ТИ БЕШЕ МОЕТО СЕ ,А СЕГА

Go down

ТИ БЕШЕ МОЕТО СЕ ,А СЕГА

Пишување by EVITA on Саб Окт 07, 2017 9:50 am

Ти беше моето сѐ, а сега не знам како да живеам без тебе...

Нашето раскинување беше вртлог од чувства. Беше збунувачки, шокантно и искрено кажано, не можев да го процесирам. Кога ги слушнав тие зборови: „Мислам дека треба да се разделени“, кои ти ги кажа толку ладнокрвно, нешто се скрши во мене. Но, тоа не ме погоди се додека не ми се појави мислата: „Како ќе живеам без тебе?“

Кога ќе се разбудам наутро, прво го проверувам телефонот да видам дали ќе има порака од тебе, но наместо тоа гледам празен екран. Моето срце се крши и повторно низ глава ми поминува нашиот последен муабет. Ми недостасуваат малите работи, да ми кажуваш дека сум убава, кратките бакнежи пред да си посакаме добра ноќ и сознанието дека некој ме чека на крајот од денот.

Највеќе ми недостасува она што бевме. Спомените не се оние кои ми го кршат срцето, туку сите слики кои одеднаш ме преплавуваат. Секогаш кога ќе поминам покрај место каде што заедно создававме спомени, солзи ми навираат на очи. Се чувствувам осамено, не сакам да им здодевам на моите другарки и да ги замарам со моите проблеми, но морам некаде да си ги искажам чувствата. Потребен ми е вентил кој ќе ми помогне да се олеснам.

Ужасна е помислата дека морам да почнам отпочеток и тоа без некаква идеја како да ги направам тоа.

И она што највеќе ме убива се луѓето кои ми велат дека предолго сум тажна и дека едноставно морам да застанам на нозе. Но, тие не беа со нас кога ние уживавме и бевме среќни заедно, ниту пак беа со нас кога првпат си кажавме дека се сакаме. Тие немаат идеја колку сум повредена.

Вистината е дека ме боли затоа што беше реално. Боли затоа што навистина беа искрени чувствата. Следната вистина е дека со тек на време знам дека ќе бидам подобро.

Болката е преголема затоа што моето срце не ми припаѓаше само на мене, туку му припаѓаше и нему. И кога тој си замина, тој со себе зема и дел од моето срце. Да, уште ќе плачам. И тоа многу. Знам дека каде и да одам ќе го барам со погледот. Дури можеби и ќе му заѕвонам, иако знам дека тоа е лоша идеја. Но, тоа е дел од процесот.

Знам дека ќе преболам, но тоа ќе биде на мој начин и во мое време.

Раскинувањето е моментално, но за ослободувањето од болката е потребно време. Затоа, овие работи ќе ги правам чекор по чекор.

http://skopjeinfo.mk/ti-beshe-moeto-sje-sega-ne-znam-kako-da-zhiveam-bez-tebe

EVITA

Број на мислења : 82
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ТИ БЕШЕ МОЕТО СЕ ,А СЕГА

Пишување by EVITA on Вто Окт 31, 2017 10:44 pm

ubava posetenost na temata ,site chitate ,no nikoj ni bukva da napishe ,dali site ste srekni vo ljubovta pa zatoa ?

EVITA

Број на мислења : 82
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ТИ БЕШЕ МОЕТО СЕ ,А СЕГА

Пишување by misterija on Сре Ное 01, 2017 1:05 pm

Ne e deka se site srekni vo ljubovta, ne umeat samo bolkata i razocaruvanjeto vo nea da ja pretocat vo zborovi od koi ke izviraat emocii, za da moze citatelot da gi pocuvstvuva...

misterija

Број на мислења : 132
Join date : 2016-12-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ТИ БЕШЕ МОЕТО СЕ ,А СЕГА

Пишување by osa on Саб Мар 10, 2018 2:07 pm


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12798
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ТИ БЕШЕ МОЕТО СЕ ,А СЕГА

Пишување by osa on Вто Апр 03, 2018 12:05 am

glagolot "beshe" vo minato svrsheno vreme ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12798
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ТИ БЕШЕ МОЕТО СЕ ,А СЕГА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот