ќе укине екстерно, радиодифузна такса и скапа струја. Но за жал неизбежно е дека ќе падне на неговото политичко екстерно, бидејќи не држи многу струја, а кога ќе држи, неговите советници кои го спремаа за големи работи - ќе го пуштат низ вода. А струја и вода во комбинација делуваат многу опасно.



Бидејќи големото нешто за кое е спреман не е да го води овој народ жеден низ пустина. Ниту пак големото нешто се социјалните или економски реформи за кои збор не се спомна сите овие 5 месеци после изборите, туку се зборуваше за тоа кои се конститутивни народи на македонската држава, па се зборуваше за оние сулуди теории за геноцид, за отворање дебата за името, знамето, грбот и химната во која Бујар Османи не се пронаоѓа, а партнерот на Заев Зеќирија Ибрахими од БЕСА од собраниската говорница ја пееше онаа во која неговите нови владини партнери се пронаоѓаат. Односно, големата работа за која го спремале е промена на името на оваа земја, по цена на нејзино носење на патот од кој нема враќање. Редефинирање, кантонизација, федерализација. Поделба.

Што тоа значи? Ништо ново за човекот кој со селски итроштини цело време низ сито и решето се довлечка на чекор до премиерската позиција. „Внимавај што посакуваш, може да ти се оствари“, велат оние кои за разлика од многу политичари и еден мандатар тука кај нас - ги користат функционално главите кои им се на рамења. Што е различно од порано? Сега има потпис на изјава со која се гарантира независна Македонија. Да, сигурно селскиот итроман ќе мисли дека ќе може да седи на 5 стола и дека и Рама ќе е сит и овците, како што неговите соработници како Героски и Пендароски ги нарекуваат оние против платформата, ќе се на број. Ако не се на број, САД и ЕУ ќе соопштат дека се, бидејќи нели, тие секогаш му се наоѓале при рака кога треба да се изведе некој нов итромански трик.

Имаше шанса Заев да каже чесно нешто што го знаел од првиот ден: „Луѓе, ја утнавме работата. Штетен е овој непромислен трик кој сакавме да го изведеме со платформата. Оние кои не советуваа погрешија. Тие мислат добро само за нивниот интерес, територијален кога е во прашање Македонија - и никаков поинаков. Ние кои живееме тука и пред и по доаѓањето на разни дипломатски мисии, ние си имаме свои интереси, Македонски. И за нив мора да се бориме, дури и кога како противник имаме такви мега-сили. Лидерите на албанските партии водат исто така политика во погрешен правец. Не може со уцени кон своите комшии Македонци и сите други етникуми да се тера политика. Не е во ред, не е човечки, не е добро на долгорочен план. Мора да мислиме на оваа земја и по 10-20-30 години. И на времето кога нас ќе не нема, а ќе ја живеат нашите внуци правнуци“.

Ако го кажеше тоа, се ќе беше поинаку. Ако се потпишеше на погорните зборови, ќе имаше важна и дури позитивна улога во историјата на Македонија. Стави ли Заев потпис на гаранција за независноста на Македонија, како што би терале клептоман да се потпише на гаранција дека нема да украде ништо во народна кујна - тогаш е готово. Гејм овер, вака или онака. Едно од двете сценарија ќе се случи - или ги излажал Ахмети, Касами и Села - или го излажал Претседателот и сите граѓани на Република Македонија. И ниедно признание од амбасадите нема да го куртули од историската димензија која ќе ја добие ова велепредавство кое за некого веќе се случува, за некого не. Но за некого и тиранската платформа не постоеше. Сега таа е неоспорен факт.

Змија или магаре е изборот на Заев после потписот на гаранцијата кај Иванов. Што и се знаеше дека ќе се случи, откако во Собрание имаше атентат врз правната држава. Неизбежно е, само е прашање на време. Едно е сигурно - нема да се случи пред одбраниот и црпнат од нива за да биде спреман за големи работи не ја направи големата работа која од него се очекува.

А што по завршување на големата работа за која е спреман? Потоп. Дали за сите или само за него и неговиот кружок - „ќе покаже времето“.

17 мај 2017-та. 12 часот и 17 минути. „Убав потпис имам, убав. Премиерски! Го личи! Ајде, ајде, ќе заврши и ова, ќе помине, па ќе бидам премиер. Конечно ќе бидам премиер. Тука е... блиску е...“, си помислувал сигурно во тие моменти Заев гледајќи си го потписот со кој го се откажува од документот од кој не се откажале оние од кои му зависи премиерското столче. Но тие лесно може да се откажат од мандатарот, ако се обиде да ги излаже. А ако не го стори тоа, од него нема да се откаже законот во оваа земја, на која и гарантирал дека ќе и мисли добро. Непријатна ситуација, нели? Да не си му во кожата од која не може да избега. Не после потписот во вилата на Водно, на неколку метри од премиерската резиденција во која сонувал да живее.

Јебига. Иднината на Македонија е неизвесна. Но иднината на мандатарот не е. Потпишан е неговиот крај, уште пред да седне на тронот. Со гаранција.


Телеграф.мк/Бетмен Велит
СЛЕДЕТЕ НÈ НА VIBER
Тагови: тиранска платформаЗоран ЗаевмандатБетмен Велит



ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БЕТМЕН ВЕЛИТ: НОВАТА ХИМНА НА БУЈАР ЗА РАСЦВЕТУВАЊЕ НА СОЖИВОТОТ
Предлагам да не се чека гласање во Собрание за новата химна, ниту пак да се чека да се освестат пратеници од новата опозиција за да се дојде до 81 човек кој ќе ја избере новата химна


БЕТМЕН ВЕЛИТ: ГОЛЕМАТА СЛИКА, ЗА ФЕЈК ИНТЕЛЕКТУАЛЦИТЕ
Мојата битка е чиста, искрена, љубовна, бестрашна, посветена и страсна. Бидејќи е од срце и е за добро. Битката на оние контра нас е за вештачко фабрикување минато и иднина, преку закани и притисоци на чуждестрански емисари. Разлика има, и треба да се знае


БЕТМЕН ВЕЛИТ: КАМО ВЛАДА?
Заев се најде во термопилски теснец каде не само што не направи влада за три дена како што си се јачаа и челичеа меѓу себе, туку и некако ми се чини дека е сè подалеку од таквата опција - освен ако не сака политички да се самоубие и да ја има најкратко траечката влада во историјата на планетата Земја


БЕТМЕН ВЕЛИТ: ДАЛЕКУ Е АМЕРИКА
ВО МАКЕДОНИЈА СДС губат избори со разлика од 20 до 200 илјади гласови од ВМРО - и не ги признаваат поразите. Најтрагично е што кога губат со 200.000 разлика тврдат дека им биле украдени 150.000 гласови. После 2,5 години жестока кампања и состојба на криза потекната токму од наводните наместени избори, докажана ноторна лага на лошите губитници во СДС, губат пак на избори, овојпат со 25.000 разлика


БЕТМЕН ВЕЛИТ: КОГА ЛИЦЕМЕРИТЕ ЌЕ СТИВНАТ
Не се тоа бе другари никакви револуционери, туку обични лицемери кои лажно се претставуваат дека се граѓанство, сакајќи да го киднапираат гласот на народот, наративот на тивкото мнозинство, обичниот човек кој седи, гледа телевизија, чеша една глава и се прашува дали се бре овие нормални?!


БЕТМЕН ВЕЛИТ: СЕГА Е МОМЕНТ ЗА...
Сега е момент на помирување. Момент на дигање чаша со пријателот со кој си се закрвил тотално непотребно. Момент за прочка, за барање и за давање. Великодушно, човечки и од срце. Бидејќи човековата природа, онаа за која јас и ти се бориме, не е природа која мрази и која поделува и разделува. Туку е природа која го сака ближниот


БЕТМЕН ВЕЛИТ: КРАЈОТ НА ЦРПНАТАТА КАЛИМЕРО-МАТЕМАТИКА
Според Заев, Ангела Меркел не е канцеларка на Германија, бидејќи нејзината партија освои само 16 милиони гласа на изборите, а сите останати освоија 26 милиони. Некој треба да ги разбуди Германците од сонот дека живеат во демократија


ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ШУ ПРАЈМЕ СЕГА ...... Empty Re: ШУ ПРАЈМЕ СЕГА ......

Пишување by трендафил Сре Мај 24 2017, 18:56

Сега веројатно и БЕСА ќе стане дел од владата затоа што според 24 вести на крајот од текстот „ Од партијата на Касами велат не отстапуваат од нивните барања да се отвори дијалог за редефинирање на државата, идните министри да не бидат опфатени со постапки од Специјалното, но и Јавното обвинителство Што би рекле општа амнестија за сите „реформски“ министри. Секој што има минимум паметење знае дека и со Грција божем не преговаравме за промена на нашето име, туку разговаравме за разликите. Сега треба СДСМ повторно да почне нови разговори, освен за името и за химната, знамето повторно, за Уставот повторно, веројатно Албанците би требало да одлучуваат и за идентитетот на Македонците.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11183
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот