Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Страна 3 of 7 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by хан Ацо on Саб Јан 31, 2015 7:33 pm

Што стана со пучот?Избега ли Груйевич во Београд?
avatar
хан Ацо

Број на мислења : 782
Join date : 2015-01-14
Местолокација : България

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by defo on Саб Јан 31, 2015 7:34 pm

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, на прес-конференција, кажа дека доказите што ги поседува се од службите кои се под контрола на премиерот Никола Груевски, а не од странски разузнавачки служби, како што обвини претходно премиерот.

За да е појасно.......твојот стално ти го закопува ножот....

Заев напомена дека тајните служби на Никола Груевски следеле илјадници граѓани на Македонија, а аргументите и доказите ја докажуваат спрегата на релација МВР-судство-партија.

Нешто слично имаше и 2001, 2002 со прислушувањето.......




defo

Број на мислења : 1924
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by хан Ацо on Саб Јан 31, 2015 7:41 pm

Ако некой уште не е слушнал Пастирот од денеска

avatar
хан Ацо

Број на мислења : 782
Join date : 2015-01-14
Местолокација : България

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by reiter on Саб Јан 31, 2015 7:50 pm

Кордон специјалци вечерва ги сопре неколкуте стотини луѓе кои се одзваа на повикот за протест поради предавничкиот однос на лидерот на опозицијата, по што се упатија пред седиштето на СДСМ.

Се очекува, по состанокот на јавноста да и се обрати лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Инаку, и покрај дождот, над 3.000 граѓани излегоа на спонтаниот собир пред споменикот на бранители да го изразат својот револт. Ваквиот протест доаѓа откако премиерот Груевски објави дека опозицискиот лидер Заев за да дојде на власт соработувал со странски тајни служби и се заканувал дека ќе го урне уставниот поредок.


http://www.press24.mk/specijalci-gi-soprea-demonstrantite-koi-se-dvizhea-kon-sedishteto-na-sdsm

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by reiter on Саб Јан 31, 2015 7:54 pm

не не,не оди на добро.Зарем премиерот не е свесен дека еднаш ќе мора да си замине од премиерското столче.Зарем неможе да се присети како заврши Чаушеску или некој друг кој со сила сака да владее.Зар сака таков да го пишува во историјата.Изгледа длабоко е влезен во калта ама треба сам да се ваде а не да повикува членство да пуштат крв помеѓу македонци.Жалосно.

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by Гостин on Саб Јан 31, 2015 8:22 pm

Еве го видеото од пресот на Заев во штабот на опозицијата...

(ВИДЕО) Заев: Илјадници граѓани биле следени од службите на Груевски



Ова што се случи денес е дрзок обид на власта да го спречи објавувањето на доказите според кој згазен е Уставот и законите од страна на Груевски, рече пред малку во своето обраќање, лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој напомена дека нема да биде спречен да ги објави доказите за она што власта го правела.

Заев напомена дека тајните служби на Никола Груевски следеле илјадници граѓани на Македонија нарушувајки ја нивната приватност и професионален ангажман, а аргументите и доказите ја докажуваат спрегата на релација МВР-судство-партија.

Како одговор на обвинувањата од премиерот Груевски и министерката Јанкулоска, дека лидерот на опозицијата, доказите ги добивал од странски служби, Заев изјави:

- Нема никакви странски служби. Нити сум го уценувал, нити сум се заканувал. Сите знаеја кои се петте барања меѓу кои и техничка влада. Тоа не е нешто ново. Доказите се добиени од чесни граѓани и луѓе од службите на Груевски, кои вистински се грижат за иднината на Македонија.

- И затоа една порака и до членовите и симпатизерите и на ВМРО ДПМНЕ. Не брзајте, узурпирана ви е и партијата! Не брзајте, за поединци се работи! И сите вие сте таргет помеѓу илјадниците граѓани, порача Заев до симпатизерите и членовите на ВМРО ДПМНЕ.

Тој ја повика меѓународната заедница, будно и внимателно да го следи целиот процес, и деновите кои претстојат, и да реагира, бидејќи се работи за држава кандидат за Европската Унија.

Во однос на средбите кои ги имал со премиерот Никола Груевски, лидерот на опозицијата Зоран Заев рече дека јасно му укажал дека поседува докази за криминалното владеење и дека никој нема право да ја сокрие вистината од народот.

Тој во својот говор ги повика сите, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и сите други националности, заедно да ја издвојуваат битката за да „се ослободи Македонија од она што и се случува“.

Напомена и дека периодот кој следи ќе биде тежок за земјата, бидејќи доказите „најдоговорно ќе бидат прикажани во јавноста“, бидејќи како што рече Заев, од денеска се испишува нова страница, за да се врати демократијата во земјава

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=19873

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by Гостин on Саб Јан 31, 2015 8:40 pm

Stanuva se poseriozno...Ne znam kakvi soznanija ima Milcin, no izjavata e voznemiruvacka...

Милчин: Последниот тест за опозицијата



Познатиот режисер и директор на Фондацијата Отворено општество Македонија, Владимир Милчин на својот фејсбук профил денеска напиша:

„Ова пучов на Грујо е тест за опозицијата, а најмногу за СДСМ. Ќе сфатат ли најпосле разните надземни и подземни струи со кого имаат работа? Ќе се огласи ли Бранко? И незадоволниците од ова и она? Или ќе си гледаат сеир без да сфатат дека ова веќе не е тест за Заев? Тој го положи. Сега се на тестирање кујните опозициски. Ќе чекаат Заев да биде притворен? За да може одново да се делат картите? Она што ќе им го потфрли Грујо? Безумници! “.

http://plusinfo.mk/vest/13304/milcin-posledniot-test-za-opozicijata

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by reiter on Саб Јан 31, 2015 8:49 pm

Зад камерите признаа дека биле повикани со смс пораки од месните комитети на владеачката партија, но и преку социјални мрежи.

Глупи овци неможат да ги уклучат мозоците.Изгледа чекаат сок и снедвиќ.Тупаци.
http://telma.com.mk/vesti/sobir-na-gragjani-pred-makedonskoto-sobranie

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by Фири on Саб Јан 31, 2015 8:51 pm

reiter напиша:не не,не оди на добро.Зарем премиерот не е свесен дека еднаш ќе мора да си замине од премиерското столче.Зарем неможе да се присети како заврши Чаушеску или некој друг кој со сила сака да владее.Зар сака таков да го пишува во историјата.Изгледа длабоко е влезен во калта ама треба сам да се ваде а не да повикува членство да пуштат крв помеѓу македонци.Жалосно.
Аjде стига со тоа бугарски менталитет бе "да не се пуштела крв". Тоj ке ве тероризира, ке лаже, ке апси и вие ке седите да си го гледате преко тв како ве лаже во очите и ви краде иднината. Понекогаш е подобро да се пушти крв, ке биде жалко за неколко тела ама ке биде добро за националната душа!Ако во Донбас си седеа и трпеа фашиситите од Десен сектор за да не се пуштела крв или ако демократските земи трпеа Хитлер или сега Исламска држава?

_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
avatar
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by Гостин on Саб Јан 31, 2015 8:55 pm

Реакции и од ОМ и НСДП...

ОМ: Криминалот на Груевски и неговата банда ќе излезе на виделина



Обединети за Македонија одамна сме свесни дека криминалот на Никола Груевски и неговата банда ќе излезе на виделина, бидејќи како што и самиот во една прилика кажа „Вистината е како шило“. Знаеме дека ова измислено кривично дело ќе биде последно за кое некој бил обвинет во Република Македонија. Македонија веќе нема да биде држава во која има политички затвореници, се вели во денешната реакција на Обединети за Македонија.

Од партијата велат:

„Правдата ќе победи, правдата секогаш победува! Ги повикуваме сите, вклучително и членовите на ВМРО ДПМНЕ, да не бидат во заложници на криминалци. Сепак, иднината ни припаѓа на сите! Никој нема право да ни ја одземе!“.

http://plusinfo.mk/vest/13305/om-kriminalot-na-gruevski-i-negovata-banda-kje-izleze-na-videlina

Груевски призна дека опозицијата има докази за противуставно и противзаконското владеење на ВМРО-ДПМНЕ    

Државата се наоѓа во најтешките моменти од нејзиното осамостојување. Граѓаните на Република Македонија се соочуваат со најжестокиот режим на владеење во Европа, предводен од ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевск – велат од НСДП.



– Денешната акција на МВР, по налог на премиерот Груевски, против претседателот на СДСМ Зоран Заев, а вордно и против целата опозиција, претставува класична злоупотреба на власта, демонстрација на сила и очајнички обид да се скрие вистината за корумпираноста, алчноста и недемократското владеење на оваа власт.

Никола Груевски во неговото обраќање, призна дека опозицијата поседува докази за противуставното и противзаконско владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

НСДП дава целосна поддршка на лидерот на СДСМ Зоран Заев во  обелоденување на вистината за корумпираната, криминална, алчна, забегана и недемократска власт, како и целосна подршка во битката за враќање на демократските и европски вредности во Република Македонија – стои во соопштението на партијата.

http://libertas.mk/%D0%B3%D1%80%D1%83%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%B7%D0%BD%D0%B0-%D0%B4%D0%B5%D0%BA%D0%B0-%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%B7%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B8%D0%BC%D0%B0/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by Гостин on Саб Јан 31, 2015 8:58 pm

Mirjana Najcevska na fejsbuk...Dobro prasanje...

Што кога премиерот не негира криминал?

Што мислите, што треба да направиме доколку не можеме да процесираме случај на отворен криминал направен од високи функционери во власта заради тоа што јавниот обвинител и сите судии се или платеници на една поличка партија, или се корумпирани до срж или уплашени до бессвест и, доколку не смееме да побараме одговорност од високите функционери во власта заради сомневање за направени криминални дејствија, заради тоа што веднаш ќе бидеме обвинети за клевета и ставени во затвор?



Што мислите, што треба да направиме во ситуација кога премиерот на државата не негирадека направил криминални дејствија, туку ја оспорува процедурата на собирање докази за направени криминални дејствија?
Што мислите, што ни останува како единствен излез?
Фејсбук статус на Мирјана Најчевска

http://libertas.mk/%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%BA%D0%BE%D0%B3%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D0%B5%D1%80%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B5-%D0%BD%D0%B5%D0%B3%D0%B8%D1%80%D0%B0-%D0%BA%D1%80%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%BB/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by Гостин on Саб Јан 31, 2015 9:00 pm

Gorgi Spasov po povod obvinenijata za puc...

Спасов: Груевски го најави македонскиот Нирнбершки процес!



Поранешниот македонски министер за правда и амбсадор во Бугарија Ѓорѓи Спасов на својот фејсбук профил напиша дека конечно ќе и се суди на опозицијата за „Палење на рајхстагот„ по што би можело да се очекува таа да биде забранета.

Спасов притоа вели:

Откако на Груевски, покрај бројните најави и квлификации, не му успеа да го уапси Црвенковски, за обид за насилно уривање на уставниот поредок, по протестите на опозицијата на 24 декември, сега еве тоа му успева во случајот со најавената бомба од Заев.

Угледот на Груевски, конечно од нашето судство е прогласен за Уставен поредок кој мора да се заштитува од насилно уривање .
А за насилно уривање на угледот на Груевски (односно на Уставниот поредок) се сметаат 4 разговори на лидерот на опозицијата Заев со него ,на кои Заев наводно предлагал Груевски да го прифати јавното барање на опозицијата за техничка влада која би ги организирала изборите, и притоа наводно се заканил дека, ако тоа барање на опозицијата не биде прифатено, ќе продолжи да објавува документи од видот на оние кои беа објавени за Македонска банка, за Загорац Тумбовски, компанијата Актор и за криминалите направени во реализацијата на проектот Скопје 2014.

Груевски за тие наоди и аргументи не сака да разговара во дебата, на телевизија или на било какво јавно политичко соочување.Тој сака јавен судски процес на кој ќе и се суди на опозицијата и ја повикува јавноста да го следи тоа судење што е веќе подготвено.

Убеден во тоа дека нашето судство и најточните аргументи на опозицијата за негово учество во криминал ,може да ги отфрли и да ги оцени како застарени или како клевета, и може како и до сега во итна постапка да му додели 50 илјади евра за претрпена душевна болка, тој денес е веќе сигурен дека ќе има ново судење и најавува храбро дека е подготвен да се соочи одново на таков суд со лидерот на опозицијата , во судски процес во кој одново Заев ќе биде обвинет а тој само тужител и сведок.

Груевски со овој чин го врати и без уставни промени, во нашиот Уставен поредок кривичното дело Заштита на ликот и делото ( на Диктатотор) и кривичното дело вербален деликт. И тоа е вистнискиот пуч врз уставниот поредок.

Се што судот денес не признава како доказ против Груевски тој истиот суд го уважува како доказ против лица од опозицијата.
Така на пример. Груевски, МВР и Обвинителството тврдат дека имааат докази за некакви (вербални) уцени од Заев , изнесени во неколку лични(приватни- неофицијални) разговори со , Груевски. Тоа значи дека тие разговори од кои произлегува клучното обвинение за уцени се снимени неовластено и без налог од истражен судија.Во спротивно би можеле да бидат измислени тврдења на Груевски.

Судот кај нас, во случајот со Македонска банка, потврди дека кога некој го снима Груевски, тоа е доказ од неовластено снимање кое не може да се користи пред судот. А сега веќе сме сведоци на тврдењата на Груевски , на Јанкуловски па и на обвинителството дека токму неовластеното снимање на Заев е доказ врз основа на кој тие покренале и обвиненија за насилно уривање на Уставниот поредок и за уцени.

Се прашале ли во МВР и обвинителството, кој им гарантира дека снимката која наводно ја поседува Груевски од разговори со Заев не е подметната и дека може би тоа не е гласот на Заев? Или кога нешто тврди Груевски, во тоа никој не смее да се сомена.?

Зад специјалното обраќање на Груевски во врска со овој случај на сите телевизии, се крие секако и една многу суштествена порака.Апсејќи луѓе и покренувајќи обвинение за пуч заради поседување информации кои би можеле сериозно да го дискредитираат премиерот и негови блиски соработници, Груевски само им порачува на медиумите дека секој медиум што ќе објави нешто од бомбата на Заев, ќе се смета за учесник во пучот за кој се оди во затвор. Ова е закана и кон нив и кон секој што ќе ги шири информациите најавени како бомба од Заев. Ова е само уште една закана за замолчување на медиумите.

Ова е срамно подигрување и со правото и со правдата, па и со угледот на Македонија, по кое станува јасно дека под ваква власт, никој не е сигурен.

http://plusinfo.mk/vest/13280/spasov-gruevski-go-najavi-makedonskiot-nirnbershki-proces

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by Гостин on Саб Јан 31, 2015 9:02 pm

I Vladimir Pivovarov so analiza na sostojbite...


ПИВОВАРОВ: КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА ЗА ЗАЕВ Е ОБИД ДА СЕ ДА ДЕАКТИВИРА БОМБАТА

Универзитетскиот професор и поранешен разузнавач со оцена за актуелната политичка состојба

Универзитетскиот професор и поранешен разузнавач Владимир Пивоваров, коментира дека според логиката, бидејќи не биле презентирани аргументи, поднесувањето на кривичната пријава против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е  обид да се замолкне опозицијата и да се оневозможи објавувањето на т.н. бомба.

Тој истакнува дека од самиот почеток, уште пред неколку месеци, кога Заев ја најави бомбата, од владејачката гарнитура биле претпазливи, не се огласувале многу со реакции, што според него укажува дека биле свесни за постоењето на информациите, а таман кога се најавило нивното објавување, се случи поднесувањето на кривичната пријава.

-Го проследив обраќањето на премиерот Никола Груевски и морам да оценам дека истото беше многу штуро, бидејќи коректно ќе беше да одговори на прашањата на јавноста, односно секогаш кога обвинувате за нешто треба да се предочат аргументи. Вака, се кажа многу малку, а се премолча многу, поради што и се остави огромен простор за шпекулации, секој да си толкува како што сака, вели Пивоваров.

Тој истакна дека е очигледно дека моментот на поднесувањето на кривичната пријава за Зоран Заев е темпиран.

-Речиси пред СДСМ да ги објави т.н. бомби, се поднесе кривична пријава за Заев. Затоа се заклучува дека терминот внимателно е одбран. Но, повторно ќе кажам дека мораше уште сега да се презентираат аргументи, бидејќи сега ќе се создаде страв за тоа кој ќе одговара доколку сега се објават бомбите, бидејќи нашите закони си ги толкува кој како што сака, а можеби тоа беше и намерата, вели Пивоваров.

Поранешниот разузнавач додава и дека треба точно да се утврди дали некој незаконски го снимал разговорот меѓу двајцата лидери, Груевски и Заев, бидејќи како што го сфатил премиерот од своето обраќање, постоеле снимки за разговорот.

-Треба да се утврди дали некој од нив двајца бил озвучен на средбите и дали незаконски го снимал разговорот, бидејќи како што сфатив овие разговори ќе бидат презентирани. По сево ова очекувам да завладее уште поголем страв меѓу граѓаните, дека секој секого снима или прислушува, што значи ќе завладее период на целосен молк, заклучува Пивоваров.

http://fokus.mk/pivovarov-krivichnata-prijava-za-zaev-e-obid-da-se-da-deaktivira-bombata/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

вероятно никой от вас

Пишување by sofmak on Саб Јан 31, 2015 9:59 pm

не е чувал името Василий Глигорович.
https://groups.google.com/forum/#!msg/macedonia-discussion-group/a2qgX8eEYig/XNFS0Pttbm0J
Преди години той участваше в български форуми за Македония.
Започна да критикува Груевски. И го вкараха в психиатрична болница.
Интересното е, че гърци проявиха интерес за неговата съдба.
Аз самият не знам какво стана с него.

sofmak

Број на мислења : 68
Join date : 2015-01-14
Местолокација : Sofia

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by Фири on Саб Јан 31, 2015 10:28 pm

Абе лугето и без ова ги е страв, ти сеа па ги плашиш со психиатриjа.

_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
avatar
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by Гостин on Саб Јан 31, 2015 11:48 pm

Se javi i EU so soopstenie...I baraat nezavisna i transparentna istraga...

Brussels, 31/01/2015
150131_01_en

STATEMENT

Statement by the Spokesperson on the latest developments in former Yugoslav Republic of Macedonia

We have been informed by the Foreign Ministry in Skopje about details regarding the accusations against four people, including Zoran Zaev, Zoran Verusevski and his wife. Charges reportedly concern espionage and violent threats aimed at Government officials with the goal of undermining the constitutional order.

These are very serious charges and we recall the inalienable right for an independent and transparent investigation in case of any alleged wrongdoing, with full respect of the rights of the defendants in accordance with the law and international standards, including the principle of presumption of innocence.

The EU also reiterates its concern about the deterioration in political dialogue in the country. Political parties must refrain from actions which would further undermine the situation.

FOR FURTHER DETAILS:

Maja Kocijancic +32 498 984 425 - +32 2 298 65 70 - Maja.Kocijancic@ec.europa.eu - @MajaEUspox

Anca Paduraru +32 498 966 430 - Anca.Paduraru@ec.europa.eu

http://www.eeas.europa.eu/statements-eeas/2015/150131_01_en.htm

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by Гостин on Саб Јан 31, 2015 11:54 pm

Арсим Зеколи...Интервју за Ал Џезира...


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by reiter on Нед Фед 01, 2015 12:03 am

Александар Диневски(разузнавач)Зоран Божиновски(новинар)Ване Цветанов,Горан Стојков,Верушевски....сите под сомнение дека соработувале со странски служби како и многу други.Дојден е крајот на Никола за кој и самиот е свесен и веќе нема каде.

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by хан Ацо on Нед Фед 01, 2015 12:03 pm



Laughing
avatar
хан Ацо

Број на мислења : 782
Join date : 2015-01-14
Местолокација : България

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by Гостин on Нед Фед 01, 2015 1:31 pm

Ovoj pat Grujo zagriza pregolem zalak...

САД: Загрижено ги следиме обвинувањата за наводен обид за загрозување на уставниот поредок



За случајот „Пуч“ во кој лидерот на опозицијата Зоран Заев е обвинет за закани кон премиерот Груевски се огласи американската амбасада во Скопје.

Во соопштението се вели дека амбасадата на САД со загриженост го следи кривичниот случај против лидерот на опозицијата, Зоран Заев, и апсењето на три други лица за наводен обид за загрозување на уставниот поредок. Ги повикуваме властите да ги задоволат највисоките стандарди на правната држава, транспарентноста, принципиелноста, заштитата на слободата на говорот, како и судската независност во текот на процесот, за да се осигура интегритетот на демократските процеси во Македонија, соопштува американската амбасада.

http://24vesti.mk/sad-zagrizheno-gi-sledime-obvinuvanjata-za-navoden-obid-za-zagrozuvanje-na-ustavniot-poredok

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by Гостин on Нед Фед 01, 2015 1:32 pm

Reakcija i od ruskoto MNR...

Русија: Да се спроведе темелна истрага за случајот „Пуч” и да се почитува уставот



Полициската акција „Пуч“ во Македонија, предизвика реакција и на Министерството за надворешни работи на Русија.

Во соопштението се вели дека руското министерство за надворешни работи се надева дека во случајот „Пуч“ ќе биде спроведена темелна истрага во инетерес на стабилноста и сигурноста на Македонија.

Се повикуваат сите политички сили да делуваат согласно уставот, проблемите да ги решаваат со дијалог, а руското министерство потенцира дека влошувањето на состојбата во Македонија според Русија може да предзвика опасна ескалација на меѓуетничките судири во земјата.

Претходно со реакција се огласи и европската служба за надворешни работи која посочи дека се работи за сериозни обвиненија, и побара независна и транспарентна истрага, како и почитување на презумпцијата на невиност и правата на обвинетите.

http://24vesti.mk/rusija-da-se-sprovede-temelna-istraga-za-sluchajot-%E2%80%9Epuch%E2%80%9D-i-da-se-pochituva-ustavot

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by Фири on Нед Фед 01, 2015 1:54 pm

А Бугарското министерство за надворешни работи молчи! Па како да збори РМ е поблизо до Русиjа одколку до Бугариjа!

_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
avatar
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by Гостин on Нед Фед 01, 2015 4:17 pm

И Ида Протугер со фејсбук статус...

Од кога тврдење дека имаш докази за криминал е удар врз уставниот поредок?!



Го читам соопштението на МВР. За Заев велат дека упатувал закани до премиерот, а од напишаното може единствено да се донесе некаков заклучок дека можеби се работи за евентуално уцена. Со што Заев би му се заканувал на Груевски кому в рака му се сите институции, медиуми и тој е човек-држава? И од кога тврдење дека имаш докази за криминал на функционери е закана и удар врз уставниот поредок?!? Луда држава!

(…”Четвртопријавениот остварил повеќе лични средби и телефонски комуникации со Претседателот на Владата на Република Македонија, на 28.09.2014 година, на 09.10.2014, на 31.10.2014 и на 17.11.2014 година.

На средбите и комуникациите пријавениот на Претседателот на Владата на Република Македонија, јасно и децидно му упатил сериозни закани дека поседува докази од компромитирачки карактер за носители на високи јавни, службени и државнички функции во Република Македонија. Заканата ја конкретизирал со тоа што од него како Претседател на Владата на Република Македонија и на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, побарал да ги прифати неговите барања за формирање на „Техничка Влада“, а потоа да се распишаат предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија. За возврат пријавениот ветувал дека нема јавно да ги објави податоците. Ваквите податоци, четвртопријавениот ги добивал од првопријавениот, со кого остварил повеќе тајни средби, со посредство и помош на третопријавениот.“)

Едно е јасно. Груевски пресметал дека бомбата е голема, дека треба прв да тргне во офанзива со што Заев од предолго чекање дојде во позиција на дефанзива. Дополнително, признава дека некои од документите, разговорите се точни и веднаш ги става во кош со некои што биле неточни за да може да манипулира.

Груевски смета на судовите, на институциите, на најголем дел од медиумите и оттука веројатно храброста да истапи, иако практично делуваше исплашено, но неговата девиза е “победи ги или ќе те победат”, па оттука се спремал за битка со сите недозволени средства. Заев в раце има документи кои допрва ќе ги видиме, но дали имал стратегија и тоа ќе треба да се види. Засега делува дека има само документи чија содржина нема да биде веродостојно пренесена на најголем дел од медиумите. Очигледно претстои тешка борба за враќање на слободата и демократијата, а ми се чини дека ако до сега сте се згрозувале од квази-новинарите кои се камарила на Груевски, не сте виделе се уште ништо, тие допрва ќе се покажат во вистинско светло.

Фејсбук статус на новинарката Ида Протугер

http://libertas.mk/%D0%BE%D0%B4-%D0%BA%D0%BE%D0%B3%D0%B0-%D1%82%D0%B2%D1%80%D0%B4%D0%B5%D1%9A%D0%B5-%D0%B4%D0%B5%D0%BA%D0%B0-%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D1%88-%D0%B4%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%B7%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%BA%D1%80%D0%B8/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by Фири on Нед Фед 01, 2015 5:15 pm

И таа ли има нешто општо со генерал Протогеров?

_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
avatar
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 3 of 7 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот