Денеска е Св.великомаченица Марина

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Денеска е Св.великомаченица Марина

Пишување by osa on Нед Jул 30, 2017 3:01 pm

Денеска е Св. великомаченица Марина- хрстијанката која беше обезглавена
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 јули.

Денеска е Св. великомаченица Марина.

Марина се роди во незнабожечки дом во Антиохија Писидиска. Со христијанството се запозна и се крсти на свои 12 години, по што доживеа да биде презрена од сопствените родители.

Во времето на Диоклецијан, Олимвриј, царскиот намесник во Антиохија, кога слушна дека света Марина е христијанка, а пленет од нејзината убавина, првин сакаше таа да му биде жена.

Кога таа одби, ја изведе на суд по секој пропис како христијанка. Света Марина беше цели два дена подложена на мачење и најпосле обезглавена.

Поголем дел од нејзините мошти се наоѓаат во манастирот Света Марина, во областа Мала Преспа (македонските села во Албанија), каде се уште се случуваат чуда над нејзините мошти.


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Денеска е Св.великомаченица Марина

Пишување by osa on Нед Jул 30, 2017 3:07 pm

Свети маченици Кирик и Јулита

Празници во најтоплиот период од годината поврзани со оганот

Во овој период од годината нашиот народ празнува три празници: Свети маченици Кирик и Јулита, Свети свештеномаченик Антиноген и Света маченица Марина, позната како Огнена Марија. Овие три празници меѓу народот се празнуваат како еден празник: Горешници - Чуруци и имаат иста смисла, заштита од оган, пожари и сл.

Во периодот на најтоплото време во годината народот празнува три дена, како што се вели, за од оган. Тоа се празниците посветени на светите маченици Кирик и Јулита 28/15 јули, светиот свештеномаченик Антиноген и неговите 10 ученици 29/16 јули и светата великомаченица Марина (Огнена Марија) 30/17 јули. Се верувало дека кој ќе работи во текот на овие празници ќе страда од оган, ќе му изгори куќата, или бидејќи е време за жетва сама од себе или од небесен оган ќе се запали и ќе изгори целата сеидба, како пожнеаното така и нежнеаното. Некаде се верува дека ќе изгори само тоа што е пожнеано тој ден.
Во народот овие три дена се нарекуваат Горешници (од оган-горење) или во други места Чуруци (пак од чур-чад, чурење-чадење на оган). Уште чурук се вели за нешто што не добро, односно што е лошо ( стана чурук ‒ стана лошо). Во некои места се смета дека ако се работи на овој ден ќе се исчуручи нивата (Дебарца, Охридско), односно ќе стане неродна. И во други места се верува дека ќе се исчуручат алиштата, ќе скапат. Во таа смисла е и записот на Е. Спространов во кој се вели: „Чуреѕи се вика денот на 15 јули. Тој ден жените не работат тешка работа (не перат, не влачат волна, не предат и др.), за да не им „чурутисвет“ алиштата ‒ станувале чурук-изгнивале“. Во смисла на народните верувања за овој празник интересен е и записот на М. Цепенков кој сведочи дека според овој ден се прогнозирало какво ќе биде времето. „На 15 јулиј (зуреци), во тој ден гледаат старите на времето какво ќе биди: ако је многу горештина, зимата ќе била многу студена; ако е облачно, зимата ќе била мека; а пак ако је дождовито зимата ќе била со лапајци.“
За време на римскиот цар Диоклецијан кога бил извршен жесток прогон на христијаните настрадала и светата великомаченица Јулита со својот петгодишен (според некои сведоштва тригодишен) син Кирик. Јулита рано останала вдовица и живеела во градот Иконија. Кога месниот владател Александар разбрал дека Јулита станала христијанка ја повикал и најпрвин со убедување се обидел да ја поврати во многубоштво. Но кога во тоа не успеал ја уценил со нејзиниот син. Тогаш Јулита се уплашила, но синот ѝ дал знак да не се откажува од вербата во Христа поради што разбеснетиот владетел со нога го турнал од вториот кат и детето на местото останало мртво. Потоа Јулита била мачена и со меч ѝ била отсечена главата. Тоа се случило во 304 година. Споменот на светите маченици Кирик и Јулита светата Христова црква го празнува на 28/15 јули.

Се верува дека Св. Кирик штити од кожни болести, па овој ден сите што имаат здравстевни проблеми со кожата се бањаат во изворите и реките.

Во некои краишта постои обичај за отстранување на страшила од нивите, бидејќи денеска не се потребни. Се верува дека Св.Кирик(Кирил) штити од птиците грабливки.
Како е ова, пред се празник на љубовта на мајката и детето, жените на денешен ден треба да избегнуваат да ги караат децата, бидејќи се верува дека во спротивно ќе бидат болни преку година.

На ова древно правило се придржуваат и останатите домашни, па на денешниот празник најмногу му се радуваат децата бидејќи денеска им се исполнуваат сите желби.

Затоа мајки поминете го денов со вашите деца. Прошетајте со нив, играјте и сакајте ги – сите ќе бидат посреќни.


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот