ЖИВКО МИТРЕВСКИ ПЛАЧЕ ЗА ФУНКЦИЈАТА

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ЖИВКО МИТРЕВСКИ ПЛАЧЕ ЗА ФУНКЦИЈАТА

Пишување by OPOZICIONER on Пон Aвг 14, 2017 5:51 pm

Димовски: Заврши тиранијата на Живко Митревски

Сојузот на синдикати на Македонија, изјави новиот претседател на ССМ, Дарко Димовски, кој денеска ја презеде функцијата откако прво мораше да се избори за влез на своето ново работно место.

Официјалното примопредавање на кабинетот ќе се одржи денеска во 15.00 часот и досегашниот предводник на синдикалците, Живко Митревски, ќе му ја отстапи фотелјата на Димовски. За потсетување утринава по наредба на Митревски, обезбедувањето одбиваше да ги отвори вратите за новиот синдикален лидер иако Димовски со себе носеше решение од Централниот регистар каде е запишан како в.д. претседател.

-Десет месеци чекавме Централниот регистар на Република Македонија да го спроведе решението на Министерството за труд и социјална полигика. Денеска овластено лице на ССМ сум јас. Се слушна гласот на работниците и заврши тиранијата на Митревски. Во синдикалното движење почнува ново поглавје. Oд денескa јa применувaме пaрoлaтa Грoбaрoт нaдвoр, синдикaлците внaтре – изјави Димовски.

Тој најави дека против Живко Митревски ќе покренат постапка, бидејќи oд 2010. гoдинa неoвлaстенo пoтпишувaл oдлуки што дoсегa билo зaнемaрувaнo oд стрaнa нa сите министри.
avatar
OPOZICIONER

Број на мислења : 256
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЖИВКО МИТРЕВСКИ ПЛАЧЕ ЗА ФУНКЦИЈАТА

Пишување by Bosonoga on Пон Aвг 14, 2017 6:06 pm

Турканици и скршени стакла, тензична смена на Митревски од кормилото на ССМ
Четири пиштоли во сопственост на ССМ, комисија прави попис што оставил Митревски зад себе
17:14 | август 14, 2017
Четири пиштоли и куршуми, повеќе уметнички слики, компјутер, тепих, работни маси, клуб масички, се дел од работите што ги има на списокот на ССМ, кои комисијата за попис треба да констатира дали претходниот претседател Живко Митревски ги оставил во претседателските канцеларии. Тој денеска, иако најави дека ќе дојде во просториите на ССМ за да изврши примопредавање на претседателската функција, тоа не се случи. Испрати само порака до новиот претседател Дарко Димовски дека печатите ги испратил по шофер.
„Направете што треба, пратени се автомобилите, пратени ви се печатите, со секретарот сме во Обвинителството и во Владата“, гласеше СМС-пораката.
Во пратката од Митревски имаше четири печати и клуч од едната канцеларија, но не и од претседателската канцеларија, па по налог на новото претседателство интервенира Службата за одржување и обезбедување на ССМ. Откако вратата насилно беше отворена, членовите на комисијата за попис успеаја да влезат со цел да направат проверка на работите што недостигаат пред новиот претседател да седне на челната позиција на Сојузот на синдикатите. Од комисијата изјавија дека списокот со работи е голем, па во текот на утрешниот ден ќе информираат за деталите што оставил Митревски во ССМ, а што недостига.
avatar
Bosonoga

Број на мислења : 190
Join date : 2017-03-15

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЖИВКО МИТРЕВСКИ ПЛАЧЕ ЗА ФУНКЦИЈАТА

Пишување by Bosonoga on Пон Aвг 14, 2017 6:15 pm

Централен регистар: Извршено е евидентирање промена на овластено лице за застапување на ССМ
Неосновани и неточни се наводите за незаконски донесено решение од Централен регистар за упис на нов претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, соопшти денеска Централниот региста
Извршено е, како што појаснуваат, евидентирање на промена на овластено лице за застапување на Сојуз на синдикати на Македонија, а основен регистар за синдикатите е Министерството за труд и социјална политика.

– Централниот регистар на Република Македонија постапува во рамки на своите надлежности предвидени во Законот за Централен регистар и во согласност со член 13 од Законот за едношалтерски систем и за водење на Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица. Имено, во регистарот на други правни лица, врз основа на Решение број 08-8191/2 од 14.11.2016 донесено од министер за труд и социјална политика Фросина Ременски и Решение број 08-8191/14 од 04.08.2017 донесено од министер за труд и социјална политика Мила Царовска, се изврши евидентирање на промена на овластено лице за застапување на Сојуз на синдикати на Македонија, се вели во соопштението.

Согласно член 190 став 1 од Законот за работните односи, се додава, синдикатите се запишуваат во регистарот на синдикати кој се води во Министерството надлежно за работите од областа на трудот. Според тоа, посочуваат од Централниот регистар, основен регистар за синдикатите е Министерството за труд и социјална политика. Централниот регистар на Република Македонија согласно член 13 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица обезбедува податоци определени во член 4 од истиот Закон за субјектите за кои основниот регистар го води друг орган.
avatar
Bosonoga

Број на мислења : 190
Join date : 2017-03-15

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЖИВКО МИТРЕВСКИ ПЛАЧЕ ЗА ФУНКЦИЈАТА

Пишување by Kalinda on Чет Aвг 17, 2017 12:06 am

Интересна случка
,се повлекувате.
Така и треба !
Неможе секој да
владее со државата ?!
Прашање на време е
кога целата влада
ке си даде оставка .
avatar
Kalinda

Број на мислења : 436
Join date : 2015-02-28

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЖИВКО МИТРЕВСКИ ПЛАЧЕ ЗА ФУНКЦИЈАТА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот