ЧЕСТВУВАЊЕ НА ИЛИНДЕН 2017 година

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ЧЕСТВУВАЊЕ НА ИЛИНДЕН 2017 година

Пишување by osa on Сре Aвг 02, 2017 10:20 pm

Аплаузи и свирежи за Џафери, собранискиот спикер го цитираше Крушевскиот манифест
Aug 2, 2017
Со аплауз, но и по некој свиреж, на Мечкин Камен беше пречекан собранискиот спикер Талат Џафери. Ист беше случајот и со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој за некои беше задоволство што е присутен, за други пак спротивното. Џафери, кој инаку како претседател на Собранието е и покровител на настанот, за првпат присуствуваше на оваа свеченост. Тој се обрати пред присутните кои за разлика од другите години не беа во ист број. Џафери својот говор го почна со цитат од Крушевскиот манифест.

„Елате браќа муслимани при нас, да тргниме против вашите и наши душмани! Елате под бајракот на „Автономна Македонија. Македонија е заедничка наша мајка и викат за помош. Елате да скршиме синџирите на ропството, да се куртулиме от маки и страданија. Мили наши комшии, како Турци, Арнаути елате при нас браќа, да си слејме душите и срцата и да се спасиме, та ние и нашата чељат и пречељат да живеат мирно, да си работат спокојно и да напредуваат“, го цитираше Џафери Крушевскиот манифест.

За овој цитат Џафери доби аплауз од присутните, и продолжи да говори за современите предизвици со кои се соочува Македонија. Тој истакна дека свеста која ја пред повеќе од 100 години ја поседувале организаторите на Востанието треба да служи како пример за соживот и разбирање, и треба да биде водилка за современите предизвици на Македонија.

„Периодот кој следи, налага многу работа и сериозни а можеби на прв поглед и тешки одлуки и решенија, кои во еден разумен рок ќе ја покажат придобивката за сите граѓани. Собранието на Република Македонија, тука мислам на сите сто и дваесет (120) пратеници и на администрацијата, има капацитет а верувам и политичка волја да ја исполни својата обврска која произлегува од владиниот План познат како 3-6-9“, рече Џафери.

Официјална македонска делегација и годинава не успеа да го посети манастирот Прохор Пчински каде пред 73 години се оддржа првото заседание на АСНОМ. Местото каде пред повеќе од 7 децении се поставени темелите на современата македонска држава низа години од Србија е забрането за посетување од официјални делегации од Македонија.

Антонио Крстевски

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11962
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЧЕСТВУВАЊЕ НА ИЛИНДЕН 2017 година

Пишување by osa on Сре Aвг 02, 2017 10:23 pm

Заедничка прослава на Илинден- Заев и Борисов се поклонија пред гробот на Гоце Делчев
Aug 2, 2017

Историски момент за Македонија и Бугарија. За прв пат високи претставници на двете држави заедно го одбележуваат големиот празник Илинден. Премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов се поклонија пред гробот на револуционерот Гоце Делчев.

По повод одбележувањето на 114-годишнината од Илинденското востание и 73 годишнината од АСНОМ, премиерот Заев порача дека треба да бидеме обединети во прифаќањето на заедничките стратешки цели за да може во светот Македонија да го добие заслуженото место.

Премиерот Заев зборуваше и за реформите кои ќе се реализираат во рамки на планот 3-6-9.

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов не даде изјава по поклонувањето пред гробот на Гоце Делчев. Тој вчера по потпишувањето на договорот за добрососедство изјави дека подобро е да празнуваме заедно, а не да војуваме. Само така, според Борисов, ќе ги достигнеме европските вредности и нивото на европските земји.

Иако од неговата партија вчера го повикаа членството да не учествува во прославите на Илинден организирани од сегашната Влада, бидејќи според нив таа е нелегитимно избрана, сепак лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски испрати честитка по повод Илинден. Во неа тој порачува дека 2.Август е денот кој го означува почетокот на македонската борба за независност.

Со денешното заедничко одбележување на празникот „Илинден“ и поклонување пред гробот на Гоце Делчев, заврши дводневната посета на бугарската делегација, предводена од премиерот, Бојко Борисов. Ден претходно, беше потпишан Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11962
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот