ПРИЛЕП - КАКО НА ДИВИОТ ЗАПАД

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ПРИЛЕП - КАКО НА ДИВИОТ ЗАПАД

Пишување by osa on Нед Aвг 20, 2017 4:22 pm

Како на дивиот запад! Масовна тепачка во центарот на Прилеп – Полицијата наполни цело комбе! (ФОТО)
Масовна тепачка помеѓу две поголеми групи се случи вечерва во 1:30 часот по полноќ во строгиот центар на Прилеп, кај Реклами.

Поради засега непозната причина, двете групи најпрво се судриле зад бизнис центарот, а потоа тепачката ескалирала на булеварот “Гоце Делчев”, пред очите на стотина очевидци.

Полицијата пристигнала со повеќе возила на лице место, при што според очевидците со удари се здобиле и дел од полицајците кои интервенирале во тепачката.
Но, случувањата тука не престанале. Откако полицијата привела неколкумина, едно лице започнало да тропа по полициското комбе, барајќи да се ослободи некое од приведените лица и со остри зборови да се обраќало кон полицајците. Истото потоа се дало во бегство, а во филмска бркотница подоцна и тој бил приведен.
Причините за оваа масовна тепачка, која го блокирала и целиот сообраќај, засега остануваат непознати.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11953
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот