Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

СЕ БАРА ПРИТВОР ОД СТРАНА НА С.Ј.О.

3 posters

Go down

СЕ БАРА ПРИТВОР ОД СТРАНА НА С.Ј.О. Empty СЕ БАРА ПРИТВОР ОД СТРАНА НА С.Ј.О.

Пишување by osa Чет Јун 29 2017, 18:36

ЈО бара притвор за поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, за поранешните министри Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и Елизабета Канческа-Милевски, како и за други поранешни функционери.

Седумнаесет обвиненија за 18 предмети ќе бидат поднесени против 94 луѓе и седум правни лица, најави денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Предметите Тврдина и Таргет за незаконското прислушување се споени во едно обвинение.

Специјалното јавно обвинителство бара притвор за координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Аљими и за Исмет Гури, член на општинската изборна комисија за општина Чаир.

Ејуп Аљими и Исмет Гури се обвинети за кривичното дело „уништување на изборен материјал“ во случајот „Титаник 3“ на СЈО.

Сите предмети треба да се процесуираат по итна постапка, а судот во рок од 24 часа да почне да решава за нив.


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

СЕ БАРА ПРИТВОР ОД СТРАНА НА С.Ј.О. Empty Re: СЕ БАРА ПРИТВОР ОД СТРАНА НА С.Ј.О.

Пишување by SHARENI Чет Јун 29 2017, 18:59

ochekuev poishe ,ova mnogu "mlako" i" mnogu relativizirano ",shto ke iskochi od ova bash sakam da vidam !
SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 845
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

СЕ БАРА ПРИТВОР ОД СТРАНА НА С.Ј.О. Empty Re: СЕ БАРА ПРИТВОР ОД СТРАНА НА С.Ј.О.

Пишување by osa Чет Јун 29 2017, 21:38

СЈО со 17 нови обвиненија, се бара притвор за Груевски и функционери од ВМРО ДПМНЕ

Поранешниот премиер и претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски и други високи функционери од неговата партија се дел од речиси стотината луѓе во новите обвиненија кои Специјалното обвинителство денеска ги поднесе и за кои бара притвор. Се работи за сериозни злоупотреби на институционалните капацитети од страна на поединци и организирани групи, рече специјалната обвинителка Катица Јанева.

„Несомнено дека поднесувањето на овие обвиненија и работата која ја сработивме до денеска претставува само еден чекор во исполнувањето на мандатот кој му е доделен на СЈО во интерес на граѓаните, јас и мојот тим сме цврсто убедени дека со соодветните судски постапки ќе докажеме дека обвинетите ги имаат сторено кривичните дела кои им се ставаат на товар со поднесените обвиненија“, рече Јанева.

Листата со обвиненија ја предводи предметот Титаник кој се однесува на изборни измами со 20 обвинети лица почнувајќи со Груевски, Протоѓер, Божиновски, Јанакиески и Јанкулоска. Се товарат за злосторничко здружување, злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања, повреда на избирачкото право и други дела. За нив СЈО бара притвор, а за останатите меѓу кои е и пратеникот Илија Димовски, мерки на претпазливост. Овој предмет е проширен со уште две обвиненија, Титаник 2 и Титаник 3 каде се бара притвор за две лица поради уништување на изборен материјал. Се работи за двајца функционери од ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури.

Екс директорот на УБК Сашо Мијалков и уште шестмина припадници на Алфите се обвинети во предметот Тортура за начинот на апсење на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни Љубе Бошкоски во 2011. За сите, освен за Мијалков, се бараат мерки за претпазливост.

Листата на СЈО продолжува со предметот за уривање на комплексот Космос, ТНТ, со обвинение против седум лица за злоупотреба на службена положба меѓу кои се Груевски и Јанакиески, а се бара притвор само за градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски.

Четири лица се обвинети во Трезор меѓу кои и Мијалков за злоупотреби при набавката на странска опрема за потребите на Петтата управа при МВР. Во Топлик шест лица се обвинети за злоупотреба на службена положба околу изградбата на населбата Сончев Град во скопско Сопиште. Во Тендери, за местење на тендерот за изградба на Музејот на македонската борба за државност и самостојност три лица се обвинети, а се бара притвор за двајца. Јанкуловска заедно со уште едно лице е обвинета во предметот Тенк за набавката на мерцедесот од 600 илјади евра.

Истрагата за Талир околу незаконското финансирање на ВМРО ДПМНЕ, Јанева рече дека е отворена пред еден месец што е краток период за да биде завршена, па затоа сега нема обвинение.

„Логично е, некој што водел незаконска кампања во изминатите осум години, не може некој за еден месец да ги истражи сите дејствија кои треба да им се стават на товар. Од друга страна постојат законски обврски кои мораме да ги почитуваме во однос на предметот Талир“, изјави Јанева.

Листата на обвиненија на СЈО продолжува со Тотал и Тифани за вкупно четири лица меѓу кои и Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска. Потоа следуваат Тарифа, Триста, Тревник, Траекторија и Труст.

Предметите Тврдина и Таргет за незаконското прислушување и набавката на опремата се споени во еден со обвинение против четири и обвинителен предлог против десет лица. Се бара притвор за петмина меѓу кои се Сашо Мијалков и Горан Грујовски.

По завршувањето на прес конференцијата предметите во десетици кутии беа доставени до скопскиот кривичен суд кој во рок од 24 часа поради итноста на постапката треба да се изјасни околу побараните притвори.

Михајло Видимлиски


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

СЕ БАРА ПРИТВОР ОД СТРАНА НА С.Ј.О. Empty Re: СЕ БАРА ПРИТВОР ОД СТРАНА НА С.Ј.О.

Пишување by osa Чет Јун 29 2017, 23:46

Судијката Софија Лаличиќ изземена од предметите на СЈО
22:06 | јуни 29, 2017

kривичната судијка Софија Лаличиќ е изземена од предметите на СЈО. Тоа денес самата го побарала од в.д. претседателот на Кривичниот суд, Стојанче Рибарев, дознава ексклузивно Макфакс.

Лаличиќ побарала изземање заради тоа што се споменува во една од „бомбите“. Претседателот Рибарев го уважил нејзиното изземање.

Ова вест за Макфакс ја потврди и самиот Рибарев.

Судијката Лаличиќ се споменува во еден разговор од „бомбите“ со шефот на тајната полиција Сашо Мијалков.

Ноефијално дознаваме дека е можно уште една судијка да се изземе, иако таа не се спомнува во бомбите. Станува збор за судијката Моника Бавчованска, која, сепак, е сопруга на именуван функционер од поранешната владејачка гарнитура.

Во најновите обвиненија на СЈО обинет е целиот партиски врв на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со лидерот Никола Груевски.

Денес во поладневните часови Основниот суд Скопје 1 веќе ги распредели новите предмети од СЈО. Се очекува рокот од 24 часа за донесување одлуки да биде пробиен, заради тоа што неколку судии се на годишен одмор.

Гордана Дувњак

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

СЕ БАРА ПРИТВОР ОД СТРАНА НА С.Ј.О. Empty Re: СЕ БАРА ПРИТВОР ОД СТРАНА НА С.Ј.О.

Пишување by TRAJCHE Пет Јун 30 2017, 21:24

mnogu ubava analiza na TV 24 vesti ,mnogu dobri gosti ,poglednete .
TRAJCHE
TRAJCHE

Број на мислења : 680
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

СЕ БАРА ПРИТВОР ОД СТРАНА НА С.Ј.О. Empty Re: СЕ БАРА ПРИТВОР ОД СТРАНА НА С.Ј.О.

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот