Расчистување на 27 априлските настани

Go down

Расчистување на 27 априлските настани

Пишување by defo on Вто Окт 17, 2017 8:22 pm

Познат идентитетот на уапсените за обидот за убиство на Зијадин Села


Андреј Мицов (22), Никола Војминовски (39), Александар Јаневски – Тошта (57), Коста Делов (26) и Стојан Павлески – Кобра (51) се уапсените по наредба на Основното јавното обвинителство – Скопје за крвничкиот напад на Зијадин Села, дознава НОВА ТВ од извори од истрагата.



Откако МВР објави слики, еден од осомничените насилници вечерва уапсен


По пријава на граѓанин полицијата го пронашла и привела еден од тројцата осомничени за насилните протести во Собрание на 27. април. Приведен е Оливер Ошавковски, лицето кое на фотографијата што ја објави МВР е со качкет на главата. Информацијата за НОВА ТВ ја потврдија соседи на Ошавковски во Хром, кои велат дека пред триесетина минути во неговиот дом пристигнале полициски Алфи и го однеле во полициска станица.

defo

Број на мислења : 2047
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Расчистување на 27 априлските настани

Пишување by osa on Вто Окт 17, 2017 10:49 pm

sekoja chest defo ,ko da si od "shestata uprava"se znaesh ....blagodarenie na tebe ,melnica i melnicharite prvi doznavaat

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13823
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Расчистување на 27 априлските настани

Пишување by defo on Сре Окт 18, 2017 8:39 pm

ВМРО-ДПМНЕ бара да бидат помилувани насилниците од Собранието

„Ние сочувствуваме и жестоко ги осудивме повредувањата на пратениците на 27 април, но не сметаме дека нивните рани повеќе болат од раните на оние лица чии сторители наскоро ќе бидат ослободени со Законот за амнестија веднаш по изборите. Уште помалку цениме дека делата за кои се товарат овие лица се поважни од животите на убиените млади лица кај Смилковското Езеро, и редица други повреди сторени од лица кои веќе се наоѓаат на слобода или наскоро ќе се најдат на слобода со политички договор помеѓу коалициските партнери на власта или со политичка одлука или интервенција на СДС“, се додава во соопштението.



Јордан Мијалков на распит во полициска станица за собраниските настани



defo

Број на мислења : 2047
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Расчистување на 27 априлските настани

Пишување by defo on Сре Окт 18, 2017 11:43 pm


Си го спасува задничето!!!! Ај ти....

defo

Број на мислења : 2047
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Расчистување на 27 априлските настани

Пишување by osa on Чет Окт 19, 2017 12:10 am

nemoj ni da pomislat ....ubavo kazaa denes na emisiite po televiziite ,graganite koi se vkluchija deka toj shto ke bara amnestija vednash da bide uapsen kako narachatel i del od tolpata za 27 april

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13823
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Расчистување на 27 априлските настани

Пишување by Bosonoga on Чет Окт 19, 2017 12:21 am

e duri togash ke vidi" ж" i negovite poddrzhuvachi koj e koj
avatar
Bosonoga

Број на мислења : 612
Join date : 2017-03-15

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Расчистување на 27 априлските настани

Пишување by трендафил on Чет Окт 19, 2017 8:42 pm

Не само тие што влегоа во Собранието. Сите што не се од СДСМ, ДУИ и Алијансата на Албанците треба што побрзо да се ликвидираат. Амнестирањата се резервирани за луѓе како Заев и терористите од 2001 година или тие од Диво Насеље. Како тоа некој без срам врши насилство без дозвола од меѓународната банда што самата себе си се нарекува меѓународна заедница.

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3644
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Расчистување на 27 априлските настани

Пишување by SHARENI on Чет Окт 19, 2017 11:58 pm

aman bre trendafile ne se brukaj ,mnogu e glupo
avatar
SHARENI

Број на мислења : 287
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Расчистување на 27 априлските настани

Пишување by nino on Пет Окт 20, 2017 2:57 am

амнестијата треба да е резервирана за дпмне-овци што газат и претепуваат луѓе

nino

Број на мислења : 225
Join date : 2017-06-05

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Расчистување на 27 априлските настани

Пишување by osa on Пет Окт 20, 2017 7:20 am

nino напиша:амнестијата треба да е резервирана за дпмне-овци што газат и претепуваат луѓе

da dopolnam ,i toa kaj ke stignat ,pa duri i vo zakonodavniot dom ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13823
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Расчистување на 27 априлските настани

Пишување by OPOZICIONER on Пет Окт 20, 2017 11:36 pm

nova vest ,suspendirani od rabotnoto mesto vo MNR poradi uchestvo vo krvavite nastani od 27 april



Поради насилствата на 27 април суспендирани 4 вработени во МНР

Министерството за надворешни работи (МНР) соопшти дека суспендирало четворица вработени кои биле во Собранието на Република Македонија при упадот и бруталните насилства на 27 април годинава.

Како што се вели во соопштението, за ова Министерството за внатрешни работи (МВР) доставипо известување до Основното јавно обвинителство – Скопје.

„Министерството цени дека со нивните дејствија односно нивното неовластено влегување и присуство во Собранието на Република Македонија за време на настанот, постапувале спротивно на Етичкиот кодекс за вработените во Министерството за надворешни работи и го нарушиле угледот на професијата дипломат и воедно угледот на Министерството и државата. Таквото однесување, согласно позитивната регулатива, претставува дисциплински престап согласно Законот за административни службеници и Законот за надворешни работи, како и на Етичкиот кодекс за вработените во Министерството за надворешни работи и други лица што вршат работи во и за министерството за надворешни работи“, се вели во соопштението од МНР.

Постапката е почната на 7 јуни годинава, кога МНР од МВР побарало информации за можна инволвираност на вработени  во МНР во дивеењата во Собранието.
http://meta.mk/poradi-nasilstvata-na-27-april-suspendirani-chetirimina-vraboteni-vo-mnr/
avatar
OPOZICIONER

Број на мислења : 444
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Расчистување на 27 априлските настани

Пишување by трендафил on Нед Окт 22, 2017 3:43 pm

SHARENI напиша:aman bre trendafile ne se brukaj ,mnogu e glupo
Мене лично не ми е познато дека некој за скубнување за коса е осуден на 4 години затвор. Знам дека во некои земји за такво дело имало смртна казна или казна со тортура. Колкава казна ќе добиеше старецот доколку Шеќеринска тогаш не беше обичен пратеник туку министерка? Ако знаеш дека некаде имало ваква казна за скубнување те молам наведи ја. Според мене вака се однесуваат само диктаторски режими, а секој окупаторски е и диктаторски, па не можам да кажам дека не е нормално што во Македонија за кубење за коса се казнува со повеќегодишна казна. Очигледно тоа е нормално и за вас, поддржувачите на ваква Македонија. Само не знам дали според вас временската казната е премала или ви е криво што не постои и смртна казна или казна со измачување какви што применувале титоистите или тајните служби на „демократските“ земји од меѓународната банда што сама себе си се нарекува меѓународна заедница.
Сигурно е дека не можам да поддржам избор на претседател на Собранието надвор од процедурата и со помалку од 61 глас само затоа што така рекле амбасадорите кои се мотаа околу Собранието чекајќи да го поздрават криминалниот избор. Не можам да кажам кој се странски амбасадор беше пред собранието на 27 април, но можам да тврдам дека таму не беа амбасадорите на Кина, Русија ... Не беше таму ни амбасадорот на САД, но имаше негови луѓе. И меѓу повредените и искубаните.

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3644
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Расчистување на 27 априлските настани

Пишување by defo on Пон Окт 23, 2017 11:32 pm

Утре пред ОЈО, вратараите од 27 април, од Македонското собрание

Според засега непотврдени информации на „СУДСТВО.МК“, од утре, во Јавното обвинителство ќе започне распит на пратениците од опозицијата чии што имиња се споменуваа како помагачи на толпата која што на 27. април, оваа година, влезе во Собранието на РМ со намера да се пресмета со тогашната опозиција.

Нашите сознанија велат дека во текот на утрешниот ден, на распит, пред Јавен обвинител, ќе се појават пратениците Крсто Мукоски од Вевчани и Сашо Василевски од Охрид, односно лицата за кои безбедносните, но и телевиските камери покажаа дека стојат зад отворањето на вратите на Собранието со што толпата имаше непречено движење се до салата каде пратениците со кои тие планираа физички да се пресметаат. Според истите сознаниија следните неколку дена ќе бидат распрашани и другите пратеници за кои беше кажано дека со преупатување и помогнале на толпата полесно да се снајде во Собранието.

На листата на „помагачи“ се најдоа пратениците на опозициската ВРМО-ДПМНЕ: Јохан Тарчуловски, кој во меѓувреме стана кандидат за градоначаник, Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски, Љубен Арнаудов, Трајко Велјаноски и веќе споменатите Крсто Мукоски и Сашо Василевски. Всушност, имињата на овие пратеници прв, на својот фејсбук профил, кратко време по вандализмот, ги посочи потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, но токму Мукоски беше тој кој што ја негираше неговата инволвираност во бруталните случувања. „ Јас не сум ја отворил вратата на парламентот. Точно е дека бев во ходникот, дали е тоа забрането? Јас имам право да се движам слободно насекаде низ Собранието. Ја видов снимката и не гледам од каде е изведен заклучок дека јас сум ја отворил вратата. Се е шпекулација. Истрагата ќе покаже кој го сторил тоа“, изјави Мукоски за медиумите кои, пак, ги презентираа снимките од безбедносните камери, а кои го покажуваат токму спротивното, односно дека тој и Василевски ги отстрануваат металните држачи кои ги блокираат вратите, по што толпата влегува во Собранието. На 30. април 15 лица беа осомничени за сторени кривични дела: учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие и за учество во толпа што ќе изврши кривично дело. Во меѓувреме, многу од насилниците се најдоа зад решетки со обвиненија за обид за убиство, а еден од обвинетите веќе е осуден на четири години затвор.




defo

Број на мислења : 2047
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Расчистување на 27 априлските настани

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот