Avtomoto

Страна 1 of 4 1, 2, 3, 4  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Avtomoto

Пишување by Гостин on Чет Јан 29, 2015 4:30 pm

Eve edno katce za brzinite, motorite i avtomobilite...

Откриена е Yamaha 2015 YZR-M1!



Како наближува новата сезона, така тимовите започнаа со откривање на боите за истата. Први тоа го направија тимот на Yamaha...

Сезоната 2015 ќе биде втора година откако фабричкиот тим на Yamaha соработува со Шпанската компанија Telefonica. Петгодишната соработка започна во 2014 година и секоја година како што изгледа оди на подобро, со тоа што изгледа дека правото место за откривање на мотоциклите и нивните бои е токму главниот штаб на Telefonica во Мадрид.

Италијанската двојка Валентино Роси и Хорхе Лоренцо останаа непроменети возачи во тимот. Валентино од трка на трка се врати во својата форма како што знаеме сите да го гледаме, за на крајот да ја заслужи втората позиција кај возачите. Хорхе Лоренцо имаше потешка сезона, но сепак не го испушти својот тимски колега од вид, завршувајќи на третата позиција во генерален пласман.

Тимот го претставија Роси и Лоренцо, заедно со претседателот на Telefonica за Шпанија, Луис Мигуел Гилперез. Сега тимот ќе патува во Малезија, каде ќе се одржат првите официјални тестирања на 4ти, 5ти и 6ти февруари, при што ќе биде прва прилика за возачите да ги пробаат нивните 2015 YZR-M1 моторцикли пред почетокот на 2015 сезона во Катар на 29ти март...

http://www.brzkrug.com/moto/motogp/15135-togp-yamaha-2015-yzr-m1

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Avtomoto

Пишување by Гостин on Чет Јан 29, 2015 4:33 pm

I edna novost od Formula 1...So slikicki...

(Фото) Мекларен и Хонда најавија нова ера со МП4-30 болидот

Познатиот британски Ф1 тим Мекларен денеска и го претстави на јавноста новиот Хонда болид кој оваа сезона ќе биде управуван од страна на Фернандо Алонсо и Џенсон Батон.
Долгонајавуваниот МП4-30 денеска беше промовиран на официјалната страна на Мекларен, а истиот ќе биде за првпат стартуван од страна на Фернандо Алонсо на првиот тест во Херез кој е закажан за оваа недела.
- Иако зимскиот период обично го користам за одмор и релаксирање од напорната сезона, јас овој го искористив за максимално да се подготвам за новиот предизвик. Имав многу тренинзи во изминатиов период и се чувствувам дека сум навистина добро кондициски подготвен. Никогаш не сум се чувствувам подобро и поподготвено за една нова натпреварувачка сезона. Моја цел е да му помогнам на тимот да испише нова историја, знаеме дека ќе биде потребно време за да се развиеме на правилниот начин и целиот тим напорно работи тоа да биде што е можно побрзо, - порачал шпанскиот пилот по промоцијата на новиот болид.









http://derbi.mk/index.php/motorsport/formula-1/item/22442-meklaren-i-honda-najavija-nova-era-so-mp4-30-bolidot

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Avtomoto

Пишување by reiter on Чет Јан 29, 2015 4:39 pm

докторот-Валентино Роси(46)-велемајстор на тркачките патеки е мој фаворит.

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Avtomoto

Пишување by Гостин on Саб Јан 31, 2015 10:50 am

Ajde da vidime...


Ферари со болидот SF15-T најавува крај на доминацијата на Мерцедес (фото+видео)

Ферари ги израдува своите навивачи и го покажа болидот со кој ќе се обиде да се врати на најславните денови во Формула 1 во 2015-та година.

Минатата сезона беше вистинска катастрофа за „скудеријата“, откако за прв пат од 1993-та година наваму, италијанскиот тим не можеше да запише победа. Сега Себастијан Фетел и Кими Раиконен се натоварени со тешката задача да го намалат растојанието до доминантиот Мерцедес и ќе треба да го сторат тоа со помош на „SF15-T“.

„Најдобриот автомобил е оној кој победува. Минатата година имавме грд автомобил кој згора на тоа не можеше да победува. Овој ми се допаѓа повеќе во однос на естетиката. Не знам како ќе се презентира, но изгледа навистина „секси““, рече шефот на тимот Маурицио Аривабене.



Шефот сепак не се сакаше да прогнозира дали конечно дојде крај на 7-годишната суша без светска титула, но пак затоа побара задолжително да бидат постигнати минимум 2 победи во сезоната.

„Јас сум реалист. Никој не располага со магија, за да се променат работите, кога тие не се предмет на промени“, рече Аривабене.

Најпрепознатливи карактеристики на новиот болид се издолжениот нос и модификациите по страните на автомобилот околу кокпитот.



http://grid.mk/read/article/9573205/ferari-so-bolidot-sf15-t-najavuva-kraj-na-dominacijata-na-mercedes-foto-video

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Avtomoto

Пишување by Гостин on Сре Фед 04, 2015 8:44 pm

Pocnaa testiranjata vo Moto GP...

MotoGP: Маркез најбрз на првиот тест на Сепанг



МотоГП сезоната 2015 официјално започна со првиот зимски тест на патеката Сепанг во Малезија. На првиот ден најдобро време забележа Марк Маркез, втор беше Валентино Роси, а трет Хорхе Лоренцо.

Шампионот од 2014 ја започна новата сезона на ист начин како што ја заврши старата, со најдобар резултат на патеката. Неговиот клубски колега Дани Педроса забележа петто време, половина секунда послабо од она на Маркез. Педроса имаше прилика да забележи подобар резултат но излета од патеката во свиокот број 9, а за негова среќа излетувањето помина без проблеми за него и со мали оштетувања на моторот.

На втората позиција се најде легендарниот Валентино Роси кој заостануваше само една десетинка зад времето на Маркез. Роси беше водечки на провизорната листа во поголемиот дел од денот, борбата на времињата се водеше помеѓу него, Марк Маркез, Хорхе Лоренцо, Дани Педроса и Андреа Довициозо. Лоренцо како и Роси возеше прототип на YZR-M1 кој беше претставен во Валенсија минатата година. На крајот од сесијата двајцата возачи на Јамаха работеа на подобрување на сетапот на моторите.


АКО ДЕНОТ ПО УТРОТО СЕ ПОЗНАВА, МАРКЕЗ ЌЕ ИМА СЕРИОЗНА КОНКУРЕНЦИЈА ВО РОСИ

http://grid.mk/read/news/509610923/9592155/motogp-markez-najbrz-na-prviot-test-na-sepang

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Avtomoto

Пишување by reiter on Сре Фед 04, 2015 8:54 pm

докторот Cool


_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Avtomoto

Пишување by Hamad bim Khalifa on Сре Фед 04, 2015 9:52 pm


Nesto novo od Harley
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Avtomoto

Пишување by reiter on Сре Фед 04, 2015 9:59 pm

харли,легенда..
имав два Триумфа боневил 650 а другиот 500 тигер.Супер беа.Едниот го купив од струмица а другиот од Пајо од скопје..сегашниот директор на хемијското средно.Имаше едно харли во штип..старо ама не се спогодивме за цената... би возел харли
http://www.harley-davidson.com/content/h-d/en_US/home.html

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Avtomoto

Пишување by reiter on Сре Фед 04, 2015 10:14 pm

малку хумор ама и вистина..Харлито на Хилдо вс Хонда 1000


_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Avtomoto

Пишување by Hamad bim Khalifa on Сре Фед 04, 2015 10:14 pm

Go poznavam Pajo licno. Zadno sto vozese so gospodjata bese Honda goldving. U penzija ojde coekot esenoska, ke ima poise vreme za vozenje....super! Smile
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Avtomoto

Пишување by reiter on Сре Фед 04, 2015 10:15 pm

ех,каде пајо без голд-винг и брада а?

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Avtomoto

Пишување by Hamad bim Khalifa on Сре Фед 04, 2015 10:18 pm

Brada obavezna...uste tetovaza mu fali da opne - poradi imidz!
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Avtomoto

Пишување by Hamad bim Khalifa on Сре Фед 04, 2015 10:21 pm


Eve go i najnoviot Ducati panigale 1299R
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Avtomoto

Пишување by reiter on Сре Фед 04, 2015 10:26 pm

некогаш заедничките вожњи беа задоволство..додуша и сега ама некако времињата се сменија ..

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Avtomoto

Пишување by Hamad bim Khalifa on Сре Фед 04, 2015 10:31 pm

Se razretcija do nepostoenje. Izgleda poevtinuvanjeto na gorivoto nemoze da vlijae na depresijata koja e poprisutna megju narodov. Ke pocekame da se stopli pa da vidime kolku ke se vozi po ulicive od kejf.
Me potsekja na Plovdiv i Sofija od pred 10-15 godini - ziv motor po ulici usred leto nemozes da vidis...
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Avtomoto

Пишување by Гостин on Сре Фед 04, 2015 10:36 pm

Pa koga ne znaete da birate so kogo da se vozite...


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Avtomoto

Пишување by reiter on Сре Фед 04, 2015 10:38 pm

Smile

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Avtomoto

Пишување by reiter on Сре Фед 04, 2015 10:41 pm


_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Avtomoto

Пишување by Гостин on Сре Фед 04, 2015 10:42 pm

Eve eden za niz pustinata, za seikot...


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Avtomoto

Пишување by Гостин on Сре Фед 04, 2015 10:44 pm

Доста ја уништувате темата. Однесете нешто убаво во меаната. А не само се жалите дека нема кој да ве послужи.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Avtomoto

Пишување by Гостин on Чет Фед 05, 2015 5:35 pm

Vtor den od testiranjata vo Sepang...

MotoGP: Лоренцо на чело на вториот ден тестирање во Сепанг



Возачот на Јамаха МотоГП тимот Хорхе Лоренцо забележа најдобар резултат на денешниот втор ден од пред сезонското тестирање на патеката Сепанг.

Андреа Довициозо на Дукати имаше второ време пред Марк Маркез кој на вчерашниот тест беше прв. Неговиот клубски колега Дани Педроса беше четврти пред Андреа Ианон и Валентино Роси.

Повеќето од возачите во текот на денешниот ден работеа на телеметријата и различните подесувања на моторите, така на пример возачите на HRC тимот имаа прилика да направат споредба на моторите кои ги возеа вчера со денешните кои беа донесени од Јапонија.

Лоренцо одлично се прилагоди на моторот, иако со мала предност пред Довициозо сепак тој се најде на првата позиција со време од 1'59.963. Валентино Роси на денешниот тест имаше само шести резултат со заостанување поголемо од половина секунда зад Лоренцо.

Од останатите фабрички тимови добар напредок имаше Алеш Еспергаро на Сузуки кој денеска се најде на 10-та позиција, а Маверик Вињалес беше 15-ти. Најбрза Априлија беше онаа на Алваро Баутиста кој на крајот имаше 17-ти резултат, а Марко Меландри денешниот тест го заврши последен.

Поз. Возач Број Земја Тим Мотор Време
1 LORENZO Jorge 99 SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 1'59.963
2 DOVIZIOSO Andrea 4 ITA Ducati Team Ducati 2'00.015
3 MARQUEZ Marc 93 SPA Repsol Honda Team Honda 2'00.146
4 PEDROSA Dani 26 SPA Repsol Honda Team Honda 2'00.260
5 IANNONE Andrea 29 ITA Ducati Team Ducati 2'00.391
6 ROSSI Valentino 46 ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 2'00.676
7 ESPARGARO Pol 44 SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 2'00.959
8 CRUTCHLOW Cal 35 GBR CWM LCR Honda Honda 2'01.058
9 SMITH Bradley 38 GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 2'01.098
10 ESPARGARO Aleix 41 SPA Team Suzuki MotoGP Suzuki 2'01.344
11 BRADL Stefan 6 GER NGM Forward Racing Forward Yamaha 2'01.484
12 BARBERA Hector 8 SPA Avintia Racing Ducati 2'01.615
13 AOYAMA Hiroshi 7 JPN HRC Test Team Honda 2'01.772
14 REDDING Scott 45 GBR Marc VDS Racing Team Honda 2'01.844
15 VINALES Maverick 25 SPA Team Suzuki MotoGP Suzuki 2'01.916
16 PETRUCCI Danilo 9 ITA Pramac Racing Ducati 2'01.932
17 BAUTISTA Alvaro 19 SPA Factory Aprilia Gresini Aprilia 2'02.155
18 PIRRO Michele 51 ITA Ducati Team Ducati 2'02.199
19 HAYDEN Nicky 69 USA Drive M7 Aspar Honda 2'02.228
20 ABRAHAM Karel 17 CZE Cardion AB Motoracing Honda 2'02.574
21 BAZ Loris 76 FRA NGM Forward Racing Forward Yamaha 2'02.842
22 NAKASUGA Katsuyuki T1 JPN Yamaha Test Team Yamaha 2'02.914
23 MILLER Jack 43 AUS CWM LCR Honda Honda 2'03.083
24 LAVERTY Eugene 50 IRE Drive M7 Aspar Honda 2'03.129
25 DE ANGELIS Alex 15 RSM NGM Forward Racing Forward Yamaha 2'03.399
26 DI MEGLIO Mike 63 FRA Avintia Racing Ducati 2'03.609
27 TAKAHASHI Takumi 72 JPN HRC Test Team Honda 2'03.781
28 MELANDRI Marco 33 ITA Factory Aprilia Gresini Aprilia 2'04.487

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Avtomoto

Пишување by Гостин on Саб Фед 07, 2015 10:26 am

Ако биде како што се фалат, ке има одлична сезона...

Новиот шеф на Ферари: Ја вративме мотивацијата и духот за победи во Скудерија



Новиот тимски шеф на Ферари, Маурицио Аривабене верува дека позитивните резултати од првата четиридневна серија од предсезонските тестови на патеката “Херез” ја вратиле мотивацијата и духот за победа во Скудерија. Италијанецот исто така додаде дека е реалист и добро знае дека шампионите од Мерцедес претпочитале да не го покажуваат целосниот потенцијал на новиот болид уште во почетокот на подготовките.

“Ако направиме споредба со минатата година, тогаш последните неколку дена од предсезонските тестови на патеката “Херез” ни носат многу ентузијазам. Силните резултати влијаеа на сите во тимот, враќајќи ја мотивацијата за работа и духот за победи”, прокоментира Аривабене за окупирањето на првите места од новите тимски играчи Кими Раиконен и Себастијан Фетел.

“Ако треба да сум реалист, ќе признаам дека добро знаеме како еден од нашите главни конкуренти не го покажа својот целосен потенцијал. Сите знаеме дека Мерцедес ќе бидат уште посилни во 2015 година. Тоа нè тера да работиме уште понапорно и се надевам дека ова ќе продолжи и во текот на оваа сезона”, заврши оптимистички шефот на Ферари.

http://lokalno.mk/noviot-shef-na-ferari-ja-vrativme-motivacijata-duhot-za-pobedi-vo-skuderija/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Avtomoto

Пишување by Гостин on Нед Мар 01, 2015 5:08 pm

Втората жена возач во Ф1...

Која е убавицата што ќе ги тестира Ф1 болидите на Lotus?


Тимот на Lotus ја ангажираше Кармен Џорда како дел од развојниот тим, а според најавите на британскиот клуб, таа ќе биде задолжена за тестирање на болидот за оваа сезона. Сепак, информацијата помина со поделени мислења, бидејќи оваа убавица, нема некои посебно значајни резултати зад себе.



Шпанската пилотка во последните три години се натпреварува во GP3 серијата, но ниту еднаш до сега не била пласирана повисоко од 13-тата позиција. Медиумите пишуваат дека таа повеќе личи на модел, отколку на некој што би можел да се најде во болид на Формула 1.



Сепак, од Lotus објаснуваат дека оваа 26-годишна девојка поминува многу време во симулаторот и дека подоцна во текот на годината ќе добие прилика да седне зад воланот на болидот.



„Се натпреварувам од својата десетта година и мојот сон од детството е да се најдам во болид на Ф1. Ќе работам напредно за да напредувам како возач, но и за да му помогнам на тимот да развие нов болид, што е одлична можност. Знам дека ова е само почеток и дека е најголемиот предизвик пред кој сум се нашла досега, но да се биде дел од тимот кој има толку богата историја е вистинска чест“ - вели Џорда.



Таа ќе стане втората жена во Ф1 покрај Сузи Волф која веќе неколку години е тест возач на Вилијамс.

Новата сезона на Ф1 стартува со Големата награда на Австралија на 15 март.

http://kajgana.com/koja-e-ubavicata-shto-kje-gi-testira-f1-bolidite-na-lotus

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Avtomoto

Пишување by Гостин on Пон Мар 02, 2015 5:36 pm

Ред Бул ги покажа вистинските бои (ФОТО)


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Avtomoto

Пишување by Гостин on Пет Мар 13, 2015 11:40 pm

Викендов почнува новата сезона на Формула 1



Новата сезона на Формула 1 почнува в недела, со трката на „Алберт парк“ за Големата награда на Австралија, а денеска, во пресрет на големиот настан, се одржаа првите тренинзи.

Нико Розберг и Луис Хамилтон на тренингот беа оддалечени само 29 стотинки што покажува колку се изедначени болидите на Мерцедес. Возачот на Ред Бул, Даниел Рикиардо, поради проблеми со болидот, не ја заврши тренинг-сесијата. Себастијан Фетел, возачот на Ферари, заостана 1,5 секунда на петта позиција зад лидерот Розберг. Кими Раиконен имаше 1,8 секунда заостанување и се пласираше на осмата позиција. На третата позиција заврши Валтери Ботас од тимот на Вилијамс, а Фелипе Маса на седмата позиција со 1,5 секунда заостанување.

В сабота ќе се возат третиот тренинг и квалификациите, а трката за ГН на Австралија е закажана за недела, во 6 часот наутро по наше време.

http://a1on.mk/wordpress/archives/463787

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Avtomoto

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 4 1, 2, 3, 4  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот