ПОЧНА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА ВО СКОПЈЕ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ПОЧНА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА ВО СКОПЈЕ

Пишување by Bosonoga on Саб Окт 07, 2017 10:45 am

Топли домови и радијатори - Започна грејната сезона во Скопје

На граѓаните на Скопје кои се приклучени на системот за централно греење од денеска ќе им се испорачува топлинска енергија во нивните домови, потврдуваат од БЕГ и ЕЛЕМ Енергетика.

Прецизираат дека Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) даде одобрение за старт на грејната сезона пред вообичаениот почеток на 15 октомври поради најавениот пад на температурите.

Законската регулатива предвидува доколку, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови, снабдувањето со топлинска енергија на тарифните потрошувачи може да почне и пред 15 октомври, но не и пред 1 октомври, и тоа по претходно одобрение од РКЕ.
avatar
Bosonoga

Број на мислења : 157
Join date : 2017-03-15

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПОЧНА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА ВО СКОПЈЕ

Пишување by Bosonoga on Саб Окт 07, 2017 10:49 am

dobro bre luge se menuva klimata toa e ochigledno ,a ke se najde li nekoj so muda da gi smeni pravilata vo regulatorna komisija ,glej sega za se se najde reshenie i ke se naoga ,a za ova ke si terame i ke go bogatime "bate sashe " oti negova e BEG ,i ke primenuvame nekoi pravila od pred sto godini ,ami sramota ,se smeni vlasta ,pa treba i ovie glupi pravila da se menuvat
avatar
Bosonoga

Број на мислења : 157
Join date : 2017-03-15

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПОЧНА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА ВО СКОПЈЕ

Пишување by osa on Саб Окт 07, 2017 6:26 pm

И поевтина, струјата е изгор скапа за греење!
Нова грејна сезона, стари главоболки. Топлиот дом и годинава ќе биде луксуз за поголем дел од македонските граѓани.


Предвремениот старт на грејната сезона ги стопли радијаторите на корисниците на услугите на топлификација во Скопје, но ги смрзна граѓаните во внатрешноста. Во недостиг од огревно дрво, пред сѐ поради доцнења во испораката до корисниците, струјата е единствената сигурна опција за загревање на домовите, но истовремено и најскапа. Сериозен предизвик за дури две третини од домаќинствата кои според проценките и годинава ќе се топлат на струја. Во вакви услови, воведувањето на евтината дневна тарифа е мал, но сепак добредојден чекор за граѓаните:
„Не очекувам којзнае какво намалување на сметките, но во оваа немаштија секој денар помалку е значаен. Знам дека е скапо, но и годинава ќе се греам на струја, бидејќи немам друга опција“, вели Горан К., жител на скопската населба Влае, каде нема топлификациска мрежа.
Евтината тарифа допрва ќе стартува  
Колкав ќе биде бенефитот од воведувањето на дневната евтина тарифа засега не може да се утврди. Првичните пресметки би се правеле од наредниот месец, кога практично и ќе може да се регистрира и сумира потрошеното. Од крајот на минатиот месец ЕВН Македонија започна да ги усогласува броилата за евтина тарифа. Овој процес, според најавите, трае сукцесивно и треба да заврши деновиве. Она што е значајно, според надлежните во оваа компанија, е што по ваквата мерка до крајот на годинава не треба да се очекува поскапување на струјата, туку напротив - можно е дури таа и да поевтини:
Logo der niederösterreichischen Energie Versorgung - EVN - Macedonia (DW)
„За оваа година може да очекувате намалување на цената на електричната енергија. Но за долгорочно тоа зависи од глобаниот пазар на електрична енергија. Мора да се одлучува година по година “, вели Штефан Петер, директор на ЕВН Македонија.
Воведувањето на евтината дневна тарифа, која допрва ќе треба да профункционира, следува по минималното корегирање надолу на цената на струјата во јули од 0,25%. Но сето ова, според дел од граѓаните, нема којзнае колку да влијае врз сметките. Посебно не со евтината тарифа која ќе биде достапна во периодот од 14 до 16 часот:
„Не знам колку тоа ќе се исплати, ако се знае дека во тоа време ретко кој е дома. Освен пензионерите, сите се на работа, децата на училиште. Некако не е баш погоден временскиот тајминг. Но добро, да видиме. Ќе се прилагодуваме“, коментира Маријан, жител на скопската населба Козле.
Sonnenkollektoren auf Haus Dach (Colourbox)
Греење на струја е апсурд, свеста мора да се менува
Фактот дека струјата и натаму доминантно се користи за загревање на домовите во текот на зимскиот период, за експертите е несфатлив.
Тие велат дека струјата не само што е скапа, туку и еколошки е проблематична. Затоа треба да се работи на развивање на свеста за инвестирање во алтернативни, еколошки решенија, кои се можеби поскапи, но на подолг рок носат големи заштеди.
Ако е за утеха, последниве години трендот почнува да се менува. Расте бројот на станбени згради и индивидуални домови кои се изработуваат со топлински фасади. Расте и популарноста на т.н. инвертер технологија која ја користат сѐ поголем број домаќинства:
„Инвертер климите се бараат доста, посебно периодов, пред стартот на грејната сезона. Добро е што сѐ повеќе граѓани сфаќаат дека овој тип на клима уреди, кои се поскапи, се далеку поефикасни. Во зависност од моделот, разликата во потрошувачка на струја во споредба со обичните модели е пониска дури и до две третини. Имаме доста работа“, вели сопственик на една од специјализираните продавници во Скопје за ваков тип на уреди.
Огревното дрво втора најпопуларна опција
Огревното дрво е втора најпопуларна опција за греење. Според проценките, со него зимата ја туркаат околу 150.000 домаќинства во земјата. Добрата вест годинава е што цените се непроменети. Во јавното претпријатие „Македонски шуми“ кубен метар бука се продава за 2.370 денари, односно 2.450 за кубен метар даб.
Symbolbild Mann macht Feuer (picture-alliance/Lehtikuva/Hehkuva)
Но проблемот е што дел од корисниците чекаат на испорака која доцни. Од Јавното претпријатие велат дека сезонава продале околу 300.000 кубика и очекуваат испораката да заврши најдоцна до крајот на месецов. Од друга страна во приватните складишта е значително поскапо: од 3.000 до 3.600 денари, во зависност од типот на дрвото. Сепак, за разлика од онаа што ја нуди Јавното претпријатие, тука влегува и услугата за транспорт, а најчесто и за цепење на дрвата.
Парното греење значително поевтини
Во најповолна позиција се приклучените на мрежата на топлификација, привилегија која ја уживаат околу 50.000 домаќинства во Скопје.
Heizregler an der Zentral Heizung (picture-alliance / chromorange)
За разлика од минатите години, кога неколку илјади корисници се исклучија од системот поради високите цени, сега трендот е обратен. Расте бројот на оние кои повторно се приклучуваат во мрежата. Оние пак кои не сакаат да се вратат во системот и натаму мора да плаќаат месечен паушал. Од август годинава парно греењето е поевтино. Најголемиот снабдувач, „Балкан енерџи груп“ има пониски цени за 10.93%, „ЕЛЕМ енергетика“ за 11.59%, а „Скопје Север“ за 4%.
Експертите предупредуваат дека ширењето на топлификациската мрежа е ургентно потребна, посебно во Скопје кој во зимскиот период поради греењето со нееколошки средства како дрва, јаглен и слично, важи за еден од најзагадените градови во Европа. Со идентичен проблем се соочени и уште неколку погусто населени градови како Тетово, Битола, Гостивар.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12124
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПОЧНА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА ВО СКОПЈЕ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот