КОЗА НОСТРА ВЕСТИ :)

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

КОЗА НОСТРА ВЕСТИ :)

Пишување by Г-ѓа Министерка on Чет Јан 29, 2015 7:40 pm

http://www.kozanostra.net/ е македонски сајт кој на интересен и хумористичен начин ги пренесува секојдневните случувања во Македонија.
Еве некоја интересна вест објавена од нив

Тодоров упаднал во Меѓународната вселенска станица, фатил астронаут како спие, друг како пуши


Нааааа – толкав е вселенскиот брод на Силванева

Додека вие му се смеевте на министерот Никола Тодоров бидејќи верува дека ќе го види денот кога Македонија ќе учествува во вселенските програми, тој напорно работеше и уште еднаш ја покажа на дело неговата способност и одлучност.

Имено, тој синоќа упаднал во неочекувана полноќна посета на Меѓународната вселенска станица, за да види како се одвива тековната мисија таму во рамки на подготовките за лансирање на македонска вселенска програма.

– Какво најавување бе, не им се најавив. Сосема спонтано ми дојде идејата. Ја видов Силванева Бонева како го паркира вселенскиот брод со кој редовно патува од Струмица до Скопје и за кој троши многу пари за бензин, па ја замолив да ме однесе до станицата со него. Стигнавме таму негде на полноќ, таа остана да чека во вселенскиот брод а јас директно им упаднав внатре, ко шо упаѓам по болници. Кога упаднав, имаше и што да видам. Еден од астронаутите спиеше, друг си пушеше цигара, трет си играше некоја игрица, на некој симулатор за правење операции… абе еден не работеше тоа за што е платен! Ниту еден! Срамота! Ги казнив по 20 отсто од плата и им најавив дека кога Македонија ќе направи вселенска програма нема повеќе да толерираме вакво однесување – се закани министерот за вселенски работи, Никола Тодоров.


Шок во Индија – премиерот Груевски упаднал во затвор и го ослободил Субрата!



Шокантни вести доаѓаат од Индија, каде деновиве се наоѓа премиерот Никола Груевски и делегација на Владата. Додека сите мислеа дека тој таму е во потрага по нови инвеститори, испадна дека тој всушност бил таму по нашиот стар инвеститор, нашата прва љубов, нашиот спасител и месија – Субрата Рој!

Имено, премиерот Груевски денеска извршил филмски упад во затворот каде се наоѓа Субрата. На затворската управа и било соопштено дека македонскиот премиер доаѓа во посета, за да види како е организиран затворскиот систем во Индија, за одблиску да се запознае со правилата и процедурите, но никој не го знаел неговиот краен план.

Искористувајќи ја гужвата околу неговата посета, премиерот украл клучеви од ќелиите и се извинил со објаснување дека ќе оди во тоалет. Сепак, наместо таму, тој заминал во делот каде се наоѓаат затворениците и употребувајќи го клучот упаднал во ќелијата каде се наоѓал Субрата, го ослободил и заедно успеале да избегаат од затворот.

Индиските власти моментално организираат голема потера по двајцата, но според информациите на Коза ностра, тие веќе зеле неколку крави, па сите заедно се качиле на трактор и доаѓаат кон Македонија. Нашите сознанија велат дека најпрво ќе одат да ги изораат нивите во Џумајлија, а потоа ќе тргнат кон Љубаништа, за да го изградат македонскиот Лас Вегас. Сепак, можно е најпрво да поминат под Триумфалната порта каде веќе има поголема толпа на спонтано собрани граѓани кои нестрпливо ги очекуваат хероите.

avatar
Г-ѓа Министерка

Број на мислења : 54
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: КОЗА НОСТРА ВЕСТИ :)

Пишување by osa on Чет Јан 29, 2015 8:07 pm

dobri se koi i da se ,koza nostra se shampioni

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11956
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: КОЗА НОСТРА ВЕСТИ :)

Пишување by Гостин on Пон Фед 23, 2015 8:39 pm

ЕКСЛУЗИВНО: Еве како беше наместена златната „Бубамара“ за „Коза ностра“


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: КОЗА НОСТРА ВЕСТИ :)

Пишување by Гостин on Чет Мар 12, 2015 8:47 pm

ДПА укинува членски карти, ќе се дава заклетва пред Сашо



Демократската партија на Албанците ги укинува членските карти како старомодно, надживеано, неалбанско и комуњарско решение. Извори во партијата потврдуваат дека се преминува на усна заклетва, која под знаме на кое ќе биде испишано „За Сашо до смрт“ ќе ја даваат идните членови на партијата.

– Нашата цел е на идните генерации Албанци да им кажеме дека албанските интереси, па и приватните бизнис-интереси не може да се остварат преку институциите на државата, која ние не ја признаваме, туку единствено во лични релации со тајната полиција – вели лидерот Мендух Тачи.

Тој најави наскоро отворање на сушико-ресторани во Тетово, Гостивар, Куманово и во други градови за да може заклетвата да се положува во автентичен амбиент.

http://www.kozanostra.net/dpa-ukinuva-chlenski-karti-ke-se-dava-zakletva-pred-sasho/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: КОЗА НОСТРА ВЕСТИ :)

Пишување by reiter on Чет Мар 12, 2015 8:51 pm

Very Happy ,За Сашо до смрт'- јако е Very Happy

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: КОЗА НОСТРА ВЕСТИ :)

Пишување by osa on Чет Мар 12, 2015 10:04 pm

mnogu jako epten  Wink

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11956
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: КОЗА НОСТРА ВЕСТИ :)

Пишување by Гостин on Нед Мар 29, 2015 12:59 pm

Груевски: Тие 25 милиони ги планирав за циркуски шатор над Скопје, сакав да ве изненадам



Премиерот Никола Груевски во изјава за медиумите ја коментираше 14-та бомба на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, според која зел 25 милиони евра провизија од изградба на два автопати преку кинеска компанија.

– Како што и досега повторував во повеќе наврати, така ќе повторам и сега. Разговорите се сечени, лепени и прелепувани, исто како што и тие 25 милиони евра се лепени и составувани од два дела – првиот од едниот автопат, вториот од другиот – откри Груевски.

Тој рече дека е изнервиран од пресот и дека му е неизмерно лут на Заев.

– Па како да не биде човек изнервиран?! Заев ми го расипа новото изненадување за граѓаните. Јас тие 25 милиона не ги земав за себе… јас од уста двојам за народот, а не пак од украдените народни пари… па нормално дека и тие ќе бидат за народот. Од народот за народот! Видете, бидејќи Заев го откри планот само до пола, ќе морам тука да го откријам и вториот дел. Значи, тие 25 милиона ми беа планирани, да ги дадам, да ги донирам, за да се купи еден голем, огромен циркуски шатор кој ќе надвисне над Скопје, ќе го покрие цел град и освен него ништо друго нема да се гледа на небото – ни сонце, ни облаци, ни ѕвезди, ни месечини… само шаторот ќе се гледа како стои над градот, за целосно комплетирање на проектот Скопје 2014, за да биде како Горде шо вика, како Медрано, со човечиња кои молчат, се држат за рака и гласаат – откри Груевски.

Тој истакна дека тоа што Заев го расипал изненадувањето нема да значи дека идејата ќе пропадне, туку баш напротив, макотрпно се работи на нејзина скора реализација.

– Само се чека Миле да даде мислење за ГУП-от и ДУП-от за да може да се вметне шаторот. Да каже – да бе, да, јас така мислам – изјави Груевски.

http://www.kozanostra.net/gruevski-tie-25-milioni-gi-planirav-za-tsirkuski-shator-nad-skopje-sakav-da-ve-iznenadam/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: КОЗА НОСТРА ВЕСТИ :)

Пишување by Гостин on Нед Апр 05, 2015 11:24 am

Изгласан нов закон – криминалите на власта се прогласуваат за државна тајна

Денеска со мнозинство гласови во Собранието беше изгласан новиот Закон за прогласување на државна тајна на сите криминали на власта.

За потребата од ваков закон зборуваше предлагачот на законот Сашо Мијалков, на кого му беше дозволено присуство и активно учество во работата на Собранието, иако не е пратеник, во знак на посебни заслуги за државата и унапредување на пријателските односи со Чешка, Израел, Белизе и други пријателски држави.

– Почитувани народни избраници и верни до смрт началничиња, сметам дека донесувањето на еден ваков закон е од битно значење за македонската демократија, како и од исклучително значење за неактивирање на вашите меници и бланко-оставки уредно доставени во Партијата. Со вашиот глас овозможувате сите криминали да станат државна тајна која ниту Заев, ниту било кој друг ќе може да ја открие, без притоа да не добие кривична пријава и долгогодишна затворска казна. Законот ќе важи ретроактивно од 2006 година, кога воедно започна и демократијата во Македонија – рече Мијалков.

Настан кој го одбележа денешното гласање беше тоа што пратеникот Мендух Тачи девет пати по ред инсистираше да се поништува гласањето, за да може десет пати по ред да клика „За“ законот и да ја покаже својата верност.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: КОЗА НОСТРА ВЕСТИ :)

Пишување by Гостин on Нед Апр 05, 2015 11:27 am

Горде и Зоки формираа Министерски пленум



Министрите за внатрешни работи и за финансии Горде и Зоки денеска формираа Министерски пленум. По примерот на студентите, средношколците, професорите, новинарите… и министрите се одлучија на ваков чекор со образложение дека „само тоа проаѓа кај премиерот“. Првиот чекор на Министерскиот пленум ќе биде отворено писмо до Никола Груевски со работен наслов „Не сакаме да одиме во затвор“.

– Ние како министри сме правеле разни работи овие изминати години. Иако повеќето биле според Уставот и законите, и за доброто на народот, можно е да има и работи кои не се такви. Зошто сега да се правиме наудрени дека не е така, а утре да си ја чукаме главата со камен од близу, кога може елегантно да се реши се со една амнестија и со мирна глава да продолжиме да остваруваме – велат од Министерскиот пленум.

Засега членови се Горде, Зоки и Миле, но се очекува да се приклучат и други. Сакале да го поканат и потпретседателот Владимир Пешевски, но синоќа тој со својот оркестар бил пред зградата на Горде и под прозор и ја испеал песната од Миле Кузмановски „Не кани ме“.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: КОЗА НОСТРА ВЕСТИ :)

Пишување by Гостин on Нед Апр 05, 2015 5:36 pm

Груевски: Заев да престане да објавува „бомби“, инаку и него ќе го вработам!

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, од собирот во Тетово продолжи да ветува илјадници и илјадници вработувања, за сите македонски граѓани, во фабриките кои допрва ќе се отвораат.

– За секоја објавена бомба ние ќе вработиме 10 илјади граѓани! За 17-те објавени бомби досега ќе вработиме вкупно 170 илјади граѓани. Ако Заев објави 100 бомби, ние ќе вработиме 1 милион граѓани! Ако пак, објави 200 бомби ќе вработиме 2 милиони граѓани, без разлика на тоа што во Македонија нема толку луѓе. Ако треба ќе увезуваме граѓани, или пак секој ќе работи на по две, три или повеќе работни места, само и само да ги исполниме ветувањата – рече Груевски.

Тој упати и директна закана до лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– Доколку лицето З.З. сопственик на три кривични пријави, не престане да објавува бомби, ќе го вработам и него! Не блефирам, сериозно сум подготвен на таков чекор. Или нека престане, или ќе пристапиме кон присилно вработување на споменатото лице – рече Груевски.

Коза ностра сакаше да дознае кое е мислењето на граѓаните за ова па се обиде да спроведе анкета помеѓу присутните во спортската сала на собирот. Сепак, нашиот обид беше неуспешен, односно граѓаните кои ги затекнавме не можеа да зборуваат во моментот бидејќи беа зафатени со јадење сендвичи.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: КОЗА НОСТРА ВЕСТИ :)

Пишување by osa on Нед Апр 05, 2015 5:40 pm

aj shto jadea ,a peea li ?
more i ORO da ne igraa ?
mustra za ORO vo smea, zabava ,vicovi ,koj nevidel da vidi ,
ima i kondicioni podgotovki za igranje ORO !

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11956
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: КОЗА НОСТРА ВЕСТИ :)

Пишување by Гостин on Вто Апр 07, 2015 7:43 pm

Груевски: Некој ми го монтирал патриотизмот



Премиерот Никола Груевски изјави дека е скандализиран од своите изјави во изминатите десет години и смета дека некој намерно му го импутирал, залепил и измонтирал патриотизмот. Тој изрази чудење зошто неговиот пи-ар тим упорно настојувал да глуми партиот, кога тој отсекогаш си бил технократ и економист.

– Мој фах отсекогаш биле проценти, бројки, пари, парцели, ГУП-ови, ДУП-ови, кој ме намести и изигра да бидам најголем патриот во државата, допрва ќе утврди нашата интерна истрага. Неколку мои најблиски соработници се под истрага дека ми го утнале скроз пи-арот и сега поради тоа може за ништо, за џабал`к што се вели, да ја загубам власта – рече Груевски.

Тој за Хашките случаи вели дека биле добра трампа со ДУИ и Али Ахмети и дека за возврат се добиени многу тендери и не може да сфати како го наместиле така да се крие зад Собранието.

http://www.kozanostra.net/gruevski-nekoj-mi-go-montiral-patriotizmot/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: КОЗА НОСТРА ВЕСТИ :)

Пишување by Гостин on Вто Апр 07, 2015 8:49 pm

Груевски: И плацевите на Водно се донација, ми ги подари еден фин чичко од Белизе

По откривањето на донацијата за опрема за полициските специјалци од Израел, власта открива уште една огромна донација за нашата држава, поточно за пресветлиот водач, пастирот Никола Груевски.

Преку соопштение за медиумите Груевски ја објасни и оваа донација.

– Не можам повеќе да издржам некој неосновано да ме напаѓа и да изнесува лаги поврзани со мојот лик и моите дела. Токму поради тие причини решив да ја откријам целата вистина за случајот со плацевите на Водно од илјадници метри квадратни, кои наводно сум ги купил, па со помош на Миле сум менувал ДУП-ови и ГУП-ови. Нема врска. Се е лага! Една голема лага! Од кај би имал јас пари да купам такви плацеви?! Вистината е едноставна – се работи за уште една донација, но не од Израел туку од друга наша братска држава – Белизе. Ми се јави некој чичко од таму и ми кажа дека сака да ми донира плацеви на Водно во знак на добрата соработка помеѓу двете земји и тоа што многу бизнисмени од Македонија отвораат фирми таму кај нив. Од толку што беше фин, не сакаше ни името да ми го каже, за да знам на кого да му заблагодарам. А дури и комбе ми подари за да можам да се шетам по Водно и да си одберам кои плацеви сакам да ми ги донира! Такви се луѓето таму, фини и гостопримливи, имаат широко отворени срца за сите наши оф-шор компании – рече Груевски.

http://www.kozanostra.net/gruevski-i-platsevite-na-vodno-se-donatsija-mi-gi-podari-eden-fin-chichko-od-belize/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: КОЗА НОСТРА ВЕСТИ :)

Пишување by Гостин on Сре Апр 08, 2015 2:26 pm

Вељаноски: Амнестијата ни беше донација од Индијанците, не можевме да не ја прифатиме

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски денеска ги објасни причините за гласањето за автентично толкување на Законот за амнестија со кој беа амнестирани Хашките случаи.



– Нема никаков политички пазар, нема никакви тендери, нема ништо такво, се работи за едно големо недоразбирање кое настана во јавноста. Не, бре, луѓе. Работата е едноставна, се работи за донација од Индијанците, исто како таа за опремата од Израел, како таа од Белизе за плацевите на Водно. Знаете, не е убаво кога некој ви донира вие да не ја прифатите донацијата, со тоа ќе покажете непочитување кон донаторот. Ние сме секогаш отворени за донации и токму затоа ја прифативме. За вас најбитно е да знаете дека средивме и со главните Индијанци и со македонските Индијанци, и донацијата си протече најнормално – рече Вељаноски.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: КОЗА НОСТРА ВЕСТИ :)

Пишување by Гостин on Сре Апр 08, 2015 7:32 pm

Горде: По повод Меѓународниот ден на Ромите ќе влечам Цигани за уши



Министерката за „Ало, шу праиш“, Горде, се приклучува во одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите. Таа толку многу го почитува денот што организира и посебна манифестација.

– Да, и јас решив да се вклучам во настаните поврзани со овој голем празник, па ги собрав човечињава тука шо работат со мене, и им викам, дајте бе да се организираме, да направиме нешто, да го одбележиме денот… и тие веднаш ги викнаа сите будалетинки шо ми се у министерство, и еве, денес цел ден го одбележуваме празникот пригодно. Будалетинкиве шетаат низ град, ловат Циганчиња и Цигани, ми ги носат тука, па јас ги влечам за уши, еден по еден. Донесовме и една гласачка кутија, па правиме показна вежба, да се во кондиција и да се спремни ако треба да гласаат. После тоа ги пуштам, нека кршат глава – изјави Горде.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: КОЗА НОСТРА ВЕСТИ :)

Пишување by Гостин on Пет Апр 10, 2015 12:47 pm

Горде: Човечињата од Пустец се целосно спремни за референдумот за ГТЦ



Министерката за Ало, шу праиш, Горде, денеска на прес-конференција зборуваше за претстојниот референдум за изгледот на ГТЦ кој ќе се одржи во општина Центар.

– Би сакала да ја уверам јавноста дека Министерството за ало, шу праиш, ги презема сите потребни чекори во пресрет на референдумот за ГТЦ, согласно Уставот и законите. Баш сега бев на спратот подоле, кај шо е штабот на МВРО, и гледам дека сите будалетинки се спремни за акција и асистенција на избирачките места. Би сакала да истакнам дека веќе се при крај подготовките и на овој спрат тука, кај шо се наоѓа штабот на ВМРО. Баш прееска привршувавме со обуката на човечињата од Пустец, им покажувавме шо треба да заокружат и како после заокружувањето да се вратат кај кајсијата. Во обуката многу ни се најде почесниот граѓанин на Пустец, господинот Хорхе, кој им вети свежи калинки на сите човечиња кои ќе го заокружат точниот одговор на ливчето – изјави Горде по што се повлече во одаите каде врачуваше тазе изработени лични карти на човечиња.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: КОЗА НОСТРА ВЕСТИ :)

Пишување by Гостин on Нед Апр 19, 2015 11:16 am

Хаос на Илинденска: Човечиња, будалетинки, индијанци и суштества нападнале лудаци

Вечерва во 20 часот на булеварот Илинденска настанал вистински хаос, се случил жесток физички напад во кој настрадала група лудаци.

Според неофицијалните информации кои ги доби Коза ностра, повеќе човечиња, будалетинки, индијанци и суштества се собрале во поголема група револтирани од друга група на лудаци. Човечињата, будалетинките, индијанците и суштествата веќе подолго време трпеле и молчеле додека лудаците ги сотрувале, им го загорчувале животот и ги преминувале сите граници на нормалното и на ненормалното, но веќе не можеле, па излегле на улица во потрага по лудаците. Во моментот кога ги сретнале, лудаците биле во друштво на копилиња и на шупаци, па и тие настрадале во нападот.

Како што дознаваме, човечињата, будалетинките, индијанците и суштествата биле наоружани со кесичиња кои крцкале со камења, па истите од блиску ги фрлале во правец кон лудаците и така успевале да ги погодат директно у чело, меѓу рогови.

Лудаците, лудачите, копилињата и шупаците првично мислеле дека насобраните се тука дојдени во знак на поддршка собрани преку Движењето за одбрана на Македонија, па кога започнале нападите биле прилично изненадени и прашувале – „Ме зезаш? Ме зезаш? Ме зезаш?“

Откако увиделе дека не ги зезаат, започнале да бегаат во правец кон Белизе, но човечињата успеале да ги фатат, па почнале да ги влечат за уши, лудак по лудак… народ гледа… лелелелелелелелелелелеееееее….

http://www.kozanostra.net/haos-na-ilindenska-chovechina-budaletinki-indijantsi-i-sushtestva-napadnale-ludatsi/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: КОЗА НОСТРА ВЕСТИ :)

Пишување by Гостин on Нед Апр 19, 2015 11:17 am

Изгубен е шеф на кабинет и неговиот возач – ако имате информации јавете се на 192



Вечерва во 23 часот во Полициската станица Беко во Скопје, Н.Г. пријавил дека денеска во 17 часот од зградата со барокна фасада во која работат, во непознат правец се оддалечил неговиот шеф на кабинет М.П. и има основано сомнение дека е загубен.

Како што информирал Н.Г. изгубеното лице не било само, туку со неговиот возач, кој најверојатно е и виновникот за загубувањето. Според исказот на Н.Г. двете лица и претходно еднаш се возеле и се изгубиле, па возачот бил прераспределен на друго работно место кај што немало потреба да доаѓа на работа, ниту пак да куца картичка. Сепак, вечерва на М.П. итно му требало да биде префрлен до најблискиот ендек, каде требало да фрли некои непослушници, па повторно го повикал возачот, по што заминале и се изгубиле.

МВР соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата. Воедно ги повикува сите граѓани кои имаат било какви информации да се јават на 192.

http://www.kozanostra.net/izguben-e-shef-na-kabinet-i-negoviot-vozach-ako-imate-informatsii-javete-se-na-192/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: КОЗА НОСТРА ВЕСТИ :)

Пишување by Гостин on Нед Апр 19, 2015 11:18 am

Пешевски: Многу се сакаме со Зоки и Горде, дури и Хипо ме викаат нагалено



Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, во изјава за медиумите демантираше дека постои нетрпеливост помеѓу него и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, или пак министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, или пак дека тие го мразат и навредуваат.

– За каква омраза, за какви навреди зборувате вие, што ви е бре луѓе? Па тие се моите најблиски соработници, моите најголеми пријатели, тие двајца ми се како брат и сестра! Толку многу се сакаме што дури и Хипо ме викаат нагалено. Мислам, ептен си го имаме муабетот. Знаете како велат – кој се тепа, тој се сака, кој се пцуе, тој се љуби, кој кого нарекува ѓубре, свиња дебела и куп месо, го сака повеќе од себеси – рече Пешевски.

Тој потенцираше дека соработката во последниот период е уште подобра од претходно и дека сите копилиња, лудаци, гадури и свињи дебели ќе продолжат со проекти за доброто на граѓаните.

http://www.kozanostra.net/peshevski-mnogu-se-sakame-so-zoki-i-gorde-duri-i-hipo-me-vikaat-nagaleno/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: КОЗА НОСТРА ВЕСТИ :)

Пишување by Гостин on Нед Апр 19, 2015 11:19 am

Оглас: Се бара возач за возачот на Мартин Протугер



До редакцијата на Коза ностра стигна оглас за вработување и замолница истиот да го објавиме. Писмото ви го пренесуваме во целост:

„Еј дечки, Ве молиме да го објавите огласов, ако имате место на сајтот. Ако немате не мора да го објавувате, ама во тој случај ќе ви го пуштиме Ставре да ви ги скрши главите. Па вие како сакате…

Значи, ние сме уствари Службата за општи и заеднички работи при Владата, или пак Возниот парк при МВР, или пак Службата за куцање картички, или пак Службата за вработени кои не одат на работа, не сме ни ние сигурни кои сме, ама не е битно тоа сега. Битно е дека распишуваме оглас за вработување.

Огласот е за едно работно место:

– Возач за возачот на Мартин Протугер

Човечето треба да има искуство во штаб, по можност да ги возел комбињата во штабот, да ги одржавал колите, не знеме што, како, битно да може да ги средува колите, да трча, да праи, тука да се вртка.

Ќе треба да доаѓа на работа, да куца картичка, и повремено да го вози возачот на Мартин Протугер, најчесто од дома му до работа, за да ја куцне картичката, па после да го врати дома. Исклучително е битно кандидатот (нормално, партиско човече) да знае кај се наоѓа и да не се губи. Ова е всушност најбитното нешто поврзано со работата. Ќе спроведеме тест за снаоѓање низ Скопје – ако не се изгуби големи се шансите да ја добие работата. Не за друго… глупо ќе е да се изгубат истовремено двајцата возачи, после ќе треба да вработиме трет возач за да ги бара.

Огласот се однесува на сите штабови на ВМРО-ДПМНЕ.

#ПоздравЧовечиња“.

http://www.kozanostra.net/oglas-se-bara-vozach-za-vozachot-na-martin-protuger/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: КОЗА НОСТРА ВЕСТИ :)

Пишување by Гостин on Нед Апр 19, 2015 11:23 am

Горде се зачлени во ватерполо клубот „Фљамуртари“



Министерката и главен кадровик на МВРО-ДПМНЕ Гордана Јанкуловска реши слободното време по напорните активности во МВРО-то да го искористи за спортување. Таа се зачлени во ватерполо клубот „Фљамуртари“ од Струга и секој слободен миг ќе го користи да плива и да се рекреира. Таа за „Курир“ изјави дека се претерало со филмчињата со Хју Грант, па морала да најде некое сосема ново хоби.

– Како што сите знаат, јас си го имам муабетот со ватерполистиве, па токму затоа го избрав овој спорт. Илија Димовски се обидуваше да ме премисли и да станам планинарка како него, наводно ватерполото било за шиптари, цигани и човечиња, но јас не мислам така. Ватерполото е идеално за мене, зашто јас изгледам нежно, а всушност сум многу груб играч – вели популарната Горде.

Нејзиниот колега Зоки исто така се зачленил во клуб за спорт во вода, но за подводна ритмичка гимнастика, за да не помислат во партијата дека се заедно. Новоформираниот клуб „Шупак на вода“ членарината ќе ја собира преку УЈП, а сите членови кои нема редовно да плаќаат членарина ќе се соочат со извршители.

http://www.kozanostra.net/gorde-se-zachleni-vo-vaterpolo-klubot-flamurtari/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: КОЗА НОСТРА ВЕСТИ :)

Пишување by Гостин on Пон Мај 11, 2015 11:03 pm

Груевски: Поддршката од Шешељ – најдобар знак дека сме на вистинскиот пат
Објавено на 10/05/2015



Премиерот Никола Груевски се заблагодари за поддршката што вчера ја доби од осомничениот од Хаг воен злосторник Војислав Шешељ. Лидерот на Српската радикална странка, на Твитер објави став дека Американците ги користат сите средства за да го урнат Никола Груевски, како и дека ги организирале протестите во Скопје и терористичките напади во Куманово. Груевски нема Твитер, дури има планови да го забрани за да спречи Американците да го бутнат, но затоа во приватна порака му напишал „Хвала брате Шешеље, ево и ја радим своји део посла“.

– Поддршката што дојде од Шешељ е само уште еден показател дека сме на вистинскиот пат за остварување на нашите стратешки цели: влез во НАТО и во Европската унија – ексклузивно изјави за „Сител“ премиерот Груевски.

Тој додаде дека освен поддршката од Шешељ и од Москва, наскоро очекува и писмена реакција со позитивни пораки од Пјонгјанг и од Пекинг, со што позицијата на Македонија како стратешки партнер на САД со специјален статус, која ја добивме по ветото од Грција во Букурешт, дополнително ќе ја зацврстиме.

Поради конверзацијата со Шешељ и со другите партнери од светот, македонскиот премиер вчера не се појави во јавноста со изјава за настаните во Куманово и акцијата во која загинаа осуммина македонски полицајци и непознат број цивили.

http://www.kozanostra.net/gruevski-poddrshkata-od-sheshel-najdobar-znak-deka-sme-na-vistinskiot-pat/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: КОЗА НОСТРА ВЕСТИ :)

Пишување by Гостин on Саб Сеп 12, 2015 8:40 am

Нема да ви се верува какво изненадување ни спрема „Гугл“ за 15 септември

Најпознатиот светски интернет-пребарувач „Гугл“ не престанува пријатно да ја изненадува македонската јавност. Откако на 8 септември ни го честиташе денот на независноста, една недела подоцна, на 15 септември ни подготвува ново изненадување. Коза ностра не би била Коза ностра доколку преку својот дописник во Силиконската долина крај Сан Франциско прва не го добиеше креативното решение, кое го објавуваме денеска.

На специјалното лого е претставен големиот македонски празник Денот на специјалните обвинители, кој ќе го празнуваат верниците и од православна и од муслиманска вероисповед, но и од останатите конфесии присутни во Македонија и во македонскиот Устав. Ова е еден од ретките празници кои ќе го празнуваат со иста жар и атеистите заедно со верниците. Нека ни е честит!



http://www.kozanostra.net/nema-da-vi-se-veruva-kakvo-iznenaduvane-ni-sprema-gugl-za-15-septemvri/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: КОЗА НОСТРА ВЕСТИ :)

Пишување by Гостин on Пон Фед 08, 2016 11:31 pm

Шишето со кандидатурата на Ќерим со задоцнување стигна во ООН



Шишето во кое беше сместена кандидатурата на Срѓан Ќерим за Генерален секретар на Организацијата на обединетите нации вчера попладне стигнала во седиштето на светската организација.

„Кандидатурата беше испратена од зградата на Владата на 16-ти јануари и истата стигна вчера попладне до седиштето на Оон во Њујорк. Шишето пловеше по рутата Вардар – Егејско море – Средоземно море – Атлантски океан – Ист Ривер.“ информираа од ООН. Оттаму додаваат дека шишето доцнело неколку денови, најверојатно заради неповолните струења во Атлантскиот океан.

Зад кандидатурата на Ќерим за почесното место во ООН досега се потпишаа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, претседателот на Р.М. Ѓорѓе Иванов, техничкиот премиер Емил Димитриев, како и премиерот на Белизе, господинот Дин Бароу.

http://www.kozanostra.net/shisheto-so-kandidaturata-na-kerim-so-zadotsnuvane-stigna-vo-oon/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: КОЗА НОСТРА ВЕСТИ :)

Пишување by Гостин on Пон Апр 25, 2016 12:18 pm

Чавков: Не плаќајте 200 денари по фотка, ги имам сликано и вашите свадби



Заменик-министерот за внатрешни работи со симболично презиме Чавков ги предупреди граѓаните да не фрлаат пари за прескапи фотографии кога одат по свадби и да се обратат до неговата служба за снимање во МВР.

– Нашите луѓе вредно снимаат и фотографираат. Зошто да плаќате по 200 денари за фотка? Ние како сервис на граѓаните ќе ви обезбедиме бесплатно видео и до десет бесплатни фотографии од свадбата на која сте биле. Снимаме и непоканети, така што нема потреба да се распрашувате кај невестата и младоженецот. Се што треба да направите е да дојдете на информативен разговор во МВР и да ни признаете на кои се свадби сте биле. Останатото е наша работа – вели Чавков.

Тој апелираше децата кога ќе видат чавки на небото да престанат да извикуваат „Колку чавки, толку петки“, зашто има само еден Чавков, а петките ќе бидат проверени на екстерно.

http://www.kozanostra.net/chavkov-ne-plakajte-200-denari-po-fotka-gi-imam-slikano-i-vashite-svadbi/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: КОЗА НОСТРА ВЕСТИ :)

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот