Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонско образование

+9
трендафил
Фири1
Hamad bim Khalifa
меанџија
reiter
Фири
tmoro
osa
bratucedot
13 posters

Страна 2 of 7 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Go down

Македонско образование - Page 2 Empty Re: Македонско образование

Пишување by osa Вто Јан 20 2015, 23:03

luxor напиша:Libertas so interesna analiza i podatoci za impakt faktorot a i nepotizmot.Ovoj pat za bratot na Grujoshesku...

Колкав е импакт факторот на братот на премиерот, доц. д-р Ѓорги Груевски?!

Веројатно многумина не знаат, но премиерот Никола Груевски има брат. Се работи за Ѓорги Груевски, полубрат на Никола Груевски, по неговиот татко. Тој е вонреден професор на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер на Универзитетот „Кирил и Методиј“, ја врши и функцијата продекан за финансии на истиот факултетот. Воедно тој е и член на на Комисија за издавачка дејност на Универзитетот „Кирил и Методиј“.

Македонско образование - Page 2 Gorgi-gruevski

Тој е и раководител на лабораторијата за тестирање на мебел и градежна столарија на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер на Универзитетот „Кирил и Методиј“.

Неговите ангажамани не запираат тука, истовремено Ѓорги Груевски предава и на Факултетот за архитектура и дизајн на  универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на Студиска програма: Архитектура и дизајн.

Задолжителна литература за студентите на кои им предава доц. д-р Ѓорѓи Груевски е и книгата чиј автор е неговиот татко Тало Груевски. Потврда за тоа е информацијата која стои на веб страната на универзитетот „Гоце Делчев“, таму под наслов задолжителна литература пишува;

Проф. д-р Тало Груевски, Дрвни конструкции II – Градежна столарија, УКИМ-Шумарски факултет – Скопје, 1994
Katharina Feuer, Jons Messedat, Door Design, Daab, 2007
Jons Messedat, Window Design, Daab, 2007
Покрај тоа што Ѓорги Груевски држи предавања на додипломски студии воедно е и вклучен во постдипломски студии, поконкретно бил член на Комисија за оценка и одбрана магистерски труд на Факултет за природни и технички науки на Универзитет „Гоце Делчев” – Штип.

Според неговата биографија, Ѓорѓи Груевски се стекнал со звањето доктор на дрвноиндустриски науки, на Шумарски факултет во Скопје во 2007 година.

Досегот на импакт факторот на Ѓорги Груевски стигнува до Тало Груевски

По дебатата за државниот испит и изгласувањето на измените во Законот за високо образование, интересно за јавноста е да се информира за досегашната научна дејност на Ѓорги Груевски. Односно, ако се послужиме со речникот на премиерот Никола Груевски, дали и колкав импакт фактор имаат стручните трудови на неговиот брат, дали тие достигнуваат до Врање или подалеку. Од тоа што стои во биографијата на доцент д-р Ѓорги Груевски во делот објавени стручни трудови, може да се заклучи дека импакт факторот на доцент д-р Ѓорги Груевски стигнува до д-р Тало Груевски, односно до неговиот татко.

Имено, од вкупно 11 проекти во кои учествувал, на 10 од нив раководител е неговиот татко. Во продолжение следуваат стручните трудови на доцент д-р Ѓорги Груевски:

Идеен технолошки проект за производство на плочи од масивно дрво за ТД Паком 2000, раководител д-р Тало Груевски самостоен истражувач, Скопје 2004 година.
Технолошки проект за производство на плочи од масивно дрво за БЦ Транском увоз-извоз, раководител д-р Тало Груевски самостоен истражувач, Скопје 2004 година.
Студија со технолошки проект за реконструкција и модернизација на производството на градежна столарија за Нипром Струмица, раководител д-р Тало Груевски самостоен истражувач, Скопје 2005 година.
Студија со идеен технолошки проект за производство на лепени плочи од масивно дрво за Мебел Трејд Д.О.О., раководител д-р Тало Груевски самостоен истражувач, Скопје 2005 година.
Студија со идеен технолошки проект за производство на лепени плочи од масивно дрво за Шума-Комерц Прилеп., раководител д-р Тало Груевски самостоен истражувач, Скопје 2005 година.
Идеен технолошки проект за производство на крила (фронтови) за Колос Комерц – Куманово, раководител д-р Тало Груевски самостоен истражувач, Скопје 2005 година.
Идеен технолошки проект за преработка на пилански трупци во бичена граѓа за Колос-Комерц Куманово, раководител д-р Тало Груевски самостоен истражувач, Скопје 2005 година.
Истражување и развој на технологија за производство на лепени плочи од масивно буково дрво – компаративни анализи на постојните технолошки параметриц и нови технологии, главен истражувач д-р Константин Бахчеванџиев, Скопје 2006 година.
Студија со идеен технолошки проект за производство на лепени плочи од масивно дрво, раководител д-р Тало Груевски самостоен истражувач, Скопје 2006 година.
Техничка документација, спецификација на подни елемент ии влезни скали за Лумикс ДООЕЛ, раководител д-р Тало Груевски самостоен истражувач, Скопје 2006 година.
Поставување на развоен технолошки процесс за производство на елементи за мебел од масивно дрво за Колос Комерц Куманово, раководител д-р Тало Груевски самостоен истражувач, Скопје 2007 година.
Тој има и два научно-истражувачки проекти, каде повторно како раководител, исто така се јавува неговиот татко.

„Испитување на јакости на аголни состави изработени од костеново дрво“, раководител д-р Т. Груевски, Проект финансиран од МОН, 2003 година
„Испитување на јакоста на некои основни видови фиксни крајни и средни аголни состави изработени од фурнирани плочи од иверки оптоварени со сили на смолкнување“, раководител д-р Т. Груевски, меѓународен научноистражувачки проект помеѓу Р. Македонија и Р: Бугарија, 2004 година.
Инаку, СДСМ го спомена братот на премиерот во аферата со становите на семејството Груевски.

На прес конференција во 2011 опозициската партија информираше дека со анонимно писмо, потпишано од разочаран член на ДПМНЕ, добиле уште една информација за имотната состојба на семејство на премиерот.

„Во писмото се наведува дека во зграда на Водно, под „Панорама“, како сопственик на недвижен имот се јавува Ѓорги Груевски, брат на премиерот во заминување. Јавноста го запозна братот на премиерот кога Владата отвори нов факултет за дизајн и мебел за Ѓорги Груевски да стане продекан за финансии. Скандалот да биде уште поголем, братот на Груевски го поседува имотот во елитната населба во објект што го градела градежна фирма блиска до бизнис-миленичето на фамилијата, Орце Камчев“, рекоа тогаш од СДСМ.

http://libertas.mk/%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%BA%D0%B0%D0%B2-%D0%B5-%D0%B8%D0%BC%D0%BF%D0%B0%D0%BA%D1%82-%D1%84%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF/

aman na ovie od SDSM im trebashe DEVET godini za da iznajdat neshto za bliskata roda ???sramota !!!!!!!!!!

ovie pa tracharkive od dpmne ,znaat i kakva boja e lastikot na gakite na zaev ,i sega kako da ne se nervirash ???

koj im zabrani da chepkaat po rodata ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 2 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Вто Јан 20 2015, 23:09

osa напиша:
,ke im donesat mladi i zgodni dpmneovki

Eve jas se prijavuvam za u gradinka.Moze li ? Moze li? Vetuvam deka ke gi slusam ucitelkite...Македонско образование - Page 2 Happy-smiley17 Македонско образование - Page 2 Happy-smiley17 Македонско образование - Page 2 Happy-smiley17

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 2 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Hamad bim Khalifa Вто Јан 20 2015, 23:35

I kako ke ti se obrakja ucitelkata : "Ajde stani ti Chicko Jas, da ni ja otpees pesnickata!"?
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 2 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Вто Јан 20 2015, 23:43

Taka de...I ja stnuam i vednas pocnuvam da peam...dogi da ludujemo ove noci...

A moze i da izrecitiram nesto. Na primer...go pratile zajko ,na straza po red, pistol nov mu dale,i bomba li bese,petarda li ,ke vidime...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 2 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Hamad bim Khalifa Вто Јан 20 2015, 23:58

E ako i ja otpees taa pesna ja eba rabotrata! A i ucitelkata nema da pomine podobro, koga ne te naucila nesto drugo naprimer: "kokicence, devojcence, belo, belo zdrveno..." ili taka nekako bese?
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 2 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Сре Јан 21 2015, 00:02

Najdobro ke pominat i dvajcata ako ja otpeat vmrooo,vmrooo,em patriotska, em ke bidat dobri dpmneovci,em pak za dupenje se raboti...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 2 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Hamad bim Khalifa Сре Јан 21 2015, 00:19

Zoran Dimitrovski kaj Biljana vo TV NOVA.
Poleka poleka covekov se vrakja vo kolosek.
Zal mi e nemozam da zakacam link, ama intervjuto go ima i na Libertas.....
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 2 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Сре Јан 21 2015, 00:22

Sheiku toa e video.Mozhesh slobodno da stavash videa i sliki,vo prvite sedum dena samo linkovi ne mozhesh.Patem upatstvo za stavanje video imash vo Melnica,vo temata za pomosh i podrshka...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 2 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Hamad bim Khalifa Сре Јан 21 2015, 00:32

Fala Luki!
Inaku, imam stavano videa, funkcionira odlicno....
Mislev da ne zamaram osven onoj koj e zainteresiran da ja pogledne temata...seedno, fala...
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 2 Empty Re: Македонско образование

Пишување by osa Сре Јан 21 2015, 00:57

se iznapraivte muabet ,a za eksperimentalnite gluvchinja ni zbor ?...

od vas "patrioti ne biva " ,najdobro ke bide da vi najdat zamenski patrioti

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 2 Empty Re: Македонско образование

Пишување by reiter Сре Јан 21 2015, 13:40

Наставниците штрајкуваат под закани и притисоци, а во училиштата почнаа да се носат заменски наставници

лудилото нема крај!!!

fokus.mk/nastavnitsite-shtrajkuvaat-pod-zakani-i-pritisotsi-a-vo-uchilishtata-pochnaa-da-se-nosat-zamenski-nastavnitsi/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=nastavnitsite-shtrajkuvaat-pod-zakani-i-pritisotsi-a-vo-uchilishtata-pochnaa-da-se-nosat-zamenski-nastavnitsi

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 2 Empty Re: Македонско образование

Пишување by osa Сре Јан 21 2015, 18:53

nie kako narod ke si sedime se dodeka ne mu tekne na shefot g-din BOSS i nas da ne zameni ,so zamenski zombi od zimbabve ...
kako e kaj eksperimentalnite gluvchinja ,nikoj od decata ne se zali ,ne plache shto mu go smenile nastavnikot ili uchitelkata vo gradinka ?
a sigurno i roditelite go poddrzuvaat ova shto go pravi vlasta !!

ne ludilo ,tuku ushte postrashno bratoubistvena vojna ,ke se ispotepaat redovnite so zamenskite nastavnici

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 2 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Нед Јан 25 2015, 20:24

Расте незадоволството во образованието.Се формира средношколски пленум...

Во тек се подготовки за основање на Средношколски Пленум

Соопштение од Иницијативата за основање на Средношколски Пленум:


Македонско образование - Page 2 10943646_778988602156431_976940847662893890_n1-540x540

Поттикнати од идејата за основање на младинско тело кое на едно место ќе ги обедини сите средношколци од Република Македонија, членовите на Иницијативата за основање на Средношколски Пленум ја информираат јавноста, средношколците, граѓаните, дека во тек се подготовки за основање на Средношколскиот Пленум.

Членовите на иницијативата за Пленумот цврсто стојат зад своите барања и напори во борбата за квалитетно образование, но најпрвин, обезбедување на услови за работа кои се основата за посакуваниот квалитет во образованието. Условите и квалитетот во образованието Иницијативата ги смета за приоритет преку кои би се дошло до подобро образование, со што средношколецот би се  издигнал од  „немата” фигура во општеството.

Пленумот во основање смета дека законските акти со кои се регулира екстерното тестирање во средното образование во РМ негативно влијаат врз целокупниот развој и напредок на образованието во државата.

Застануваме зад ставот дека екстерното тестирање за учениците е само дополнителен притисок врз нив, а преку кое се изразува исклучиво необјективното оценување. Тврдиме дека учењето под притисок негативно влијае врз квалитетот во образованието во РМ. Немањето услови,  се дополнителна пречка за очекуваното „европско” образование кон кое се стреми државата. Казните за професорите и наставниците, дополнително влијаат врз притисокот кој се врши над средношколците.

За своите ставови, најавуваме аргументација и анализа со која ќе ги поткрепиме нашите тврдења, но и за тоа зошто македонскиот начин на екстерно тестирање се коси со стандардите за екстерен испит во Европа.

Да го вратиме знаењето, да се спротивставиме на притисокот, да се избориме за услови достојни за европското образование кон кое се стремиме. Да го вратиме реномето и честа да се биде средношколец.

Зарем може работата на ученикот во текот на целата учебна година да се оцени со тест од 30 прашања по предметот за кој дознаваме 3 дена претходно? Зарем ќе го подобруваме образовниот процес со бинго – тестови на среќа? Зарем ќе се коцкаат со нашата иднина?

Оттаму, и нашето длабоко убедување дека последиците од лошите реформи во речиси сите степени на образование, а особено во средното образование, се доволен показател дека реформите негативно влијаат врз образованието во целина, како и врз положбата на средношколците. Бараме решавање на проблемите со кои се соочува средното образование и средношколците, преку сите демократски инстанци. Преку Пленумот активно да се вклучиме со што би помогнале во создавањето на аргументирани и издржани реформи.

Затоа, Ве повикуваме сите средношколци, средношколски организации и заедници, граѓани, заедно да учествуваме во активностите на Пленумот со цел враќање на квалитетот во образованието, како и добивање на достојни услови за подобро образование. Ве повикуваме заедно, сплотено да кажеме НЕ на реформите коишто од нас направија експериментални глувци. Да се изјасниме гласно, затоа што тишината не е решение.

Од членовите на Иницијативата за основање на Средношколски Пленум

Фејсбук страница: Средношколски Пленум

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 2 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Пон Јан 26 2015, 16:06

I pokraj strajkot na SONK i otporot na ucenicite Ademi i Ristovski prodolzuvaat so unistuvanjeto na obrazovanieto,no i idninata na mladite generacii...

СОНК штрајкува, МОН делумно спроведува екстерно

Во поголемиот дел од основните и средните училишта како и во градинките се спроведува класичен штрајк, велат од Самостојниот синдикат за образование наука и култура. Од друга страна, од Министерството за образование и наука соопштија дека процесот на екстерното оценување се спроведува регуларно, освен во неколку општини.

Генералниот секретар на СОНК, Весна Неделковска за Радио МОФ вели дека штрајкот на наставниците целосно се спроведува во општините Чаир и Бутел, и според информациите на СОНК во овие две општини екстерното го  спроведуваат заменски наставници.

Штрајкот се спроведува целосно во училиштата во Центар, Струга, Тетово, Куманово, Гостивар, Кичево, Дебар и Струмица, вели Неделковска. Во Карпош и во Сарај делумно се штрајкува, во Битола 80% од наставниците штрајкуваат, додека во Кочани, Штип и Делчево штрајкуваат само претседателите на синдикалните организации, информираат од СОНК.

Неделковска вели дека притисоците врз членовите на СОНК за да го прекинат штрајкот продолжуваат и според неа во училиштата влегуваат инспектори кои бараат списоци на вработени, директори ги повикуваат работниците на разговори и има закани за губење работа.

Државниот испитен центар предмалку демантираше дека екстерното оценување на учениците од завршните години (трета и четврта) во средните училишта, го реализираат заменски наставници и тестатори. Според нив процесот го реализираат истите наставници кои во текот на подготвителниот период за реализацијата на оваа законска одредба, биле обучени од страна на обучувачите ангажирани од Државниот испитен центар.

Од Министерството за образование и наука пак, соопштија дека процесот на екстерно оценување е целосен во средните училишта во Македонски Брод, Богданци, Валандово, Берово, Виница, Делчево, Кавадарци, Пробиштип, Радовиш, Ресен,  Демир Хисар, Маврово – Ростуше и Липково, додека во фаза на финализација е процесот во училиштата во Штип, Св.Николе, Врапчиште, Гевгелија, Неготино, Прилеп, Охрид, Кочани, Велес, Илинден, Струга, Битола, Крушево, Кратово, Македонска Каменица и Крива Паланка.

Според МОН, во општина Струмица процесот е целосно заокружен во СОУ “Јане Сандански“ и СОУ “Никола Карев“, додека, поради недостиг на тестатори во СОУ “Димитар Влахов“, за учениците од ова училиште ќе бидат утврдени дополнителни термини за тестирање. Процесот е делумно реализиран и во средните училишта во општините Куманово, Тетово, Гостивар и Кичево.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков во петокот најави дека штрајкот на просветарите продолжува се до исполнувањето на барањата и дека денеска нема да биде одржано екстерното оценување во средните училишта.

СОНК бара ревидирање на процесот на екстерно оценување, зголемување на платите, регулирање на минималната плата, укинување на паричните казни за наставниците кои имале слаби резултати на екстерното оценување на учениците, но и други барања за подобрување на статусот на просветарите.

По информациите за силни притисоци врз наставниците кои штрајкуваат, денеска во Скопје пристигнува
и претседателот на Европската конфедерација на синдикатите за образование, кој најпрво ќе се сретне со раководството на СОНК а потоа и со евроамбасадорот Аиво Орав, како и со други високи преставници од надлежните државни органи. Европската конфедерација заедно со Интернационалата за образование преку писмо доставено до Орав, премиерот Никола Груевски и министерот за струд и социјална политика Диме Спасов побараа итно да продолжат преговорите помеѓу ресорните министерства и СОНК.

Процесот на екстерно оценување на вкупно 20.567 ученици од завршните години (трета и четврта година) во 98 средни училишта, како и проверка на објективноста на оценувањето на 3.923 наставници по 2.622 предмети, започна денес и ќе трае заклучно со 30 јануари. Резултатите ќе бидат објавени на 02 февруари.
- See more at: http://www.radiomof.mk/sonk-shtrajkuva-mon-delumno-sproveduva-eksterno/#sthash.CqMxMluV.dpuf


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 2 Empty Re: Македонско образование

Пишување by osa Пон Јан 26 2015, 19:36

ех што убаво си беше порано ..ставаш ваква вест на форум (немора да се именува кој форум) и оп сите пишуваат ,добро ,лошо ,помалку добро ,повеке лошо ,но битно пишуваат ,а денес само имаш ЧИТАЧИ ,оние кои читаат ,си коментираат по дома ,или најчесто сами со себе во просторијата која е попозната како WC ,или што би рекле старите во просторијата кај што царот оди сам ....е сега сигурно некои се чудат ,на пример некои ко мене ,зошто е тоа така ,е така е од страв ,сите си ќутат и чекаат ....што ?..
па да им биде подобро .....
ама подоброто САМО не доага ,затоа охрабрете се и почнете да пишувате ,пуштете глас ,некој ке ве слушне ,...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 2 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Фири Пон Јан 26 2015, 20:00

Jaс не сум читач! Имам над 18% од сите постови на форумот Smile

_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
Фири
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 2 Empty Re: Македонско образование

Пишување by osa Пон Јан 26 2015, 20:08

spored koj zakon delumno se odviva eksternoto ?neli site MORA da se testiraat eksterno ?
eve pak diskriminacija ,do koga bre ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 2 Empty Re: Македонско образование

Пишување by osa Пон Јан 26 2015, 20:09

Фири напиша:Jaс не сум читач! Имам над 18% од сите постови на форумот Smile
така е Фири ние затоа те цениме ко член со свој став .

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 2 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Саб Јан 31 2015, 10:42

SONK dobro se drzi zasega...Ne podlegnuvaat na pritisocite...Strajkot se omasovuva...

Од понеделник во штрајк влегува и гимазијата „Свети Климент Охридски“ во Охрид

Македонско образование - Page 2 19851golema

Охридската гимназија Свети Климент Охридски од понеделник се приклучува на штрајкот на СОНК.

По одржаниот состанок на синдикалната организација во гимназијата оттаму информираат дека била донесена одлука според која од 2 февруари, понеделник, вработените во училиштето членови на СОНК се приклучуваат кон Генералниот штрајк.

Штрајкувачкиот одбор кој бил формиран од директорот на гимназијата побарал да се обезбедат соодветни услови за остварување на правото на штрајк на вработените.

-Гимназијата образувала многу генерации, ги надживеала своите ученици. Таа постои повеќе од еден век. Се надевам дека уште долго, долго ќе постои и ќе биде пример за квалитетно образование и гордост на нашиот град.Сите ние кои имаме некакво влијание врз нејзиното функционирање имаме обврска да ја респектираме и при донесувањето одлуки за нејзиното работење секогаш да имаме во предвид дека Гимназијата била и треба да остане Охридски образовен бренд, напиша на својот фб профил професорката Жаклина Лазареска.

Засега нема реакции на локалната власт во Охрид за најавите за приклучување на штрајкот на најголемото охридско средно училиште.

Охридската гимназија е прв училиште во Охрид кое стапува во штрајк. Каква ќе биде ситуацијата во училиштето и дали и како ќе тече образовниот процес се уште не се знае.

И во соседна Струга со исклучок на основното училиште во селото Октиси, сите останати основни и средни училишта се во штрајк уште од самиот негов почеток.

http://novatv.mk/index.php?p=1&navig=8&cat=22&vest=19851

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 2 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Пон Фед 02 2015, 16:04

СОНК ке го радикализира штрајкот...

Власта не го гледа штрајкот, па СОНК излегува на протести

Штрајкот во училиштата продолжува, велат од СОНК, најавувајќи протести. На главниот протест в петок ќе му претходат протести на локално ниво кои ќе се одржат во среда.

Македонско образование - Page 2 56021D8C-5274-4989-9937-C4774FD90D5C_w640_r1_s

Протести в петок во Скопје, најавуваат од СОНК, бидејќи, како што велат, во земјава не функционира социјалниот дијалог и нема интерес по демократски пат да се решаваат проблемите. На главниот протест ќе му претходат протести на локално ниво, односно на членството во другите поголеми градови кои ќе се одржат во среда.

http://www.makdenes.org/content/article/26825917.html

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 2 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Вто Фед 03 2015, 17:21

Sonk dobi podrska i od srednoskolcite...

Поддршка за СОНК и од Средношколскиот пленум

Македонско образование - Page 2 19959golema


Средношколскиот Пленум им изразува целосна поддршка на на професорите и наставниците за утрешните протести и сите протести кои Советот на СОНК ги најави за оваа недела. Пленумот смета дека укинувањето на казните за професорите од екстерното тестирање доведува до губење на притисокот врз учениците. Според нив, притисокот кој се врши врз професорите, е и притисок врз учениците.

Од Пленумот на средношколците велат дека екстерното тестирање го сметаат за необјективен начин да се изрази реалното знаење на учениците.

„Реалното знаење не се покажува преку притисоци и закани.Должни сме да ги поддржиме професорите кои утре штрајкуваат, да ги поддржиме оние кои нѐ учат на вистинските вредности, на непокорливност, достоинство, храбост и солидарност. Да ги поддржиме и охрабриме во барањата затоа што залагањето за подобро образование е заедничко. Да истраеме во идејата за квалитетно образование, во идејата за подобри услови“, се вели во соопштението кое Пленумци го испратија денеска попладне.

Средношколскиот пленум ги повика сите средношколци, основци, сите граѓани на Република Македонија, утре, на 4 февруари, да ги поддржат протестите на професорите кои штрајкуваат.

-Да покажеме дека образованието, професорите и учениците, не се простор за експерименти. Да докажеме дека професорите и учениците се на една страна. Да покажеме дека сме на страната на образованието, најсилното оружје кое може да го промени светот.Борбата не е само нивна. Идејата за квалитетно образование е заедничка. Тишината не е решение, велат од Пленумот.

Штрајкот на СОНК денеска доби поддршка и од Професорскиот пленум, кој ги повика своите членови да им се придружат на протестите.

Во општините кои ги опфаќаат регионалните одбори на СОНК, членството од наставници кои досега единаесетти ден се во штрајк, за утре најавуваат јавни протести во повеќе градови низ Македонија.

Од СОНК велат ова е дополнителна мерка преку која ќе се манифестира одлучноста на членството да истрае во легитимната борба за остварување на своите барања.

Синдикатот им препорачува на регионалните одбори на СОНК да им овозможат учество на јавните протести на сите полнолетни граѓани, кои ќе изразат лична подршка на барањата на просветните и културните работници

Советот на Синдикатот ги задолжи сите регионалните одбори на СОНК да ги преземат сите неопходни подготовки за организирање и одржување на мирни и достоинствени протести.

Од вчера на штрајкот кој од почетокот на второто полугодие од учебната година тече во повеќе училишта и општини , се приклучи и охридската гимназија „Свети Климент Охридски“.

Доколку ресорните министерства заклучно до утре не обезбеди социјален дијалог до утре, од СОНК велат дека во петок ќе организираат централен протест пред ресорните минситерства и Владата со учество на сите членови на СОНК кои ја поддржуваат Одлуката за штрајк.

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=19959

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 2 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Вто Фед 03 2015, 17:25

A studentite ne otstapuvaat od svoite baranja...

ЌЕ ГО ОКУПИРАМЕ УНИВЕРЗИТЕТОТ, АКО ТРЕБА

Македонско образование - Page 2 Kombo-Mulachka

Интервју со Анастасија Петревска и Владимир Делов, активисти од Студенскиот пленум

Во последните четири месеци, Студентскиот пленум организираше неколку протести против воведувањето на државниот испит на факултетите и новите законски измени во високото образование. Иако владата и Министерството за образование постојано ги игнорираат и ги протнаа спорните законски измени во Собранието, сепак студентите успеаја да покренат критична маса и да разбудат поширок граѓански отпор против образовните реформи. Анастасија Петревска, студентка на Филолошкиот факултет, и Владимир Делов, студент на Правниот факултет во Скопје, се меѓу активистите на Студентскиот пленум. За „Фокус“ говорат за идејата за создавање на ова движење, за ефектот од студентските протести, за етикетирањето од премиерот и од медиумите, како и за идните планови на студентската борба за автономија на универзитетот

ФОКУС: Пред воведувањето државни испити, честопати бевте цел на напади поради вашата неактивност, заспаност и незаинтересираност да се соочите со лошите владини реформи во образованието. Што беше причина за тоа?

ПЕТРЕВСКА: Во Македонија има генерален проблем со ниската политичка свест и општествен ангажман, не само кај студентите, туку општо кај сите граѓани. Делумно, тоа беше проблемот за нашата првична неактивност и пасивност, како што нѐ обвинуваа дел од медиумите. Да речеме дека проблемот со екстерното тестирање или т.н. државен испит беше капката што ја прелеа чашата и што нѐ натера да почнеме малку повеќе да се ангажираме за прашањата што нѐ засегаат.

ФОКУС: Од каде потекна идејата за формирање на Студентскиот пленум?

ДЕЛОВ: Иницијатори за создавање на Студентскиот пленум беа студентите од Филозофскиот и од Филолошкиот факултет.

ПЕТРЕВСКА: Првата идеја за тоа движење се случи по проекцијата на еден филм. Се отвори една дискусија, што можеме ние да направиме во општество во кое се прават проблематични реформи? Кои се механизмите со кои ние можеме да учествуваме во донесувањето на законите и како би можеле да го искажеме нашиот револт, а тоа да биде конструктивно? И така дојдовме до идејата да направиме собир од отворен тип. Не знаевме дали воопшто има некаков интерес кај студентите.Така дојде до првиот собир на платото кај УКИМ, каде што се собраа околу 150 студенти, што беше бројка од која бевме изненадени.

ФОКУС: Тој собир се случи токму тогаш кога бевте нападнати дека сте се пишманиле и не сте го одржале протестот!

ДЕЛОВ: Точно. Тогаш во медиумите излегоа наслови дека студентите се пишманиле, иако тоа не беше закажан протест, туку еден од нашите први собири, за да видиме дали има заинтересираност и колку студенти ќе се соберат. Конкретно, бројката на првиот пленум беше добар знак дека веќе добар дел од студентите се подготвени да придонесат за решавање на студентските проблеми. Во недостиг од легитимно студентско тело и незапознаеност со работата на студентските тела на факултетите, студентите решија да се самоорганизираат за своите прашања.

ФОКУС: И решивте да протестирате?

ПЕТРЕВСКА:Тоа беше многу продуктивен собир. На почетокот се собиравме на јавни пленуми, а подоцна се формираа осум–девет интерни гранки на пленумот, на Правниот, Филозофскиот, Филолошкиот и на техничките факултети. Сите тие имаат одделни собири и потоа координаторите од секој пленум се собираат на еден состанок, за да решат што понатаму.

ФОКУС: На улица излеговте над 10.000 студенти, средношколци и професори?

ДЕЛОВ: Очекувавме висока бројка, но не до толку. Кога на првиот протест го видовме платото на УКИМ полно со студенти, на сите ни паднаа вилиците надолу од изненадување. Бевме пресреќни што добивме поддршка и тоа што студентите се свесни за ситуацијата во која се наоѓаат, бидејќи тоа беше главниот мотив тие да излезат и да се изборат за своите права.

ФОКУС: Сепак, протестите не сменија ништо, а Владата и Министерството за образование цело време ве игнорираат?

ПЕТРЕВСКА: Можеби на сите им изгледаше дека нашата директна цел беше да се повлече законот и ние против тоа ќе продолжиме да се бориме. Меѓутоа, ние имаме и една посредна цел, а тоа е стимулирање на критичката мисла кај нашата генерација и мислам дека делумно успеавме во тоа. Поради тоа инсистираме на хоризонтална структура, без лидер, за да може секој да го каже своето мислење. Сакаме да предизвикаме секој студент да се чувствува одговорен и засегнат, да не се води постојано по некој лидер, туку самиот да донесува одлуки.

ДЕЛОВ: Тука се постави прашањето, ако не ти – кој, ако не сега – кога? Ние со нетрпение чекавме да ги поставиме идните постулати на нашата иднина. Значи, ние верувавме дека можеме да успееме во ова, дека луѓето се спремни да го изразат своето незадоволство. Во однос на прашањето дали сме постигнале нешто, сметам дека постигнавме голем успех со таа ситна промена во општествената матрица, според која, наша е одговорноста за создавањето на иднината што ние треба да ја живееме.

ФОКУС: Позитивно во целата приказна е што вашата енергија ги раздвижи повеќето незадоволни граѓани. Им влеавте надеж на луѓето.

ДЕЛОВ: Ние сакавме да бидеме една поинаква рефлексија во општеството, да бидеме антипод на стравот. За нас стравот не беше ограничување, ние го заслепивме стравот со тоа што покажавме дека знаеме и умееме да бидеме храбри и со тоа што покажавме дека сме автентични, натпартиски и надрелигиски. Се обидовме да го промениме политичкиот дискурс во општеството, каде што ненужност е да се почитува автократскиот принцип на владеење, односно носење закони, без притоа да се консултираат луѓето засегнати од тие закони.

ПЕТРЕВСКА: Во исто време, сакавме да го тргнеме табуто од тоа што значи да се занимаваш со политика и поистоветувањето на политиката со партијата. Сметаме дека протестот е политички чин и во едно општество не може никој да си дозволи да не се занимава со политика. Сѐ е политика. Навистина мислиме дека е потребно луѓето да се повеќе вклучени во политичките процеси во општеството, за да можат да бидат активни чинители, а не само жртви.

Македонско образование - Page 2 Taa-01-620x323

ДА ГИ РАСПУШТИМЕ ФАКУЛТЕТИТЕ И МИНИСТЕРОТ ДА ДАВА ДИПЛОМИ

ФОКУС: Каква штета на високото образование ќе му донесат новите законски измени и државниот испит?

ПЕТРЕВСКА: Поимот автономија, по толку многу спомнувања во медиумите, мислам дека станува истрошен. Меѓутоа, не знам колку луѓето се свесни дека тоа е идејата што овозможува Универзитетот да биде критичко јадро. Без автономија, немаме прогресивност во општеството. Незамисливо е извршната власт да се меша во работата на Универзитетот. Овој закон ќе доведе до немање слобода во правењето на наставно-научните програми, што е незамисливо за високото образование. Тоа го нема никаде во светот.

ФОКУС: Власта вели дека државен испит се полага во повеќе европски земји, па зошто да нема и кај нас?

ПЕТРЕВСКА: Владините службеници постојано цитираат други земји, други образовни системи, каде што има државен испит, каде што е сето тоа нормално. Меѓутоа, никаде во светот нема таков државен испит на начинот на кој владата сака да го направи тоа во Македонија.

ФОКУС: Што е спорно во законот, што може да биде погубно за високото образование?

ПЕТРЕВСКА: Ќе биде погубно, не само од суштински, туку и од технички аспект. Едноставно решението е неизводливо. Некои делови од членовите што се наоѓаат во новиот закон за образование се смешни. Незаконски ќе биде ако оној што испитува се задржи повеќе од пет секунди до студентот што е испитуван. Што ако се задржи шест секунди, дали тогаш можам да го тужам? Не разбирам. Ние сметавме дека државниот испит е нашиот најголем проблем, но понатаму, кога цело време се додаваа членови на законот, се согласивме да не го признаваме законот, дека сме изричито против него. Во него се предвидува и затворска казна за деканите, глоба од 30.000 евра за професорите. Проблематични се многу членови од законот и ние мораме да се бориме против тоа.

ДЕЛОВ: Универзитетот нема да ја игра улогата на универзитет со најновите законски измени во високото образование. Истите законски интервенции го донесоа универзитетот до таа ситуација, тој да биде веќе изнемоштен од реформи. Се поставува прашањето дали државата ќе ја има улогата на издавањето дипломи? Доколку државата го има тоа право, нужни ли ќе бидат партиски органи за издавање на дипломите? Со законот не се исполнува основната теза, дека ваквиот начин ќе го подобри високото образование. Не одговорија на прашањето како преку овие законски измени ќе се подобри квалитетот на образованието.

ФОКУС: Па, еве, премиерот тврди дека со државниот испит нема веќе да се купуваат дипломи, а знаењето ќе биде основен услов за дипломирање.

ПЕТРЕВСКА: Ако единствен аргумент е тоа, дека јавна тајна било оти секој можел да добие диплома или дека се купуваат дипломи, што покажува тоа? Тоа само покажува дека државата не ги гонела кривично тие што продаваат дипломи. Тоа значи дека сега сите правиме договор оти нема да казнуваме криминал, туку ќе воведеме колективна казна за сите, што е незамисливо. А со сите тие што досега купиле дипломи не правиме ништо. Апсурдно! Ја лекуваш последицата, а не причината.

ФОКУС: Но, сега факултетите ќе треба речиси за сите свои активности да добиваат „амин“ од министерот за образование?

ПЕТРЕВСКА: Ќе биде потребен и потпис од Одборот за акредитација и евалуација, кој ќе биде избран од министерот за образование буквално за секоја програма во високото образование. Амин ќе треба да се добие од МОН за сѐ што се случува на факултетот. Исто така, ќе се полага тест направен од министерот пред да се добие диплома. Јас мислам дека сега слободно можеме да ги распуштиме факултетите. Зошто да учиме кога можеме да отидеме во Министерството, да одговориме на пет квиз-прашања и да добиеме диплома? Во таква ситуација Универзитетот нема потреба да постои.

ДЕЛОВ: И уште понатаму ќе ги акредитираме универзитетите во чии квалитети се сомневаме и кои издаваат дипломи на студенти под ракав, само за пари!? А вината е секогаш само во студентите, нема соучесници. Државата станува монопол на издавање дипломи.

ФОКУС: Претседателот Иванов, сепак, ги потпиша указите на законите и не стави вето.

ДЕЛОВ: Директниот импакт од ставањето вето ќе беше да се покаже дека државата нема монолитен став за ова прашање. Но, тоа се покажа индиректно, со тоа што претседателот претходно укажа дека е потребен нов закон за високо образование, кој ќе се донесе со консултирање на засегнатите страни. Значи, на тој начин тој се обиде да го амортизира ударот врз владата. Тоа отприлика би одело вака – „да имате несогласување со комшијата и сопругата да дојде да ви рече, злато извини, не си во право“. Тој го амортизираше тоа на негова лична штета.

ФОКУС: Ве разочара ли претседателот како државник, а, пред сѐ, како професор?

ПЕТРЕВСКА: Јас искрено не се надевав дека ќе стави вето на спорните законски реформи, меѓутоа сметавме дека средбата со него беше еден од чекорите кој моравме да го преземеме, чисто за да ги исцрпиме институционалните методи, пред да одиме понатаму. Неговиот одговор беше смешен. Јас ќе постапам како државник, а не како професор. Јас лично мислев дека, ако веќе постапува како државник, тогаш требаше да му текне дека државниците го почитуваат Уставот и законите. Тој не го направи тоа.

ДЕЛОВ: Сите сакаа тој да не го потпише законот, односно да стави вето. Но, сите потајно беа убедени дека претседателот ќе го потпише законот. Доколку неговите заложби да се направи нов закон не останат празна флоскула, јас лично би го променил ставот околу целата негова заложба.

ФОКУС: Симболично го погребавте високото образование, но не се откажувате од борбата?

ДЕЛОВ: Собранието стана место на злосторството бидејќи таму се убива автономијата на универзитетот, односно се гласа против неа, иако е уставно загарантирана. Таму внатре се луѓето што гласаа против Уставот. Какви народни избраници се тие? Дали треба да се почитува законот, кој е противуставен? Со тие две прашања се соочува Студентскиот пленум во овој момент.

Македонско образование - Page 2 Toj-02-620x412

ЕТИКЕТИРАЊЕТО Е ВЕЌЕ ДЕМОДЕ ПОЛИТИКА

ФОКУС: Во борбата на Студентскиот пленум му се приклучи и Професорскиот пленум. Ви помогнаа ли професорите во битката или само ви одмогнаа?

ДЕЛОВ: Има една поинтересна приказна за Професорскиот пленум. Меѓу нас студентите и по четири месеци не се покажа дека има различен став кон државниот испит. А кај професорите веднаш се појавија контраши. Се појави поделба за ова прашање, нешто што ние како Студентски пленум не го доживеавме. Со тоа може да му се нанесе директна штета на Студентскиот пленум, не однатре, туку однадвор. Според мене, личната заложба на професорите е искрена и тие би сакале да им помогнат на студентите.

ПЕТРЕВСКА: Јас искрено се израдував на формирањето на Професорскиот пленум, бидејќи повеќето од професорите што се таму мене ми предаваат и се прекрасни луѓе. Тие ја сакаат својата професија и не заслужуваат таква деградација.

ФОКУС: Вие ли требаше да бидете тие што ќе ги разбудите да излезат на улица и да го кренат својот глас, бидејќи години наназад молчат и трпат понижување и деградирање?

ПЕТРЕВСКА: Дефинитивно е така. Тие 300-400 професори сами го кажуваат и ни го признаваат тоа. Проблемот е што ние Професорскиот пленум го гледаме како симбол, општо добро за професорската фела во Македонија. Меѓутоа, и понатаму има професори кои се пасивни, се кријат и не заслужуваат да го носат тоа име. Според мене, многу беше важно да се слушне нивниот глас, а дефинитивно многу полесно беше да се извалка нивното име и некои го искористија тоа. Многу од нив се јавни личности, имаат минато зад себе. Дури многу од нив и да не сакаат толку јавно изложување, да сакаат да останат во сенка за да можат други колеги да се истакнат, не можат да го направат тоа бидејќи се препознатливи. За разлика од нив, ние сме чисти. Претпоставувам дека ни останува да бидеме самостојни, ама не можеме да се одделиме едни од други бидејќи ја водиме истата битка.

ФОКУС: Не сметате ли дека вие ги засрамивте професорите почнувајќи ја битката што тие требаше да ја почнат одамна?

ДЕЛОВ: Значи, во овој момент ние имаме иста битка, нели секогаш заедно сме посилни? Но, за понатаму, здраво би било да имаме и спротивставени ставови.

ФОКУС: Премиерот Груевски постојано ве обвинува дека опозицискиот СДСМ и СОРОС ве злоупотребиле и ве искористиле за да ја истераат својата агенда за уривање на оваа власт!

ДЕЛОВ: Мислам дека тоа го зголеми гневот и ги охрабри студентите уште помасовно да се приклучуваат на протестите, бидејќи цело време беа омаловажени и понижени од премиерот, иако сите тие обвинувања упатени на наша сметка не беа точни.

ПЕТРЕВСКА: Од една страна нѐ етикетираат, а од друга нѐ игнорираат. Постојано велат „Не знам зошто студентите протестираат“ и „Само 3.000 студенти имаше“. Во дел од медиумите воопшто не кажуваат што се случува, дека има протести, па затоа не е чудно до каде е дојдена ситуацијата со слободата на медиумите. Навикнати сме на тоа, а, од друга страна, тоа делумно ни помогна бидејќи во недостиг од аргументи, сѐ што можеш да направиш е да етикетираш. А луѓето веќе се изморени од тоа и многу лесно беше да се разобличи таквата политика бидејќи се виде дека нашата цел беше навистина чиста.

ФОКУС: Провладините медиуми постојано ве етикетираат како партиски војници, ве заокружуваат со црвен фломастер, ве пребројуваат.

ДЕЛОВ: Покажавме дека етикетирањето е веќе демоде политика и дека е контрапродуктивно.

ФОКУС: Има ли „вмровци“ меѓу студентите?

ДЕЛОВ: Многу ми е драго што полека почнавме да ја разбиваме таа фиксација во однос на партискиот и личниот став. Меѓу колегите во подмладокот на партијата на власт се јави став дека ние навистина немаме опозициски и партиски мотиви и не сме партиски инструирани. И тие го почитуваат тоа. Дури и самите сметаат дека државниот испит е глупост. Не сакаме нашите поддржувачи да ги гледаме како партиски членови, ние сакаме во нашето општество да спроведеме борба на концепти, односно да одлучува тежината на аргументите што навистина би ни изградило подобро утре.

ПЕТРЕВСКА: Ние ги охрабруваме луѓето од секаков политички профил да се придружат кон ваквиот начин на изразување револт кон одредена политика. Не нѐ интересира дали некој што дошол на протестот е од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, СОРОС или кој и да е, туку единствено што треба да биде релевантно за да учествуваш во таков политички акт е прашањето, мерката што се обидуваме да ја смениме. Треба да се смени мислењето дека, ако сме од ВМРО, тогаш треба да бидеме за секоја нивна реформа или ако сме од СДСМ, треба да бидеме против секоја нивна реформа.

ФОКУС: Но, постојат и ваши колеги кои го поддржуваат воведувањето државен испит на факултетите. Се појавуваат на телевизија, се сликаат…

ДЕЛОВ: Не би навлегол во лични дисквалификации. Тие студенти што се појавуваат по провладините медиуми стануваат препознатливи, но ние лично не ги познаваме. За разлика од нив, ние не сме инструирани да кажуваме нешто што не го мислиме со своја глава.

ПЕТРЕВСКА: Сите оние што излегуваат да дадат изјави по медиумите со поддршка за овие реформи, вклучително и од Министерството и од владата, постојано го мантраат тоа дека реформите ќе го подобрат квалитетот на високото образование. Тоа не е никаков аргумент. Тоа дополнително треба да се разгледа и да се поддржи со факти. Каде се анализите, каде на хартија има некаков заклучок од некаква анализа која вели дека ова навистина ќе го подобри образованието. Не постои такво нешто.

Македонско образование - Page 2 Toj-01-620x412

УНИВЕРЗИТЕТОТ Е НАШ, НЕ Е НА ВЛАСТА

ФОКУС: По Професорскиот пленум се појави и професорски контрапленум.

ПЕТРЕВСКА: Јас искрено не ни ги знам кои се тие луѓе од контрапленумот, освен Тања Каракамишева. Мене никој од нив не ми предава и не ни ги познавам.

ДЕЛОВ: Мислам дека тие професори своето однесување ќе го платат со немање почит од студентите. А, тоа е нешто што чини многу, нешто скапо. Во политиката сметките стигнуваат со задоцнување, ама, сепак, стигнуваат.

ФОКУС: Најавивте дека ако се изгласа законот, ќе бојкотирате, ќе блокирате и ќе окупирате?

ПЕТРЕВСКА: Сѐ уште сме во фаза на координација. Ако треба ќе биде и порадикално, односно ќе го окупираме Универзитетот. Факт е дека кај нас веднаш почнуваат да се формираат контрапленуми, контраштрајкови. Може да ни ја украдат идејата за да ја уништат или да ја спречат. Поради тоа, не сакаме да откриваме сѐ во детали. Сигурно ќе биде порадикално, бидејќи досега ги истрошивме сите други механизми. Колку и да се масовни протестите, власта ги игнорира.

ДЕЛОВ: Дефинитивно ќе направиме нешто. Сметам дека се наоѓаме пред нов предизвик, а тоа е да ги сплотиме студентите, да бидеме едногласни и меѓу другото да бидеме порешителни и спремни да дадеме жртва. Да не бидам сфатен погрешно, дејствувањето на студентите е секогаш ненасилно.

ФОКУС: Кога ќе се случи тоа?

ПЕТРЕВСКА: Па, во скоро време. Некаде на почетокот од февруари. Многу интересен момент е тоа дека сѐ што презема власта, го прави за време на испитна сесија, кога студентите се најзафатени, потоа за време на празници, што на некој начин гарантира дека револтот нема да биде искажан.

ДЕЛОВ: Завршуваат испитните сесии, студентите се будат од зимскиот сон, така што во најскоро време ќе реагираме. Ние бевме спремни да го искажеме револтот, не сме заморени, но постојат временски ограничувања што ни се наметнати, а власта гледа по секоја цена да го избегне отпорот кога носи закони. Па, видете сега, колку е тоа кукавички и „државнички“. Во моментов треба да видиме дали сите студенти се спремни да ја дадат потребната жртва и истрајност во оваа борба.

ФОКУС: Се појавивте и пред Собранието кога се изгласаа спорните законски измени. Додека вие извикувавте „не“, пратениците му дадоа зелено светло на законот.

ДЕЛОВ: Ни беше битно тој ден да бидеме присутни пред Собранието, да знаат дека сме надвор и дека нема да седиме со скрстени раце.

ПЕТРЕВСКА: Тој перформанс беше симболичен. Бевме свесни дека колку и да се собереме, колку и да урламе и да чекаме, тие законот секако ќе го донесат. На Комисијата за образование одредбите поминаа во три часот наутро. Сметавме дека треба да се појавиме за да им покажеме дека ова не е крајот, иако бевме свесни што ќе направат.

ФОКУС: И, сега, ќе ја бојкотирате ли наставата?

ПЕТРЕВСКА: Само едно ќе кажам, Универзитетот е наш, не е на власта.

ДЕЛОВ: Во план е држење академски час на факултетите, алтернативна настава, панаѓур…

ФОКУС: Дали откако го кренавте својот глас, вие и вашите семејства се соочувате со некакви притисоци и закани?

ДЕЛОВ: Една од одликите на авторитаризмот е дека ти можеш да зборуваш што сакаш, ние законите ќе си ги донесеме и ќе ги спроведеме како што ние сакаме. Во овој момент не сме под закани или притисоци.

ПЕТРЕВСКА: Јас лично не трпам никакви закани и притисоци, но постои одреден став кај луѓето и дел од нив постојано ни велат – зошто се буните, што ќе постигнете, утре нема да можете работа да најдете. Сето тоа ни кажува за општата ситуација во Македонија и за стравот што владее, а од друга страна слушаме дека пред протестите, луѓе од студентските домови биле спречени да излезат. Исто така, еден вид притисок е и медиумскиот. Што е етикетизацијата, ако не е притисок.

ФОКУС: Што направи власта со постојаното „реформирање“ на високото образование?

ПЕТРЕВСКА: Премиерот и претседателот треба да си ги земат индексите и да се вратат во студентските клупи, за ние да им одржиме час по државништво бидејќи покажаа незнаење. Ако тоа што го прават не е од незнаење, тогаш мора да е од желбата за контрола. На образованието му треба комплетно нов закон, бидејќи откако оваа гарнитура е на власт, досега законот за високо образование е сменет 15 пати и постојано е во ужасна состојба. Тоа значи дека власта не треба да се амнестира од одговорноста за тоа во каква состојба е денес образованието.

ДЕЛОВ: Јас би направил разлика меѓу ставовите на претседателот и ставовите на премиерот, пред сѐ, поради тоа што претседателот е професор на катедрата каде што учам јас. Сметам дека доколку тој се држи до своите заложби за нов закон, сепак ќе го обели својот образ пред своите колеги и студенти.

ФОКУС: Доволно ли е само еден ден Груевски и Иванов да бидат студенти, за да видат како е во денешно време да се биде студент?

ДЕЛОВ: Треба само еден ден да бидат студенти, бидејќи јас не верувам дека ниеден од нив двајцата не би сакал да биде дел од студентските домови, кои имаат затворски услови. Дури и затворите се подобро опремени и имаат подобри услови од студентските домови. Не знам за затворската храна, не сум бил во затвор, меѓутоа во мензите каде што се хранат студентите е очајно. Студентскиот стандард е опаднат.

ПЕТРЕВСКА: А да не зборуваме дека владата издвојува ужасно малку пари за универзитетот. Освен платите на професорите и асистентите, универзитетот комплетно се само финансира.

ДЕЛОВ: Да бидеме реални, тоа го турка универзитетот во амбис.

ФОКУС: Студентскиот лидер еднаш изјави дека не е време за протести. Тој е ставен таму за да ги брани правата на студентите, а наместо тоа, тој излегува со поддршка за власта.

ПЕТРЕВСКА: Токму поради тоа се роди идејата за студентска самоорганизација. Не знам дали Студентскиот парламент некогаш во историјата на УКИМ бил функционален. Малку од студентите знаат што е СПУКМ, малку од нив знаат дека даваат пари во фондот за студентскиот парламент, а тоа не резултира со никаков напор да се подобри студентскиот живот. Страшно и срамота е никаде да не се појави студентскиот лидер, а треба да се бори за студентските права. Тој нема направено баш ништо во историјата на неговата функција. Тој не е легален лидер, истечен му е мандатот.

ДЕЛОВ: Јас не го сметам за лидер воопшто. Според мене, студентските тела не треба да имаат партиска заднина. Се надевам дека во иднина студентите ќе бидат таа брана што ќе го оневозможи тоа. Ние треба да им поставиме граница и да им кажеме дека тие се извршители на нашите барања, а не на власта.

Македонско образование - Page 2 Taa-02-620x913

НЕ СМЕЕМЕ ДА ЗАСТАНЕМЕ

ФОКУС: До кога ќе ја водите битката?

ДЕЛОВ: Многумина од студентите, донесувањето на овој закон го доживеаја како пораз и како крај на студентската битка. Ние чувствуваме општествена одговорност дека треба да продолжиме со тоа што сме почнале да го правиме и дека во никој случај сега не е моментот да застанеме.

НЕВОЗМОЖНО Е ДА СЕ ОБЈАВУВААТ ТОЛКУ НАУЧНИ ТРУДОВИ

ФОКУС: Дали овие законски измени во високото образование се со цел да се избркаат од работа неподобните професори?

ПЕТРЕВСКА: Јас не би знаела да кажам дали законот ќе има такво влијание. Одредбите што се однесуваат на објавувањето научни трудови со импакт-фактор сега ќе се одразат врз повеќето професори бидејќи физички е невозможно да се објавуваат толку трудови, а со таков временски рок и со недостиг од пари.

http://fokus.mk/k-e-go-okupirame-univerzitetot-ako-treba/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=k-e-go-okupirame-univerzitetot-ako-treba

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 2 Empty Re: Македонско образование

Пишување by меанџија Вто Фед 03 2015, 17:29

Edna od bombite koja Gruevski ja potceni.

меанџија

Број на мислења : 15
Join date : 2015-02-03

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 2 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Вто Фед 03 2015, 20:56

Bravo za studentite...Ete taka se saka Makedonija...So borba za demokratija i sloboda...A ne so kriminalni tenderi...

Студентите начелно договорија окупација на факултетите

Македонско образование - Page 2 19964golema

Студентите на вечерашниот генерален пленум кој се одржа на Архитектонскиот факултет начелно договорија окупација на факултетите, пред да се оствари средбата на МОН и УКИМ која е најавена за следниот вторник, јавува репортерот на НОВА Влатко Чаловски.

Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, претходно му предложи на МОН во најкус можен рок да иницира сеопфатна расправа од која би произлегле измени на тековниот или предлог за нов закон за високо образование, а МОН одговори дека предлогот е конструктивен и е во насока на унапредување на високото образование во земјата по што договорија средба за следниот вторник.

Ваквата спогодба според Пленумци е неприфатлива, бидејќи тие бараат отфрлување на ново изгласаниот Закон за високо образование.

Претставниците на „Студентски пленум“ на вечерашниот дневен ред имаа три предлога: да се оди на работна средба со Министерството за образование и наука и на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, да се „окупираат“ универзитетите или истовремена примена на двата предлога. Сепак, поголемиот дел од студентите начелно се договорија да се „окупираат“ универзитетите.

Средбата на „Студентскиот пленум“ заврши без да се донесе конечна одлука за идните чекори. Студентите се договорија пленумите на сите факултети одделно да одлучат, а потоа сите заедно да ги разгледаат усвоените предлози и да се донесе заедничен став и план.
Од Пленумот веќе посочија дека нивната борба ќе продолжи, бидејќи според нив бесрамно се гази автономијата на универзитетите и се крши највисокиот правен акт - Уставот на Република Македонија.

>>> Како се крши автономијата на Универзитетот?

И покрај низата студентски и професорски протести, Собранието на Република Макеоднија ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за високо образование, со кој меѓу другото се воведува и државен испит за студентите, а со тоа се оспори мислењето како на домашните студенти и професори така и на проминенетните професори и мислители кои дадоа поддршка на студентските барања а кои објаснуваа како се крши автономијата на Универзитетот.

Според професорот за југоисточни студии од универзитетот во Грац , Флориан Бибер, кој за НОВА објаснуваше за хиперпродукцијата на универзитетски дипломи во регионот, со државниот испит моќта преминува во државата, која однадвор ќе ја разгледува работата на универзитетот.

Уставот на Република Македонија вели (член 46) На универзитетот му се гарантира автономија.

- Со државниот испит, ризикот е дека предавањето ќе се сведи на подготвување на студентот за испитот, но ништо повеќе. Исто така и се дава голема моќ на државата, а се потценува автономијата на универзитетот. Таквите испити би биле технички и фактографски и даваат многу мал простор за аналитички вештини, објаснуваше Бибер.

Во писмото на дел од светските професори кои дадоа поддршка, меѓу кои Жак Рансиер, Алан Баду, Антони Пол Смит, Светлана Слапшак, се вели:

„Кога институциите на високото образование стануваат предмет на контрола на државата, критичко размислување е заложник на диктатот на оние на власт. Едно општество не може да се развива во такви услови. Креативноста е задушена, критиката е немушта, независната мисла е укината. Предложените измени и дополнувања на Законот за високото образование, во прилог на други неодамнешните активности од страна на Министерството за образование и наука, не само што ја поткопа автономијата на универзитетите, туку и ја елиминира“.

Дека на повидок е кршење на автономијата студентите и Професорскиот пленум алармираа уште при самата најава дека Владата планира државен испит во високото образование. Тие бараа опширна и сеопфатна дебата со сите засегнати. Сепак, Владата потенцира дека дебата имаше, а измените и дополнувањата на Законот поминаа во Собранието без прифаќање на ниеден амандман од опозицијата.

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=19964

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 2 Empty Re: Македонско образование

Пишување by reiter Вто Фед 03 2015, 22:27

полека но сигурно сите се разбудуваат од диктатурата.Доста е.Лесно нам кои ја сакаме слободата,тешко на оние кои ни ја бранеа.

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 2 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 7 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот