СВЕТИ ИГНАТ -ВТОРИ ЈАНУАРИ

Go down

СВЕТИ ИГНАТ -ВТОРИ ЈАНУАРИ

Пишување by osa on Пон Јан 01, 2018 11:49 pm

Утрешниот ден ќе ви ја одбележи цела година: На Свети Игнат не позајмувајте пари, внимавајте кој прв ќе влезе во домот…
Според народното верување од овој ден започнува да расте денот. Во народот постои верување дека она што ќе правите и ви се случува утре, ќе го правите и ќе ви се случува цела година. Значи каков ви е денот на 2 јануари таква ќе ви биде и годината.

Вистинските бадникови и божиќни обичаи почнуваат на овој ден и затоа во некои делови на Македонија се месат коледарски колачиња, а некаде се изведува и обичајот полазеник. За полазеник го сметале првиот гостин што доаѓал и го пречекорувал прагот на куќата. Каков ќе биде полазеникот, таква ќе биде и годината за семејството.

Во минатото постарите ги заклучувале вратите од своите домови за да не им влезат лоши луѓе и лошо да им тргне. Се верува дека на овој ден не е добро ниту да позајмувате некому пари, за да не ви одат парите од куќата.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12916
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот