РАШКОВСКИ ЗА СПЕЦИЈАЛНО СУДСТВО покрај СЈО

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

РАШКОВСКИ ЗА СПЕЦИЈАЛНО СУДСТВО покрај СЈО

Пишување by osa on Саб Јун 24, 2017 3:19 pm

Рашковски: Новата влада треба да ги отстрани изворите на штета
Правна пречка за да се формира Специјално судско одделение – нема. Таквото одееление само би ја отсликало спецификата на евентуалниот криминал кој го има во обвиненијата на СЈО, а секако дека најоправдано ќе биде неговото постоење со оглед на спецификите на индициите кои доведуваат до откривање на криминалот – „бомбите“, вели во интервју за Стандард.мк. Драги Рашковски, професор од Правниот факултет.

Кои се приоритетите на кои треба да се посвети новата влада во првите 100 дена?

-Очигледната штета која беше направена со некои „проекти“ на претходната влада, поточно отстранување на истите треба да биде приоритет. Не случајно е укинувањето на екстерното тестирање првата мерка на владата. И редица други. Или во превод – Што е најпрво што ќе направите кога ќе наидете на просторија која е потопена во вода? Нормално дека ќе го отстраните изворот од каде што истекува водата. Така и првите чекори треба да се отстранување на изворите кои очигледно се извор на штета.

Обвинителката Катица Јанева во една прилика изјави дека никој не може да го задржи незаконски стекнатот имот за кого не важи аболиција или помилување. Очекувате ли дека постои можност да се вратат парите кои веројатно голем дел се изнесени во даночни раеви?

-„Crime doesn’t pay“. Или Криминалот не смее да се исплаќа. Никој не смее да се збогати за сметка на криминал. И да има аболиција, таа се однесува само за кривичното гонење (одење во затвор), но не и за штетата која е нанесена. Јас сум правник и морам да верувам дека правото ќе победи.

Се плашам дека меки реформи во судството само ќе значат метастазирање на карциномот кој е во форма на бисер Сваровски. Потребен е длабок рез
Колку време ќе му биде потребно на македонското судство за да си го „обели образот“ и да се ослободи од епитетот „сваровски“ што го доби по „бомбите“?

-Најжалното во целата приказна со судството е што оригинерно судството во ништо не зависи од извршната власт. Таа покорност на судиите која ја гледаме кон одредени поединци е одраз на слаб карактер, сопсвена недокажаност и потреба некој да ги води во нивните одлуки поради нивната нестручност. Вие не можете да натерате професионалец да прави нешто што е надвор од неговиот начин на размислување, но тоа многу лесно може да го направите со „слетан со падобран“ судија.

И тука се јавува уште еден парадокс во досегашните т.н. реформи на судството – она што требаше да биде реформа, самото на себе си стана противречност. Како критериум за избор, судијата требаше да ужива општествен углед, а наспроти тоа они примените испаднаа лабилни правни потрчковци. Се плашам дека меки реформи само ќе значат метастазирање на карциномот кој е во форма на бисер Сваровски. Потребен е длабок рез. Мојот предлог би бил преку ревизија на веќе донесените судски пресуди, доколку се утврдат тешки неправилности кај барем 2 предмети, да значи разрешување на судијата.

Дали одбраната на обвинетите од „бомбите“ може да искористи правни акробации како во случајот со медицинската документација на Кочан?

-Тоа не се правни акробации. Тоа е чиста повреда на правните процедури.
Заев најави формирање на специјално судско одделение за случаите на СЈО.

-Правна пречка за да се формира Специјално судско одделение – нема. Таквото одееление само би ја отсликало спецификата на евентуалниот криминал кој го има во обвиненијата на СЈО, а секако дека најоправдано ќе биде неговото постоење со оглед на спецификите на индициите кои доведуваат до откривање на криминалот – „бомбите“.

Очекувате ли да има потемелна истрага за крвавите настани во Собранието од 27 април?

-Темелна истрага може да направи секој кој гледаше вести тој ден. Кога слушавме – ни го негираа сетилото за слух. Кога гледавме – ни го негираа сетилото за вид. Не нé викнаа на коктелот од 20.000 евра – сме немале сетило за вкус. Тепаа во Собрание, ама не било тепање – сетилото за допир не ни чинело. Ама затоа сетилото за мирис ни е добро – мириса на криминал, но и на надеж. Не ви треба истрага кога народот е јасновид.

Креиравте патентиран систем за спроведување на попис на население. Колку би чинело спроведување на попис со вакво хардверско-софтверско решение и сметате ли дека ќе се создаде политичка клима за попис?

-Поентата на системот за попис на население е да го сврти досегашниот процес наопаку. Имено, наместо евидентирање на нови записи, да се врши потврдување на веќе постојните. Ветувачки се многу политиките на новата влада во делот на транспарентноста на многу општествени процеси, така да се надевам дека и овој процес ќе може да најде свое место во таквите принципи.

Што се однесува до цената на чинење – хардерските компоненти би чинеле некаде околу 15 милони евра, но тие се мултинаменски и можат да се користат за електронско гласање, издавање на документи, спроведување на анкети, испитување на пазар и слично, што во комерцијална употреба би ја вратило таквата инвестиција назад во државната каса.

(И.К./Стандард.мк)

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11953
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РАШКОВСКИ ЗА СПЕЦИЈАЛНО СУДСТВО покрај СЈО

Пишување by трендафил on Саб Јун 24, 2017 9:55 pm

Нема потреба од социјалдемократски специјални судови, Ако има проблеми во судството власта треба да ги реши во рамките на постојните судови. Никаде не се формираат специјални судови што ќе судат против опозицијата. Власта треба да разбере дека е власт и да престане со глупави изјави карактеристични за предизборна кампања.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2693
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РАШКОВСКИ ЗА СПЕЦИЈАЛНО СУДСТВО покрај СЈО

Пишување by PRVOBOREC on Саб Јун 24, 2017 10:27 pm

И тоа што викаш, откога ќе го исчистиме судството од сваровски небањатите кои со пушење станувале судии ќе нема потреба од специјални судови.

PRVOBOREC

Број на мислења : 125
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РАШКОВСКИ ЗА СПЕЦИЈАЛНО СУДСТВО покрај СЈО

Пишување by трендафил on Нед Јун 25, 2017 6:26 pm

Кога Зоран Заев ќе биде суден за тоа што за едно евро за плац бара поткуп од истата сума што треба да се уплати во менувачницата на брат му и кога се обидува да изнуди уште толку пари за црквата, без разлика дали тоа ќе го прави обичен или специјален суд ќе можеме да зборуваме за успешност на судските реформи. Судови што суделе противници на власта сме имале отсекогаш. Од таков суд на пример е осуден и Ченто.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2693
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РАШКОВСКИ ЗА СПЕЦИЈАЛНО СУДСТВО покрај СЈО

Пишување by luxor on Нед Јун 25, 2017 7:10 pm

Па го судите бе Трендо, и тоа вашите сваровски судии. Ако не се појавува на судење повелете приведете го принудно. Нели според твојот пастир судската власт е независна.
avatar
luxor

Број на мислења : 3186
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РАШКОВСКИ ЗА СПЕЦИЈАЛНО СУДСТВО покрај СЈО

Пишување by трендафил on Пон Јун 26, 2017 3:42 pm

Од тоа како ќе тече тоа судење ќе зависи и оценката за правосудниот систем. Ајде и овде да го спомнам говорот на вашиот пратеник пред група Роми на кои им вели дека членската книшка на СДСМ ќе биде како втора лична карта која ќе дава привилегии во државата.


_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2693
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РАШКОВСКИ ЗА СПЕЦИЈАЛНО СУДСТВО покрај СЈО

Пишување by nino on Пон Јун 26, 2017 5:10 pm

трендафиле, да не се набоде на трн!?

nino

Број на мислења : 99
Join date : 2017-06-05

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РАШКОВСКИ ЗА СПЕЦИЈАЛНО СУДСТВО покрај СЈО

Пишување by трендафил on Сре Јун 28, 2017 2:36 pm

Судењето на Заев беше повторно одложено затоа што сега Заев во време на рочиштето закажал седница на влада.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2693
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РАШКОВСКИ ЗА СПЕЦИЈАЛНО СУДСТВО покрај СЈО

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот