Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонско образование

+9
трендафил
Фири1
Hamad bim Khalifa
меанџија
reiter
Фири
tmoro
osa
bratucedot
13 posters

Страна 3 of 7 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Go down

Македонско образование - Page 3 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Hamad bim Khalifa Вто Фед 03 2015, 22:55

Jebiga druzhe Reiteru.... nekoj bil dobro ususkan, stoplen, ubavo nacican i vo suvi peleni! Ama tolku drzelo ... mesheto, pelenite, a son ko son - kad tad ke se razbudish!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 3 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Пет Фед 06 2015, 17:08

Привидно, СОНК и Студентски и Професорски пленум, однесоа победи. Владата е спремна да преговара со секого, само за да се спречи излевање на народниот гнев после бомбата. Затоа што, опасно е да имаш десетина, дваесет илјади протестанти, во момент кога ке бидат објавени криминалните дејности, кои задираат длабоко во сферите на опстанокот на државата. Тогаш постои многу веројатна можност протестите да се омасоват и радикализираат. Но веднаш после поминувањењто на бранот бомби, за кои Грујошеску се надева дека сепак нема да имаат доволна сила да го срушат од диктаторскиот трон, планирани се жестоко освтнички акции, и кон професорите, и кон студентите, и кон наставниците. Овие последниве веке наседнаа и го прекинаа штрајкот, наместо да го стават во мирување. Ако истата глупост ја направат студентите и професорите, тоа што ке им се случува, ако случајно диктатурата ги преживее бомбите на СДСМ, ке биде само нивна вина. А осветата на режимот ке биде немилосрдна.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 3 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Пет Фед 06 2015, 23:38

Добро е што студентите не се наивни како оние од СОНК.

Македонско образование - Page 3 Sp10

Студентскиот пленум расправаше по средбата кај премиерот Груевски и одлучи дека остануваат активни се додека мораториумот не се изгласа во собрание, а потоа да се донесе сосема нов закон.

-Многу медиуми денеска чекаа на коментар од Студентскиот пленум за денешните настани и средбата со премиерот Груевски. По долги часови полемика и здрава расправа по денешната средба во Владата на РМ, пленумци се сложни во ставот дека очигледните аргументи на нашите соборници го убедија Премиерот во апсурдноста на сопствениот закон. Денеска тој попушти, но пленумци не се наивни.

Сосема е позната законската процедура: прв чекор кон укинување на закон е мораториум односно одложување на веќе донесениот. Првиот чекор ќе го сметаме за исполнет ако го видиме изгласан во собраниска процедура. Следниот е донесување на целосно нов закон. Нашата борба е студентите да бидат постојано и дирекно вклучени во неговото креирање како неодминлив и релевантен фактор. Ако тоа не се случи отвореноста и подготвеноста на нашата влада ќе бидат нелегитимни. Тие би биле обично ретерирање, одложување на револтот, страв… Во тој случај наша граѓанска должност останува бунтот.

Поучени од досегашната транспарентност и инклузивност, остануваме будни!
Прогласуваме автономна зона! Студентскиот фронт не е затворен, соопштуваат од Студентскиот пленум.

Македонско образование - Page 3 10428539_1595724110657872_1260400454138169847_n

http://grid.mk/read/article/9604233/studentski-plenum-proglasuvame-avtonomna-zo
na

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 3 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Hamad bim Khalifa Пет Фед 06 2015, 23:46

Izgleda deka Nikolae se povekje ne go reckaat! Stravot koga ke go pobedis - se e polesno, a i vrakjanje nema!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 3 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Пет Фед 06 2015, 23:48

Zatoa i zbesnuvaat ovie od vlasta...Ne bese problem zakonot...Tuku padot na mitot za nepobedlivosta i nepogresivosta na dpmne i pastirot...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 3 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Пон Фед 09 2015, 10:41


Konecnonekoj ja sfati vistinata...Na Grujo ne moze da mu se veruva...


Студентите прогласуваат слободна зона – во среда ќе го окупираат универзитетот

Студентскиот пленум доцна вечерва на својата Фејсбук страница објави дека во среда на пладне на платото на УКИМ ќе го организира седмиот студентски пленум и ќе прогласи слободна зона.

Македонско образование - Page 3 10414449_1596470377249912_6972822660601276080_n1

„Одложувањето на примената на членовите од законот, беше само прв чекор кон она што го бараме, нов закон со кој системски ќе го ревидираме концептот на високо образование.

Ветувања чувме, но немаме намера да седиме дома и да се надеваме дека кармата ќе го стори останатото. До овде стигнавме, затоа што сложни, гласно на сите начини се спротивставуваме на наметнатите реформи во високото образование.

Ајде да го освоиме назад универзитетот, време е да креираме автономна зона!

Среда, 11.02.2015, Плато на УКИМ, пладне“, повикуваат студентите.

http://libertas.mk/%D1%81%D1%82%D1%83%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D1%81%D0%BB%D0%BE%D0%B1%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B0-%D0%B7%D0%BE/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 3 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Вто Фед 10 2015, 22:34

Окупацијата на универзитетот може да биде иницијална каписла за сеопшт протест против владата на Грујошеску. Добро е што студентите и професорите кои ги подржуваат не наседнаа на манипулациите на Грујошеску, и го продолжуваат протестот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 3 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Сре Фед 11 2015, 11:26

Продолжува отпорот на студентите.

Студентите денеска прогласуваат автономна зона


Македонско образование - Page 3 Studenti-protest(7)

Денеска во 12 часот на платото на УКИМ ќе биде прогласена автономна студентска зона, од страна на Студентски пленум.


- Ветувања чувме, но немаме намера да седиме дома и да се надеваме дека кармата ќе го стори останатото. До овде стигнавме, затоа што сложно, гласно, на сите начини се спротивставуваме на наметнатите реформи во високото образование. Ајде да го освоиме назад универзитетот, време е да креираме автономна зона - порачаа студентите.

Тие нагласуваат дека одложувањето на примената на членовите од законот за високо образование е само прв чекор кон она што го бараат, нов закон со кој системски ќе се ревидира концептот на високото образование во земјава.

http://plusinfo.mk/vest/14542/studentite-deneska-proglasuvaat-avtonomna-zona

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 3 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Сре Фед 11 2015, 14:02

Ako nekoj go srushi Grujo, toa ke bidat studentite.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 3 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Сре Фед 11 2015, 16:20

Vrema e dea im pomogneme na studentite i da go slusneme nivniot povik za solidarnost...Vreme e Grujo da padne...Se odi kon toa...Ne smeat da organiziraat kontra protesti...Ne smeat da ispratat policija...Gi nema idiotite koi gi tepaa studentite po plostadite...Ja nema Goca so partiski vrabotenite policajci da gi rastera so sila demonstrantite i bezobrazno da objasnuva deka se e spored ustavot i zakonite...Gotovi se...Mitot za nepobedlivost padna...Studentite go zapocnaa pocetokot na krajot na diktaturata...

Студентите прогласија автономна зона и универзитет под студентска контрола!

Студентите во организација на Студентскиот пленум се собраа на платото пред УКИМ и прогласија автономна зона и универзитет под студентска контрола.


Македонско образование - Page 3 10966940_10155170541190368_190597648_n-540x360

Тие ги објаснија причините за ваквиот чекор. Како што кажаа, имаат основ да веруваат дека средбата ветувањето на премиерот за одложување на законот е поради актуелните политички случувања во земјата.

Македонско образование - Page 3 10968058_10155170541395368_1105014046_n-540x360

– Се сеќааваме на рекламата за државниот испит која одеше на телевизиите, се сеќаваме на изјавите дека Студентскиот пленум не постои, се сеќаваме на црвените кругови и етикетите – рекоа студентите.

Студентскиот пленум бара да се потпише спогодба помеѓу Интеруниверзитетската конференција и Министерството за образование која ќе опфаќа загарантирано учество на Студентскиот пленум во изработката на нов Закон за високо образование за тој да ги рефлектира студентските ставови и перспективи.

Македонско образование - Page 3 10882256_875429725834350_342013704527148091_n1-540x405

Студентите бараат формирање научни групи во кои Студентскиот пленум, Професорскиот пленум и претставници од министерствата ќе бидат рамноправно застапени.

Македонско образование - Page 3 10994758_10155170585945368_203503203_n-360x540

– Универзитетот треба да претставува бастион на критичката мисла која води кон напредок, место каде не те учат што да размислуваш туку како! Затоа сметаме дека е нужно да се прогласи автономна зона за симболично ослободување на универзитетот. Прогласуваме автономна студентска зона и универзитет под студентска контрола! Овој пат дефинитивно ја прекардашија и нема да им помине – рекоа студентите.

Македонско образование - Page 3 10965465_10155170586060368_1864545529_n-540x360

Тие ова го прогласија за ново поглавје во македонскиот студентски активизам. Напоменаа дека терминот „окупација“ не е соодветен бидејќи делува како универзитетот да е нешто туѓо кое го окупираат. Како што кажаа, баш напротив, тие земаат нешо што е свое.

Македонско образование - Page 3 10962057_10155170586245368_24222768_n-540x360

Ги повикаа сите граѓани на солидарност, за враќање на изгубеното достоинство.


Македонско образование - Page 3 10965499_10155170586330368_831877451_n-540x360

Дадоа и насоки за однесување во автономната зона, а како најважно, истакнаа дека во неа не смее да има партиски и национални, туку само студентски симболи.

Македонско образование - Page 3 10962020_10155170586450368_973052044_n-540x360

Македонско образование - Page 3 10951891_10155170586765368_216963110_n-540x360

Дополнето:

Откако ја прогласија автономната зона, студентите тргнаа да ги „ослободуваат“ факултетите – најпрво Филозофски, потоа Правен и Економски.


Македонско образование - Page 3 10967921_10155170629280368_372303178_n-540x360

Македонско образование - Page 3 10984660_10155170629120368_1750998351_n-540x360

Македонско образование - Page 3 10984064_1597394373824179_7544798467428950556_n1-540x304

„Почитувани сограѓани,
Студентскиот пленум од денес прогласува автономна зона на Филозофски/Филолошки факултет! Автономната зона ќе опстојува се додека не се исполнат барањата кои ги поставивме. Доколку сакате да ја искажете вашата солидарност, би било убаво да ни помогнете со доставување на храна, ќебиња и санитарни материјали. Ви благодариме“, е повикот објавен на Фејсбук страната на Студентскиот пленум.

http://libertas.mk/%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-%D1%81%D1%82%D1%83%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B0%D0%B2%D1%82/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 3 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Сре Фед 11 2015, 19:24

Браво за студентите. Нека продолжат со борбата за автономија на универзитетот.

Утре ќе се освојуваат и техничките факултети

Македонско образование - Page 3 IMG_20150211_124522(1)

Откако студентите денеска „ги ослободија“ Филозофскиот, Филолошкиот и Правниот факултет во Скопје, го испланираа и утрешниот ден. Во 13 часот утре на техничките факултети на скопскиот универзитет Свети Кирил и Методиј ќе продолжи ширењето на Автономната зона, и се планира и во овие институции да почне кампирање и дебати.

„Колегите од Техничките факултети се приклучуваат во креирање на Автономната зона. Го освојуваме Универзитетот, факултет по факултет!“, порача Студентскиот пленум.

Студентите попладневно побараа граѓаните да им донесат во вреќи за спиење, плинско и плински боци, леб и лиснати продукти, продукти за правење сендвичи, чаеви, овошје, кеси за ѓубре и пластичен прибор за јадење, како и пластични садови за чување храна.

http://plusinfo.mk/vest/14637/utre-kje-se-osvojuvaat-i-tehnickite-fakulteti


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 3 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Чет Фед 12 2015, 10:43

Bravo za sosedite...Navistina se kreativni...

Бугарските студенти испратија писмо со поддршка до #СтудентскиПленум

Македонско образование - Page 3 20204golema

Бугарските студенти кои во 2013 ги окупираа универзитетите барајќи оставка од владата поради сомненијата дека нејзини високи претставници соработуваат со мафијата преку редакцијата на НОВА испратија писмо со поддршка за акцијата на Студентскиот пленум.

Во прилог го пренесуваме интегралиот текст на оваа писмо.

Писмо до македонските студентите

Ние сме Солидарни со вашата борба за автономија на универзитетите и учеството во креирањето на новиот закон за високо образование.

Вие барате универзитетите да бидат бастион на критичната мисла. Со окупацијата вие веќе направивте огромен скок кон таа цел. Вие не само што ги ослободувате универзитетите туку и општеството. Вашата борба е пример. Бидете единствени. Вие имате ваша политика а политиката бара решенија. Идеите за тие решенија често ги разделуваат луѓето но не дозволувајте да се делите на табори. Нај важно е да се обединети. Ќе ве победат само ако ве разделат.

Вие сте во вонредна состојба. Тоа што ќе го направите со окупацијата денеска ќе го паметите цел живот.

Вие сте веќе субјект на борбата. Власта се плаши од вас. Тоа што ќе го кажете и ќе го напишете денес има повеќе значење од порано.

Ова се лекции кои бугарските студенти ги научивме пред неколку години. Кога храбрите ќе застанат напред за да ја заштитат слободата и автономијата на сите, наша задача е да бидеме Солидарни.

Бугарските студенти се со вас!

#ПоздравПленумци
#Автономназона

http://novatv.mk/index.php?p=1&navig=8&cat=2&vest=20204

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 3 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Чет Фед 12 2015, 10:48

Секогаш сум тврдел дека во младите е иднината. Еве сега се докажува. Браво за младите.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 3 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Чет Фед 12 2015, 11:09

Добрососедските односи се од голема важност за иднината на Македонија. Се согласувам дека соработката на студентите, ка ја подобри климата на соработка и меѓу народот, и меѓу владите на Македонија и Бугарија. Се разбира откако Грујошеску ке падне.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 3 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Чет Фед 12 2015, 11:18

He, he, he, pada vlada. Pa i vreme beshe.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 3 Empty Re: Македонско образование

Пишување by osa Чет Фед 12 2015, 19:27

дур не видам не верувам ...не бре сега се ке се релативизира .....ова ти е 
....незнам ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 3 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Чет Фед 12 2015, 20:05

Se siri okupiranata teritorija...

Студентската окупација се прошири и на техничките факултети

Автономната студентска зона се проширува. По Филолошкиот, Филозофскиот, Правниот и Економскиот студентите ги окупираа и технолошките факултети. Со извици и транспаренти, денес ја зазедоа територијата и на овие факултети.

Студентите влегуваа во предавалните и ги прекинуваа предавањата а дел од нив во холот на факултетите закачуваа платна на кои пишуваше Автономна зона. И покрај окупацијата нема да има прекин на испитите, бидејќи како што велат нивната цел е да им порачаат на надлежните дека се борат за поквалитетно високо образование.

Студентите и вечерва планираат да останат да преноќат на факултетите. Првата ноќ ја поминаа, во шатори и вреќи за спиење, легнати едни до други низ предавалните на филозофскиот и филолошкиот факултет.

Ќебиња, храна и вода имаат доволно. Позитивниот дух и ентузијазам на студентите само уште еднаш ја потврди силната и цврста намера да ја остварат целта со целосно повлекување на законот за образование и решавање на проблемите низ дијалог.

Во меѓувреме, студентите почнаа да добиваат и поддршка од своите колеги од странство. Писмо со поддршка до студенсткиот пленум исптаија Бугарските студенти и Меѓународното студентско движење.

Студентскиот пленум најави дека окупацијата ќе трае до исполнување на барањето за итно одложување на имплементацијата на новиот закон и создавање на ново законско решение, најрано до 2018 година во чие креирање ќе бидат вклучени самите тие.

http://24vesti.mk/studentskata-okupacija-se-proshiri-i-na-tehnichkite-fakulteti

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 3 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Пет Фед 13 2015, 19:02

Dobro bre...Ovoj so kupenata diploma ke sfati li nekogash neshto???

АДЕМИ: НЕСФАТЛИВА Е РЕАКЦИЈАТА НА СТУДЕНТСКИОТ ПЛЕНУМ
Министерот за образование и наука, Абдулаќим Адеми изјави дека не ја разбира реакцијата на студентите кои прогласија автономна зона на неколку факултети од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Според него, тие имаат право да протестираат, но не би требало тоа да го прават на овој начин.

http://fokus.mk/ademi-nesfatliva-e-reaktsijata-na-studentskiot-plenum/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=ademi-nesfatliva-e-reaktsijata-na-studentskiot-plenum

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 3 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Нед Фед 15 2015, 17:28

Ne smeeme da gi zaboravime....

Продолжува студентската окупација на факултетите

Македонско образование - Page 3 103947

http://24vesti.mk/prodolzhuva-studentskata-okupacija-na-fakultetite-1

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 3 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Нед Фед 15 2015, 18:05

ВИДЕО Еден ден во Автономната зона

Погледнете го видеото што го сподели Студентски пленум на кое се гледа како студентите го поминуваат времето во Автономната студентска зона на УКИМ.



http://plusinfo.mk/vest/15016/-video-eden-den-vo-avtonomnata-zona

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 3 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Вто Фед 17 2015, 20:08

Nezapirlivi se...BRAVO...

Бојкотот на Пленумци се проширува низ цел УКИМ

Македонско образование - Page 3 20341golema

По точно една седмица од започнувањето на окупацијата на факултетите, Студентскиот пленум соопшти дека автономната зона е проширена низ цел Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Вечерва на интерен пленум студентите одлучиле од утре да спроведат окупација и на Архитектонскиот факултет, додека студентите од Градежен факултет се уште се во преговори.

Во текот на денот, бојкот на настава се случи на Педагошка академија, Ликовна академија, Шумарски факултет, Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Природно математички факултет и Земјоделски факултет.

На Факултетот за драмски уметности, по иницијатива на студентите, уште од почетокот на окупацијата пред една недела, во знак на поддршка не се реализира настава.

Засега автономни зони прогласени се на Филолошкиот и на Машинскиот факултет, каде студентите вечерва ќе ја поминат седмата ноќ, меѓутоа наставата секојдневно се бојкотира и на Правен, Економски, Финки и ТМФ.

Покрај факултетите во Скопје, денеска на пладне Студентскиот пленум при универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола прогласи Автономна зона на Техничкиот факултет.

Битолските студенти истакнуваат дека прогласувањето Автономна зона значи опструирање на наставата на Техничкиот факултет сѐ до исполнување на барањата за укинување на Законот за високо образование и донесување на нов, со поголема и поинтензивна вклученост на студентите.

Студентите велат дека окупацијата останува се дури не добијат гаранција дека она што ќе се изготви како нов Закон навистина ќе биде имплементирано.

Тие бараат да се потпише спогодба помеѓу Интеруниверзитетската конференција и Министерството за образование и наука која ќе опфаќа: загарантирано учество на Студентскиот пленум во изработката на целиот закон со цел тој да ги рефлектира студентските ставови и перспективи. Формирање на работни групи во кои членовите од Студентскиот и Професорскиот пленум ќе бидат рамномерно застапени, како и рокови за изработка на прв и втор Нацрт на законот.

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=20341

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 3 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Hamad bim Khalifa Вто Фед 17 2015, 20:12

Bravo omladino!!!!!!! Sekoja cest! Ako nesto trgne na dobro u drzavata - vie go imate najgolemiot doprinos! Azdajata e nacnata, samo treba do kraj da se dotepa!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 3 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Вто Фед 17 2015, 21:09

Kako shto im odi na stdentite, nema da me iznenadi kalifot da e vo pravo na drugata tema...GOTOV E !!!!!

ПРОГЛАСЕНА АВТОНОМНА ЗОНА И НА ТЕХНИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БИТОЛА

Македонско образование - Page 3 18

Од битолскиот Студентски пленум апелираат до грѓаните да донираат основни прехрамбени продукти, но и да им позајмат грејни тела, бидејќи имало најави дека вечерва ќе им го исклучат греењето.

Студентскиот пленум при универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола денеска напладне прогласи Автономна зона на Техничкиот факултет.

-Првата вечер во Автономната зона на Техничкиот факултет ќе ја поминат четириесетина студенти. Очекуваме дека во наредните денови овој број постојано да се зголемува, па затоа секој кој е заинтересиран да помогне со храна, со пијалаци може да дојде тука и директно да ни ги донесе. Секаков вид на помош е добредојдена, вели Борис Николевски од битолскиот Студентски пленум.

По примерот на Автономната зона на скопскиот универзитет, и битолските студенти ќе организираат алтернативни предавања и ќе имаат целодневна програма. Од битолскиот Студентски пленум апелираат до грѓаните да донираат основни прехрамбени продукти, но и да им позајмат грејни тела, бидејќи имало најави дека вечерва ќе им го исклучат греењето.

Инаку, при прогласувањето на првата Автономна зона во Битола, не се исполнија најавите од вчера, дека ќе има „ контра-пленумци“ кои ќе протестираат со транспаренти „Сакаме да учиме“, па се помина во мирна атмосфера.

http://fokus.mk/proglasena-avtonomna-zona-i-na-tehnichkiot-fakultet-vo-bitola/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=proglasena-avtonomna-zona-i-na-tehnichkiot-fakultet-vo-bitola

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 3 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Сре Фед 18 2015, 18:45

Nikoj veke ne mu se plashi. Ne trebashe da se zakacha so studentite. Silata e vo mladosta.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 3 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Hamad bim Khalifa Сре Фед 18 2015, 19:05

Jashta druze! obashka.... trpi, trpi, dupi, dupi....ama ne se zanesuvaj deka vecno ke ja teras taa taktika! .... nazdravje neke ti e grujo, sega seirot ke go gledaat tie sto seir im pravese so godini...
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 3 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 3 of 7 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот