ХРИЗАНТЕМА

Go down

ХРИЗАНТЕМА Empty ХРИЗАНТЕМА

Пишување by TRAJCHE on Нед Окт 29, 2017 11:30 am

ХРИЗАНТЕМА: Цвеќе на радост и среќа
Ное 17, 2014 Зоран Ордев Цвеќe
Помеѓу убавите и раскошни цвеќиња се вбројуваат и хризантемите, кои можат да бидат едногодишни или повеќегодишни растенија. До денес се познати околу 200 вида на хризантеми од кои само неколку се употребуваат за производство на режан цвет и како саксиско цвеќе. Хризантемата (лат. Chrysanthemum) расте во вид на џбун и достигнува висина од 40-100 см, во зависност од сортата, а внимание привлекува со своите (не)обични цветови.

Најновите статистички податоци покажуваат дека хризантемата во последните неколку години е примарна цветна култура поради исклучително декоративните цветови и бои и усовршената технологија која овозможува темпирано производство на повеќе реколти во текот на годината
ХРИЗАНТЕМА Hortikultura.mk_hrizantema_2
Растот на хризантемата започнува на температура од 2-6°C, пуштањето жили на резниците од 15-16°C, а формирањето на цветните пупки од 12-13°C степени. Растенијата можат да поднесат краткотрајно студено време од -3°C, додека цветните пупки страдаат при температура од 0°C. Матичните растенија се чуваат во зимскиот период при температура од 4-6°C, кога поминува неопходниот стадиум на јаровизација.
Ситните сорти (видови) подобро ги поднесуваат ниските температури за разлика од крупноцветните. Оптимална температура за пуштањето жили на резниците за раст, формирање и развој на цветните пупки е од 16-18°C, а за отворање на цветните пупки и цветање е неопходна ниска температура, од 10-12°C. Хризантемата е растение на краток ден, но со големена потреба за интензивно осветлување.
Вегетативниот раст на хризантемата поминува во период на долг ден (подолг од 14 часа, кај нас тоа е од 22.04 – 22.08), додека има сорти кои цветаат и при краток ден односно долгиот темен период. При одгледување на хризантемата, треба да се води сметка за влажноста на земјата бидејќи со секое големо намалување на влагата на земјата се намалува и транспирацијата. За наводнување треба да се користат меки води, а не се препорачува хлорирана вода.
Хризантемата бара нитратна форма на азот којашто е неопходна за вегетативниот раст на растенијата, калиум за зголемување на отпорноста на стрес и полегнување и убав цвет, а фосфорот за добивање на цврсти цветови и јак коренов систем. Хризантемата бара магнезиум, манган, бор, бакар, молибден и цинк.
Едногодишните видови (Chrysanthemum leucantheum, Chrysanthemum carinatum) и некои повеќегодишни хризантеми (Chrysanthemum maximum) се користат за садење на јавни површини и во домашни градини. Крупноцветните форми традиционално се користат за производство на режан цвет.
По кинеските преданија, личноста која пие вода од извор или поток околу кој расте хризантема го очекува добро здравје.
TRAJCHE
TRAJCHE

Број на мислења : 324
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

ХРИЗАНТЕМА Empty Re: ХРИЗАНТЕМА

Пишување by delta on Нед Ное 26, 2017 11:40 am

eve probaj so moeto././,.,/
delta
delta

Број на мислења : 543
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот