Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ВРАБОТУВАЊА ,РЕАЛНИ И ПОТРЕБНИ

2 posters

Go down

ВРАБОТУВАЊА ,РЕАЛНИ И ПОТРЕБНИ  Empty ВРАБОТУВАЊА ,РЕАЛНИ И ПОТРЕБНИ

Пишување by osa Пон Дек 04 2017, 16:52

Платежната агенција бара 69 нови вработувања

04.12.2017 15:41
Платежната агенција бара 69 нови вработувања и 29 унапредувања на постоечкиот кадар, соопшти денеска директорот Николче Бабовски по средбата со министерот Љупчо Николовски. Како што изјави Бабовски, за само два и пол месеца од Агенцијата поради ниски плати си заминале пет висококвалификувани експерти...


Платежната агенција има потреба од кадровско засилување- недостигаат 69 нови вработувања и 29 унапредувања на постојниот кадар. Поради ниските плати, за два ипол месеца Агенцијата ја напуштиле петмина висококвалификувани кадри – рече директорот Бабовски.

„Тие наоѓаат сатисфакција во приватните фирми во Република Македонија, а најголемиот дел од нив заминуваат во странство за жал. Во последните три- четири години воопшто не се случувало унапредување во Агенцијата, иако има професионалци кои тоа го заслужуваат“, изјави Николче Бабовски, директор на Платежната агенција.

За недостигот од кадар во Агенцијата, на министерот за земјоделство Николовски му било посочено и во Брисел. Вели, веќе се создадени услови за нови вработувања, процесот ќе се одвиба етапно. Според него, од кадровската екипираност зависи и искористеноста на средствата на ИПАРД програмата за која има сѐ поголема заинтересираност.

„Не можеме да дозволиме да ни пропаѓаат европски пари поради внатрешни проблеми, поврзани со Платежната агенција или некои други. На 12 огласи има побарување на средства меѓу 55 и 60 милиони евра, сега имаме многу поголема заинтересираност, на еден оглас во ИПАРД 2 имаме побарување на 60 милиони евра. Тоа подразбира дека навистина треба да се замислиме и да се фокусираме на решавањето на проблемите, Платежната агенција да има капацитет, побргу да се склучуваат договорите“, вели министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

Николовски рече дека од утре ќе продолжи обесштетувањето на сточарите чијшто добиток минатата година угина од „јазлеста кожа“. Опфатени ќе бидат вкупно 240 сточари за што се обезбедени 15 милиони денари.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ВРАБОТУВАЊА ,РЕАЛНИ И ПОТРЕБНИ  Empty Re: ВРАБОТУВАЊА ,РЕАЛНИ И ПОТРЕБНИ

Пишување by OPOZICIONER Вто Дек 05 2017, 23:54

eve sea sluchajno vidov otvoren konkurs za vrabotuvanje vo "majka tereza",pobarajte i op rabota ,plus super plata
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 963
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот