ПРОСТУВАЊЕ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ПРОСТУВАЊЕ

Пишување by osa on Пет Мај 26, 2017 2:08 am

Како да простите на некого што не ја заслужува вашата прошка?

Лесно е, и разбирливо да се чувствувате гневно кога некој ќе ве повреди, но гневот само ја влошува ситуацијата. Најдоброто (но не и најлесното) нешто што можете да го направите кога некој ќе ви згреши е да му простите. Дури и ако не бара или не заслужува, вие сепак простете му. Без разлика дали станува збор за челен од семејството или бивш партнер кој ве повредил, вие го заслужувате мирот кој доаѓа со простувањето.
1. Прифатете ги вашите околности

Гневот настанува поради желбата за промена на околностите. Кога ќе научите да прифатите дека нешто веќе се случило и дека нема враќање назад, ќе се чувствувате многу подобро.

2. Простете си самите

Кога му простувате на поранешниот партнер, вие го правите тоа за вас. Не заслужувате да се чувствувате повредено и гневно заради него бидејќи тоа нема никаков ефект на него. Простете, не за него туку за вас.

3. Заменете ги чувствата на повреденост со чувства на љубов

Кога ќе имате повеќе љубов, ќе имате и повеќе разбирање за оние кои ве повредиле. Обидете се да сочувствувате со тие личности и ќе го достигнете мирот кој ви е потребен. Важно е да знаете дека простувањето не се случува преку ноќ, па и способноста да сакате некој што ве повредил нема веднаш да се појави. Бидете трпеливи додека учите како да сакате.

4. Молете се за помош

Без разлика на вашите верувања, побарајте помош за да простите. На овој начин ќе ја добиете потребната сила да ги оттргнете болката и гневот, и да ги замените со љубов и разбирање.
5. Претворете ја болката во нешто позитивно

Учете од својата болка и претворете ја во нешто позитивно поставувајќи си го прашањето: „Како може моето искуство да им помогне на другите?“ Најдобриот начин да простите е да го смените вашиот негативен став во благодарност. Вашите искуства и примери секогаш можат да му помогнат на некој друг.

Простувањето е процес кој трае, па дури и кога ќе му простите на некој може да се појават горчливи чувства. Чувството дека не можете да простите некому, без разлика колку се обидувате, може да биде фрустрирачко. Но ако навистина се посветите на прошката, таа ќе се појави. Само бидете трпеливи и обидувајте се секој ден.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОСТУВАЊЕ

Пишување by osa on Саб Jул 01, 2017 7:31 pm

nema tekst

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот