ЗА ВАКВИ АПАШИ КЕ ГЛАСАТЕ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ЗА ВАКВИ АПАШИ КЕ ГЛАСАТЕ

Пишување by osa on Саб Окт 07, 2017 6:39 pm

Каков имот крие пратеникот на ДПМНЕ од Прилеп, Димитар Стевананџија?
Согласно Законот за спречување на корупцијата, избран или именуван функционер најдоцна 30 дена од денот на изборот или именувањето пополнува анкетен лист со детален попис на недвижниот имот, подвижни предмети од поголема вредност, хартии од вредност и побарувања и долгови, како и друг имот што е во негова или во сопственост на членовите на неговото семејство.
Притоа треба да го наведе и основот на стекнување на пријавениот имот. Истовремено, функционерот е должен во рок од 30 дена да го пријави секое зголемување на неговиот имот, односно на имотот на член на неговото семејство. Тука спаѓа изградбата на куќа или други објекти, купување на недвижности, хартии од вредност, автомобил или други подвижни предмети во вредност што надминува износ од 20 просечни нето плати во претходниот тримесечен период.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија за прв пат седна во собраниските клупи во 2011 година. Во анкетниот лист доставен до ДКСК Стевананџија пријавил една куќа како имот за родителите, стан како личен имот, куќа како заеднички имот со брачниот другар, патничко моторно возило, акции во вкупна вредност од 13.800,00 денари и парични средства во висина од 200.000,00 денати како личен имот, како и 12.900 евра како имот на брачниот другар.
Уште тогаш прилепскиот пратеник прикрил, односно не пријавил имот од значителна вредност кој бил сопственост на неговиот татко, кој по основ на денационализација го добил во текот на 2006 година, како и стан во Прилеп од кој од февруари 2016 година по основ на закупнина остварува месечен приход во висина од 4.000,00 денари.
Стевананџија го прикрил, односно не го пријавил и имотот на неговиот брачен другар, кој во мај оваа година го стекнал по основ на договор за подарок. Како промена во имотната состојба која пратеникот не ја пријавил во ДКСК спаѓа и куќата на ул.„Цане Илиески“ која ја стекнал во 2013 година, една идеална половина од стан на ул.„Јоска Јорданоски“, како и стан во центарот на Скопје стекнат во септември 2014 година кој го стекнал врз основа на договор за купопродажба.
Она што е особено интересно, е дека и покрај тоа што има стан во Скопје со површина од 50 м2, сепак во 2014 и 2015 година по основ на патни трошоци Стевананџија остварил приход од 1.382.080,00 денари, или приближно 22.500 евра!
Од увидот во анкетниот листа за пријавените парични средства како личен имот, како и средства на неговиот брачен другар во висина од близу 15.000 евра, станува јасно дека Стевананџија во никој случај не можел да се стекне со сопственост на имотот кој го прикрил, т.е. не го пријавил во анкетниот лист.
Со оглед на фактите кои се неспорни, повеќе не се поставува прашањето дали, туку зошто пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија не пријавил толку голем имот? Тоа бил должен да го направи како при првиот избор за пратеник, така и подоцна, за целото време на извршувањето на пратеничката функција кога до ДКСК бил должен да ја пријави секоја промена на неговата имотна состојба.
Исто така, се наметнува и сосема логичното прашање, на кој начин прилепскиот пратеник успеал да го заработи сиот тој имот за толку кратко време?
Поради сето погоре наведеното, пред ДКСК ќе биде иницирана постапка за испитување на имотот и имотната состојба на пратеникот Димитар Стевананџија, при што тој сакал или не ќе мора да одговори како со пратеничка плата и со подигнатите средства на име патни трошоци, за толку краток временски период се купуваат станови и куќи? Истовремено, за крај на оваа анализа, до Димитар Стевананџија упатувам и едно прашање: дали Вие пратениче имате купено уште еден стан во зграда во изградба, која се наоѓа на ул.„Сотка Џигиџик“ во Прилеп?

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12124
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЗА ВАКВИ АПАШИ КЕ ГЛАСАТЕ

Пишување by osa on Саб Окт 07, 2017 6:41 pm

vauuuu ...jas pa se chudam shto tolku ZHESTOKO go brani grujo vo parlament deka ne e lopov .......pa on ,Stevanandzija bil isto lopov ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12124
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЗА ВАКВИ АПАШИ КЕ ГЛАСАТЕ

Пишување by Bosonoga on Саб Окт 07, 2017 11:20 pm

ajde da vidime nekoj da odgovara ,da e uapsen ,a ne samo ke gi kritikuvame ,pa site veke go znaat toa ,mislam da beshe obratna situacijata ,da formirashe vlada dpmne ,vednash ,ushte prviot den na vlast pola i poveke od sdsm ke bea pritvoreni ,a sega mislam posle pet meseci i osudeni so pravosilna odluka ,neznam zoshto tolku se blagi od vlasta i nishto ne prezemaat
avatar
Bosonoga

Број на мислења : 157
Join date : 2017-03-15

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЗА ВАКВИ АПАШИ КЕ ГЛАСАТЕ

Пишување by SHARENI on Пет Окт 13, 2017 11:21 pm

bogami za ovie ,dpmneovcite se "doktori na nauki",i toa ke gi osudea so pravosilna presuda i ne na mali kazni ,aj eve napraj sporedba LJube lezeshe 6 godini za 100000 evra ,a ovoj shto ke ja ubieshe SHekerinska go osudija na 4 godini
avatar
SHARENI

Број на мислења : 134
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЗА ВАКВИ АПАШИ КЕ ГЛАСАТЕ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот