СУДСТВОТО КАЈ НАС

Страна 2 of 8 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8  Next

Go down

СУДСТВОТО  КАЈ НАС  - Page 2 Empty Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by трендафил on Пет Ное 16, 2018 8:59 am

Судијката Анета Арнаудовска што во одлуката за притвор на Јанакиевски и Божиновски објави документ класифициран како државна тајна е разрешена. Но има молк окулу содржината на документот кој е прибавен со незаконско прислушување од страна на режимот на Заев, без судски налог. А прислушувана е ни помалку ни повеќе институцијата Претседател на Република Македонија, односно претседателот Иванов и вработените во кабинетот. Ако се прислушува Врховниот командат, што да говориме за обичните граѓани. А можеби документот е дојден од „пријателска“ служба за масовни прислушувања. Можеби од Кале.

https://ekonomski.mk/dali-vlasta-se-vpletka-vo-ushte-pogolem-skandal-koj-kje-ponese-odgovornost-za-prislushuvanjeto-na-kabinetot-na-ivanov/?utm_source=daily.mk&utm_medium=daily.mk

_________________
Негација на негативното
Ослободувањето на Македонија може да биде дело само на Македонците. Кој мисли да ја ослободува Македонија инаку се лаже и себе и другите. (Гоце Делчев)
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 5695
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

СУДСТВОТО  КАЈ НАС  - Page 2 Empty Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by трендафил on Пет Ное 16, 2018 8:07 pm

Претседателот Иванов тврди дека составувачот на службената белешка лаже, односно дека врз лажна информација во притвор се ставени Јанакиески и Божиновски. Да се обложиме дека обвинителството нема да отвори постапка по допрен глас. Поради независноста.

_________________
Негација на негативното
Ослободувањето на Македонија може да биде дело само на Македонците. Кој мисли да ја ослободува Македонија инаку се лаже и себе и другите. (Гоце Делчев)
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 5695
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

СУДСТВОТО  КАЈ НАС  - Page 2 Empty Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by трендафил on Пон Ное 19, 2018 7:19 pm

НОТИРАНИ ПРЕКРШУВАЊА НА СУДЕЊАТА ЗА УПАДОТ ВО СОБРАНИЕТО НА РМ
Хелсиншкиот комитет врши мониторинг на повеќе судски случаи меѓу кои и случајот за упадот во Собранието на РМ на 27.04.2018 година каде на 33 обвинети лица им се суди за терористичко загрозување на уставниот поредок по член 313 од Кривичниот законик. Од самиот почеток на оваа судска постапка, Хелсиншкиот комитет при вршење на мониторингот констатираше одредени повреди на постапката и правата на обвинетите. Најпрво реакцијата се однесуваше на нехуманиот третман на притворените лица во оваа постапка кога истите во првите неколку денови од судењето беа по цел ден оставени без храна и без вода. По соодветните реакции на набљудувачите од граѓанските организации и бранителите на обвинетите во притвор, судот реагираше и на притворените им беше овозможена храна и вода. Следно прекршување кое беше нотирано, се однесуваше на должината на траење на едно судско рочиште, имено имаше рочишта кои траеја и повеќе од 12 часа.
Последното нотирано прекршување на основните начела на постапката, беше повредата на начелото на јавност на постапката кога судот и покрај тоа што загрозениот сведок беше заштитен сведок и истиот се испитуваше според одредбите за распит - членови 228, 229, 230 и 338 од ЗКП, судот на барање на Основното јавно обвинителство ја исклучи јавноста од рочиштата на кои се испитуваше заштитениот сведок кои беа закажани за 16 и 17 Октомври.
За ваквата одлука на судот, Хелсиншкиот комитет објави јавна реакција-соопштение укажувајќи дека се повредува правото на фер судење и начелото на јавност на постапката како неизоставна компонента на ова право и како гаранција за фер и законито постапување на судовите. Хелсиншкиот комитет укажа и на тоа дека во иднина јавноста треба да биде исклучена само и единствено кога се исполнети условите изричито прецизирани во членот 354 од ЗКП и во ниеден друг случај.

http://mhc.org.mk/system/uploads/redactor_assets/documents/3277/_____________________________2018.docx
Во извештајот на Хелсиншкиот комитет за човекови права (истото порано го направија и други невладини организации што не се финансирани со странски пари) се гледа дека кацарскиот суд на хунтата неколку дена притворените лица ги држел без храна и вода по цел ден. Исто така непоткрепено со закон, по желба на режимот се исклучува јавноста без законска поткрепа на одлуката, а има и ненормално долги судења за да се поклопи тајмингот на судењата со потребите на власта за замајување на глупостите што ги прави. Такво нешто во времето на Кљусев, Црвенковски, Бучковски, Груевски и Димитров немаше. Новината ја внесува Заев.

_________________
Негација на негативното
Ослободувањето на Македонија може да биде дело само на Македонците. Кој мисли да ја ослободува Македонија инаку се лаже и себе и другите. (Гоце Делчев)
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 5695
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

СУДСТВОТО  КАЈ НАС  - Page 2 Empty Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by PRVOBOREC on Вто Ное 20, 2018 10:44 am

Не плачи небањат, сега кога ви дојде умот и решивте еднаш да бидете на страната на народот и се согласивте за промена на името што ќе се види на гласањето во парламентот ќе бидете помилувани.

_________________
ГЛАСАМ ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА

PRVOBOREC

Број на мислења : 597
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

СУДСТВОТО  КАЈ НАС  - Page 2 Empty Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by трендафил on Сре Ное 21, 2018 7:57 pm

Ајде повторно да ти напишам дека по интернет не се пренесува мирис, па ако ти смрди на небањато е нешто локално кај тебе. И не знам за што пишуваш. Не сум криминалец како Заев па да ми треба помилување.

_________________
Негација на негативното
Ослободувањето на Македонија може да биде дело само на Македонците. Кој мисли да ја ослободува Македонија инаку се лаже и себе и другите. (Гоце Делчев)
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 5695
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

СУДСТВОТО  КАЈ НАС  - Page 2 Empty Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by трендафил on Пет Фед 01, 2019 9:12 pm

Ако во груевизмот мислевме дека судството го допрело дното, сега откривме дека и дното имало дно

Според последната одлука на Врховниот суд, или да бидам попрецизна, начелно правно мислење, СЈО смеело да поднесува обвиненија само за истрагите што ќе ги заврши во рок од 18 месеци, сметано од денот кога ги добиле „бомбите“. Ова толкување и досега не беше спорно, бидејќи тоа јасно и прецизно го регулира член 22 од Законот за СЈО, за кој, пак, и Никола Груевски и Зоран Заев си подале рака. Па, затоа ако некој сака да бара виновници дека рокот бил премногу краток, нека гледа во нив двајца!

Она што всушност е спорно, е што врховните судии, толкувајќи го овој член, пресекоа и дека СЈО само во овој период смеело да презема предмети од редовното обвинителство, а не, што би рекол Јово Вангеловски, кога ќе им текне, па од тој ден да им течат 18-те месеци. Или накратко кажано, СЈО е ненадлежно за десетина истраги и уште повеќе предистраги, во кои мета се големите риби, тргнувајќи од Сашо Мијалков, Орце Камчев, па сѐ до Али Ахмети и други политичари, кои мора да се спасат поради некакво потребно мнозинство.
Ваквата одлука не може поинаку да се протолкува, освен како обид да му се стави клуч на СЈО, а како главен виновник се посочува Вангеловски, како претседател на судот. Сепак не треба да се заборави дека клучот со него го држат уште 14 врховни судии, кои исто така кренале рака, а само двајца се спротивставиле.
Иако убедливото мнозинство наведува дека најверојатно одлуката на судиите е исправна, сепак постои оправдан сомнеж дека тие не биле надлежни да му ја скројат судбината на обвинителството на Катица Јанева. Автентично толкување на закон врши само Собранието, и никој друг! Врховниот суд може да решава, но доколку постоеше различна судска пракса. Такво нешто во случајот нема.
Но, она што можеби е најзначајно е што до неодамна ваква иницијатива до Врховниот суд не можеле да поднесат адвокати, туку само судии. Патот поплочен со којзнае какви намери, се отворил минатата година и тоа со законски измени предложени од владата на Заев!?
Сума сумарум, големата слика покажува дека ваквата состојба, СЈО на колена, им одговара на сите политичари, без разлика дали се од опозицијата или од власта, па затоа и сомнежот дека сите вмешале прсти. Ниту еден функционер не сака силно и независно обвинителство зашто еден ден ќе затропаат и на неговата врата.
Сега сите сме во исчекување како ќе се разврзе „правната“ драмолетка, бидејќи мислењето на Врховниот суд не е обврзувачки за судиите од прв и втор степен, но е „Очен наш“ за советите од тамошниот суд.
Вангеловски, образложувајќи ја одлуката, вели дека ова не е крај за преземените предмети, туку до правдата ќе се стигне така што предметите ќе се вратат во редовното обвинителство.
Хм, прво нешто што ми паѓа на ум е дека да беа способни овие обвинители, со чест на исклучоци, предметите немаше да одат во СЈО! Од друга страна, пак, не е исто да ѝ го одземете предметот „Империја“ на обвинителката Лиле Стефанова, која веќе со месеци го гради, и да ѝ го дадете, на пример, на обвинителката што го прашуваше Заев на обвинителна клупа дали додека бил градоначалник имало некој што се пожалил на неговата работа, наместо да го праша за еврото! Да, не е за верување, но има и такви таленти.
На крајот, она што најсликовито ни покажува дека немаме правна држава, е фактот што сите се чудат кој е надлежен да ја оспори одлуката на Врховниот суд и да им каже на судиите дека тие не се надлежни да толкуваат закони. Како што нема и кој црно на бело да ја прогласи за незаконита аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов. А, ако нема пусулче дека се незаконити, тогаш се и на правна сила. Појасно здравје.
До неодамна сите се правдаа дека законите ни се добри, но дека нема кој да ги спроведува, но праксата покажува дека тоа не е точно. Имаме недоречени закони, кои секој ги толкува како што сака. Па, затоа да не се чудиме, кога наместо да ги видиме криминалците зад решетки, ние ќе им плаќаме обесштетување!
Ако во времето на груевизмот мислевме дека судството го допрело дното, сега откривме дека и дното имало дно! Претходно сликата беше јасна, дека едноставно нема правда, а сега под превезот на правното владеење, брутално ја обесивме Јустиција.

https://fokus.mk/ako-vo-gruevizmot-mislevme-deka-sudstvoto-go-doprelo-dnoto-sega-otkrivme-deka-i-dnoto-imalo-dno/

_________________
Негација на негативното
Ослободувањето на Македонија може да биде дело само на Македонците. Кој мисли да ја ослободува Македонија инаку се лаже и себе и другите. (Гоце Делчев)
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 5695
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

СУДСТВОТО  КАЈ НАС  - Page 2 Empty Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by Teo on Пет Фед 01, 2019 9:23 pm

Ako sakash nekoj problem da ne se reshi go angazhirash Jovo Prevara. Toj taka kje ja stokmi shto nikoj nema da mozhe krajot da go najde.
Teo
Teo

Број на мислења : 4632
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

СУДСТВОТО  КАЈ НАС  - Page 2 Empty Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by трендафил on Пет Фед 01, 2019 9:57 pm

Гласањето на судиите од Врховниот суд било 14 према 2. Не може судот да се прави невешт и да не го чита законот така како што е напишан, атоа е дека мандатот на СЈО за нови обвиненија е истечен. Ако се лутите на некој, треба да се лутите на Заев. Тој од ваша страна го потпиша т.н. Пржински договор по кој е направен и изгласан со консензус законот за СЈО.

_________________
Негација на негативното
Ослободувањето на Македонија може да биде дело само на Македонците. Кој мисли да ја ослободува Македонија инаку се лаже и себе и другите. (Гоце Делчев)
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 5695
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

СУДСТВОТО  КАЈ НАС  - Page 2 Empty Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by Teo on Пет Фед 01, 2019 10:00 pm

Vrhovniot ne e nadlezhen, toa e samo za da se kupi vreme dodeka ne se dogovorat politicharite.
Teo
Teo

Број на мислења : 4632
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

СУДСТВОТО  КАЈ НАС  - Page 2 Empty Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by трендафил on Саб Фед 02, 2019 9:36 am

Врховниот суд секогаш бил надлежен за ваков вид на одлуки, само што пред измените на законот направени на предлог од владата на Ахмети и Заев вакво мислење можеа да побараат судовите. Сега можат да побараат и адвокатите што и го сторија. Чудо, но обвинителите не можат да бараат толкување од Врховниот суд и по најновите измени. Владата мислеше дека насилно ќе го спроведе продолжувањето на мандатот на СЈО спротивно на законот, но во тоа време уште немаше купено или уценето доволно пратеници за да го стори тоа. Врховниот суд само го почитуваше законот, што би рекле правото. Не може некој да се бори за законитост, а да бара судот наместо според законот да суди според желбите на некого.

_________________
Негација на негативното
Ослободувањето на Македонија може да биде дело само на Македонците. Кој мисли да ја ослободува Македонија инаку се лаже и себе и другите. (Гоце Делчев)
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 5695
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

СУДСТВОТО  КАЈ НАС  - Page 2 Empty Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by Teo on Саб Фед 02, 2019 6:28 pm

Ne, nikogash ne bil nadlezhen, toj ima nadlezhnost da nosi nachelni stavovi pri razlika vo praksa ili razlichno postapuvanje megju razlichni sudovi a ne da odluchuva za rokovi za primena na zakon t.e. da nosi stavovi koi de fakto se tolkuvanje na zakonite. Zakonodavecot koj go donel zakonot, vo nashiot sluchaj parlamentot e nadlezhen za avtentichno tolkuvanje zatoa shto toa e zakon a ne presuda (isto kako shto vie dpne-predavnicite so avtentichno tolkuvanje na zakonot za amnestija gi amnestiravte teroristite od dui), no bidejki zakonot za SJO bara dvotretinsko mnozinstvo zatoa shto so takvo e donesen  a toa go nemaat ni tie shto se za prodolzhuvanje na rabotata, nitu tie shto se za prestanok na rabotata na SJO i plus treba da se zavrshi rabotata so pomiluvanjata za glasanjeto za promena na ustavot, topkata e prefrlena kaj Jovo Prevara koj e dolzhnik i na ednite i na drugite. Koga kje se dogovorat najverojatno kje donesat nov zakon so koj SJO kje vleze vo sostav na OJO.
Teo
Teo

Број на мислења : 4632
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

СУДСТВОТО  КАЈ НАС  - Page 2 Empty Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by трендафил on Нед Мар 31, 2019 8:30 pm

Таман работа ако јас си отворам приватно обвинителство и поднесам обвинение пред некој суд и овој го прифати. Слична е ситуацијата и со СЈО. По терминот наведен во законот обвинителството не смее да подига нови обвиненија, па истите моѓат да се третираат како обвиненија од приватните лица обвинители во СЈО. И таман работа ако Врховниот суд не реагира на истото кога веќе има добиено барање од адвокатите на обвинетите по приватно обвинение со злоупотреба на печатите на СЈО.
Чудно е што и некои жалби Основниот суд не ги проследува до Врховниот суд ни по половина година, а законскиот рок е 30 дена.

_________________
Негација на негативното
Ослободувањето на Македонија може да биде дело само на Македонците. Кој мисли да ја ослободува Македонија инаку се лаже и себе и другите. (Гоце Делчев)
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 5695
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

СУДСТВОТО  КАЈ НАС  - Page 2 Empty Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by Teo on Вто Апр 02, 2019 11:24 am

Deset godini vie dpsmne ofcite imavte i svoe privatno obvinitelstvo, i sudstvo a i lustraciska komisija shto gi ispolnuvaa vashite privatni porachki. Znam deka vi e teshko ama posle dvaesetina godini kje se naviknete na nezavisno i nepristrasno sudstvo.
Teo
Teo

Број на мислења : 4632
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

СУДСТВОТО  КАЈ НАС  - Page 2 Empty Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by трендафил on Вто Апр 02, 2019 2:23 pm

Нема ниту еден случај во деценијата во која на власт беше ВМРО неовластено обвинителство да подигне обвинение. Тоа и не беше можно затоа што имаше едно, а не две обвинителства.

_________________
Негација на негативното
Ослободувањето на Македонија може да биде дело само на Македонците. Кој мисли да ја ослободува Македонија инаку се лаже и себе и другите. (Гоце Делчев)
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 5695
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

СУДСТВОТО  КАЈ НАС  - Page 2 Empty Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by Bosonoga on Сре Мај 08, 2019 3:20 pm

Vo vreme na vladeenjeto na crepovite vakvo nesto samo na son, i posle isti bile, kako ne.

Рускоска води истраги и против актуелни функционери од СДСМ и коалицијата

https://skopje1.mk/archives/40743
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 733
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

СУДСТВОТО  КАЈ НАС  - Page 2 Empty Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by трендафил on Сре Мај 08, 2019 3:48 pm

Обвинителката Вилма Русковска, изјави дека Интерпол повеќе од 2 месеца одбива да објави меѓународната потерница по екс-премиерот Никола Груевски кој е во Будимпешта и за бегалецот во Солун, Никола Бошкоски кои се осомничени како организатори на крвавиот упад во Собранието во 2017 година.
„Седиштето на Интерпол одбива да ја објави потерницата, а не даваат образложение“, рече Русковска.
Таа рече дека не ѝ се познати причините зошто седиштето на Интерпол не ги објавува потерниците.

https://expres.mk/ruskoska-interpol-ne-objavuva-poternica-za-gruevski/#comment-14881
Одговорот е јасен. Интерпол не гони политички прогонети лица, туку само криминалци. Не тврдам дали можеби сега обвинителството е во право или не, но по некои пресуди, за Мерцедесот или за тероризам наместо за евентуално насилни протести, при што на децениски казни се осудени и луѓе кои не се ни обвинети за насилство, тешко дека некој може да верува на македонскиот правосуден систем. Претпоставувам дека и сега обвинението е за тероризам. Во Интерпол со тенки докази не се гонат „терористи“, само затоа што на Заев така му текнало. Во светот е точно прецизирано што е тероризам. Тоа што се случи на 27 април пред две години тоа сигурно не е. Да не зборуваме за селективната амнетија, па така обезбедувачот што му ги дал клучевите на неговиот шеф на негово барање е драконски казнет, а тој што ги употребил клучевите, Крсто Мукоски, е ослободен затоа што се „посра“ на името на државата и на македонската историја, идентитет и јазик.

_________________
Негација на негативното
Ослободувањето на Македонија може да биде дело само на Македонците. Кој мисли да ја ослободува Македонија инаку се лаже и себе и другите. (Гоце Делчев)
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 5695
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

СУДСТВОТО  КАЈ НАС  - Page 2 Empty Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by PRVOBOREC on Сре Мај 08, 2019 4:16 pm

Ете затоа небањатите ќе си останат во опозиција вечно. Затоа што процесуирањето на криминалите што ги направија за нив е политички прогон а не правда. Се додека не расчистите со криминалците во вашите редови народот секогаш ќе биде на страната на СДСМ.

_________________
ГЛАСАМ ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА

PRVOBOREC

Број на мислења : 597
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

СУДСТВОТО  КАЈ НАС  - Page 2 Empty Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by трендафил on Сре Мај 08, 2019 8:27 pm

Судството треба да расчисти со криминалот, но на законски начин, а не по наредби на црпнатиот од село Муртино. Поради него и со сменето име најверојатно нема да добиеме датум за преговори во јуни. Ако Рената Десковска успее да направи реформи во судството, сега откако Меркел и Макрон во Берлин му наредија на Заев да си даде оставка на местото претседател за судски реформи, можеби и ќе добиеме датум. Колку што слушам антикорупциска утре треба да отвори нови предмети. Еден од нив се очекува да биде со едно евро за Вицето. Ако Заев биде санкциониран, но исто така и судиите и обвинители што овозможија да биде ослободен, гарант добиваме датум за преговори со ЕУ.

_________________
Негација на негативното
Ослободувањето на Македонија може да биде дело само на Македонците. Кој мисли да ја ослободува Македонија инаку се лаже и себе и другите. (Гоце Делчев)
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 5695
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

СУДСТВОТО  КАЈ НАС  - Page 2 Empty Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by luxor on Сре Мај 08, 2019 8:45 pm

Гладна кокошка просо сонува. Заев уште долго ќе ја води Македонија и ќе ви биде ноќна мора на вас дпмне-оФците.
luxor
luxor

Број на мислења : 5021
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СУДСТВОТО  КАЈ НАС  - Page 2 Empty Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by трендафил on Чет Мај 09, 2019 9:20 am

Тогаш уште долго време нема да бидеме членка на ЕУ. И Љубчо Георгиевски мислеше дека ВМРО вечно ќе биде на власт. СДСМ никогаш не победил два пати едно по друго на избори. Без победа на изборите и сега е на власт.

_________________
Негација на негативното
Ослободувањето на Македонија може да биде дело само на Македонците. Кој мисли да ја ослободува Македонија инаку се лаже и себе и другите. (Гоце Делчев)
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 5695
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

СУДСТВОТО  КАЈ НАС  - Page 2 Empty Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by Bosonoga on Чет Мај 09, 2019 3:09 pm

I toj crepot sto pisuva knigi od Budimpesta taka mislese ama ene go begalec.
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 733
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

СУДСТВОТО  КАЈ НАС  - Page 2 Empty Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by luxor on Чет Мај 09, 2019 6:47 pm

Со секој поминат ден се повеќе полудувате (види на другата тема). Многу тешко влијаат опозиционерските денови на вашиот криминален ментален склоп. Нема да биде никаков проблем за СДСМ да ве прегазат на избори.
luxor
luxor

Број на мислења : 5021
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СУДСТВОТО  КАЈ НАС  - Page 2 Empty Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by трендафил on Пет Мај 10, 2019 8:42 am

Власта многу повеќе допринесува за појава на лудило. Опозиционерите се психички постабилни. Поддржувачите на власта на пример минатата година мислеа дека добиле датум за преговори со ЕУ, но сега така не вели амбасадорот на ЕУ, кој не изнесува свои ставови, туку на ЕУ. Јасно е дека се работело за лудило, се надевам не трајно туку од времен карактер. На видеото на линкот подолу ја имаме изјавата на Заев од минатата година и на Жбогар од вчера.

https://twitter.com/1VidiVidi/status/1126572670563360775

_________________
Негација на негативното
Ослободувањето на Македонија може да биде дело само на Македонците. Кој мисли да ја ослободува Македонија инаку се лаже и себе и другите. (Гоце Делчев)
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 5695
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

СУДСТВОТО  КАЈ НАС  - Page 2 Empty Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by luxor on Пет Мај 10, 2019 7:26 pm

Знам дека власта ве тера во лудило, затоа што работи со полна пареа и на следните избори ќе ве прегази како шлепер жаба.
luxor
luxor

Број на мислења : 5021
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СУДСТВОТО  КАЈ НАС  - Page 2 Empty Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by трендафил on Пет Мај 10, 2019 8:40 pm

Да ги водеше Заев добро судските реформи немаше да го принудат Меркал и Макрон да си поднесе оставка на претседателското место во комисијата за реформи на судството. Доволно за темава Судството кај нас. За други работи на друго место.

_________________
Негација на негативното
Ослободувањето на Македонија може да биде дело само на Македонците. Кој мисли да ја ослободува Македонија инаку се лаже и себе и другите. (Гоце Делчев)
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 5695
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

СУДСТВОТО  КАЈ НАС  - Page 2 Empty Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 8 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8  Next

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот