JUBILEJ

Go down

JUBILEJ

Пишување by Teo on Саб Ное 25, 2017 1:48 pm

Tochno pred sedum godini A1 televizija beshe unishtena, a nejziniot sopstvenik, del od negovoto semejstvo kako i del od vrabotenite bea zatvoreni...So toa Grujoshesku i dpmne-ofskata fashistichka bulumenta i nanesoa eden od najteshkite udari na demokratijata vo makedonija...

Седум години потоа: Рамковски и дел од вработените се вратија во А1

Сопственикот на А1, Велија Рамкоски и поранешните вработени во овој медиум денеска се собраа пред просториите на телевизијата за да одбележат точно седум години од бруталниот упад на полицијата.

Пред седиштето на А1, се собраа околу 60 луѓе и видоа во каква состојба се просториите. По ѕверското уништување, денес во објектот каде беше сместена телевизијата можеше да се забележи крш и лом.

Искршени прозори, откорнати тавани, шут и ѓубре е дел од сликата која беше затекната.

Свое обраќање имаше и Рамкоски, кој рече дека барем еден ден во годината односно на 25 ноември треба да се потсетуваме што се случило во 2010, за да не се повтори.



– А1 не е заборавена. Не е надмината. Другите телевизии имаа репер, имаа кон што да се движат. Ја снема А1 го снема телевизискиот, новинарскиот бизнис. Од 20 милиони евра падна на пет-шест милиони евра – рече Рамкоски.

-Да засукаме ракави за да не се повтори. Ова само болен ум го прави. Седум години е долг период, а времето прави да се заборават работите. А1 не е заборавена затоа што гледачите има споредба, седум години споредуваа со Сител и другите и богами не добиваа тоа што бараат. Затоа е незборавена, не е надмината, А1 беше репер, другите телевизии имаа кон што да се движат. -За мене после затворот почнува нов живот. Излегов и сега сум како во рајот, му се радувам на животот на тоа што имам многу работа и ќе ја сработам – заврши Рамковски.

Пред седум години, на 25 ноември 2010 година се случи првиот удар врз најгледаната телевизија во независна Македонија, А1 телевизија.

Тогашниот премиер Никола Груевски ги повика „сите граѓани на РМ, информациите кои доаѓаат од А1 телевизија и од весниците Време, Шпиц и Коха е Ре да ги земаат со сериозна резерва“.

Тоа беше почетокот на голготата која резултираше со затворање на сопственикот на телевизијата, Велија Рамковски, неколку членови на неговото семејство вклучувајќи ја и неговата ќерка Емел Рамковска, како и уште неколкумуна управители на фирми, негови најблиски соработници, а седум месеци подоцна и на телевизијата, која како што тогаш се тврдеше, не била цел на нападите.

avatar
Teo

Број на мислења : 3397
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: JUBILEJ

Пишување by delta on Нед Ное 26, 2017 11:32 am

sega nema kaj da gledas crtani./.,?>
avatar
delta

Број на мислења : 325
Join date : 2016-11-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот