ДЕНЕС Е РОДЕНДЕН НА АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ДЕНЕС Е РОДЕНДЕН НА АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Пишување by Bosonoga on Пет Aвг 18, 2017 11:31 am

Од „АРМ мој вистински дом“ остана само дупка!
Претходната власт со лажни ветувања „го подигна“ животниот стандард на вработените во одбраната. Една година по поставувањето камен-темелник, местото на кое требаше да никне зграда за припадниците на АРМ, е празна ливада

Сѐ е подготвено за денешното свечено одбележување на големиот јубилеј - 25 години Армија на Република Македонија. Артилериски плотун и бројни летови на хеликоптери синоќа ги изненадија граѓаните на Скопје, сѐ додека не стигна објаснување дека се одржувала генерална проба за денешната централна прослава. На пробата ѝ претходеше изложба во Воениот музеј во Скопје, на која беа презентирани фотографии, воена опрема, оружје и ексклузивитети од вооружувањето на специјалните единици од 25-годишниот историјат на АРМ. Високите претставници во МО и АРМ, амбасадори и воени аташеа во Република Македонија, на фотографиите можеа да видат разни аспекти од развојот и растот на АРМ, но не и некои „дребулии“ кои го засегаат стандардот на нејзините припадници во изминатите 25 години
Mazedonien Maksim Dimitrievski (Maksim Dimitrievski)
Максим Димитриевски
Современ комплекс
„АРМ мој вистински дом“ беше името на проектот, кој на припадниците на Армијата требаше да им овозможи да го решат станбеното прашање. Се најде и во Отчетот на ВМРО-ДПМНЕ за сработеното во периодот 2011-2014: „Отпочнато е со процесот на изработка на планска и проектна документација за изградба на станови во Скопје, еднособни (35 м2), двособни (55 м2) и трособни (70 м2) лоцирани кај касарната Илинден, за 515 припадници на Армијата, согласно со конкурсот и рангирањето на заинтересираните војници и старешини. Во завршна фаза се преговори со банките за обезбедување кредити, при што се дефинираат условите за износот на учеството кој ќе го плаќаат корисниците на кредитот, рокот на отплата на главнината, износот на каматата и должината на грејс-периодот“.
Проектот беше најавуван во повеќе министерски мандати, а неговата реализација започна во мандатот на претходниот министер за одбрана, Зоран Јолевски. Лани во октомври, во пресрет на декемвриските паралментарни избори, беше поставен камен-темелникот за првата од неколкуте планирани згради. За тоа каков бил „стандардот“ во сферата на домувањето, посведочи и фактот дека 527 војници биле заинтересирани за купување на становите што требаше да никнат со овој проект.
„Ова ќе биде современа населба, современ комплекс, со подземни гаражи. Ќе имаме најдобри решенија како за становите, така и за целата околина. Овој проект ќе трае се додека постои интерес. Еднособен стан ќе чини околу 19.000 евра, а четврособен - не повеќе од 45.000 евра“, рече Јолевски при поставувањето на камен-темелникот.
Во првата фаза беше предвидена изградба на станови во Скопје, Куманово и Тетово, а во наредните, согласно со интересот на припадниците на АРМ, и во Велес, Кичево, Прилеп и Штип. Но, градежните активности на тој плац траеја колку и најавата за нив. Претседателот на Комисијата за одбрана на СДСМ, Максим Димитриевски, го посети „градилиштето“ 18 дена по поставувањето на камен-темелникот и соопшти дека таму не се одвиваат никакви активности.
„Најавија градилиште, фрлија лопати и си заминаа. Остана само камен темелник. Груевски заедно со Јолевски повторно ги изманипулира професионалните војници“, обвини Димитриевски. Од Министерството за одбрана веднаш реагираа со став дека „течат подготвителни активности, дека нема застој во реализацијата на проектот и дека постојат рокови кои се почитуваат“.
Остана само дупка
Каква е сликата денес на местото каде што требаше да никне првата зграда?
„Остана само дупка од проектот 'АРМ мој вистински дом'“, вели Ристо Ајтов, претседател на Синдикатот на одбрана и безбедност.
„За едно фотографирање за дневно-политички поени, Јолевски ангажиреше фирма да ископа дупка и да ја маскира како темел. За тоа негово фотографирање беа потрошени пари од буџетот кои можеа да се искористат порационално - за купување војнички униформи, чизми и за други потреби. Подготовката на овој проект - од план до првата дупка, има проголтано 100.000 евра. Ете, на таков начин, со туркање партиска агенда и со лажни ветувања 'се подигна' животниот стандард на војниците и вработените во одбраната“, вели Ајтов.
Да биде иронијата поголема, уште лани во септември, 32 припадници на АРМ кои биле прворангирани во проектот „АРМ мој вистински дом“, на церемонија во Домот на АРМ го извлекоа и бројот на станот кој ќе имаат можност да го купат по најповолни услови.
„Чест ми е што присуствувам на овој настан, на кој ќе се доделат броевите за 32 стана од првата зграда од овој значаен проект“, рече Јолевски.
Една година подоцна, прворангираните и натаму се потстанари.
„Немаме стан, ама барем знаеме кој број ќе беше, ако го имавме. Сега можеме да одиме на ливадата и да си цртаме - овде ќе ни беше дневната соба, овде детската, овде кујната... А притоа да внимаваме да не паднеме во дупката од камен-темелникот“, вели со сарказам еден од прворангираните.
Стари проблеми, нови очекувања
АРМ го одбележува 25 - годишниот јубилеј во време кога новата влада изразува надеж дека Македонија ќе стане 30-та членка на НАТО. Покрај стандардните критериуми, за таа цел е неопходно и зголемување на буџетот на одбраната, кој досега не успеваше да ги покрие елементарните потреби. Со години наназад синдикалците го изразуваа незадоволството од стандардот- недостиг на опрема, на униформи, отсуство на вежбовни активности поради недостиг на маневарски средства, плата на униформираните под просекот на ресорот одбрана и под републичкиот просек, доцнење на исплатата на надоместоците за одвоен живот... По прославата на роденденот очекуваат новата влада да покаже поинаков однос кон решавање на овие проблеми.
За роденден на АРМ е избран 18 август, денот кога во 1943 година на Славеј Планина, во областа Дебарца, бил формиран баталјонот „Мирче Ацев“, кој се смета за првата организирана воена формација на НОВ на Македонија. Процесот за формирање на АРМ започна на 21 февруари 1992 година, кога тогашниот македонски претседател Киро Глигоров и претставникот на федералната армија, генералот Благоја Аџиќ, потпишаа договор за дислокација на ЈНА од Македонија со краен рок до 15 април. ЈНА целосно се повлече на 27 март 1992 година. На 14 април во касарната во Охрид пристигна првиот македонски регрут, а следниот ден во касарните во Скопје, Битола, Штип и во Охрид веќе беше примена првата генерација млади војници во АРМ, со што и почна формирањето на вооружените сили на Република Македонија.

avatar
Bosonoga

Број на мислења : 190
Join date : 2017-03-15

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ДЕНЕС Е РОДЕНДЕН НА АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Пишување by Bosonoga on Саб Aвг 19, 2017 1:44 pm

najmnogu se raduvaa najmalite na rodendenot na ARM ....mnogu posetiteli mali na poligonot vo park ....vo Skopje ...
avatar
Bosonoga

Број на мислења : 190
Join date : 2017-03-15

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот