ИМА ПАРИ ВЕЛИ ШЕКЕРИНСКА

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ИМА ПАРИ ВЕЛИ ШЕКЕРИНСКА

Пишување by TRAJCHE on Нед Окт 01, 2017 1:01 am

Шекеринска од Градско: Приклучете се, до 15 октомври да ја кажеме нашата визија за Градско!
30/09/2017 - 21:49 199 прегледи
„Ве повикувам сите да се вклучите до 15 октомври да влеземе во секој дом и во секое семејство да ја кажеме нашата визија за Градско. Да објасниме дека животот може да се врати во оваа општина и да покажеме дека животот може да биде подобар.“ порача заменик претседателката од вечерашниот митинг на СДСМ и коалицијата во Градско.

Заменик претседателката Шекеринска порача дека СДСМ и коалицијата на овие локални избори на граѓаните им нудат чесна понуда којашто предвидува да се гради по план.
– Одлуките за тоа како и што ќе се гради во Градско ќе ги носат овие луѓе. Нема да ги носи ниту министер, ниту премиер на кој во 3 часот наутро му текнала некоја идеја, како што беше претходно. Ќе градиме по план заради тоа што Македонија не може да се дозволи импровизации. Куќа кога гради некој од вас, па ќе викне некој којшто знае како да го направи планот. Македонија 100 милиони евра ќе треба дополнително да најде за еден од автопатите, затоа што тргнале да прават автопат, а немале соодветен план. Свлечишта се појавуваат, тунелите не може да се ископаат. 100 милиони евра! Пола Македонија може да и ги решиме сите проблеми со водоснабдување и канализација со тие пари!“ рече заменик претседателката Шекеринска.

Заменик претседателката Шекеринска посочи дека најголемите проблеми на граѓаните се решаваат на локално ниво. Во однос на досегашното раководење на општината заменик претседателката истакна дека после 11 години централна власт и 17 години локална власт, ВМРО-ДПМНЕ го оставиле Градско со нерешени проблеми, без решено водоснабдување, без вода.

„На овие локални избори треба да покажеме сите дека граѓаните нема да трпат вакво неодговорно однесување. Не може да нема пари да се реши проблемот, над 11 години, со водоснабдувањето на Градско, а да има пари, видовме сега 30 милиони евра да се потрошат на поткупување на медиумите?!“ рече заменик претседателката Радмила Шекеринска на вечерашниот митинг што се одржа во Градско.
avatar
TRAJCHE

Број на мислења : 100
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИМА ПАРИ ВЕЛИ ШЕКЕРИНСКА

Пишување by трендафил on Нед Окт 01, 2017 2:47 pm

Не знам што е поентата на овој цитат. Дали дека Шеќеринска повторно веројатно лаже како што лажеше исто така во својство на потпретседател на СДСМ и во Градско и во други градови во Македонија дека ќе се вработува по еден од секое семејство. Или можеби дека манипулира дека пред 11 години имало доволно вода во Градско, а пресушила со доаѓањето на Груевски на власт. Чудно тогаш зошто водата не протече по формирањето на марионетската влада на Бејли, Ахмети, Села и Заев. Дали Шеќеринска мисли дека пред 11 години во Македонија немало пари, па немало и вода од оправдани причини. Немало ни автопатишта. За потсетување пред тие 11 години СДСМ беше на власт 4 години, скоро една година беше власт и кога премиер беше Љубчо Георгиевски, а пред тоа на власт беше 54 години, од тоа 46 години како единствена партија на власт. Не ли е тоа доволно време да се реши водоснабдување, ако проблемот е едноставен.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2768
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИМА ПАРИ ВЕЛИ ШЕКЕРИНСКА

Пишување by трендафил Yesterday at 3:49 pm

Ајде и овде да прашам зошто парите за кои СДСМ тврдеше дека ги крадела претходната власт и по повеќемесечно владеење на избраниците на меѓународната заедница никаде не се појавуваат. Наместо да има вишок пари во буџетот кои нели сега не се крадат, а според клеветите порано се крадеа, имаме вишок на задолжување и трошење на девизните резерви. Што би рекле помалку пари. Дали сегашната власт е можеби составена од тотални дибеци за економија или од евентуални крадци?
Не ли ве боли кога Шеќеринска се однесува кон вас како кон будалетинки. Ако има пари за се, па и за водовод во Градско, зошто владата позајмува пари неколку пати месечно???

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2768
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИМА ПАРИ ВЕЛИ ШЕКЕРИНСКА

Пишување by misterija Yesterday at 5:15 pm

Шеќерка вели има пари, ветува покачување на платата за 10/. во армијата, ветува за секој вработен во АРМ да добива по една просечна плата како награда за изминат труд на 20 год.раблтен стаж, ветува униформи, ветува...од каде пари само незнам!?

misterija

Број на мислења : 126
Join date : 2016-12-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИМА ПАРИ ВЕЛИ ШЕКЕРИНСКА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот