Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

НОВ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР

2 posters

Go down

НОВ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР Empty НОВ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР

Пишување by osa Чет Јун 08 2017, 18:54

Дебата за нов колективен договор

08.06.2017 | 18:29МакедонијаПрочитано: 890
Целосна измена на законот за администрација , промена на работното време на службениците и ред други реформи во законот за работно односи побараа членовите на синдикатот на УПОЗ на првата средба со министерот Дамјан Манчевски.


Оптимисти се и очекуваат дека конечно после 10 години нивните барања ќе бидат сослушани од новата влада и исполнети преку воспоставувањето на социјален дијалог кој недостигал низ годините наназад.

„Она што за синдикатот е најглавно е што со Законот е суспендирано колективното договарање и со таков текст во кој има законски ограничувања не можеме да ги уредуваме правата на работниците со колективен договор“, рече Пеце Грујовски претседател на УПОЗ.

Новата влада и новименуваниот министер за информатичко општеество и администрација се подготвени да креираат социјален дијалог за подобрување на условите за работа на администрацијата, но и подобрување на нејзината ефикасност во делот услуги кои им се нудат на граѓаните.

„Овој состанок е почеток на нови разговори со цел изнаоѓање обострано прифатливо решение, без наметнување услови што не би биле прифатливи за вработените во јавната администрација.Од друга страна, заедно ќе работиме на подобрување на ефикасноста на администрацијата , за граѓаните да бидат многу позадоволни од услугите, на што ќе се инсистира во разговорите."- рече Манчевски.

На вработените во администрацијата министерот јавно им порача дека заврши времето на политички притисоци.
„Нема веќе одење по митинзи и давање списоци за гласање,општеството е ослободено, сакаме вработените во администрацијата да се слободни и професионално да ги извршуваат обврските .Отворени сме и за сите нивни сугестии вклучително и по однос предлогот за флексибилно работно време, како и други мерки ветени во предизборниот период.“- додаде министерот.

УПОЗ не дава рок за исполнување на барањата како што тоа го прават други синдикати кои 10 години ги немало, а сега поставуваат услови и временски граници дополнуваат од синдикатот. Присутните заеднички констатираа дека денешната средба е само почеток на дебата со цел пронаоѓање вистински решенија.Изразија уверување дека во најкус можен рок ќе се најде решение и по однос одредбите што го уредуваат работното време на адиминистрацијата како и дека за брзо ќе дојде и до потпишување на колективниот договор.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16506
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

НОВ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР Empty Re: НОВ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР

Пишување by osa Чет Јун 08 2017, 18:57

pochnuva zivot vo drzavata ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16506
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

НОВ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР Empty Re: НОВ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР

Пишување by трендафил Чет Јун 08 2017, 20:56

За вас да. Петрит Сараќини, на пример се закачува за државна цицка во министерството за КУРтура на Алаѓозовски.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11172
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

НОВ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР Empty Re: НОВ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот