Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

+8
haskov
Hamad bim Khalifa
хан Ацо
osa
sofmak
reiter
Фири
defo
12 posters

Страна 4 of 7 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Go down

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Empty Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by Гостин Нед Фед 01 2015, 17:35

Фири напиша:И таа ли има нешто општо со генерал Протогеров?

Jok...Ima vrska so ovoj...

http://www.makedonski.info/show/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D1%83%D1%93%D0%B5%D1%80/%D0%BC

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Empty Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by Фири Нед Фед 01 2015, 18:11

Помислив да не е сестрата на Мартинчо ама со овоj став нема како да е Smile

_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
Фири
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Вратете се на почетокот Go down

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Empty Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by Гостин Нед Фед 01 2015, 19:23

Карл Билд на твитер...

Билд: Обвинувањата за обид за државен удар изгледаат изнасилени

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 19890golema

Поранешниот шеф на шведската дипломатија Карл Билд на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави дека случувањата во Македонија се загрижувачки и повика ЕУ силно да се ангажира за обезбедување на владеење на правото.

„Загрижувачки случувања во Македонија. Обвинувањата за обид за државен удар изгледаат изнасилени. ЕУ мора силно да се ангажира за да се обезбеди владеење на правото.“ напиша Билд.

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Carl

http://novatv.mk/index.php?p=1&navig=8&cat=2&vest=19890

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Empty Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by reiter Нед Фед 01 2015, 19:26

ХАОС, ПАНИКА, ГРЧ И НЕИЗВЕСНОСТ во ВМРО ДПМНЕ!

Мактел дознава дека денеска владее вистинска паника во ДПМНЕ, како во раководството така и во базата, особено во базата. Локалните шерифи и обичното членство начукано по администрација почнале гласно да коментираат дека им се ближи крајот а само што земале кредити за нови коли и големи телевизори од два метра у дијагонала. Експертската јавност сеуште се чуди што се случи вчера. Дел мислат дека најверојатно финансискиот дел на Вмро-Дпмне, сите оние што се изнабогатија овие 10 години со Груевски се обидуваат да се спасат и брзаат Груевски да го пуштат низ вода, го оставаат сам да се пржи на скарата и затоа не се појавија со него на пресот вчера. Мактел дознава од врвот на Вмро-Дпмне дека Груевски со неговите политички комесари, Илија Димовски, Протуѓер и Ѓорчев е веќе под огромен удар на тендерашкиот дел кои се спремаат да го рушат преку Ахмети и странскиот фактор бидејќи Груевски забегал целосно, нарачал уште стотина споменици и сериозно мислел да се постави себеси за доживотен диктатор на Македонија. Се шпекулира дека дека министри заедно со олигарси блиски до ДПМНЕ, добитниците на разно/разните тендери оваа деценија веќе си ги пакуваат куферите и засилено од нова година ги празнат сметките и ги префрлаат парите во странство. Народна Банка на Македонија веќе алармира за одливи во Јужна Америка, Србија и офшор дестинации. Парите забрзано се префрлаат во милионски суми , а ова почнало нагло да се прави од 20-ти декември. Дури пратеници од Вмро-Дпмне ги ваделе парите од комерцијалните банки и ги префрлале во Грција и Бугарија. Работата е хаос и веќе се знае дека е готово , само членовите сеуште не се информирани, изјави за Мактел еден од високите функционери на Вмро-Дпмне, бивш министер. Експертите предвидуваат дека сето ова ќе екслодира наредниве денови кога ќе почнат да пукаат бомбите на Заев. Тогаш јавноста и членството ќе го видат вистинското лице на Груевски, зад пропагандата и маската која ја прикажуваат режимските телевизии, радија, портали и весници и владините реклами на билбордите. Има шпекулации дека ќе се видат и слушнат разговори на министри и самиот премиер како договараат изборни местенки, провизии од милионски договори, а постојат шпекулации дека дел од министрите и самиот премиер се фатени и во некои не толку симптични лични интеркации кои ќе го нарушат нивниот демохристијански семеен домаќински имиџ. напиша:

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Empty Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by defo Нед Фед 01 2015, 21:51

хм, не верувам дека е до толку....Груески е уплашен ама ке покушава да се спаси, неговиот спас , ке ависи од позицијата на ЕУ, САД во однос на нашево прашање...........




_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3466
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Empty Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by reiter Пон Фед 02 2015, 09:26

утринските контактни ТВ емисии започнаа со бранење на груевски а плукање по заев.Се уште не слушнале,виделе гледачите(зомбипапагалите на дпмне)го осудија заев.

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Empty Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by Фири Пон Фед 02 2015, 09:37

reiter напиша:утринските контактни ТВ емисии започнаа со бранење на груевски а плукање по заев.Се уште не слушнале,виделе гледачите(зомбипапагалите на дпмне)го осудија заев.
Си очекувал нешто различно? Ама вие спиjаjте слатко и чекаjте надворешниот фактор да ви ги реши проблемите.

_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
Фири
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Вратете се на почетокот Go down

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Empty Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by reiter Пон Фед 02 2015, 09:47

опозицијата нема повеќе капацитет по демократски пат да издејствува промена на власта па неопходно е со посредство на странски фактор да се постигне некаков напредок.

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Empty Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by Фири Пон Фед 02 2015, 10:05

Да бе во право си дека нема капацитет, штом лидерот и ке го апсат и нема барем 300 луге да излезат и да кажат НЕ во негова заштита..Епа Груjо е смртен демек ке умре некоj ден можеби след 20-30 години па тогаш ке се ослободите...ама гледам и Ким Ир Сен умре па го наследи Ким Чен Ун.

_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
Фири
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Вратете се на почетокот Go down

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Empty Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by reiter Пон Фед 02 2015, 10:21

а ти фири нешто многу загрижен за нас македонците во Македонија или кај вас у Бугарија китки цветат па тука ум ќе даваш

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Empty Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by Фири Пон Фед 02 2015, 10:49

Е ние имаме ептем нова влада коалициска ке треба да почекам барем малку нешто да се насере за да плукам по неа. Инаку сум загрижен перманентно за поробените во Вардарска Македониja ти нешто наспроти ли имаш шо се интересирам?Еве jас сум странскиот фактор дека ке ве ослободи докле вие слатко спиjате Smile

_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
Фири
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Вратете се на почетокот Go down

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Empty Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by osa Пон Фед 02 2015, 15:14

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Debatamtv


Латас и Каракамишева му се заканија на Заев да не ја објавувал затоа што ќе одговарал кривично за бесконечно многу кршења на законите! Ова беше скандалозна дебата во МТВ од најголемите режимски медиумски труби, Каракамишева, Мирка, Латас а модератор Горан Петрески. ќе објавиme видео за 15 минути.

После оваа дебата, МТВ е зрела за палење, ова вење не само што не е јавен сервис, ова е стожерот на режимот!

Во сабота, на 7 февруари во 12 часот се организираат протести на плоштадите во сите градови во земјава под мотото „Да ставиме крај на диктатурата“.
Незадоволните граѓани од земјава без разлика на нивната политичка, верска и етничка припадност ќе се соберат да го кренат гласот против актуелниот режим.
Повикот за протест е објавен на социјалната мрежа.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Empty Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by osa Пон Фед 02 2015, 15:17

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Tanja-250x242

еве што напишаа стручните лица анализирајки го излагањето на госпогата





Глејте колку е луда оваа жена:

Според експертите, ако добро се анализираат наводите и информациите изнесени на вчерашната прес-конференција од страна на претседателот на Владата, но и информациите од прес-конференцијата одржана во СДСМ, постои издржана правна можност на кривичната пријава да се надодаде и основаното сомневање за сторено казниво дело Велепредавство.

-Имено, во чл.305 од Казнениот законик на РМ на јасен и недвосмислен начин се вели дека „Тој што со употреба на сила, или сериозна закана ќе се обиде да го смени уставниот поредок на РМ, или да ги собори највисоките државни органи, ќе се казни со затвор од најмалку 5 години“.  Оттука, ова дело ги сочинува сите активности, информации и дејствија, кои се искористени во форма на упатена сериозна закана 1. за смена на уставниот поредок на РМ или 2. за соборување на највисоките државни органи. , смета универзитетската професорка Тања Каракамишева- Јовановска.

Според неа, во оваа смисла, уставниот поредок на Македонија не треба да се разгледува само од формално-правна смисла, како што тоа го прават некои опозициски експерти, обидувајќи се да ја релативизираат тежината на поднесените кривични пријави, туку во материјално-правна смисла, согласно која уставниот поредок е директно поврзан со носителите на власта, односно со лицата, кои ја извршуваат власта во РМ, а кои граѓаните на РМ ги избрале на демократски и непосредни избори.

-Оттука, секое дејствие, или секоја активност која индицира сериозна закана за соборување на највисоките државни органи, односно на носителите на власта во државните органи, без разлика дали станува збор за претседател на Републиката, претседател на Владата,претседател на Собранието на РМ, на Врховниот суд, на Уставниот суд, итн. претставува  сериозно сомнение за сторување на ова казниво дело.  Дотолку повеќе што двете дела на кои е заснована кривичната пријава, конкретно чл. 311, Насилство спрема претставниците на највисоките државните органи, и чл. 316, казнивото дело Шпионажа, се во тесна корелација со потешкото казниво дело Велепредавство, смета Каракамишева-Јовановска.    

При тоа, како што додава таа, како отежнителна околност на Акцијата „Пуч“, е дека за споменатото казниво дело (велепредавството) нема разлика дали сериозната закана е поврзана со доставување одредени информации, и податоци добиени од странска разузнавачка служба, или од домашна разузнавачка служба.

-Суштината на казнивото дело е дека со таквите информации кои ги поседува можниот сторител на казнивото дело, тој/тие  има/ат сериозна намера, односно  умисла да ги соборат највисоките државни органи, и со тоа да ја соборат и народната/избирачката волја изразена на демократски организирани избори, смета универзитетската професорка.

Ова дело е засилено и дополнително поткрепено со уште многу факти и информации кои во последниве девет месеци, посебно по завршувањето на предвремените парламентарни и претседателските избори, во континуитет беа изнесувани во јавноста од страна на опозицијата. Самото непризнавање на изборните резултати од страна на опозицијата, вели Каракамишева, без прифаќање евентуалните изборни нерегуларности да се решаваат по институционален пат, непризнавањето на изборот на претседателот на Републиката повторно без никакво спорење на изборните резултати по судски пат, неучеството во работата на Собранието, односно неприфаќањето на парламентарните мандати добиени од граѓаните на РМ, создавањето на претстава дека во РМ постои државна и политичка криза, наметната токму од опозицијата и нејзиното сценарио за рушење на кредибилитетот и легитимитетот на политичките институции, кои како постапки силно му нанесуваат штета на угледот на државата, како и на достоинството на македонските граѓани,  се само дел од активностите и дејствијата кои одат во прилог на допрецизирањето на кривичната пријава.

Таа заклучува дека овие и вакви преседани во македонската политика мора да бидат навремено пресретнати и соодветно казнети со цел истите да не добијат сила да станат политичко секојдневие и политичка пракса, опасно за сите.


Последната промена е направена од osa на Пон Фед 02 2015, 15:25. Мислењето е променето 2 пати.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Empty Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by reiter Пон Фед 02 2015, 15:24

симпатична ми е каракамишева...со исклучително обострано задоволство би ја рендал дено-ноќно..може и политичките ставови ќе ги смени Smile

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Empty Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by Фири Пон Фед 02 2015, 15:28

Jaс ке рендам Ида Smile

_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
Фири
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Вратете се на почетокот Go down

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Empty Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by Гостин Пон Фед 02 2015, 15:39

Фири напиша:Jaс ке рендам Ида Smile

Не може. Тебе ке ти ја дадеме Мирка. Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Happy-smiley21 Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Happy-smiley21 Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Happy-smiley21

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Empty Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by Фири Пон Фед 02 2015, 15:40

Ке се прежалам ама само ако ти рендаш МиленкоSmile

_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
Фири
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Вратете се на почетокот Go down

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Empty Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by Гостин Пон Фед 02 2015, 15:41

Миленко е козар.Ги ренда козите. Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Happy-smiley21 Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Happy-smiley21 Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Happy-smiley21

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Empty Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by Фири Пон Фед 02 2015, 15:48

Тоj мислим дека е од другата страна демек него го рендат да тресе зелени Smile

_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
Фири
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Вратете се на почетокот Go down

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Empty Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by Гостин Пон Фед 02 2015, 15:59

Konecno doznavme...Idejata e ednostavna...Verusevki, negovata sopruga i sluzbenikot od opstina Strumica, se uapseni samo za da nekako Zaev se povrze so aferata...Se raboti za ucena...Ako gi objavis dokazite, odis vo pritvor. Pasosot e odzemen za da ne izbega i gi objavi dokazite od stranstvo...Toa e pat situacija...Zaev ne smee da gi objavi dokazite, a Grujo ne smee da go uapsi, zosto vo toj slucaj dokazite ke bidat objaveni od SDSM...Nadezta e deka Zaev e dovolno uplasen, i ke uspee da spreci dokazite da izlezat na videlina...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Empty Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by Гостин Пон Фед 02 2015, 16:18

Реакција на професорот Темелко Ристески...

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 19160_100128266685864_2581517_n1

Од изјавата на премиерот дадена денес во 14,00 часот, разбрав дека биле поднесени кривични пријави против 4 лица меѓу кои е и лидерот на опозицијата Зоран Заев поради постоење на основи на сомнение дека ги сториле кривичните дела шпионажа и насилство спрема претставници на највисоки државни органи.

Според премиерот, најголем грев што го направиле осомничените е тоа што соработувале со странски разузнавачки служби заради и прибирање податоци кои потоа би ги употребиле за политички цели против него и неговата власт. На премиерот очигледно не му е познат ноторниот факт дека соработката со странски разузнавачки служби заради прибирање на податоци за потребите на својата земја: на нејзината политика, наука, економија и сл. не е забранета. Дај боже да имаме колку што е можно повеќе вични разузнавачи, научници, професори, економисти, политичари и др, кои ќе воспостават повеќе контакти со претставници на странски разузнавачки служби (кои впрочем многу тешко се воспоставуваат) и да прибираат податоци кои би ги искористиле за потребите на македонската политика, наука и еконоимија. Со член 316, став 4, од Кривичниот законик, забрането е прибавување на тајни податоци и документи со намера тие да се соопштат или предадат на странска држава, странска организација или лице кое им служи. Како што произлегува од изјавата на премиерот, осомничените немале намера тие податоци да ги дадат ниту на странска држава, ниту на странска организација, ниту пак на лице кое им служи, туку, едноставно, да ги употребат во политичката борба против владеачката гарнитура на чие чело се наоѓа тој, заради нејзина замена со друга влада.

Премиерот, исто така, го губи од вид ноторниот факт дека со евентуалното заменување на неговата политичка гарнитура со некоја друга (техничка или политичка) не се руши уставниот поредок, туку само се менува владата. Уставниот поредок е утврден со Уставот и промената на владата не значи негово рушење. Тоа што наводно лидерот на опозицијата му се заканаувал дека податоците до кои што дошол ќе ги објави на граѓаните на Република Македонија, не е кривично дело. Нели, според член 2, став 1, од Уставот, во Република Македонија, суверентетот произлегува од граѓантие и им припаѓа на граѓаните. Според тоа, Република Македонија е држава на граѓаните, а не држава на премиерот и неговата владеачка гарнитура. Имајќи го ова во вид, граѓаните треба да знаат како работи нивната влада, па ако работи лошо и да ја сменат.

Премиерот очигледно е многу уплашен да не му се загрозат позициите, па го обвинува лидерот на опозицијата дека со наведената закана извршил насилство спрема него како претставник на највисок државен орган. Но, ноторен е фактот дека во една демократска држава во која власта им припаѓа на граѓаните тое не е насилство спрема претставник на највисок државен орган, туку извршување на со Уставот и законот загарантираното право на информирање на граѓаните (член 16, став 1 и 2 од Уставот).

Имајќи го ова во вид, му препорачувам на премиерот, да го искористи својот авторитет кај неговите органи за кривично гонење, тие да ја запрат постапката против осомничените за наведените кривични дела, бидејќи, барем спрема неговата изјава, не сториле никакво кривично дело, туку само го користеле своите демократско право на прибирање на информации до кои странските разузнавачки служби им овозможиле пристап (член 16, став 3 од Уставот) а за кои тој и самиот призна дека „некои од нив биле точни, некои делимично точни а некои и неточни“. Наместо да бидат кривично гонети, на нив за ова треба да им биде оддадено признание, бидејќи информациите до кои тие дошле, колку можеби се неповолни за власта, толку се и корисни. Од вистината не треба да се бега. На неа почива напредокот на овој свет. Затоа и најгорчливата вистина е подобра од најслатката заблуда.

Во врска со ова само ќе напоменам дека премиерот, на крајот од неговата изјава однапред ги обвини осомничените велејќи дека на сите прашања ќе оговорел во судска постапка против нив. Еден премиер треба да знее дека за да дојде до судска постапка против некое лице надлежниот јавен обивнител треба да поднесе обивнителен акт против него поради постоење на основано сомнение дека сторил одредено кривично дело.

Но, за волја на вистината, да го кажеме и тоа дека дури и тогаш лицето се смета за невино за казненото дело кое му се става на товар, се додека со правосилна судска пресуда не биде докажана неговата вина (презумпција на невиност- член 13, став 1 од Уставот).

И најпосле, уште една мала забелешка. Премиерот, при крајот на својата изјава, рече: „закани и уцени и вакви местенки не прифаќам“. Демократските лидери, во вакви случаи, не зборуваат во прво лице, бидејќи зборуваат во име на граѓаните, а не во свое име. Затоа тој требаше да каже “закани и уцени и вакви местенки не прифаќаме“. Но, морам да напоменам дека, во една демократска држава, опозицијата, во политичката комуникација со своите политички опоненти, има право да се служи и со закани, со уцени, па дури и со местенки, се разбира, базирани на вистинити факти. Според тоа, премиерот нема право да му замерува на лидерот на опозицијата за тоа што, според него, се послужил со закани, уцени и местенки.

Фејсбук статус на професорот Темелко Ристески

http://libertas.mk/%D0%BA%D1%83%D0%BB%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B0%D0%BF%D1%81%D1%83%D1%80%D0%B4%D0%BE%D1%82-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Empty Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by Гостин Пон Фед 02 2015, 16:20

Мирјасна Најчевска...

Што слушнав јас во обраќањето на Никола Груевски?

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Najcevska

1. Дека претседателот на опозициона партија отишол на разговор кај него (во неколку наврати). Заклучок – се обидел да воспостави дијалог.

2. Дека во текот на тие разговори му укажал на сознанија за можен сторен криминал од страна на високи функционери во власта.

3. Дека Груевски, како премиер на државата воопшто не обрнал внимание на овие укажувања и не ги активирал институциите на системот да ги истражат презентираните наводи.

4. Дека Груевски негира дека функционери во власта можат да го прекршат законот и дека го промовира принципот на недопирливост и неказнивост за носителите на власта со тоа што одбива да поведе ваква постапка.

5. Дека Груевски промовира систем на казнување за секој кој ќе предупреди на можен криминал направен од страна на луѓе во власта.

http://libertas.mk/%D1%88%D1%82%D0%BE-%D1%81%D0%BB%D1%83%D1%88%D0%BD%D0%B0%D0%B2-%D1%98%D0%B0%D1%81-%D0%B2%D0%BE-%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Empty Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by Гостин Пон Фед 02 2015, 16:22

Grujo poleka ke ostane sam, izoliran, i so pritisok od celiot demokratski svet...

РЕАКЦИЈА НА ГЕРМАНСКОТО МНР: ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ДЕМОКРАТСКАТА ОПОЗИЦИЈА Е СТАВЕНО ПОД ПРАШАЊЕ

Германското министерство за надворешни работи смета дека со кривичното гонење на лидерот на опозицијата Зоран Заев е доведено во прашање функционирањето на демократската опозиција.

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 00FAB4FFF04DC2448C0E1A68AA9BA28E

„Сојузната влада е многу загрижена за кривичното гонење на македонскиот лидер на опозицијата Зоран Заев и на уште три други лица поради наводен обид за државен удар. Функционирањето на демократската опозиција со ова е ставена под прашање.
Ги повикуваме македонските служби да ги испитаат овие сериозни обвинувања во фер и транспарента постапка и во согласност со меѓународните стандарди, во кои, се разбира, значајна е пресумпцијата на невиност. Независноста на судството и на органите на прогонот сега ќе бидат од најголема важност ", изјави за ВЕСТ портпарол на германското Сојузно министерство за надворешни работи.

С.П. Кленке

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=963269BFA13EC8409CAB400FE40F7224

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Empty Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by хан Ацо Пон Фед 02 2015, 16:23

YAS напиша:Konecno doznavme...Idejata e ednostavna...Verusevki, negovata sopruga  i sluzbenikot od opstina Strumica, se uapseni samo za da nekako Zaev se povrze so aferata...Se raboti za ucena...Ako gi objavis dokazite, odis vo pritvor. Pasosot e odzemen za da ne izbega i gi objavi dokazite od stranstvo...Toa e pat situacija...Zaev ne smee da gi objavi dokazite, a Grujo ne smee da go uapsi, zosto vo toj slucaj dokazite ke bidat objaveni od SDSM...Nadezta e deka Zaev e dovolno uplasen, i ke uspee da spreci dokazite da izlezat na videlina...

Заев е виновен,колку време зборуваше дека ке фрла бомба?!Па груйовистите не спият!!!Заев мораше да фрли бомбата отеднаш,па потоа да зборува.
хан Ацо
хан Ацо

Број на мислења : 782
Join date : 2015-01-14
Местолокација : България

Вратете се на почетокот Go down

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Empty Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by Гостин Пон Фед 02 2015, 16:28

Ne si zgresil hanu...Obidite da se ispazarat so Grujo, i mene ne mi se dopagaa...So takvi ne se pregovara...Protiv niv se dejstvuva...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Диктатурата конечно го покажа вистинското лице - Page 4 Empty Re: Диктатурата конечно го покажа вистинското лице

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 4 of 7 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот