С.Ј.О.

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

С.Ј.О.

Пишување by osa on Нед Јун 04, 2017 11:33 pm

Каква ќе биде судбината на СЈО?

04.06.2017 | 17:41МакедонијаПрочитано: 5652
Продолжувањето на мандатот на СЈО и натаму неизвесен. Денеска истече едниот рок во кој може да се поднесуваат обвиненија, а на крајот од месецот истекува и вториот рок. Катица Јанева, која во повеќе наврати од политичките партии јавно бараше продолжување на мандатот на СЈО за поднесување обвиненија, за утре најави дека ќе се огласи во јавноста со став за ова прашање.

Според законот за работата на СЈО, на обвинителството на Јанева му беа оставени 18 месеци за покренување на обвиненија и уште пет години за да ги докаже отворените случаи. Сега истекуваат роковите за поднесување на обвиненија, бидејќи пред точно 18 месеци, Јанева презеде триесетина предмети од Основните обвинителства оформени по кривичните пријави на СДСМ врз основа на сомненија за криминал кои произлегоа од „бомбите“.  Додека вториот рок за поднесување обвиненија, на тимот на Јанева му истекува на 30 јуни, бидејќи пред 18 месеци специјалните обвинители ги добија прислушуваните разговори директно од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кои потоа беа индиции за истрагите кои беа отворени во изминативе дваесет месеци.

Од нив отворени се 20 истраги со предзнак Т. „Титаник“ за изборните нерегуларности, финансиски злоупотреби на буџетот на Република Македонија, пресметки со неистомислениците како режирање на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски, уривање на објектот „Космос“ на пратеникот Фијат Цаноски и шамарите за градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.

Сепак, како клучни се посочуваат истрагите поврзани со тоа кој, на каков начин и зошто го вршел масовното прислушување, во кои влегуваат предметите „Таргет“, „Тврдина“ и „Трезор“.

Досега тимот на Јанева успеал да преслуша 55 отсто од добиените телефонски разговори, а  дали Јанева ќе може докрај да ги расветли сомненијата за злоупотреби на државниот безбедносен систем и на државните пари зависи од политичката волја на парламентарните партии поради потребата од двотретинско мнозинство за продолжување на мандатот на Јанева.

Иако продолжувањето на мандатот е дел од владината програма, оттаму не откриваат каков предлог ќе дадат, но велат дека тој ќе биде усогласен со сите коалициони партнери.

Другата можност која се споменува е оспорување пред Уставниот суд токму на членот кој ја ограничува работата на 18 месеци поради нерамноправната положба во однос на редовните обвинителства чии рок за водење на истраги и поднесување на обвиненија е многу подолг.

Додека се наоѓаат решенија за Јанева, премиерот Зоран Заев го повика јавниот обвинител Марко Зврлевски да си поднесе оставка. Доколку Зврлевски не се повлече од функцијата Владата ќе предложи негово разрешување и избор на нов обвинител. Оттаму пак молк, нема одговор кој е ставот на Зврлевски за барање за негова оставка.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11953
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: С.Ј.О.

Пишување by osa on Нед Јун 04, 2017 11:40 pm

темата ја отворив за повторно подобро да се потсетиме за сите законски моменти врзани за СПЕЦИЈАЛНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ...едноставно да помогнам да нема забуни околу законските регулативи за СЈО ....до денес е вака поставено ,за тоа пак како во иднина ке се менуваат законските импликации околу СЈО останува да следиме и да видиме што ке се случи понатаму

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11953
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: С.Ј.О.

Пишување by defo on Нед Јун 04, 2017 11:57 pm

Нема д го продолжат.....нема да има услови за 2/3 мносинство, едино незнам како е законски да се оформи специјален суд, а после повторно да се воскресне (с.ј.о). Не знам тропам глупости, не сум многу запознаен со право.
Инаку да има потреба од СЈО и Специјален суд.

defo

Број на мислења : 1863
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: С.Ј.О.

Пишување by nino on Пон Јун 05, 2017 2:49 am

Нема да го продолжат затоа што СЈО служеше само за заплашување и уцена. Немаа никаква намера некого да осудат и затворат. Власта е освоена и нема повеќе потреба од СЈО. Нема ни па покренат барање за продолжување на мандатот на СЈО.

nino

Број на мислења : 99
Join date : 2017-06-05

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: С.Ј.О.

Пишување by трендафил on Пон Јун 05, 2017 6:52 am

И јас мислам дека СЈО беше формирано како помошно тело на евроатлантската банда, посебно на делот познат како „дип стејт“ во САД олицетворен во соросоидите и амбасадорот Бејли во Македонија да ја срушат владата на Груевски. СЈО треба да служеше за заплашување, пропаганда и за прикривање на изворот на прислушуваните разговори кои доаѓаат од странство. Во секој случај на ниту една држава не и требаат две обвинителства. Доколку има слабости во судството треба да се исправат таму, а не да се формираат паралелни институции. Сите знаеме дека СЈО беше формирано под притисок на странските отежнувачи, кои се нарекуваа олеснувачи.
Ајде да кажам повторно. Секој што направил некаков криминал треба да одговара за тоа без разлика дали се работи за украдени милиони евра, за по едно евро кај Вицето, за незаконски поставено знаме или било кој вид на прекршување закон. За жал и граѓаните најчесто „бараат“ криминал само кај политичките противници.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2694
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: С.Ј.О.

Пишување by SHARENI on Пон Јун 05, 2017 5:29 pm

smirete be zivci sleduvaat novi samari za dpmneovcite i ke gi dobivate dodeka ne vi dojde umot.

avatar
SHARENI

Број на мислења : 124
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: С.Ј.О.

Пишување by nino on Пон Јун 05, 2017 6:19 pm

SHARENI напиша:smirete be zivci sleduvaat novi samari za dpmneovcite i ke gi dobivate dodeka ne vi dojde umot.


Ова значи дека најверојатно ќе се направи спогодба со некои пратеници од вмро дпмне да бидат изземени од истрага. Да гласаат за продолжување на мандат на СЈО, но да не се покренунуваат процеси и обвиненија против нив. Друг начин нема.

nino

Број на мислења : 99
Join date : 2017-06-05

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: С.Ј.О.

Пишување by OPOZICIONER on Пон Јун 05, 2017 7:17 pm

Ima vo dpmne i pratenici koi dosega seuste ne napravile kriminal. koga ke svatat deka pastirot ne im moze nisto so menicite posto sudstvoto ke bidew reformirano ke se resat od nego po kratka postyapka. A najlesen nacin za toa e da glasaat za SJO.
avatar
OPOZICIONER

Број на мислења : 224
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: С.Ј.О.

Пишување by nino on Пон Јун 05, 2017 8:55 pm

Абе политичар што нема направено криминал не постои на светот. Работата е да не се извлечат некои што длабоко се навлезени во криминалите на минатата влада.
Врвот на дпмне, оние што постојано беа на малите екрани, што безсрамно лажеа, мора да завршат во затвор.
Поситните риби може да бидат пуштени да ги носи водата.

nino

Број на мислења : 99
Join date : 2017-06-05

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: С.Ј.О.

Пишување by delta on Пон Јун 05, 2017 9:55 pm

so be u zatvor/./.da im zemat se ida ziveat od socijalna pomos,/./,.pa da vidat.//a so u zatvor/./.drxzava gi hrani,,.drzava gi brani;
avatar
delta

Број на мислења : 245
Join date : 2016-11-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: С.Ј.О.

Пишување by nino on Пон Јун 05, 2017 10:57 pm

абе у затвор. и по цел ден да фрлаат лопати( и сечат ленти).

nino

Број на мислења : 99
Join date : 2017-06-05

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: С.Ј.О.

Пишување by Bosonoga on Пет Јун 23, 2017 3:32 pm

Јанева: Наредната седмица нови обвинителни акти на СЈО23 ЈУНИ
Повеќето од истрагите што се веќе спроведени од СЈО очекувам да завршат со обвиненија, за кои лица тоа е мошне важно прашање. За некои ќе има запирање на истрагата и отфрлање на обвиненијата, за некои ќе се поднесе обинителен акт, но во секој случај наредната седмица ќе бидат донесени јавни обвинителни одлуки, порача денеска од Охрид специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Јанева која ќе има свое предавање пред учесниците на Школата за природно право во Охрид, изрази уверување дека Судот ќе обрне доволно внимание на доказите на СЈО и основите врз кои тие ги поднесуваат обвиненијата, со очекување Судот дека ќе ги поддржи и потврди обвиненијата, со цел истите да најдат судска разрешница.

– Местото каде треба се вкрстат нашите аргументи со оние на одбраната е судницата, истакна Јанева.

За обвинителните акти чие објавување е најавено пред истекот на рокот на СЈО на крајот на овој месец, Јанева појасни дека со нив се опфатени граѓани на Република Македонија, меѓу кои има и високи функционери и за останати лица, добро познати на јавноста од 2008 до 2015 година.

Таа појасни дека мандатот на СЈО е четири години со право на продолжување една година за обвинителите, најавувајќи дека ќе продолжи нивната работа за обработка на сите доставени разговори од незаконското прислушување.

– Што се однесува на рокот за поднесување обвиненија, тоа е дискутабилно, се разговара на таа тема, се надевам дека ќе биде изнајдено решение во најбрз можен рок, а очекувајте дека и во наредниот период ќе отвараме истраги за други прислушувани разговори што имаат криминални материјали, рече Јанева.

За тоа колку од доставените материјали се обработени, таа појасни дека само 12 проценти од нив се напишани, некаде околу 45 отсто вкупно преслушани, додека останатиот дел од нив воопшто не се обработувани.

– Мора да разберете дека тука има прислушувани разговори на многу новинари, разговори на повеќе јазици, тоа е дел што воопшто не е започнат да се работи, на нив ќе се работи после 15 септември, рече Јанева.

Професорот по уставно право Светомир Шкариќ смета дека исходот од 20-тината обвинителни акти што ќе ги поднесе во рамки на својот мандат СЈО е доволно да се види дали во Република Македонија владее принципот на казнивост на сите.

– Со нив СЈО дава знак дека криминалот не смее да остане неказнет. По истекот на рокот СЈО ќе продолжи да ги истражува криминалните дејства содржани во прислушуваните разговори, да формира документација, а потоа дали преку продолжен мандат или преку редовното судство ќе следуваат нови обвинителни акти, рече Шкариќ.

Професорот Никола Тупанчески кој исто така е дел од наставата на Школата за природно право, од своја страна ја нагласи потребата од темелна ревизија на најголемиот дел од законодавната рамка во земјата, во насока на рефомирање на институциите.

– Во Република Македонија треба да почнат радикални реформи кои ќе значат реафирмирање на начелата на почитување на правната држава, владеењето на правото и почитување на основните човекови слободи, истакна Тупанчески.

Учесници на еднонеделната Школа на природно право што во организација на Македонската академија на науки и уметности и на Амбасадата на САД во Македонија се одржува во Охрид се 25 магистранти и пет докторанти на правни и политички студии од сите универзитети во Република Македонија.
avatar
Bosonoga

Број на мислења : 141
Join date : 2017-03-15

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: С.Ј.О.

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот