Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

БЛИТВА -

2 posters

Go down

БЛИТВА -  Empty БЛИТВА -

Пишување by osa Нед Jул 23 2017, 23:17

Блитва – одлична за здравјето на срцето и мозокот
Блитвата спаѓа во нискокалоричните намирници, па се смета за идеален зеленчук за одржување на телесната тежина.

Содржи витамини В и С, како и бета каротин, магнезиум, железо, калиум, калциум, а преполна е и со јаглехидрати и протеини.
Одржување на здравјето на очите

Карактеристични состојки за блитвата се и лутеин и зеаксантин, попознати како „витамини за очите“. Делуваат поволно на очите, ја спречуваат макуларната дегенерација, глаукомот и слични нарушувања на видот. Лутеинот е добар и при штитење на очите од УВ зраци.

Ги чува коските

Содржи големи количини на витамин К, магнезиум и калциум, а токму овие состојки ги зајакнуваат коските и се грижат за нивен правилен раст. Витаминот К1 во цревата се претвора во витамин К2, кој поттикнува производство на остеокалцин, кој пак директно го насочува калциумот кон коските.

Го намалува ризикот од дијабетес

За дијабетесот е добар секој зелен зеленчук, а што е подобро од блитва која содржи флавоноид, познат за регулирање на шеќерот во крвта. Затоа, блитвата е одлична за сите, а особено за оние кои патат од дијабетес
Помага при превенција на ракот

Богата е со антиоксиданси, па ги спречува слободните радикали да се шират еднакво како и клетките на ракот. Исто така, содржи голем број на витамини и минерали, бета каротин и кверцетин за кои се знае дека се добри при превенција на рак, особено при рак на дебелото црево.

Одржување на здравјето на мозокот

Ако работите некоја исцрпувачка работа која бара психичка концентрација, а консумирате тешка храна, почнете да внесувате блитва во вашата исхрана. Витаминот К и калиумот помагаат при когнитивниот развој и чување на мозокот.

Одржување на здравјето на срцето

Антиоксидансите во блитвата помагаат и при воспаленија и го забрзуваат процесот на опоравување. Го намалуваат крвниот притисок, го олеснуваат притисокот во срцето и крвните садови. Минералите помагаат за отпуштање на натриумот, а на тој начин се олеснува протокот на крв во организмот.
Помага при слабеење

Овој зеленчук содржи малку калории, а многу прехранбени влакна кои ја забрзуваат работата на метаболизмот. Влакната го намалуваат разградувањето на мастите и јаглехидратите, па на тој начин ќе имате подолго чувство на ситост.


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

БЛИТВА -  Empty Re: БЛИТВА -

Пишување by OPOZICIONER Чет Jул 27 2017, 22:33

shtovikash ke mu pomogne li na trendafil ova ?
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 963
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот