РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ

Пишување by osa on Чет Јун 08, 2017 6:51 pm

Ребаланс на буџетот е можен и во текот на летото

08.06.2017 | 18:29МакедонијаПрочитано: 625
Сеуште се скенира колку точно изнесува јавниот долг, но и колку државата му должи на стопанството. Новиот министер за финансии, Драган Тевдовски ги задолжил сите буџетски корисници, оппштините, јавните претпријатија, стопанските комори најдоцна до идната недела да достават податоци.


Од старата гарнитура наследиле 6,5 милиони евра на буџетската сметка и 209 милиони евра од последната еврообврзница на девизната сметка. Тевдовски уверува дека редовно ќе се исплаќаат платите, пензиите, социјалната помош, субвенциите повратот на ДДВ до крајот на годината.

„Тие пари од еврообврзницата ќе бидат потрошени за сервисирање на надворешни долгови до крајот на годинава. Сакам јавноста да биде сигурна дека ние уште во првите денови направивме проекции и буџетот ќе може да ги сервисира сите плати, пензии, субвенции и да ги исплаќа до крајот на годината. Во моментот сме на правење на притисок до сите буџетски корисници за да добиеме точна проценка на доспеани и неплатени побарувања. После многу години на едно раскалашено трошење и јавноста треба да ја има точната бројка за да може да оди напред“ - изјави министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Ребалансот на буџетот се подготвува и се прават напори да биде пред есен. Со ребалансирањето ќе има пари за дел од владините политики меѓу кои за растот на минималната плата. Ќе се кратат непродуктивните трошоци. За покривање на надворешниот долг ќе се користат парите од еврообвзницата. Паралено, се прават анализи како да се финансира дефицитот, дали со задолжување на домашниот или на странскиот пазар.

„Би требало да донесеме одлука дали ќе го сервисираме домашниот пазар или ќе одиме како што е предвидено со буџетот со надворешно задолжување. мене ме интересира, која е цената која ќе платат граѓаните и дали таа каматна стапка ќе биде пониска од растот на економијата. Домашниот пазар во моментов тоа го обезбедува.“ - изјави Тевдовски.

Минисетрот Тевдовски посочи дека е откочен процесот за поврат на ДДВ, и ги повика фирмите да почнат со инвестиции кои ќе помогнат во придвижување на економијата. Во првата недела се повратени 19,6 милиони евра за ДДВ, а денеска 16,2 милиони евра. Во однос на даноците, ќе има зголемување на персоналниот данок, но трошоците за придонеси на фирмите нема да се зголемат, а нема да има зголемување ниту на данокот на додадена вредност. Тевдовски најави дека со политиките што се преземаат економијата брзо ќе се раздвижи

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ

Пишување by OPOZICIONER on Чет Јун 08, 2017 7:56 pm

ova se vika chesno rabotenje ,se vraka zivotot vo drzavata
avatar
OPOZICIONER

Број на мислења : 256
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот