ЗА ПИШУВАЊЕ ПИСМА ОД ШЕВЕНИНГЕН ГРУЈО МУ ПЛАЌАЛ 5000 ЕВРА

Go down

ЗА ПИШУВАЊЕ ПИСМА ОД ШЕВЕНИНГЕН ГРУЈО МУ ПЛАЌАЛ 5000 ЕВРА

Пишување by osa on Саб Окт 21, 2017 9:57 am

Eve zoshto Tarchulovski gi pishuvashe pismata od zatvor i direktno vlijaeshe na izbornite rezultati vo izminatite izbori ...toj davashe poddrshka za vladata ,i so toa gi nasochuvashe svoite simpatizeri i poddrzuvachi da go dadat glasot za DPMNE.....za srabotenoto mu plakale 5000 evra ,a gladnite i bosi dpmneovchinja glasaa bespari .....zarem i posle ova nekoj ke go glasa ovoj lopov i lazov za gradonachalnik na opshtina kisela voda .....osvestete se bre dpmneovchinja deka so vashiot glas samo glasate za kriminalite na grujo a vie dobivate edno golemo NISHTO .....po nitu eden zakon netrebal da dobiva pari Tarchulovski zatoa shto takva parichna pomosh dobivaat i treba da dobivaat spored megunarodnite zakoni samo lica koi pred da bidat osudeni na kazna zatvor rabotele kako visoki funkcioneri vo drzavata ,a za potsetuvanje Johan Tarchulovski ne beshe funkcioner ni priblizno do visok ....


Владата проверува дали има злоупотреби во исплатата на помош за Тарчуловски
Хелсиншкиот комитет ја повикува Владата да покрене постапка со која ќе преиспита дали постои злоупотреба на буџетски средства.

Скандалозна, срамна и надвор од сите правни норми е одлуката на поранешната влада на Никола Груевски да му се исплаќаат по 5.000 евра месечно парична помош од државните резерви на семејството на Јохан Тарчуловски, хашкиот осуденик во случајот Љуботен, додека тој ја издржувал казната во холандскиот затвор Шевенинген, реагира јавноста, но и правни експерти и бараат одговорност од сите инволвирани во овој скандал.

Хелсиншкиот комитет во изјава за Плусинфо ја повикува Владата да покрене постапка со која ќе преиспита дали постои злоупотреба на буџетски средства. Уранија Пировска, правник и извршна директорка на Хелсиншкиот комитет, вели дека е неопходно да се покрене постапка и да се испита кој дал одобрение за такво нешто со оглед на тоа што на објавениот документ кој всушност е одлука на поранешната влада не е наведено по кој основ била исплатувана паричната помош. Во Владата велат дека од вчера ја проверуваат целокупната документација и дека јавноста навреме ќе биде информирана.

Одлуката за одобрување на средства од резервите на буџетот за 2011 година е потпишана од поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски на седница одржана на 22.02.2011 година. Пред да се најде одлуката на владината седница, како што дознаваме, за неа се расправало и на владината Комисија за човечки ресурси со која тогаш раководела Гордана Јанкулоска. Биле одобрени средства во висина од 3.690.000 денари месечно како парична помош за семејството на Јохан Тарчуловски. Тие пари биле исплатувани од државните резерви затоа што кога се кроел Буџетот не бил предвиден трошокот од 60.000 евра на годишно ниво како помош за семејството Тарчуловски, пари кои биле на товар на буџетот на Министерството за правда во времето кога министер беше Михајло Маневски.

- Немам информации дека на семејството Тарчуловски му било исплатувано парична помош - вели за Плусинфо поранешниот министер за правда Михајло Маневски, наспроти владината одлука на која пишува како ќе се исплатуваат парите.

Соња Тарчуловска во изјава за Плусинфо вели дека парична помош од државата почнала да прима по неколку месеци откако нејзиниот сопруг беше приведен на 13 март 2005 година. Таа тврди дека за сите пари што ги примила од државата стои законска одлука донесена од тогашната влада на Владо Бучковски, а подоцна и од владата на Никола Груевски.

- На третиот ден откако го приведоа и го однесоа Јохан во Хаг отидов во кабинетот на министерката Мери Младеновска. Првите месеци го посетував Јохан со парична помош, собрана од здружение на граѓани, а подоцна кон средината на летото со парична помош од државата - вели Тарчуловска и ги повикува инспекциските органи да ги проверат сите нејзини трошоци и сметката на која биле уплатувани парите за да се утврди дека се било направено врз основа на владини одлуки.

Тарчуловска и во отворено писмо потврди дека примале пари од државата во период од 8 години, а парите ги користела за патни трошоци и за сместување при нејзините посети на Јохан в затворот. По овој податок што го откри Тарчуловска, Плусинфо спроведе истражување, според кое семејството Тарчиловски, но и семејството на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски во прво време добивале парична помош од држвата со одлука на поранешната влада на Владо Бучковски, а подоцна со доаѓањето на Груевски на власт помошта била зголемена на 5.000 евра месечно, за што потврдува и документот, односно одлуката на поранешната влада од 2011 година.

Во однос на забелешките дека еден куп пари биле трошени за нејзините посети во затворот во Хаг, Тарчуловска објаснува дека, тогаш за разлика од сега кога има евтин авионски превоз, билетот чинел 800 евра. Нејзината пресметка покажува дека 2.400 евра се трошеле за три авионски билети, 1.050 евра за сместување во хотел за една недела, по 1.000 евра оделе на сметка во затворот за прехрана и телефонски картички, а дека семејството во Скопје преживувало со 270 евра. Таа тврди дека ниту денар од парите не биле злоупотребени, ниту пак земени незаконски.

Поранешната министерка за правда Мери Младеновска потврдува дека на семејствата на хашките затвореници им била исплатувана парична помош

- Точно е дека донесовме одлука да им се исплатува парична помош на семејствата на Тарчуловски и на Бошкоски. Одлуката беше донесена врз основа на компаративни искуства што ги добивме од другите земји кои веќе имале осуденици на Хашкиот трибунал за воени злосторства - вели Младеновска за Плусинфо.

Љубе Бошкоски, поранешен министер за внатрешни работи кого Хашкиот трубунал во 2008 година го ослободи од обвиненијата дека сторил злодела против етнички Албанци, во судирите во 2001 година се присетува дека неговото семејство примало најмногу по околу 1.500 евра месечно, пари кои биле одобрени од владата на Бучковски, а кои неговата сопруга Виолета ги трошела заедно со децата да го посетува во затворот во Шевенинген.

- Тие пари беа пред се за патни трошоци, во затворот се сами си плаќавме, така што тие трошоци беа многу поголеми. Подоцна владата на Груевски ја зголеми паричната помош на 5.000 евра, но во меѓувреме бев ослободен - вели Бошкоски.

Поранешниот министер за внатрешни работи вели дека скндалозно во случајов е што државата исплатувала парична помош, спротивно на хашките правила, според кои таква помош можеле да добиваат само високи воени и државни претставници. Јохан Тарчуловски, како поранешен инспектор за придружба во Службата за обезбедување на поранешниот претседател Борис Трајковски во никој случај не можел да добива таква помош.

Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски беа обвинети за кршење на законите и обичаите на војување во случајот „Љуботен“. Бошкоски беше обвинет за „командна одговорност“, односно дека како министер за внатрешни работи му одобрил на Тарчуловски да ја формира и да ја предводи полициската единица која во август 2001 година спроведе акција во Љуботен. Тој беше екстрадиран во Хаг од Хрватска на 24 март 2005. Бошкоски до заминувањето во Хаг, неколку месеци беше во истражниот затвор во Пула. Хашкиот трибунал го ослободи од обвиненијата и во јули 2008 година Бошкоски се врати во земјава.
Јохан Тарчуловски замина од Скопје во Хаг на 16 март 2005 година.Тој беше осуден на 12 години затвор. Казната му беше намалена на осум години, од кои шест години помина во Шевенинген, а останатиот дел го одлежа во германскиот затвор Диез. Во Македонија се врати во 2013 година.
http://plusinfo.mk/vest/130860/vladata-proveruva-dali-ima-zloupotrebi-vo-isplatata-na-pomosh-za-tarculovski

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12798
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЗА ПИШУВАЊЕ ПИСМА ОД ШЕВЕНИНГЕН ГРУЈО МУ ПЛАЌАЛ 5000 ЕВРА

Пишување by Bosonoga on Саб Окт 21, 2017 1:46 pm

povtorno se obiduvate da gi manipulirate glasachite ,za kakvo pismo ili ko shto velish pisma zboruesh ,da daeshe dokaz neshto,mislam odma trendafilcho ke ti bara zatoa stai na vreme
avatar
Bosonoga

Број на мислења : 280
Join date : 2017-03-15

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЗА ПИШУВАЊЕ ПИСМА ОД ШЕВЕНИНГЕН ГРУЈО МУ ПЛАЌАЛ 5000 ЕВРА

Пишување by osa on Саб Окт 21, 2017 2:14 pm

Криминалите на ВМРО ДПМНЕ
25 Февруари ·
„Патриотот“ Јохан Тарчуловски кој денес држи пресови и дели лекции за патриотизам, на 20.07.2011 година испратил писмо до Никола Груевски со кое го поддржува за амнестијата на хашките случаи кој пак беше услов на Али Ахмети да направи коалиција со Груевски и ДПМНЕ. За кој патриотизам денес зборува Јохан? Не се работи за татковината, за пари се работи!
СПОДЕЛИ

„Патриотот“ Тарчуловски во 2011г. преку писмо од Хаг ја бранел амнестијата на хашките случаи
Пред неколку години по нарачка на Никола Груевски, а во претходен договор со Ахмети, !„бранителот“ и „патриот“ Јохан Тарчуловски со писмо ја бранел…
KRIMINALITENAVMRODPMNE.WORDPRESS.COM

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12798
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЗА ПИШУВАЊЕ ПИСМА ОД ШЕВЕНИНГЕН ГРУЈО МУ ПЛАЌАЛ 5000 ЕВРА

Пишување by osa on Саб Окт 21, 2017 2:17 pm

ova e samo mal del od dokazite za poddrshkata na Johan so koja gi "opravduval " nezakonski zemenite pari od budzetot na drzavata

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12798
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЗА ПИШУВАЊЕ ПИСМА ОД ШЕВЕНИНГЕН ГРУЈО МУ ПЛАЌАЛ 5000 ЕВРА

Пишување by osa on Саб Окт 21, 2017 2:55 pm

Дури и Јохан Тарчуловски заигра на тапанот на Груевски!

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12798
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЗА ПИШУВАЊЕ ПИСМА ОД ШЕВЕНИНГЕН ГРУЈО МУ ПЛАЌАЛ 5000 ЕВРА

Пишување by osa on Саб Окт 21, 2017 2:58 pm

prodolzuva pismoto
Текстот е објавен на 22-ри јули 2011-та во неделникот „Фокус“ во бројот 838

Пишувал
Никола МЛАДЕНОВ

Холанѓаните мислеа дека е во Германија, Германците мислеа дека е во Холандија. А Јохан, гушнат со неговата Соња, слободно шеташе низ падините на Љуботен, и весело потпевнуваше: Ни ОНА није, што је некад била/ ОНА ми је опростила, у мене се заљубила… Оти, претходно, Ахмети му договорил слобода со хашкиот обвинител, затоа што сфатил дека не е праведно, Јохан да кисне во зандани, а амнестираните од ОНА да делат министерски функции. Јако, а?

Ноќ, глуво доба, во ќелијата тесно, во неговата кожа неподносливо. Од Македонија стигнува абер, дека Никола Груевски ги амнестира обвинетите Албанци за воени злосторства во 2001-та. Пастирот прави недопустлив пакт со крвниците, кои меркаат функции по министерствата, а тој си ја крчми младоста во германската зандана. Јохан нервозно скока од креветот. Ледени капки пот му го оросуваат челото, додека бара лист и пенкало од дежурниот чувар. Не може да издржи, не сака да премолчи.

Во името свое, во името на другарите што паднаа за Македонија, во името на нивните несреќни деца, зацрнети жени, мајки… Тој решава да му пише на Премиерот, без оглед на последиците. Та, тој од последиците не се плашеше ни тогаш, кога за Татковината ставаше глава в торба, а не, пак, сега. Јохан знае дека не смее да одмолчи, оти честа е во прашање. И напиша:

„Брату мој бивш, премиеру на Македонија, јас очигледно не се разбирам во политика, па затоа денес сум таму кај што сум. На сопствена кожа научив дека на политичарите не може да им се верува, меѓутоа, ова што го слушам ги надминува сите граници. Бесен сум, оти повторно сум прелажан. Не можам да се изначудам, како можев да поверувам дека ти си различен од другите. Се сеќаваш ли, што ми зборуваше за учките, за аманетот на Македонците кои беа подло убиени од нивна рака, дека со нив не треба ни во иста соба да се седи, а камоли да им се прости или заборави?

За жал, сега гледам дека и ти си ист како и другите политичари. Едно зборуваш, а друго правиш, само фотелјата да си ја сочуваш. Гневен сум, бесен на самиот себе, оти излегов наивен, јас да лежам за Македонија, а вие оро со душманите да виете. Преку глава ми е и од твоето лицемерие. Од денес ти забранувам да го употребуваш моето име во било каква прилика. За посети во затворов, полни со лажни удирања по моето раме, немој ни да сте помислиле. Вие згазивте по моето достоинство, за мене веќе не постоите.

Без почит за тебе,
твојот некогашен Брат Јохан. Точка!“

Писмото стигнува во Македонија. На Илинденска б.б. – штама. Интимно, сите се согласуваат со Јохан, но, кој смее да каже. Пет години власт се минати заедно. Уште четири години ќефови терање се насмевнуваат. Зарем сето тоа треба да се отфрли, заради некои принципи, кои не може да се остварат?! Што ако тие го вратат мандатот? Народот пак ќе ги слави, ама тие повторно ќе дремат во опозиција, заталкани како глуви кучки околу празен контејнер. И, за што? Дали тогаш нема да има амнестија за Хашките случаи? Ма, какви, тоа е првото што Ахмети ќе го добие од Бранко. Бранко?!

Да, како ли само заборавија на проклетникот. За секунда ќе го испуштат од вид, а тој веднаш ќе им забоде нож во грбот. На Илинденска б.б. се вклучени сите сиви келии. После кратко, ама ефикасно користење на мозочната маса, на Влатко му текнува дека извори блиски до министерката Гордана пред три-четири дена го известиле, дека Б.Ц. бил виден на австриската граница во правецот кон Виена. А сите ние добро знаеме дека Виена има доволно голем аеродром, за итро да се провре низ метежот од патници и незабележан од никого да стигне брзо во Хаг кај бившиот наш Јохан. Да, бившиот наш, оти, од него не се очекува наседнување на ефтините Бранкови финти. Кој знае, што ли му има ветено…

Ах, Јохан, Јохан, бездруго низ Мартин бликнала тешка воздишка, пред проклетството холандско да го отера во мајчината. Точно, тоа прво се случи со Љубе, а сега, еве, истото го обзема и Јохан. Каков ли е тој воздух шевенингенски, кој храбрите браќа наши во сестри кукавички ги претвора!?

Не требаше многу, за сите веднаш да сфатат, што треба да се прави. Чиниш, со поглед се договорија. Откако им се разјаснија причините, веднаш им стана и полесно. Им беше криво за Јохан, но, тие направија се што беше до нив. Му платија скапа адвокатска одбрана, редовно го посетуваа во Хаг, на сопругата Соња и обезбедија владина служба, над неговите деца бдееја како над свои… А тој, неблагодарник низаеден, вака им враќа?! Тоа е фала за се што сторија за него?! И, замислете, сето тоа го прави во името на паднатите другари!? Да не станат паднатите, ако не се даде амнестија за Хашките случаи!? О, Боже, колку неразумен човек… И тој станал како оние со киднапираните. Божем утре ќе се појават од некаде, само ако ние им ги осудиме убијците!? Чуден народ, неблагодарен – пред се!

На народот му требаше само едно деноноќие, за да го осуди предавството на Јохан. Откако ги слушнаа анализите на независните партиски експерти, самите почнаа да бараат уште 14 години затвор за човекот, кој лажно им се претставувал за патриот. Рој црни бумбари летаа кон него со светлосна брзина. Ако Хаг не сака, тогаш ние ќе му судиме уште еднаш, заклучи мудриот ем прероден гледач и нервозно ја тресна телефонската слушалка. Тешка мачнина го навјаса прероденото телевизиско студио. Сите се чувствуваа предадени, но, сите знаеја дека и од тешкото има потешко. Во етерот лебдеше прашањето, кое разочараните си го поставуваа тивко во себеси: Нам ни е мачно, ама како ли и е сега на Соња, која толку веруваше во својот јунак? Ах, кутрата, дали и ова премреже ќе клекне пред неа, како што ничкум паѓаа сите претходни?

Телевизијата во преродена Македонија не би била толку ценета, доколку веднаш не дава одговори и на непоставените прашања, кои го разјадуваат срцето на секој чесен гледач. Одеднаш – Брејкинг Њуз. Пред камерите стои Соња, скршена од болка, ама горда како секоја жена македонска. Дали ќе издржи, стискаат палци и стрепат нејзините фанови крај малите екрани. Да, тоа е нашата Соња.

Јавно, пред сите, таа се откажува од неговото презиме и на Јохан му најавува бракоразводна парница. Не може да живее со срамот што и го нанесе нејзе и на децата, кои од денес не сакаат ни да слушнат за него. Не и е лесно, но стиска душа. Би заплакала, но сите солзи веќе на него ги потроши. Низ шепот речиси, со глас одлучен му порачува, дека таа со песна ќе му врати, а Господ веќе ќе знае – како да му плати. Во меѓувреме, додека работи на римите, со тага чемерна соопштува дека песната Предавници и јунаци, создадена после расчистувањето со Љубе, од вечерва му ја посветува нему, на бившиот сопруг. Рефлекторите полека згаснуваат, Соња уште еднаш заминува во легендите, а екранот го исполнува подмолниот, но, за среќа, во последен момент раскринкан лик на Тарчуловски. „До вчера бевте браќа, а сега вака му враќаш…“ од позадината на плејбек пее разочараниот глас на Соња, кој покажува дека таа уште еднаш ја одбрала вистинската страна!

Следниот ден, ниту новинарите немаа душа од Премиерот да побараат било каков коментар. За секој случај, доверливи извори од кабинетот ги брифираа, дека Пастирот не заспал цела ноќ, втренчен пред дилемата: Како можела Соња да знае, а Јохан поим да нема, што е денес вистински патриотизам?

За среќа, сево ова не се случи. Тарчуловски прати писмо со сосема спротивна, од него неочекувана содржина. Ретки се оние што веруваат во неговата автентичност. На тежина добива сомнежот, дека единствениот осуден за 2001-та е сурово понижен од пропагандистите на Груевски, кои на безочен начин го вклучуваат и него во одбрана на неодбранливото – Амнестијата за Хашките случаи да се претстави како патриотски чин, оверен дури и од самиот Јохан. Едноставно, тешко е и да се замисли, а камоли да се поверува во неговите помирителни думи, стигнати од Хаг, иако човекот е веќе две недели во германски затвор!

За жал, сево ова можеше да се случи, доколку Јохан се одлучеше за писмо, какво што конечно и би можело да се очекува од него. Јас, пак, го дадов на знаење, како алтернативна варијанта, за да знаеме дека и од лошото, секогаш може да биде полошо. За да не му судиме строго на Тарчуловски, оти, и тој бездруго знаел што би можело да го снајде. Ова е, конечно, мојот последен повик за вклучување на алармот.

Звучи брутално, само затоа што бруталноста е второто име на актуелната власт. Простете, но немам друг збор за умот, кој, ете, на ваков начин решил да го злоупотреби и Јохан. Се разбира, и тој може да се доживува на секаков начин, но, во никој случај не смее да се изложува на незаслужен потсмев.

Точно, вината е во оние што го смислиле Писмото, за да си ја подзачистат нечистата совест.

Тарчуловски е последниот човек од кој смеат да очекуваат благослов за амнестијата!

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12798
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЗА ПИШУВАЊЕ ПИСМА ОД ШЕВЕНИНГЕН ГРУЈО МУ ПЛАЌАЛ 5000 ЕВРА

Пишување by TRAJCHE on Саб Окт 21, 2017 3:09 pm

ete toa se "idiotite"koi glasaat za dpmne i nie ziveeme po nivni terk ,oni ni ja krojat sudbinata
avatar
TRAJCHE

Број на мислења : 126
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЗА ПИШУВАЊЕ ПИСМА ОД ШЕВЕНИНГЕН ГРУЈО МУ ПЛАЌАЛ 5000 ЕВРА

Пишување by osa on Сре Окт 25, 2017 10:38 pm

kolku godini mu trebashe za da kaze deka ne bil doma ?????ha ha ha ,idiotizam .....
Тарчуловски: Не бев дома кога Соња падна од тераса

Кандидатот за градоначалник на Кисела Вода, Јохан Тарчуловски вечерва се појави за првпат на дебата на Канал 5 заедно со неговиот противник, Филип Темелковски.

На прашањето дали има вистина во шпекулациите дека ја турнал својата сопруга од тераса, тој рече дека тоа се лаги за да му се наштети.

-Јас не ни бев дома кога се случи таа несреќа. Не е убаво да се ситиме на туѓата несреќа само за добивање на политички поени, рече Тарчуловски.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12798
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЗА ПИШУВАЊЕ ПИСМА ОД ШЕВЕНИНГЕН ГРУЈО МУ ПЛАЌАЛ 5000 ЕВРА

Пишување by osa on Сре Окт 25, 2017 10:38 pm

mora da bil u podrum ,ha ha ha ....

i ovoj za gradonachalnik .....abe site pod itno ke se isselime od drzavava ,ne samo od opshtinata so vakov gradonachalnik .....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12798
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЗА ПИШУВАЊЕ ПИСМА ОД ШЕВЕНИНГЕН ГРУЈО МУ ПЛАЌАЛ 5000 ЕВРА

Пишување by SHARENI on Саб Окт 28, 2017 2:26 am

i ova go ima kaj nas ,a za bolni dechinja nema pari ,sramota ,ushte pa kandidat go stava za gradonachalnik



„Судство“: Освен на семејството, Владата месечно им давала по 5.000 евра и на адвокатите на Јохан Тарчуловски!
Oд осумгодишниот претстој во затворот во Шевенинген на Јохан Тарчуловски се офајдиле не само неговото семејство, туку и неговите адвокати, на кои им биле префрлани пари од државниот буџет. Во последниве десетина дена зачестија пишувањата за тоа колку, навистина, ја чинеше државата осумгодишниот престој на Тарчуловски во затворот во Шевенинген, откако Хашкиот трибунал го осуди на казна затвор во траење од 12 години за сторени воени злосторства врз цивилно население, пишува порталот „Судство“.
avatar
SHARENI

Број на мислења : 180
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЗА ПИШУВАЊЕ ПИСМА ОД ШЕВЕНИНГЕН ГРУЈО МУ ПЛАЌАЛ 5000 ЕВРА

Пишување by Bosonoga on Вто Окт 31, 2017 12:44 am

aj sega sve da vratite na narodot shto ste ispokrale i poklon shto vi davale od narodni ,nashi pari ,
avatar
Bosonoga

Број на мислења : 280
Join date : 2017-03-15

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЗА ПИШУВАЊЕ ПИСМА ОД ШЕВЕНИНГЕН ГРУЈО МУ ПЛАЌАЛ 5000 ЕВРА

Пишување by misterija on Вто Окт 31, 2017 2:13 pm

Vratil li nekogas i negde vo ovaa nasa drzavicka nesto bespravno prisvoeno?

misterija

Број на мислења : 132
Join date : 2016-12-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЗА ПИШУВАЊЕ ПИСМА ОД ШЕВЕНИНГЕН ГРУЈО МУ ПЛАЌАЛ 5000 ЕВРА

Пишување by osa on Вто Окт 31, 2017 8:47 pm

za se ima prv pat ke se soglasish ,mislam deka ke "igra ovoj film"

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12798
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЗА ПИШУВАЊЕ ПИСМА ОД ШЕВЕНИНГЕН ГРУЈО МУ ПЛАЌАЛ 5000 ЕВРА

Пишување by SHARENI on Вто Окт 31, 2017 9:59 pm

ami kako ne ,ushte to da go napraat ,da gi nevratat parite,ushte to im fali
avatar
SHARENI

Број на мислења : 180
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЗА ПИШУВАЊЕ ПИСМА ОД ШЕВЕНИНГЕН ГРУЈО МУ ПЛАЌАЛ 5000 ЕВРА

Пишување by misterija on Сре Ное 01, 2017 1:02 pm

Denes prv pat nekoja vest da me izraduva...Priveden e Sokol Mitrevski, bivsiot gradonacalnik za zloupotreba na sluzbena funkcija.....cekam samo den koga i onoj podrzikonjon Stefco J. ke go privedat..se otepaa pari zimajki od davanje na DUPovi...

misterija

Број на мислења : 132
Join date : 2016-12-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЗА ПИШУВАЊЕ ПИСМА ОД ШЕВЕНИНГЕН ГРУЈО МУ ПЛАЌАЛ 5000 ЕВРА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот