Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

МАНИПУЛАТОРИ

3 posters

Go down

МАНИПУЛАТОРИ Empty МАНИПУЛАТОРИ

Пишување by Bosonoga Пет Окт 06 2017, 20:39

Како може да се изигра системот за распределба на предмети во судовите
Тимот на Катица Јанева веќе почнал со анализа на одземените податоци од службениот компјутер на екс претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, и на материјалите обезбедни по претресот во неговиот дом. Специјалната обвинителка Катица Јанева не открива дали Панчевски оддавал државни тајни кај Претседателот Ѓорѓе Иванов, кој потоа на база на тие информации го составил списокот за аболиција, со сите обвинети и сведоци во случаите на СЈО.

„Тоа воопшто не можам да го потврдам, тоа се шпекулации и само претпоставки. Тоа што го баравме и што беше најдено во домовите кај Панчевски го земавме, а дали тоа е се што е потребно, не можам да кажам, не е можно да се каже“ – изјави Катица Јанева, Специјално јавно обвинителство.

Сомнежите на СЈО се дека во Кривичниот суд се местат судски предмети, а судијата Панчевски е под сомнение и дека оддал државна тајна. Обвинителката Катица Јанева изјави дека се работи за предистражна постапка и има индиции дека преку АКМИС системот судските предмети на СЈО се распределувале на незаконски начин.

АКМИС системот воведен во 2010 година

Автоматизираниот информационен систем за управување со судските предмети познат како АКМИС во судовите во Македонија е воведен во 2010 година. Со тоа во сите 34 судови во земјава и Судскиот совет се замени рачното процесирање на предметите, а целта беше да им се овозможи на судовите да станат поефикасни и потранспарентни.

Софтверот го направи фирмата „Едусофт“, за кој објаснува дека е робусен систем со сите карактеристики кој ги автоматизира и следи сите аспекти на животниот циклус на предметите од иницијалното отварање на предметот преку негово доделување било да е кривичен, прекршочен, граѓански и др.

„Било да се работи за општа или ограничена јурисдикција и независно за каков предмет се работи – нашиот систем за управување со судските предмети обезбедува комплетно решение за службениците, судиите и сите останати учесници вклучени во процесот на решавање на судскиот предмет“, пишува на интернет страната на „Едусофт“ за карактеристиките на овој софтвер.

НОВА ТВ побара објаснување од „Едусофт“ за начинот на работа на софтверот и дали има некакви неправилности во користењето на истиот. Оттаму велат дека овие информации треба да се добијат од клиентот лично, во овој случај од Врховниот суд. Во времето кога тие го одржувале системот извршувале барања од страна на клиентот и во најголема мера тоа биле барања за исправања на грешки во кодот.

Од „Едусофт“ за НОВА ТВ одговорија дека до крајот на 2016 година го одржувале системот и биле повикувани во Кривичниот суд кога имале технички проблеми.

Инаку, откако е воведен АКМИС системот во судскиот систем, годишни договори за одржување, Врховниот суд склучувал со фирмата „Неоком“. Последниот договот е склучен на 28 јули, а вредноста е 66.000 евра.

Извори на НОВА ТВ од Врховниот суд велат дека секој обид или штелување на системот и местење на судските предмети би оставил трага и би можело да се открие кој и кога влегувал во системот. Но, она што е повеќе веројатно дека се правело во Кривичниот суд е при распределба на предметите да бидат исклучени некои судии, а во „барабанот“ да останат неколку судии кои важат за „подобни“ да ги добијат случаите.

Оваа истрага на СЈО доаѓа откако три од вкупно четири обвиненија на СЈО по електронски пат се паднаа кај судијката Лидија Петровска, која во јавноста е позната како „Сваровски судија“. Судот ова го правда со фактот дека во одделението за организиран криминал се шест судии, тројца го оценувале обвинението и во игра останале само тројца судии.

Карактеристики на АКМИС системот

Ги покрива сите аспекти на управување со судските предмети во сите видови на судови

Работи онлајн во реално време

Обезбедува 24 часовна услуга, седум дена во неделата, 365 дена во годината

Високо скалабилен систем кој може да работи во сите видови на судови со различна организациона структура

Обезбедува комплетна безбедност на информациите и податоците

Обезбедува генерирање на најразлични извештаи

Значително ги намалува повторливите задачи

Во голема мера го подобрува квалитетот на податоците

Обезбедува подобрена статистика и мониторинг

Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 981
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

МАНИПУЛАТОРИ Empty Re: МАНИПУЛАТОРИ

Пишување by Kalinda Саб Окт 07 2017, 18:02

Само вашите болни
и исплашени умови
мислат дека е возможна
ваква манипулација
во судскиот систем.
Остана уште малку
време до локалните
избори ,со кои
се ке заврши ,сите
ваши манипулации.
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 494
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

МАНИПУЛАТОРИ Empty Re: МАНИПУЛАТОРИ

Пишување by трендафил Сре Окт 11 2017, 22:06

Дали е правена манипулација порано или се прави сега, ќе покаже времето. Во случајов е нејасно зошто налог за претрес во СКопје во станот на Владимир Панчевски е издаден налог од кривичниот суд во Гевгелија, кој не е месно надлежен, а во кој Катица Јанева има врски. Уште помалку е јасно зошто на осомничениот при претресот му се УКРАДЕНИ клучевите од станот, како што се гледа на видеото подолу на ЛИНКОТ.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11182
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

МАНИПУЛАТОРИ Empty Re: МАНИПУЛАТОРИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот