PITA

Go down

PITA

Пишување by IVA on Пет Јан 05, 2018 2:04 pm

Пита сo кисела зелка

Доаѓа Бадник. Време е за пита со кисела зелка…



Потребно:

Тесто

400 гр. брашно

1 лажичка сол

1/2 лажичка шеќер

прстофат сода

3 лажици масло

220-250 мл вода

За премачкување

по потреба масло и маргарин (пола-пола)

Фил

1 мала главица кисела зелка

по вкус бибер

малку зејтин

Подготовка :

Зелката треба да се исечка, да се исцеди убаво и да се пропржи со бибер и малку зејтин (така може да ја ставите во сад, да ја замрзнете и да ја имате секогаш при рака)

Од состојките за тесто се замесува меко, нелепливо тесто. Потоа разделете го на парен број топчиња (мене ми излегоа 16, 10 за долната и 6 за горната кора). Маргаринот растопете го, па потоа додадете и масло промешајте да се изедначи (да не биде топло).

Од секое топче расукајте коричка, убаво намрсете ја секоја коричка па поклопете ја со наредната. Добивате 2 купчиња со 10, односно 6 корички.

Второ расукување …

Земете го второто купче и расукајте голема кора. Премачкајте ја целата со маргаринот и маслото, потоа преклопете ги двата краја до средината. Повторно премачкајте и уште еднаш по должина и преклопете (добивате тенка лента од тестото).

Премачкувате пак и ги виткате двата краја до средина. Последно премачкување и преклопувате на половина (да добиете коцка). Кога двете кори се спремни, оставете ги 10-тина минути во фрижидер.


Трето расукување …

Земете го тестото за долната кора, расукајте кора соодветна на тавчето во кое ќе печете. Префрлете ја во намрсено тавче и распоредете го филот. Расукајте ја и горната кора, прекријте и направете си витка. Убаво попрскајте ја целата со растопениот маргарин и масло и ставете да се пече во претходно загреана рерна.

Оставете малку да се излади па послужете.

http://reporter.mk/hrana/pita-kisela-zelka/
avatar
IVA

Број на мислења : 260
Join date : 2016-01-29

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: PITA

Пишување by luxor on Вто Фед 27, 2018 7:21 pm

Брза пита (посно)

Состојки
квас
1 сув квасец
1 лажичка шеќер
1 лажичка брашно
300 мл. млака вода
останати состојки
5 лажици масло
1 лажичка шеќер
1/2 лажичка сол
400 - 500 гр. брашно
по потреба маргарин
2-3 лажици кечап
2 лажици посен мајонез
по потреба оригано
по потреба масло за премачкување на зелникот
avatar
luxor

Број на мислења : 3397
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: PITA

Пишување by luxor on Вто Фед 27, 2018 7:21 pm

1. Сувите состојки за квасот се ставаат во сад во кој ќе се меси, се мешаат, се додава млаката вода и се остава да се активира квасецот.
2. Се додава маслото, шеќерот и солта, се меша и потоа постепено се додава просеаното брашно се додека да се добие меко нелепливо тесто.
3. Тестото веднаш се дели на два дела, еден поголем и еден помал.
4. Првин поголемиот дел се рассукува во кора и се става во намрсено таче бр. 28 но да има тесто од страните за правење витка.
5. Внатре тестото се премачкува со маргарин. Се мешаат кечапот и посниот мајонез и оваа мешавина се распоредува на тестото, се наросува со оригано.
6. Вториот дел од тестото се рассукува и се става во тавчето да биде со набори, се прави витката и одозгора цел зелник се премачкува со масло.
7. Се пушта рерната и штом се загрее на 200 степени, зелникот се пече 20 минути, а по потреба и уште десетина минути.

https://moirecepti.mk/post/%d0%bf%d0%be%d1%81%d0%b5%d0%bd-%d0%b1%d1%80%d0%b7-%d0%b7%d0%b5%d0%bb%d0%bd%d0%b8%d0%ba
avatar
luxor

Број на мислења : 3397
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: PITA

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот