Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Браво за СДСМ, така се сака Македонија

+14
OPOZICIONER
treta opcija
PRVOBOREC
osa
misterija
Zhane
SHARENI
TRAJCHE
трендафил
Luxor
Teo
Bosonoga
Dino
defo
18 posters

Страна 4 of 18 Previous  1, 2, 3, 4, 5 ... 11 ... 18  Next

Go down

Браво за СДСМ, така се сака Македонија - Page 4 Empty Re: Браво за СДСМ, така се сака Македонија

Пишување by трендафил Пет Ное 22 2019, 12:53

Ни во 2009 година за ЕУ или 2008 година за НАТО вината не беше наша туку на ЕУ, поточно на нејзината членка Грција. За тоа Македонија има и пресуда од Меѓународниот суд во Хаг. Не знам дали на Бихаќка е сместена СДСМ или некоја институција, но од таму доаѓаа обвинувања дека виновно е ВМРО, односно дека партијата е против членство во организациите за кои ги исполнивме условите, па ни воведоа нов услов. Добро е што признаваш дека тие што тоа го тврдеа, вклучувајќи го и Заев, не се за во влада, туку за во институција. Јас само ја продолжувам традицијата што СДСМ ја започна.
Јас и многу други сме против договорите со Бугарија и Грција. И против Тиранската платформа. Тоа што тие што не мислат како тебе ги сметаш за луди е веројатно поради недостаток на демократски капацитет кај тебе. Посебно замисли се ако на следните избори покажат дека бројот на тие што не мислат како тебе е поголем од бројот на твои истомисленици. За крај, не сите што мислат како мене за овие работи се и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, но изгледа дека ќе ги натерате со сила да гласаат за најголемата партија во Македонија. Иако јас на пример не сум таму член.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Браво за СДСМ, така се сака Македонија - Page 4 Empty Re: Браво за СДСМ, така се сака Македонија

Пишување by Luxor Пет Ное 22 2019, 13:03

Ако случајно дојдете на власт во што не верувам, и ако навистина си против договорите а не си партиски бот што пишува за материјални интереси ќе бидеш тешко разочаран. Сепак од досегашното делување на дпне и твоето ширење на лагите за бадинтерово мнозинство, потребните 30 години и најновата дека ќе ги поништите договорите по влез во ЕУ за кое нешто тврдите дека нема да се случи затоа што ЕУ ќе се распадне уверен сум дека си второто.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Браво за СДСМ, така се сака Македонија - Page 4 Empty Re: Браво за СДСМ, така се сака Македонија

Пишување by трендафил Пет Ное 22 2019, 13:15

Ако почне борба за враќање на нашите човекови права, за почеток без трчање и без датум за преговори да се спроведуваат членови од договорот што треба да се применат во рок од 5 години по отворање на одредено поглавје, нема да бидам разочаран. Капитулација без борба повеќе ме разочарува. Нормално е дека борба што македонскиот народ ја води скоро два века, а чии придобивки Заев ги сруши за многу кусо време, не може да се вратат преку ноќ. Со моите 67 години не очекувам дека ќе доживеам евроатлантската меѓународна банда да го смени односот кон Македонија изграден во 19 век.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Браво за СДСМ, така се сака Македонија - Page 4 Empty Re: Браво за СДСМ, така се сака Македонија

Пишување by Luxor Пет Ное 22 2019, 13:34

Ти нема да бидеш, ќе бидат разочарани тие што искрено веруваат во лагите на дпне. Ако воопшто има такви.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Браво за СДСМ, така се сака Македонија - Page 4 Empty Re: Браво за СДСМ, така се сака Македонија

Пишување by трендафил Пет Ное 22 2019, 19:14

Повеќе од десет пати побарав линк до изјава од некој функционер од ВМРО што ветува дека веднаш по победата ВМРО ќе го врати името, идентитетот, употребата на македонскиот јазик, парите што ги задолжи Заев или било што слично. Тоа е невозможно и ВМРО не дава лажни ветувања како најголемиот лажго во македонската политичка историја, Зоран Заев.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Браво за СДСМ, така се сака Македонија - Page 4 Empty Re: Браво за СДСМ, така се сака Македонија

Пишување by Luxor Пет Ное 22 2019, 23:54

Во лудилото да се дојде на власт заборавате што сте ветувале или мислите дека народот е луд и не памти.

Браво за СДСМ, така се сака Македонија - Page 4 IMG-20191122-234940-239
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Браво за СДСМ, така се сака Македонија - Page 4 Empty Re: Браво за СДСМ, така се сака Македонија

Пишување by трендафил Саб Ное 23 2019, 12:15

Промената на името беше повеќе поради влез во ЕУ отколку за влез во НАТО. Ако влезот не е можен во скоро време, по скорешниот влез во НАТО нема причина да подлегнуваме на уцените од евроатлантската меѓународна банда претставувани од Грција и Бугарија.
Интервјуто е дадено пред еден месец. Еве линк
https://www.dw.com/mk/милошоски-за-фац-вмро-дпмне-бара-начин-да-го-врати-уставното-име/a-50921200

Во интервјуто не пишува дека името може да се врати веднаш, напротив го пишува следното.

Комплицирано е, но постојат начини да се врати старото уставно име, вели во интервју за Франкфуртер алгемајне цајтунг, поранешниот шеф на дипломатијата и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
„Постојат начини да и го вратиме на државата нашето старо уставно име ’Македонија’. Сепак, сите тие се многу комплицирани. Една можност би била нашиот Уставен суд да го прогласи договорот за ништовен и неважечки. Ова може да се направи врз основа на минатогодишниот референдум, на кој немаше мнозинство за укинување на старото име“, вели Милошоски. Како втора опција, Милошоски ги споменува пратениците кои „под закана и притисок, против својата волја гласале за преименувањето“.
„Доколку тие (пратеници, н.з.) најдат храброст по промената на власта, јавно да проговорат за тоа и да сведочат пред Јавното обвинителство, тоа може да ја промени атмосферата и да обезбеди двотретинско мнозинство во парламентот за враќање на стариот Устав“, објаснува Милошоски. “

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Браво за СДСМ, така се сака Македонија - Page 4 Empty Re: Браво за СДСМ, така се сака Македонија

Пишување by Luxor Саб Ное 23 2019, 13:47

Значи сеоак ветувате поништување на догоборите. Немојте сега со спинови да се вадите. Народот веќе сфати дека го лажете. Сметката за лагите ќе ја добиете на избори.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Браво за СДСМ, така се сака Македонија - Page 4 Empty Re: Браво за СДСМ, така се сака Македонија

Пишување by трендафил Нед Ное 24 2019, 12:59

Не се бара поништување на пријателството туку бришење на лагите и понижувањето на Македонија од тие договори. Тоа што Бугарите сметаат дека се ослободители на Македонија од српското ропство, можеби е прифатливо за вас затоа што сметате дека Заев ја ослободил Македонија од македонско ропство. Но историјата не вели така. Бугарите ја окупираа Македонија преземајќи ја управата од хитлерова Германија, а не со победа над српската војска и што е најважно спротивно од волјата на македонскиот народ. Во Грција до 1998 година беше забрането да се користи терминот Македонија, а потоа го сменија правецот и сите во северна Грција станаа Македонци освен Македонците.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Браво за СДСМ, така се сака Македонија - Page 4 Empty Re: Браво за СДСМ, така се сака Македонија

Пишување by Luxor Нед Ное 24 2019, 15:44

Значи да си остане пријателството ама
се да биде така како што вие дпне-оФците сакате. А договорите се всушност точно за решавање на тие прашања. Што од друга стрна значи поништување. Еве тоа е потврда и од тебе дека ветувате поништување. Значи тие што мислат дека ќе го направите тоа ќе се разочараат. Поточно веќе се разочарани затоа што ве прочитаа. СДСМ ќе ве прегази на изборите.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Браво за СДСМ, така се сака Македонија - Page 4 Empty Re: Браво за СДСМ, така се сака Македонија

Пишување by трендафил Нед Ное 24 2019, 21:58

Не можам да лажам дека дедо ми (роден во 19 век) или татко ми роден на почетокот од 20тиот или јас роден во средината на минатиот век сум бил Бугарин. Ниту да лажам дека Бугарите ја победиле војската на Кралство Југославија кога тоа го направиле Германците, уште повеќе да лажам дека ја ослободиле Македонија кога ја окупирале. Не можам да лажам и дека не биле Бугарите тие што ги собрале Евреите од Македонија, дека по прибирањето во скопскиот монопол не ги испратиле во Треблинка, кога за тоа ми зборувал татко ми. И дека не им давале храна на притворените туку скопјани им префрлале преку бодликавата жица. Не можам да лажам ниту дека Грците доселени во Македонија во размената на население со Турција пред еден век се Македонци, а Македонците не се Македонци, кога сум жив сведок на тоа дека во Грција до 1988 година беше забранета употреба на терминот Македонија и единствено (скришум) го користеа Македонците. Не можам ни да се правам будала што заборавил дека половина од Албанците во Македонија се емигранти од Косово. Зошто некој пријател би барал да лажам за да не ме блокира за членство во ЕУ. Тоа е непријателски, не пријателски акт. Смешно е што и по недобивањето на датум за преговори некој уште го споменува попуштањето пред државниот тероризам на Грција и Бугарија како нешто неопходно и добро, а не како обична будалаштина од страна на актуелната власт.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Браво за СДСМ, така се сака Македонија - Page 4 Empty Re: Браво за СДСМ, така се сака Македонија

Пишување by Luxor Пон Ное 25 2019, 10:07

Всушност никој не те тера да лажеш. Нели Жмицко во дозволи за по дома да бидете македонци (малата буква не е случајна) а пред меѓународната јавност и засегнатите страни да ја кажувате вистината. Како онаа од писмото на Гоце, некрологот на Тодор, интервјуто на Ванчо плус поткрепена со членството на видни дејци на ВМРО вклучително и дедото на твојот почесен пастир во бугарските акциони комитети.

Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Браво за СДСМ, така се сака Македонија - Page 4 Empty Re: Браво за СДСМ, така се сака Македонија

Пишување by трендафил Пон Ное 25 2019, 11:59

Не знам која будала дозволи навивачката група Шверцери да прославува во зградата на возобновениот Македонски Народен Театар во центарот на Скопје. Според директорката тоа е Артан Груби, Резултатот е очекуван. Огромни оштетувања на инвентарот и орнаментите на ѕидовите од театарот. За да се разбере големината на будалаштината на власта ќе споредам со претпоставена прослава на Комитите во театарот на албанското малцинство. Такво нешто ни на најбудала Комита не би му паднало на ум. Да не зборувам за тие што даваат дозвола. Претпоставувам дека директорката на театарот (кадар на СДСМ) и министерот за култура нема уво да ги почеша за настанатата штета нити Шверцери како организатор ќе ја надополнат. Кој е тој Груби во правна држава да дава дозвола за ваков настан???
Со Заев на чело и ова е можно.

https://plusinfo.mk/шверцерите-имаа-културна-промоци/
https://sdk.mk/index.php/makedonija/navivachite-na-shkupi-na-svojata-proslava-go-oshtetija-mnt-a-vlegle-so-dozvola-na-artan-grubi-veli-direktorkata-ugrinovska/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Браво за СДСМ, така се сака Македонија - Page 4 Empty Re: Браво за СДСМ, така се сака Македонија

Пишување by Luxor Пон Ное 25 2019, 12:59

Еве и овде истото, па плачеш кога тоа други го прават. Само че додадам, нека се утврди одговорност и нека се преземат мерки. Толку за случајот.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Браво за СДСМ, така се сака Македонија - Page 4 Empty Re: Браво за СДСМ, така се сака Македонија

Пишување by трендафил Пон Ное 25 2019, 15:11

Како да не плачам кога во Македонија припадници на малцинство скандирале „Немате историја“ и „Етничка Албанија“ покрај вандализмот и никој не зборува за тој настан три дена. Како да станува збор за нешто нормално. Како да верувам дека некој ќе преземе мерки ако три дена успешно го криел случајот. Благодарејќи на диктаторскиот режим што владее во нашата држава. Уште ако Заев го пријави случајот во обвинителството како „Рекет“, можам да бидам сигурен дека главните виновници нема да бидат допрени од правдата.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Браво за СДСМ, така се сака Македонија - Page 4 Empty Re: Браво за СДСМ, така се сака Македонија

Пишување by Luxor Пон Ное 25 2019, 16:01

Па што не плачеше и кога ви ја рушеа црквата на Кале а Бучи им ги вадеше лисиците? Упс заборавив, тогаш вие бевте на власт.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Браво за СДСМ, така се сака Македонија - Page 4 Empty Re: Браво за СДСМ, така се сака Македонија

Пишување by трендафил Пон Ное 25 2019, 16:36

Не е точно дека не реагирав за тоа. Сега тоа е историја, па кој сака може да пишува на тој дел од форумот. Веројатно и тоа е причина што ДУИ го напушти принципот за влада на победниците, па сега коалицира со поразениот на изборите. Тогаш имаше и судски пресуди против вандалите. Не се работеше за црква туку за музеј во таа форма.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Браво за СДСМ, така се сака Македонија - Page 4 Empty Re: Браво за СДСМ, така се сака Македонија

Пишување by Luxor Пон Ное 25 2019, 16:44

Па еве и СДСМ реагира, значи според тебе во ред е, исто како да не се случило. А ако ДУИ после априлските остане во опозиција заедно со вас тогаш тоа ќе биде заради реакцијата на СДСМ.

Браво за СДСМ, така се сака Македонија - Page 4 Img_2128
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Браво за СДСМ, така се сака Македонија - Page 4 Empty Re: Браво за СДСМ, така се сака Македонија

Пишување by трендафил Пон Ное 25 2019, 20:00

Од власт не се очекува само вербална осуда на настанот, туку делување. Брзо и ефикасно.
Колку СДСМ ја сака Македонија се гледа и по тоа што во Хрватска Хрватите и Македонците што живеат во Хрватска ја одбележаа 80 годишнината од излегувањето од печат на Бели мугри од Кочо Рацин. Во Македонија ниту на државно ниту на општинско ниво во Велес истото остана незабележано. СДСМ заборави на настанот. Затоа се прославуваа 111 години од албанската азбука и 30 години од навивачката група Шверцери со народни пари. Само затоа што Заев тоа го искористи за предизборен маркетинг, правејќи се поголем Албанец од Албанците. А кога се работи за Македонците ја витка кичмата.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Браво за СДСМ, така се сака Македонија - Page 4 Empty Re: Браво за СДСМ, така се сака Македонија

Пишување by Luxor Пон Ное 25 2019, 20:27

Исто колку што ја сакате вие дпне-оФците бидејки гледам свечено го одбележавте јубилејот. А сепак повеќе од вас што обвинувате други за истоѕо што вие го правите.

ПС. Рацин бил комунист.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Браво за СДСМ, така се сака Македонија - Page 4 Empty Re: Браво за СДСМ, така се сака Македонија

Пишување by трендафил Пон Ное 25 2019, 21:35

Во случајов се работи за Рацин како поет. Веројатно на вас ви пречи тоа што се работи за настан пред 1945 година кога според Заев изгледа почнува северната историја, па не можете да прославите издавање на стихозбирка на македонски јазик во време кога според вас истиот не постоел. Тоа според вас е антиевропски затоа што може да значи вето од Бугарија за прием во ЕУ. Доколку некогаш добиеме датум за преговори.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Браво за СДСМ, така се сака Македонија - Page 4 Empty Re: Браво за СДСМ, така се сака Македонија

Пишување by Luxor Вто Ное 26 2019, 00:25

Претпоставки поттикнати од опзициското лудило што владе меѓу вас. Вистината е дека Рацин е комунист и го мразиш затоа што јасно се определил како таков па не можеш да го претставиш за дпне-оФца каква што си ти.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Браво за СДСМ, така се сака Македонија - Page 4 Empty Re: Браво за СДСМ, така се сака Македонија

Пишување by трендафил Вто Ное 26 2019, 16:20

Не мразам никого. Ни Заев. Болен човек не може да го мразиш затоа што е болен. Може и треба само да го жалиш.
Не гледам зошто би ги мразел комунистите кога и јас едно време бев член на таа партија. Камо среќа социјалдемократите да беа како комунистите како Рацин. Сигурно не ќе бевме со северна додавка.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Браво за СДСМ, така се сака Македонија - Page 4 Empty Re: Браво за СДСМ, така се сака Македонија

Пишување by Luxor Пет Ное 29 2019, 17:08

Поднесена иницијативата на СДСМ за автентично толкување на член 11а. Упадот на Уставен во правосудниот систем и обидот да се спасат криминалците од дпне ќе биде спречен во парламентот.

Браво за СДСМ, така се сака Македонија - Page 4 Img_2131
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Браво за СДСМ, така се сака Македонија - Page 4 Empty Re: Браво за СДСМ, така се сака Македонија

Пишување by трендафил Пет Ное 29 2019, 17:35

Чудно е што Уставниот суд не поставува на дневен ред многу поважни прашања и зошто ова го има процесирано токму сега, 3,5 години по поднесеното барање, но очигледно е дека бидејќи се знае решението, еднаш донесена одлука за помилување не може да се поништи сега секој се обидува да ќари нешто, па против, со различни пораки се јавија сите. И СДСМ и ВМРО и Претседателот Пендаровски. Бидејќи другите на форумов се застапници само на власта, еве линкови до изјавите од ВМРО и Пендаровски.

https://expres.mk/vmro-dpmne-preku-ustaven-se-pravi-prostor-za-amnestija-na-zaev-po-izborite/
https://plusinfo.mk/пендаровски-уставните-судии-да-сфата/

Во нормална држава сето ова би се разбрало како притисок на судот, затоа што тој уште нема донесено одлука. Исто така автентичното толкување на некој член од закон не значи дека Уставниот суд не може членот да го прогласи за неуставен. На пример Уставното толкување на законот за амнестија по кој практично делот од власта што има командна одговорност или е сторител на воени злосторства во 2001 година е практично амнестиран, а Уставниот суд уште ја држи претставката за тоа во фиока. Само затоа што ДУИ беше и остана власт.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Браво за СДСМ, така се сака Македонија - Page 4 Empty Re: Браво за СДСМ, така се сака Македонија

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 4 of 18 Previous  1, 2, 3, 4, 5 ... 11 ... 18  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот